Белград
7ᴼ /
6ᴼ
Кандидатурата на Катар да биде домаќин на Сверкото клупско првенство во 2029 година проблем. Се би било тоа во ред, доколку Катар повторно не оди по свое што се вели, и не планира да го организира турнирот во зимските месеци кога на Блискиот исток единствено е и исводливо тоа поради нормалните температури тогаш. Ова нормално ниту малку нема да му се допанде на фудбалот во Шпанија, Италија, Англија, поточно најдобрите лиги во светот, кои ни под ...
Двократната шампионка Петра Квитова (35) загуби од Ема Наваро со 6:3 6:1 во првото коло на Вимблдон. Тенисерката од Чешка беше ѕвезда по мечот, бидејќи се збогува со Вимблдон, има намера да посвети повеќе време на своето семејство. „Честитки Ема. Жал ми е што не можевме да играме уште малку. На ова место се најубавите спомени што можев да ги посакам. Среќна сум што можев да играм на ова посебно место уште еднаш“, рече Квитова. „Никогаш не ...
Бранителот на титулата Мексико ќе се соочи со домаќинот САД во финалето на Голд Купот, првенството на Северна и Централна Америка. Мексиканците го победија Хондурас со 1-0 во полуфиналето, додека Американците беа подобри од Гватемала со 2-1. Бранителот на титулата стигна до финалето благодарение на голот на Раул Хименез. Напаѓачот на Фулам погоди во 50-та минута. Американците се пласираа во финалето благодарение на Диего Луна. Фудбалерот на Реал ...
Искусниот италијански напаѓач Чиро Имобиле (35) се враќа во Серија А. Неговиот нов клуб е Болоња, тврди најпознатиот трансфер инсајдер Фабрицио Романо. Имобиле ја помина претходната сезона во Бешикташ, одигра 30 натпревари и постигна 15 голови, потврдувајќи ја својата класа, но еден повик од неговата татковина го направи своето. Чиро е играчот со најмногу титули „крал на стрелци“ во италијанското првенство, тој дури четири пати беше ...
Вториот ден од Вимблдон донесе голем број интересни натпревари, но и неколку изненадувања. Сензационални елиминации доживеаја третиот носител кај мажите, Александар Зверев и втората носителка во женска конкуренција Коко Гоф. Во натпревар што траеше два дена, Артур Риндеркнеч го победи третиот играч во светот, Александар Зверев со 7:6 (3), 6:7 (8), 6:3, 6:7 (5), 6:4 по четири часа и 42 минути игра. За неверување е податокот францускиот тенисер не ...
Трката за Големата награда на Азербејџан во Формула 1 следната година ќе се одржи во сабота, а не во недела, како што е вообичаено. Светската автомобилска федерација (ФИА), заедно со челниците на Формула 1, донесе одлука за промена на датумот на трката, сето тоа по предлог на властите во Баку, бидејќи трката следната година се совпаѓа со Националниот ден на Азербејџан. Значи, наместо на 27 септември, ќе се одржи на 26, а сите активности на ...
По шампионската сезона со Фенербахче, Марко Гудуриќ одлучи да го напуѓти клубот. Во иднина ќе биде играч на Олимпија Милано. Клубот го претстави Гудуриќ со објава на социјалните мрежи. Италијанскиот клуб објави фотографија на која напиша: „Добредојде Марко. Кошаркарскиот клуб Олимпија Милано објавува дека постигна повеќегодишен договор со Марко Гудуриќ“, се вели во објавата. Не е познато на колку години е потпишана соработката и колкава ќе биде ...
Холандскиот стручњак Џовани ван Бронхорст е назначен за помошник тренер на фудбалерите на Ливерпул, објави денес англискиот клуб. Ван Бронхорст (50) со тоа ќе се приклучи на стручниот штаб на сонародникот Арне Слот. Тој освои многу големи признанија за време на својата играчка кариера, која вклучуваше периоди со Феенорд, Ренџерс, Арсенал и Барселона – се наведува на веб-страницата на Ливерпул. Од 2015 до 2019 година, холандскиот стручњак го ...
Иако шпанскиот крилен напаѓач Нико Вилијамс веќе е со едната нога во Барселона, шпанските медиуми објавуваат дека во трката за неговиот потпис се приклучил и германскиот шампион Баерн Минхен. Се шпекулира дека Вилијамс има откупна клаузула од 58 милиони евра во договорот со Атлетик Билбао. Медиумите наведуваат дека пречка за евентуален трансфер на Вилијамс во Баерн не се парите, туку желбата на шпанскиот репрезентативец да се приклучи на ...
Реал Мадрид го победи Јувентус со 1-0 и обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското клупско првенство, кое првпат се игра во новиот формат со 32 клуба. Единствениот гол на мечот го постигна Гонзало Гарсија во 54. минута, а „кралскиот клуб“ за три дена ќе игра против Борусија Дортмунд. Турнирот кој се одржува во САД доби сериозни критики се обвинува ФИФА дека непотребно ги троши фудбалерите кои веќе одиграле долга сезона, се поставува прашање ...
Поранешниот центар на Сакраменто Кингс, Јонас Валанчиунас се сели во редвоите на Денвер Нагетс, додека Дарио Шариќ ќе оди во спротивна насока. Никола Јокиќ доби фантастично засилување во рекетот во форма на 33-годишениот центар кој минатата сезона играше за Сакраменто Кингс. Денвер Нагетс направија голема зделка веднаш по почетокот на „летниот пазар“ и го испратија Мајкл Портер јуниор во Бруклин Нетс, во замена за Кем Џонсон. Нагетс заштедија ...
Барселона се обиде неодамна, а сега и Баерн Минхен, но и покрај интересот на европските гиганти, Ливерпул останува цврст: Луис Дијаз не е на продажба. Англискиот шампион одби официјална понуда од Баерн, како и обид за директен контакт од спортскиот директор на германскиот клуб, Макс Еберл. Одговорот од Дијаз исто така бил негативен – Колумбиецот не е заинтересиран за трансфер. Од клубот испратија сигнал дека ќе почнат преговори за нов договор, ...
Американската тенисерка Коко Гоф се расплака на прес-конференцијата по елиминацијата од Вимблдон. Силно ја погоди поразот од Украинката Дијана Јастремска. Елиминацијата на Коко Гоф, актуелната шампионка на Ролан Гарос е најголемото изненадување на женскиот дел од турнирот на Вимблдон. Дијана Јастремска со 7:6, 6:1 ја порази Гоф. По натпреварот, Гоф не можеше да ги задржи солзите на прес-конференцијата. Во емотивно обраќање, таа отворено ...
Фудбалскиот клуб Ливерпул ја отфрли понудата на Баерн Минхен за колумбискиот интернационалец Луис Дијаз. „Скај Спортс“, објави дека раководството на англискиот шампион му соопштило на спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, дека Дијаз не е на продажба. Не е познато колку понудил Баерн за играчот на Ливерпул. Британските медиуми потсетуваат дека раководството на Ливерпул ја отфрли понудата на Барселона за Дијаз пред неколку недели. „Ливерпул не ...
Екипата на Мекларен ја продолжува својата доминација во Формула 1 оваа сезона. Нова трка и нова победа за тандемот на Мекларен, само што овој пат на чело се најде Ландо Норис, кој триумфално мина низ целта на патеката „Ред бул ринг“ во Шпилберг, додека Оскар Пјастри заврши втор. Зад тандемот на Мекларен заврши дуото на Ферари, Шарл Леклер на третата, а Луис Хамилтон на четвртата позиција. Трката започна многу возбудливо, но и катастрофално за ...
Еден од најбараните слободни играчи на пазарот, Џонатан Дејвид, кариерата ќе ја продолжи во Јувентус. Репрезентативецот на Канада е слободен играч откако му заврши договорот со Лил. Интерес за Дејвид во изминатиот период покажаа Арсенал, Ливерпул, Њукасл, Интер и Наполи, но како што тврдат медиумите во Италија тој ќе се пресели во Јувентус. Според овие извори, Џонатан Давид во текот на претходната ноќ ги договорил сите услови за соработка со ...
Уште една вимблдонска традиција потклекна пред налетот на новото време. Доколку за онаа од 2021. година, кога организаторот на турнирот дозволи постојано да се игра тенис и во „средишната недела“, а за што причина беше природата или таканаречените климатски промени, поради кои секоја година во првата седмица рапоредот на мечевите беше целосно пореметен од „неочекуваниот“ дожд, за оваа, втора промена, виновен е технолошкиот прогрес. Од овој ...
Милвоки Бакс објавија шокантни вести, го отпуштија својот плејмејкер и суперѕвезда Дамијан Лилард. На овој потег се решија за да го потпишат Мајлс Тарнер од Индијана Пејсерс. Поранешниот плејмејкер на Портланд ја скина Ахилова тетива во плејоф серијата токму против Индијана. Веројатно ќе ја пропушти наредната сезона. . Остатокот од неговиот договор од 113.000.000 долари беше прескап за франшизата од Висконсин, која одлучи да се откаже од ...
Ракометот отсекогаш бил замислен како брз, забавен и динамичен спорт, а неговите правила се развиваа низ децениите. Светската ракометна федерација денеска објави за четири нови правила, односно промени во веќе постоечките правила. Затоа, од денеска 2025 година, стапуваат на сила неколку изменети правила, со цел да се подобри ракометот за сите страни – вклучувајќи ги тренерите, играчите и, секако, навивачите. „ИХФ е во постојана комуникација со ...
Енис Барди е слбоден играч, откако се раздели со Бодрумспор. Клубот не успеа да избори опстанок во Суперлигата на Турција. Разделбата со поранешниот играч на Ујпешт, Леванте и Трабзон го потврди клубот на социјалните мрежи. Капитенот на македонската репрезентацијата сега е во потрага по нов клуб. едиумите не ја исклучуваат можноста 30-годишникот да се врати во Шпанија. Шпанските медиуми тврдат дека сериозен интерес за Барди покажува Сарагоса, ...
Ландо Норис (Велика Британија, Мекларен) ја забележа својата трета победа во сезоната во Формула 1, откако победи во директен дуел против својот тимски колега Оскар Пјастри (Австралија, Мекларен) во напнатата трка за Големата награда на Австрија. Двајцата направија „еден-два“ победа со разлика од другите, откако Шарл Леклер (Ферари) го комплетираше подиумот со својот трет резултат меѓу првите 3 во сезоната. Неговиот тимски колега, Луис Хамилтон ...
Легендарниот хрватски ракометен стратег Лино Червар ќе биде главен промотор на меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“, кој ќе се одржи од 19 до 23 август во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид. Червар ќе биде специјален гостин на турнирот. Ден пред неговиот почеток, тој ќе учествува на официјалната прес-конференција заедно со претставници на клубовите и организаторите, на која ќе биде најавено почетокот на настанот. Во текот на ...
Чаби Алонсо го испофали Феде Валверде по вчерашниот натпревар против Јувентус во кој уругвајскиот фудбалер ја доби наградата за играч на мечот. Валверде во изминатите години се промовираше како еден од најзначајните фудбалери на Реал Мадрид, а таков ќе биде и во составот на Чаби Алонсо. „Феде Валверде ми го прави животот многу полесен. Тој едноставно е неверојатен“, вели Алонсо. „Валверде е толку комплетен… со топката, без топката, во неговото ...
Барселона одбраната на титулата во шпанското првенство ќе ја започне на Балераските острови. Барселона на 17 август ќе и гостува на Мајорка во првото коло од Ла Лига, а во последното 38. коло ќе гостува кај Валенсија на 24 мај 2026 година. Денес беше извршена ждрепката за распоредот на натпреварите од Ла Лига, а објавени се и датумите на Ел Класико. Реал ќе ја пречека Барселона на 26 октомври оваа година, а на 10 мај 2026 година, „кралскиот ...
Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство во САД по минималната победа над Јувентус. Дерби натпреварот од оваа фаза од натпреварувањето, одигран на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, заврши со резултат 1:0 (0:0). Стрелец на единствениот гол беше Гонзало Гарсија во 54-та минута. Реал Мадрид се пласираше во осминафиналето како победник во Групата Х, додека Јувентус заврши втор во Групата Г зад Манчестер ...
Новак Ѓоковиќ успешно го помина првото коло на Вимблдон по 20-ти пат во својата кариера. На почетокот од турнирот, кој го освои седум пати, шестиот играч во светот го победи Александер Муле со 3-1, во сетови 6:1, 6:7 (7), 6:2, 6:2. Новак се мачеше во одредени моменти, му подаруваше поени на својот ривал, бараше медицински тајм-аут, но по речиси три часа и 20 минути игра, забележа победа. Првиот, третиот и четвртиот сет минаа во доминација на ...
Иван Ракитиќ стави крај на кариерата, потврди за Нова ТВ новиот тренер на Хајдук, Гонзало Гарсија. Потврдено е дека Ракитиќ ќе стане дел од тимот на новиот спортски директор Горан Вучевиќ. Наговестувањето за оваа одлука се случи пред десет дена кога Ракитиќ не се појави на почетокот на подготовките на Хајдук. Поранешниот хрватски репрезентативец имаше опција да го продолжи договорот за уште една сезона. Последната сезона на Ракитиќ, во која ...
Серијата изненадувања на Вимблдон продолжија и денеска. Францускиот тенисер Артур Риндеркнеш кој е на 72 место на АТП листата, со 3:2 во сетови го елиминираше Александер Зверев, во меч кој започна вчера а заврши денеска и тоа по речиси пет часа борба. Уште од стартот на мечот стана јасно дека ова ќе биде многу неизвесен и израмнет меч. Во првите два сета воопшто немаше ниту еден брејк, па се играа тај-брејка. Во првиот сет подобар беше ...
Македонскиот тенисер Обрад Марковски со три победи во квалификациите на ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања, Србија избори место во „главниот ждреб“. Тој денес во финалето од квалификациите го победи Шин Хес од Аргентина (11. носител) со 2-0 во сетови (7:5 и 6:3). Марковски во првото квалификациско коло го надигра домашниот тенисер Лука Маџаревиќ (Србија) со 2-0 во сетови (6:3 и 6:0), а во втората квалификациска рунда го совлада седмиот носител ...
Борусија Дортмунд го победи мексиканскиот Монтереј со 2:1 во осминафиналето на Светското клупско првенство во САД. Многу брзо, Борусија поведе во овој дуел. Серу Гираси се снајде брилијантно по прекрасното додавање на Карим Адејеми. Остана сам пред голманот и од 14-та минута беше 1:0. Потоа Монтереј имаше една добра шанса кога Хесус Корона шутираше покрај голот, а набрзо се обиде и Нелсон Деоса, но ударот го одбрани Грегор Кобел. Во 24-та ...