Трката за титулата во Премиер лигата се очекува да биде спектакуларна оваа сезона. Вчера, трите водечки тима забележаа нови победи, Арсенал го победи Брајтон дома со 2-1, Манчестер Сити славеше со ист резултат во Нотингем, а сензационалната Астон Вила беше подобра од Челзи во Лондон со 2-1. По 18 одиграни кола, Арсенал е лидер со 42 бода, Сити има 40, а Вила има 39 бода. Актуелниот шампион Ливерпул исто така се разбуди, откако ги победи ...

На денешната комеморација одржана во чест на починатиот Васил Рингов, ФК Вардар веќе поднел иницијатива јужната трибина на стадионот „Тодор Проески“ да се преименува и да го носи името на Васил Рингов. Легендата на Вардар одигра преку 200 натпревари во „црвено-црниот“ дрес и има постигнато 93 голови. Вардарци во хотелот „Хилтон“ ја одржаа комеморативната седница на која се испратија пораки. Клубот воедно донесе одлука да го повлече дресот со ...

Фудбалерите на Наполи попладнево постигнаа важна победа на гостински терен совладувајќи го Кремонезе со 2:0 во дуел од 17.коло. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер и одигра 51.минута за победничката екипа. Јунак на дуелот беше Расмус Хојлунд, кој постигна два гола во 13 и 45.минута. Наполи со новите три бодови има вкупно 34 бодови и е на второто место или еден помалку од лидерот Милан – 35, кој во првиот натпревар од ...

Премиерлигашите Фулам и Кристал Палас имаат интерес во своите редови да го имаат фудбалерот на Челзи Рахим Стерлинг. 31-годишниот фудбалер во Челзи е од 2022 година, а една сезона мина и како позајмен играч во Арсенал. Тој оваа сезона нема одиграно ниту еден натпревар, а менаџерот на „сините“ Енцо Мареска не смета на поранешниот англиски репрезентативец. Но, Стерлинг не сака да го напушти Челзи и ќе се бори за место во тимот. Тој има неделна ...

Кошаркарите на Орландо остварија победа во еден од најнеизвесните дуел одиграни ноќеска во НБА лигата и го совладаа Денвер со 127:126. На гостинската екипа не им помогна и новиот трипл-дабл на Никола Јокиќ вкупно 180-ти во кариерата или 16 сезони. Српскиот репрезентативец дуелот го заврши со 34 поени, 21 скок и 12 асистенции. Екипата на Денвер имаше висока предност во текот на дуелот, но не успеа да ја зачува, па така го доживеа третиот пораз ...

Спортскиот директор на Сараево Крсте Велкоски за време на натпревар на традиционалниот турнир „Асим Ферхатовиќ Хасе“ се повреди и пренесен е во болница. Како што пренесуваат медиумите во Босна и Херцеговина при еден контакт со противнички играч Велкоски паднал и удрил со глава во ѕид. На поранешниот македонски репрезентативец, кој во дресот на Сараево како активен играч има одиграно повеќе од 100 натпревари му била укажана лекарска помош, а ...

По триумфот во петокот над Њукасл во Манчестер Јунајтед се подготвуваат за претстојниот преоден рок. Навивачите очекуваат големи имиња, но заминувања на некои од играчите кои според нив не го заслужуваат дресот на тимот од Олд Трафорд. Како прво име за засилување се споменува играчот на Нотингем Форест Елиот Андерсон, а меѓу потенцијалните засилување е и играчот на Оксер Ласине Синајоко. Неговиот договор со францускиот тим истекува на лето, ...

Турскиот гигант Фенербахче се подготвува за купување на уште еден фудбалер. Управата на клубот е подготвена да плати 40 милиони евра за италијанскиот репрезентативец Давид Фратези. Репрезентативецот на Италија во моментов не е во преден план кај тренерот на Интер Кристијан Киву, кој пак е подготвен да се откаже од услугите на играчот. За Фратези заинтересирани сè уште и италијанските екипи: Јувентус, Наполи и Рома. Репрезентативецот на ...

Шокантни вести доаѓаат од Островот. Иднината на Енцо Мареска во Челзи е доведена во прашање по поразот на домашен терен од Астон Вила. Италијанскиот менаџер доби јасен ултиматум од раководството – неговата судбина зависи целосно од неговиот настап во следниот, исклучително важен натпревар против тимот на Борнмут. Поставените услови се бескомпромисни: во случај на уште еден неуспех, овој пат против Борнмут, тој ќе мора да се збогува со својата ...

Екипите на Баскет кам, Бадел 1862, Крива Паланка и МЗТ Бела вода ќе играат во завршницата на Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“. Најнеизвесно беше во дуелот меѓу ланскиот победник Вардар и МЗТ Бела Вода, во кој кошаркарките на тренерот Горан Крстевски направија изненадува и го елиминираа освојувачот на ланскиот Куп. Гостинската екипа имаше водство во најголемиот дел од натпреварот пред сè благодарение на одличниот почеток. Кошаркарките на ...

Не е тајна дека една од главните теми во шпанскиот фудбал се судиите. Реал Мадрид и Барселона веќе со години водат “војна“ во врска со судењето. Инаку шпанскиот фудбал повторно се се најде во центарот на нова контроверзност откако Техничкиот комитет на судии призна за грешки во ВАР системот. Официјално беше потврдено дека за време на анализата на 51 натпревар од Ла Лига, се евидентирани дури десет погрешни одлуки на ВАР. Оваа информација ...

Фудбалерите на Јувентус со синоќешната победа од 2:0 на гости против Пиза се искачија на третото место во Серија А (32 бода), но со два натпревара повеќе од конкурентите. Ова беше трета победа во низа „црно-белите“ од Торино. Пиза која остана на една победа е претпоследна на табелата со 11 бодови. До победата Јувентус стигна со двата гола во завршницата на натпреварот. Водство донесе Пиер Калулу во 73 минута, додека конечните 2:0 ги постави ...

Пиза – Јуве 0:2. Со подобра игра во второто полувреме, гостите од Торино успеаја да го скршат отпорот на своите ривали и на крајот да триумфираат со резултат од 0:2. Ова е трета последователна победа на Јувентус, по триумфот над Болоња и Рома, тие се пробија на третото место со 32 бода, а Пиза го претрпе осмиот пораз и остана на претпоследното место со 11 освоени бода. Првото полувреме беше прилично неинтересно. И потоа, во 45-тата минута од ...

Хрватскиот ракометар и член на бундеслигашот Кил, Домагој Дувњак иако најави крај на кариерата на крајот од сезоната сепак реши да игра уште една година. На ваков чекор Хрватот се реши по потпишувањето нов договор со неговиот тим Кил до летото 2027 година. Дувњак кариерата ја почна во Ѓаково каде играше две сезони, потоа три години беше играч на хрватскиот првак Загреб до 2009 година, кога ја почна интернационалната кариера. Прво четири ...

Фудбалерите на Комо остварија висока и убедлива победа на гостувањето кај Лече во денешниот меч од 16. коло во Серија А. На гостувањето на „Виа дел Маре“, Комо обезбеди триумф од 3:0 со кој остана во ТОП 6 на табелата со надеж дека во вториот дел од сезоната може да се обиде и за уште подобар пласман. Нико Паз го итвори резултатот во 20-татат минута, по што во вториот дел кај гостите погодија и Рамон и дувикас за конечни 0:3. Каљари успеа да ...

Кошаркарите на Феникс како последен тим успеа да обезбеди пласман во четвртфиналето на Купот „Благоја Георгиевски Буштур“ откако вечерва го совладаа Чаир на негов терен со 83:79. На овој начин Феникс му се реваншираше на тимот на Чаир за поразот во првенството пред неколку денови. Екипата на Феникс заслужено дојде до триумфот пред сè откако ги доби првите три четвртини. На вториот осминафинален дуел од Купот одигран денеска Маџари убедливо го ...

Светскиот рекет број 1, Карлос Алкараз ноќеска загуби од Американецот Франсес Тијафо на ревијален турнир во Њу Џерси. Натпреварот заврши со 2-1, по сетови 6:3, 3:6 и 10:7. Дваесет и двегодишниот Шпанец освои 24 АТП турнири во поединечна конкуренција. Во сезоната 2025, Алкараз освои осум титули, вклучувајќи го Отвореното првенство на САД и Ролан Гарос. Фото: ЕПА МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Поврзани вести: Светскиот рекет број 1, Карлос Алкараз ...

Серија А програмата денеска е отворена со победата на тимот на Парма на свој терен против последнопласираната Фиорентина со конечни 1:0. Единствениот гол на мечот за домашните го постигна Соренсен на стартот на второто полувреме односно во 48. минута. Парма со оваа победа стигна до 17 бодови по 16 меча и 14. место на табелата, а за тимот на Фиорентина што друго да се каже освен следново. Не ли го подигне тимот до Фиренца во моментов нивото на ...

Екипата на Баскет кам е првиот полуфиналист на финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, откако синоќа убедливо го совладаа Спорт Тим од Неготино со 89:47. Актуелниот првак победата ја најави веќе на стартот на дуелот откако ја доби првата четвртина со 28:9, а на полувреме беше 54:21. Тренерот Тони Симиќ во вториот дел им даде поголема минутажа на кошаркарките од „втората петорка“. Другите три натпревари ќе се одиграат денеска: ...

Кошаркарот на Далас Маверикс, Ентони Дејвис, повторно се повреди и го очекува нова пауза, откако втора година по ред мораше да го напушти божиќниот натпревар поради повреда. Дејвис заработи повреда на препоните и од втората четвртина повеќе не влезе во игра, откако при еден контранапад се фати за ногата и со кривење се упати кон клупата. Таму му беше укажана лекарска помош, а потоа заедно со терапевтите замина во соблекувалната и не се врати ...

Репрезентативецот на Србија Александар Митровиќ е пред враќање во европскиот фудбал. Тој веќе две сезони игра во Саудиска Арабија, а сега е член на Ал-Рајан од Катар. Но, за очекување е 31-годишниот напаѓач да ја смени средината. Според медиумите од Турција еден од најголемите клубови Фенербахче сака во своите редови да го донесе Митровиќ. Во Доха не се премногу задоволни од игрите и ефектот на напаѓачот особено што често е повреден. Сепак, ...

Тренерот на Бенфика Жозе Мурињо можно е да го стопира евентуалниот трансфер на Николас Отаменди во Барселона. По повредата на коленото на Кристенсен, каталонскиот клуб бара играч како замена, а според португалските медиуми Отаменди е еден од нив. Но, тренерот на Бенфика побарал од управата да го продолжат договорот со играчот, кој му истекува следното лето. Тоа би значело дека евентуалниот трансфер на Отаменди зимава нема да се реализира. ...

Екипата на Манчестер Сити се искачи на првата позиција на табелата во Премеир лигата откако во првиот денешен дуел од 18.коло како гостин го совлада Нотингем Форест со 2:1. Со новите три бодови „граѓаните“ се лидери со 40 бодови, еден повеќе од Арсенал, кој подоцна попладнево го игра дуелот со Брајтон. Манчестер Сити поведе со голот на Тиџан Рајндерс во 48.минута, а домашните изедначија шест минути подоцна (54) преку Омари Хаџисон. ...

На Енфилд попладнево се игра посебен натпревар во чест на Диого Жота. Португалскиот репрезентативец и играч Ливерпул, кој летово за време на паузата во сообраќајна несреќа го загуби живот. Ливерпул и Вулверхемптон беа двата клуба од Премиер лигата за кои настапуваше Жота. На почетокот на дуелот и децата на Жота заедно со екипите беа на теренот. Во 20.минута повеќе од 60.000 навивачи на Енфилд стоејќи аплаудираа една минута како знак на почит ...

Фудбалерите на Арсенал со победата од 2:1 против Брајтон во 18.коло остануваат на лидерската позиција до Нова година. Тие попладнево се изборија за 13-та победа во шампионатот и со тоа го минаа Манчестер Сити. Арсенал има 42 бода или два повеќе од Манчестер Сити. Арсенал поведе во 14.та минута со голот на капитенот Мартин Одегард, а на 2:0 „топџиите“ зголемија по автоголот на Жоржињо Рутер во 52.минута. Голот за Брајтон го постигна Диего ...

Фудбалерите на Астон Вила ја продолжија победничката серија откако вечерва (натпревар од 18.коло) со пресврт го совладаа Челзи со 2:1. Стрелец на двата гола беше Оле Воткинс. Со новите три бодови тимот од Бирмингем се зацврсти на третото место со 36 бодови, шест помалку од лидерот Арсенал, а четири од вториот Манчестер Сити. Почетокот на дуелот не навестуваше триумф на гостите, а Челзи поведе во 37.минута преку Жоао Педро. Во 58.минута од ...

Искусниот австриски фудбалер Давид Алаба ќе биде слободен играч по завршувањето на сезоната. „ESPN“, објави дека Реал нема да му понуди нов договор. Поранешниот дефанзивец на Баерн Минхен, чиј договор истекува на крајот од сезоната, не успева да се етаблира во „кралскиот клуб“ веќе трета сезона, откако во првите две покажа дека е огромно засилување за најтрофејниот клуб во Европа. Честите повреди влијаеја Реал да ја промени својата стратегија ...

Рубен Аморим го коментираше триумфот од 1-0 на неговиот тим Манчестер Јунајтед против Њукасл во натпреварот од 18-то коло од англиската Премиер-лига. Со овој успех, „црвените“ ѓаволи се израмнија на четвртото место со Челзи и Ливерпул и се етаблираа како главни кандидати за учество во Лигата на шампионите следната сезона. „Мислам дека игравме добро во првото полувреме, но во второто полувреме само се браневме, обидувајќи се да создадеме нешто ...

Селекторот на црногорската ракометна репрезентација, Дидие Динар, го објави списокот на повикани играчи за претстојното Европско првенство, каде ќе учествува и селекцијата на Македонија На списокот се најдоа голманите Харис Суљевиќ и Саво Вујовиќ, крилата Милош Вујовиќ, Александар Бакиќ, Филип Вујовиќ, Мирко Радовиќ и Лука Радовиќ. Кружни напаѓачи се Миодраг Чорсовиќ, Лука Вујовиќ, Адмир Пелидиј и Михајло Шкекиќ, а во бековската линија, ...

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, потврди дека германскиот интернационалец Каи Хаверц е многу блиску до враќање во тимот. По тешката повреда на коленото која го оддалечи од терените уште од август, Хаверц би можел да се појави во составот веќе за следните неколку натпревари. Хаверц мораше да оди на операција на коленото, а неговиот камбек беше дополнително одложен по малиот „застој“ во рехабилитацијата за кој претходно информираше ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
77%
1016
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
3.13
62%
1016
weather icon

Загреб

19ᴼ / 17ᴼ
1.03
56%
1017
weather icon

Софија

18ᴼ / 16ᴼ
1.03
49%
1015
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
1.32
57%
1015
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.03
68%
1017
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
2.68
57%
1019
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
45%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
42%
1014
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
1.54
50%
1016
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
1.03
63%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
52%
1018
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

38.0527

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Злато

151875.00

Бакар

12.64

Рутениум

51376.89

Алуминиум

3.50

Сребро

2583.47

Паладиум

48065.37

Калај

54.78

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Платина

66101.93

Иридиум

253540.09

Родиум

319899.93