Белград
7ᴼ /
6ᴼ
Македонската женска јуниорска кошаркарска репрезентација денеска против Романија го почнува настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ чиј домаќин е литванскиот град Алитус. Македонија е дел од групата А во која за противници ќе ги има и селекциите на Германија, Шведска и Ирска. Воведниот натпревар на македонската репрезентација е закажан за точно напладне во арената во Алитус, по што во деновите од викендот ќе следат пресметките против ...
Фудбалерите на Флуминензе први изборија пласман во полуфиналето на клупскиот Мундијал во САД. Бразилскиот клуб во првото четвртфинале, на стадионот во Орландо, го победи Ал Хилал со 2:1 (1:0). Бразилскиот клуб се пласираше во следната рунда благодарение на головите на Мартинели во 40-та минута и на Херкулес во 70-та минута, додека стрелец за Хилалбио беше Леонардо во 51-та минута од натпреварот. 70' HERCULEEEEEES! 💥 Fluminense’s hero goes for ...
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) казни неколку клубови поради непочитување на прописите поврзани со финансискиот фер-плеј. Барселона, Челзи, Астон Вила, Рома, Лион и Хајдук Сплит не ја избегнаа казната од УЕФА за нерегуларности во работењето. На хартија, најлошо мина Челзи, кој ќе мора да плати 20 или 31 милион (во овој момент не е познато која од тие две суми), како и уште 60 милиони условно. Нивниот ривал од Премиер лигата, Астон Вила, ...
Фудбалскиот клуб Сараево денес потврди дека Крсте Велкоски се вратил во клубот како технички директор. Македонецот го носеше дресот на Сараево во два наврати, а го напушти Кошево во летото 2022 година кога се врати во Македонија. Прво играше за Работнички, а потоа и за Македонија. „Во својата нова улога како технички директор, Крсте ќе биде клучната врска помеѓу спортскиот директор, стручниот штаб на првиот тим и Академијата на ФК Сараево. ...
Александар Митровиќ (30), ќе го напушти Ал Хилал, откако стана јасно дека новиот тренер Симоне Инзаги не смета на него за новата сезона. Неколку саудиски медиуми, потенцираат дека Митровиќ не одигра ниту еден натпревар на клупскиот Мундијал во САД, каде Ал Хилал приреди вистинска сензација во осминафиналето со елиминацијата на Манчестер сити. Саудијците ќе се обидат да го продадат, но тешко е да се очекува дека ќе најдат клуб кој е подготвен да ...
Англискиот фудбалер Тами Ејбрахам (27) кариерата ќе ја продолжи во Бешикташ. Турскиот клуб и Рома договорија, Ејбрахам наредната сезона да настапува како позајмен играч. Бешикташ, на Рома ќе и плати два милиони евра. Турскиот клуб има опција да го купи Ејбрахам за 13 милиони евра на крајот од позајмицата. Англискиот фудбалер ја помина минатата сезона како позајмен играч во Милан, каде што одигра 44 натпревари и постигна 10 гола, со седум ...
Центарот Деандре Ејтон се согласи на двегодишен договор со Лос Анџелес Лејкерс откако го финализираше раскинувањето на договорот со Портланд Треилблејзерс, според информациите од НБА инсајдерот Шамс Чаранија. Договорот ќе му донесе 8,1 милиони долари од Лејкерс оваа сезона, покрај дополнителните 25,6 милиони долари што Портланд сè уште му ги должи, со што неговата вкупна заработка ќе достигне приближно 34 милиони долари. Ејтон сега им се ...
Луис Хамилтон(40) ја вози следната трка пред домашната публика. Британецот девет пати ја освои Големата награда на Велика Британија, што ниту еден друг возач не успеа да го направи. Сепак, и покрај тоа што ќе во вози на британска почва во Силверстоун, прогнозите за седумкратниот светски шампион овој викенд не се особено оптимистички. Хамилтон се мачи во првите месеци од соработката со Ферари, прв пат откако се појави во Формула 1 во 2007 година, ...
Трагедијата со која се разбуди цела шпанската спортска јавност многу брзо се прошири во цела Европа и цел свет, а еден ден подоцна, сите се уште се во голема неверица за ужасната смрт на Диого Жота и неговиот помал брат Андре. Двајцата португалски фудбалери загинаа во страшна сообраќана несреќа во провинцијата Замора и го завија во црно цело фудбалско семејство, но посебно неговите најблиски, португалската фудбалска репрезентација, како и ...
Во миговите кога трансферот на Нико Вилијамс во Барселона беше готова работа, стигна целосен пресврт, односно дека крилниот фудбалер нема да потпише за тимот од Каталонија. Оваа вест е потврдена и од страна на Атлетик Билбао кој објави дека Нико Вилијамс потпиша нов договор со тимот со важност во следните 10 години! Исто така откупната клаузула повеќе не е 58 милиони евра, туку сега е 50% повисока. Ова е целосен шок за „Каталонците“ кои не ...
Еберчи Езе постигна договор со Арсенал за личните услови, сега сè што останува е клубовите да постигнат договор. Според англиските медиуми, челниците на Кристал Палас за одличниот офанзивен играч од средниот ред побарале 60 милиони фунти. „Топџиите“ се согласиле да ја платата оваа сума и се очекува договорот да биде завршен најдоцна до утре. Езе е еден од најзаслужните играчи за освојувањето на ФА Купот од страна на Кристал Палас. Минатата ...
Од Мадрид пристигнува вистинска трансфер „бомба“ која може да го раздвижи летниот преоден рок. Според најновите информации, Реал Мадрид и новиот стратег Чаби Алонсо се отворени за продажба на бразилскиот напаѓач Родриго ова лето. Иако оваа одлука делува изненадувачки, таа има своја логика. Со доаѓањето на Килијан Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“, конкуренцијата во офанзивниот дел на тимот е огромна. Веќе присутни се Винисиус Жуниор и младиот ...
Италијанскиот фудбалер Самуеле Ричи (23) е нов играч на Милан, објави клубот. Ричи потпиша договор со Милан до 30 јуни 2029 година, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона. Тој ќе го носи дресот со број четири во својот нов клуб. Италијанскиот фудбалер игра во средината на теренот, а во последните три години играше за Торино. Новиот фудбалер на Милан одигра десет натпревари за италијанската репрезентација. Милан минатата ...
Под слоганот „Играј со најдобрите“, Видеолотарија Касинос Австрија повторно застанува силно и безрезервно на страната на спортот – овојпат како поддржувач на македонската кошаркарска репрезентација Во просториите на Видеолотарија Касинос Австрија денес беше потпишан нов спонзорски договор со Кошаркарската федерација. Соработката со КФСМ е континуитет на нашата заложба за унапредување на спортот во Македонија. Веруваме дека со здружени сили – ...
Иван Галевски, кој влезе во конкуренција на голмани со најдобар процент на одбрани на СП до 21 година, Се работи за листа на голмани кои се статистички најдобри по процент на одбрани, а кон својот гол имаат најмалку 100 шута. Најдобар голман во тој параметар беше Леон Теодор Бергман од Австрија, кој имаше успешност од 38,5% (91/236), па следеше Хенрик Ибсен од Норвешка, со 36,3% успешност (69/190). На третото место е Иван Галевски кој има ...
Деандре Ејтон се согласи на трансфер во Лос Анџелес Лејкерс три недели пред неговиот 27-ми роденден и три дена откако беше ослободен од договорот со Портланд Треил Блејзерс. Ејтон, потпиша две годишен договор, а следната сезона ќе заработи 34 милиони долари. Лејкерси го пронајдоа својот стартен центар во Ејтон, првиот избор на драфтот во 2018 година, кој е единствениот играч во историјата на НБА кој во просек постигнувал 15+ поени и имал шут од ...
Фудбалскиот клуб Ливерпул е завиен во црно, по смртта на португалскиот напаѓач Диого Жота. Заедно со својот брат Андре, тој излета од патот со автомобил, кој се запали и двајцата ги загубија животите. Голема трагедија го погоди светскиот фудбал, а неговиот клуб Ливерпул одлучи да постави преседан. На „Енфилд“ ќе го повлечат дресот со број 20, кој го носеше трагично починатиот фудбалер и во клубот и во репрезентацијата. Дресот со број 20 ќе стане ...
Шпанскиот крилен играч Хесус Родригез потпиша за Комо до 2030 година во трансфер вреден 22 милиони евра. Родригез стана најскапиот играч во историјата на клубот. Рекордот што претходно го држеше Мартин Батурина брзо беше срушен. Пред една недела Батурина дојде во Комо од Динамо Загреб за 18 милиони евра. Хесус Родригез ќе наполни 20 години во ноември, а минатата сезона постигна пет гола на 44 натпревари за Бетис. Момчето родено во Севилја често ...
Манчестер Сити е блиску до потпишување на договорот со голманот на Порто и Португалија, Диого Кошта, тврди британскиот сервис Би-би-си. Повикувајќи се на свои извори, Би-би-си, пишува дека Сити се согласил да ја активира откупната калузула во договорот на голманот која изнесува 75 милиони евра. Според овој извор, Кошта веќе се согласил да се пресели во Манчестер Сити, а неговиот менаџер, Жорге Мендеш, моментално е во интензивни преговори со ...
Арина Сабаленка е единствената тенисерка од првите 5 носителки на ВТА листата која опстана на Вимблдон, нешто што е значајно за неа ако се земат во предвид претходните слабости кои таа ги имаше на терените со трева. Сè до 2024 година таа не можеше никако да го помине четвртото коло, а промената и влезот во четвртфиналето таа година беше последица на нејзината неодамнешна адаптација на побрзи површини. Сабаленка моментално е рангирана како прва ...
Четирикратниот последователен шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, наводно одлучил да го напушти Ред Бул. Како што објави „Скај Италија“, Холанѓанецот ја прифатил понудата на Тото Волф да се пресели во Мерцедес. Ферстапен и Волф наводно постигнале усмен договор. Сепак, медиумите објавуваат дека раководството на Мерцедес сè уште не го одобрило конечниот трансфер. „Немам што да кажам за тоа. Колку повеќе зборувам, толку повеќе ќе се пишува. Не ...
Карлос Алкараз успеа попладнево да ја мине и втората пречка на годинашниот Вимблдон. Шпанецот со ефектни и максинални 3:0 го победи Оливер Травет од Велика Британија и со тоа се пласираше во третата рунда од најголемиот турнир во светот на тенисот. Карлито во меч кој траеше нешто повеќе од два часа, првиот сет го доби со 6:1 во гемови, додека во вториот и третиот славеше со по 6:4 за конечни 3:0 и победа. Нема дилеми дека Карлос Алкараз е еден ...
Легендарниот напаѓач Луис Суарез ќе стане слободен агент на крајот од оваа година, бидејќи му истекува договорот со Интер Мајами. Како што пишува шпански „Ас“, Уругваецот размислува да стави крај на својата феноменална кариера по завршувањето на соработката. Суарез има 39 години и во последните неколку сезони има проблеми со коленото, што му отежнува да игра натпревари секоја недела. Суарез би сакал да се збогува со Интер со освојување на ...
Навивачите, клубовите, фудбалските организации се збогуваат со Диого Жота овој четврток… Шпанската цивилна гарда ја потврди смртта на фудбалерот на Ливерпул и неговиот две години помлад брат, Андре Силва, кој бил во автомобилот со него. Двајцата се возеле во автомобил „Ламборџини“ кога им пукнала гумата, во момент кога престигнувале друг автомобил. Возилото излетало од патот, по што завршило во пламен. Несреќата се случила во раните утрински ...
Португалскиот фудбалер Диого Жота (28) загина во сообраќајна несреќа во шпанскиот регион Замора, откако пукнала гумата на неговиот автомобил, поради што излетал од автопатот. Шпанската цивилна гарда ја потврди смртта на фудбалерот на Ливерпул и неговиот две години помлад брат, Андре Силва, кој бил во автомобилот со него. Двајцата се возеле во автомобил „Ламборџини“ кога им пукнала гумата, во момент кога престигнувале друг автомобил. Возилото ...
Американските медиуми шпекулираат дека работите се хаотични во соблекувалната на Лос Анџелес Лејкерс и дека Леброн Џејмс е фрустриран од Лука Дончиќ. Според американскиот „Јаху“ и нивниот НБА инсајдер Џон Гамбадоро, ситуацијата во соблекувалната на Лос Анџелес Лејкерс не е баш најдобра и наводно има тензии. Иако сè изгледа фантастично на паркетот, тој наведува дека нема добра хемија помеѓу Лука Дончиќ од една и Леброн Џејмс и Остин Ривс од друга ...
Мексиканците го победија Хондурас со 1-0 во полуфиналето, додека Американците беа подобри од Гватемала со 2-1. Бранителот на титулата стигна до финалето благодарение на голот на Раул Хименез. Напаѓачот на Фулам погоди во 50-та минута. Американците се пласираа во финалето благодарение на Диего Луна. Фудбалерот на Реал Солт Лејк ги постигна двата гола, во четвртата и 15-та минута. Олгер Ескобар го постигна единствениот гол за Гватемала во 80-та ...
Бруно Петковиќ е на чекор до голем трансфер во шпанската Ла Лига. Напаѓачот на Динамо Загреб и хрватската репрезентација е пред потпис со екипата на Алавес, каде што треба да пристигне како слободен играч. Бруно Петковиќ е енигма за противничките одбрани. Иако со својата висина и сила наликува на класичен центарфор, неговиот арсенал е полн со технички мајстории. Најдобар доказ за тоа е неговиот гол на кариерата – легендарните „ножички“, потег ...
Фудбалскиот клуб Еспањол од Барселона наскоро ќе има нови сопственици. Според „Марка“, станува збор за американскиот инвестициски фонд „Велосити Спорт Партнерс (ВСП)“, основан и управуван од бизнисменот Алан Пејс. Овој фонд е и мнозински сопственик на англискиот премиерлигашки клуб Брајтон. „Марка“ пишува дека целата трансакција изнесува 200 милиони евра, од кои 180 се инвестиции со кои новите сопственици ќе преземат 99 отсто од акциите во ...
Португалскиот фудбалер Диого Жота (28) загина во сообраќајна несреќа. Трагедијата се случи во Шпанија, во близина на границата со Португалија во областа Замора. Жота бил во автомобил со својот брат Андре (26), исто така професионален фудбалер, кога излетал од автопатот А-52 на 65-от километар во близина на општината Паласиос де Санабрија. Двајцата загинале. Според сведоците, возилото било зафатено од пламен, кој потоа се проширил на блиската ...