Белград
7ᴼ /
6ᴼ
Виктор Осимен донесе (не) очекувана одлука каде ќе ја продолжи кариерата. Нигерискиот напаѓач имаше бројни понуди од клубови ширум светот, но сепак, одлучи да остане во Галатасарај. Осимен одби многу попрофитабилни понуди, како оние од Саудиска Арабија. Тој сакаше да остане во Европа и на крајот ќе го стори тоа, но не во најголемите европски лиги. Осимен и Галатасарај постигнаа договор за условите, но турскиот клуб сега има уште еден проблем. ...
Арсенал во неделата објави дека потпишал договор со шпанскиот фудбалер Мартин Зубименди. Дефанзивниот играч од средниот ред, кој играше 19 пати за шпанската репрезентација, е производ на младинската академија на Реал Сосиедад, а е член на првиот тим на баскискиот тим од 2018 година. За тимот од Аноета одигра 236 натпревари и постигна десет голови. Од неговиот трансфер, Сосиедад ќе заработи над 50 милиони фунти. Со Зубименди, Арсенал ја продолжи ...
Давиде Анчелоти ја доби својата прва самостојна работа во својата тренерска кариера три недели пред неговиот 36-ти роденден. Тој го презеде Ботафого, актуелниот шампион на Бразил и Јужна Америка. Анчелоти помладиот, познат по тоа што беше асистент на својот познат татко Карло во последните девет години, беше близок до Глазгов Ренџерс, но на крајот го презеде бразилскиот гигант наместо шкотскиот. Давиде Анчелоти му помагаше на својот татко во ...
Тренерот на Џенова, Патрик Виеира, не го сака ветеранот Џејми Варди во својот тим. Иако италијанските медиуми објавија дека клубот и напаѓачот постигнале договор, Виера го стопиал трансферот. Според „Ла Република“, Варди бил блиску до преселба во Џенова откако неговиот договор со Лестер истече на крајот на јуни. И покрај ова, Виеира не бил убеден дека тоа е добра идеја поради што решил да го блокира трансферот. Медиумите наведуваат дека ...
иле Свилар е официјално најдобриот голман на италијанската Серија А за сезоната 2024/2025. Но, и покрај ова, Рома сè уште не му понудила нов договор. Во Рим се уште размислуваат дали да му понудат нов договор, што на крајот може скапо да го чини клубот. Галатасарај, кој бара замена за долгогодишниот голман и капитен Фернандо Муслера, реши да ја искористи оваа неодлучност на челниците на римската „волчица“. Како што објави римската „Република“, ...
Британскиот кошаркар Квин Елис е најновото засилување за италијанскиот евролигаш, Олимпија од Милано. Тој потпиша повеќегодишен договор и беше претставен како дел од визијата за привлекување млади играчи. Клубот веќе го потврди трансферот и му посака добредојде на плејмејкерот, од кого се очекуваат успешни настапи во овој дрес. Британецот Елис има 22 години. Во минатото настапуваше за екипата на Тренто, каде остави одличен впечаток и просечно ...
Лионел Меси блеска на фудбалскиот терен и во 38. година од животот. Аргентинецот го предводеше Интер Мајами до победата во Монтреал (4:1). Меси постигна два гола, а последниот на натпреварот беше и најубавиот, според многумина, најубав во неговата кариера. Како кегли ги поминуваше противнилките играчи, пред да ја спроведе топката во мрежата на Монтреал. Lionel Messi 🤝 Novak Djokovic Defying the laws of physics at 38 years old. ...
Килијан Мбапе влезе во игра во второто полувреме, а во судиското продолжение стрелаше прецизно за водство од 3-1 во победата на Реал Мадрид над Борусија Дортмунд во четвртфиналето од клупскиот мундијал. Погодокот беше вистински еврогол, постигнат со ножички, но Мбапе не го прослави еуфорично, туку истиот му го посвети на Диого Жота, покажувајќи го бројот 20 со рацете пред камерата што се наоѓаше крај самиот агол од теренот. MBAPPE WHAT A GOAL OH ...
ПСЖ влезе во полуфиналето на Светското клупско првенство. Парижаните го победија Баерн со 2:0, головите ги постигнаа Дуе и Дембеле. Иако останаа со двајца играчи помалку, шампионите на Европа успеаја да го издржат нападот на Баерн и да се пласираат понатаму. Натпреварот беше засенет од сериозната повреда на Џамал Мусијала на крајот од првото полувреме, кој ја скрши левата нога и сега му претстои долга пауза. Најстрашниот момент од натпреварот се ...
Кошаркарската федерација (КФМ), врз основа на заклучоците од состаноците со екипите од сениорските лиги ги претстави стратегиите за периодот од 2025 до 2029 година. Врз основа на сеопфатна анализа на младинските и сениорските лиги, како и на финансиските и административните обврски на клубовите од минатите натпреварувачки сезони, КФСМ ја објави новата стратегија за стабилен и квалитетен натпреварувачки систем во периодот од следните четири ...
Челси и официјално го комплетираше еден од најголемите трансфери ова лето, обезбедувајќи го потписот на англискиот репрезентативец до 21 година, Џејми Бајно-Гитенс. 20-годишниот крилен напаѓач пристигнува од Борусија Дортмунд за огромна сума од 51.5 милиони фунти и потпиша долгорочен, седумгодишен договор. Овој трансфер е повеќе од само засилување за “сините”. За Бајно-Гитенс, тоа е враќање дома – во клубот каде што како дете ги направил првите ...
Фудбалерите на ПСЖ изборија место во полуфиналето на Светското клупско првенство во САД. Во третото четвртфинале на турнирот, ПСЖ го победи Баерн Минхен со 2:0 (0:0). Натпреварот мина во сенка на тешката повреда со која се здоби Џамал Мусијала во финишот на првото полувреме. ПСЖ натпреварот со Баерн го заврши со двајца фудбалери помалку на теренот. Откако Десире Дуе постигна гол за 1:0 во 78.минута, пет минути подоцна црвен картон доби Пачо, а ...
Ветеранот Кајл Вокер во следните две години ќе биде дел од тимот на Барнли. Новиот премиерлигаш, кој што се враќа во елитата по успехот во Чемпионшип конкуренцијата, има намера да создаде тим со кој што ќе има шанса за добра сезона, а очигледно дека Вокер е еден од оние за кој се смета дека ќе донесе квалитет. Вокер веќе има 35 години и беше долго време дел од Манчестер Сити, но за него одамна нема место во тимот таму. Па така, изминатиот период ...
Новото раководство на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) на денешниот состанок донесе неколку неколку важни одлуки кои се дел од таканаречените – Нови стратегии на КФМ за периодот 2025-2029. Една од промените која што ќе привлече најголемо внимание е промената на името на елитното натпреварување, како и бројот на учесници. Од сезоната 2025/26 најсилното кошаркарско првенство ќе го носи името Суперлига (претходно Прва лига), додека една ...
По потписите на Бразилецот Рудолф Хекберт, Полјакот Анџеј Видмовски, Египќанецот Ибрахим Калед Валис и Мирче Калајџиески, ново име во битолскиот клуб е Словенецот Ник Хенигман. 29-годишниот Хенигман потпиша на една сезона, со опција за уште една ако двете страни бидат согласни. Се работи за искусен лев бек, кој во кариерата играл за домашната Рибница, унгарскиот ПИК Сегед и француските клубови Сант Рафаел. За словенечката репрезентација одигра ...
Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус се пресели од Ботафого во Нотингем Форест. „Шумарите“ објавија дека потпишала четиригодишен договор со 24-годишниот фудбалер, до летото 2029 година. Клубовите не ја објавија сумата на трансферот, но медиумите известуваат дека станува збор за околу 10 милиони фунти (околу 12 милиони евра). Жезус ја започна својата професионална кариера во бразилскиот клуб Коритиба, потоа играше за Шабаб Ал Ахли од ...
Легендата на Баерн и германскиот фудбал, Томас Милер, го одигра својот последен натпревар во дресот на Баварците. Фудбалерите на Пари Сен Жермен го победија тимот на Баерн со 2:0 и се пласираа во полуфиналето на Светското клупско првенство во САД. Томас Милер играше за германскиот тим во финишот од натпреварот. 35-годишниот фудбалер влезе на теренот во 80-та минута наместо Кингсли Коман и тоа беше неговиот последен натпревар во дресот на Баерн. ...
Списокот на учесници во полуфиналето на Светското клупско првенство е комплетиран. Во последниот натпревар од четвртфиналето на стадионот „Мет Лајф“ во Њу Џерси, Реал Мадрид ја победи Борусија Дортмунд со 3:2. Чаби Алонсо за нешто помалку од еден месец колку што е тренер на Реал, на големата сцена го промовираше Гонзало Гарсија. Момчето од клупската академија го постигна четвртиот гол на првенството, моментално е израмнет на првото место на ...
Новак Ѓоковиќ рутински го победи Даниел Еванс и се пласираше во третото коло на Вимблдон. Најдобриот тенисер на сите времиња го победи Британецот со резултат од 3:0 (6:3, 6:2, 6:0). Мечот на Централнот терен траеше еден час и 47 минути. Со овој триумф, Ѓоковиќ ја забележа својата 99-та победа на Вимблдон. Играта на Ѓоковиќ „не беше добра“ само на почетокот. Проблеми имаше со реализицијата на брејк-топките во првиот дел од првиот сет. Пропушти ...
Диего Леон е нов играч на Манчестер јунајтед, објави англискиот клуб. Станува збор за 18-годишен фудбалер кој пристигна во Манчестер јунајтед од тимот на Серо Портењо. Финансиските детали и времетраењето на договорот не се откриени, но британските медиуми објавуваат дека клубот од „Олд Трафорд“ издвоил околу седум милиони фунти за овој трансфер. Леон одигра 33 натпревари за сениорскиот тим на Сера Портењо и постигна четири гола. Тој е член на ...
Литванскиот центар Јонас Валанчунас (33) во текот на денот ќе пристигне во Атина за да го финализира својот трансфер во Панатинаикос. Кошаркарската јавност е во шок по одлуката на Валанчунас предвреме да ја напушти НБА лигата и да потпише договор со „зелените“ од Атина. Како што објави „Баскетњуз“, Валанчунас доаѓа во Атина за да ги заврши лекарските прегледи и да финализира сè што е поврзано со неговиот трансфер во ПАО. Тој се договори со ...
Погребот на португалскиот фудбалер Диого Жота и неговиот брат Андре Силва се одржа во Гондомар. Членови на семејството, пријатели и колеги фудбалери присуствуваа на погребната церемонија. Претставници на Ливерпул беа, меѓу другите, Вирџил ван Дајк и Енди Робертсон. Едниот носеше букет цвеќе во форма на дрес со број 20 (бројот на Жота), а другиот со број 30 (бројот на Андре Силва). Фото: ЕПА Тука беа и португалските репрезентативци Бруно ...
Ливерпул ќе ги исплати преостанатите две години од договорот на починатиот Диого Жота на неговото семејство. Како што објави португалскиот „Рекорд“, клубот од „Енфилад“, откако ќе го повлече дресот со број 20, ќе ги измири и преостанатите две години од договорот, кои ќе му бидат исплатени на семејството на починатиот Жота. Фудбалскиот свет беше запрепастен од информацијата дека португалскиот фудбалер загинал во сообраќајна несреќа, кога тој и ...
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, изјави дека не мисли дека ќе го напушти тимот, по шпекулациите дека следната година би можел да биде заменет од Макс Ферстапен од Ред Бул. Расел изјави пред последната трка во Австрија дека продолжувањето на неговиот договор било под влијание на обидите на Мерцедес да го доведат Ферстапен, пред шефот на германскиот тим, Тото Волф, да потврди дека се во преговори за доведување на четирикратниот светски шампион. ...
Фудбалерите на Челзи го победијa Палмеирас во четвртфиналето на Светското клупско првенство на ФИФА со 2:1 (1:0). Двократниот европски шампион ја оствари победата благодарение на голот на Кол Палмер во 16-та минута и автоголот на голманот Вевертон во 83-та минута. Стрелец за Флуминенсе беше фудбалерот што „сините“ веќе го купија, креативниот играч од средниот ред Вилијан Естевао. Крилниот напаѓач Педро Нето беше дел од англискиот клуб од самиот ...
Петмина фудбалери побарале да го напуштат Манчестер јунајтед. Маркус Рашфорд, Алехандро Гарначо, Антони, Тајлер Маласија и Џејдон Санчо нема да се појавата на првиот собир во пресрет на новата сезона. Клубот верува дека ова е најдоброто решение додека сите споменати играчи ги истражуваат опциите за трансфер ова лето. Сепак, вратите на тренинг центарот остануваат отворени за нив – тие ќе можат да користат медицински и рехабилитациски услуги. Во ...
Првата ѕвезда на преодниот рок во Шпанија, па и пошироко, Нико Вилијамс, повотрно ја одби Барселона. Крилниот напаѓач го продолжи договорот со Атлетик Билбао до 2035. Откупната клаузула во договорт сега изнесува 95 милиони евра. Откако втор пат ја одби Барселона, Каталонците решија да му ја затворат вратата засекогаш. За потсетување, медиумиуте тврдеа дека Вилијамс го договорил трансферот во Барселона преку својот менаџер. Дел од медиумите во ...
Хрватскиот тренер Горан Иванишевиќ, по еден месец работа со Стефанос Циципас, ги лоцираше главните проблеми што во моментов го спречуваат Гркот да биде подобар. Патувањето на страдањето на Циципас продолжи со неговата елиминација во првото коло на Вимблдон. Во интервју за „Спортклуб“ во Лондон, Иванишевиќ проговори за соработката со Гркот, за доблестите и недостатоците во играта на неговиот ученик, кој, како што вели, итно треба да реши одредени ...
Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов и генералниот секретар, Влатко Тасевски, беа во посета на ИХФ во Базел. Во седиштето на светската куќа на ракометот, Стефанов и Тасевски остварија средба со првиот човек на ИХФ, Хасан Мустафа. На средбата се дискутираше за продлабочување на идната соработка помеѓу двете федерации, со фокус на развојот и промоцијата на ракометот во Македонија. Оваа посета претставува уште ...
Битолскиот клуб и македонски шампион Е.Пелистер објави дека искусниот Дејан Манасков го продолжи договорот со овој клуб, „Шампионскиот ген на Дејан Манасков и следната сезона ќе ги радува навивачите на Еурофарм Пелистер. Шампионот на Македонија и левото крило постигнаа договор за продолжување на соработката за уште една сезона и Манасков и во сезоната 2025/26 ќе го носи зелено-белиот дрес. Ни причинува задоволство што уште еден победник и ...