На 05.03.2026 во 13:30 часот во ОВР Кавадарци, 56-годишен кавадарчанец пријавил дека бил измамен од неколку лица за сума од 4.900 евра. Според пријавеното, тој преку интернет контактирал со лицата, кои се претставиле дека се од странска компанија и го навеле да ги уплата парите на компанијата и на тој ќе инвестира во берза. Како што е пријавено, тој во неколку наврати ги уплатил парите, а подоцна лицата побарале да изврши дополнителна уплата ...

Членството на Македонија во НАТО е најдоброто нешто што и се случило на државата од безбедносен аспект, иако се направени големи отстапки за исполнување на таа цел, вели Венко Филипче, во Клик Плус. Сега Македонија е под безбедносен чадор, во услови кога на Блискиот исток се разгорува нова војна, додава тој. Воедно бвини и дека власта „игра“ со Русија и Кина, што е спротивно на интересите на САД и НАТО алијансата. -Иран се групира заедно со ...

Веќе месеци наназад министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски најавува дека многу скоро ќе се активира системот „Роаминг како дома“ во кој граѓаните кога ќе одат во земјите од Европската унија ќе можат да зборуваат и да користат интернет по цени како во земјава. Европската комисија предложи отворање преговори за вклучување на земјите од Западен Балкан во европската зона Роаминг како дома но откако целосно ќе се усогласиме со ...

На 05.03.2026 во 16:55 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Е.А.(25) од скопско по претходна пријава дека на 23.02.2026 во неговиот дом физички нападнал 22-годишна жена со која претходно се запознале, а истата пристигнала од Германија и извршил обљуба, и упатувал закани, а исто така во периодот додека била во неговиот дом не и дозволувал да излезе сама и и го зел нејзиниот мобилен ...

Скопје добива ново уреден спортски комплекс на кејот на реката Вардар, кој денеска официјално е пуштен во употреба. Обновените терени беа презентирани од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски. Како што информира Ѓорѓиевски, со овој проект кејот добива нова функција и станува простор наменет за спорт, рекреација и дружење, со цел да се врати животот покрај реката. Тој нагласи дека уредувањето на кејот е ...

На 05.03.2026 во 06:00 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.З.(54) од село во општина Сарај. Според пријавеното, тој околу 05:00 во домот под дејство на алкохол физички ја нападнал неговата неговата 15-годишна ќерка, но неговиот син успеал да ги радели. Увид извршила екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. На 05.03.2026 во 06:00 часот во скопско, ...

На 05.03.2026во 12:19 часот во ОВР Демир Хисар е пријавено дека на патот Демир Хисар – Кичево, на место викано „Крбла“ , атар на с.Сопотница, демирхисарско, патничко возило „фиат“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од Љ.Б.(52) од с.Жван, демирхисарско, излетало од патот. Во несреќата на местото починал возачот Љ.Б., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Додека, неговиот сопатник Д.Г.(59) од с.Жван се здобил со ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска одржа прес конференција на која информираше за новините предвидени во Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за евиденциите од областа на здравството, со кои правиме значаен чекор кон целосна дигитализација на здравствениот систем. -Со ова законско решение, кое деновиве ќе биде поставено на ЕНЕР, се надминуваат досегашните ограничувања во системот на здравствени евиденции и се ...

На 05.03.2026 во 12:40 часот во Неготино, полициски службеници од Неготино го лишиле од слобода А.Д.(28) од Неготино. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Тој бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 05.03.2026 во 12:40 часот во Неготино, полициски службеници од Неготино го ...

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. T=17°C. P=990hPa. U=45%. V=2m/s. Во недела и понеделник претпладне ќе преовладува променливо облачно и малку посвежо време со слаби локални врнежи од дожд. Од вторник следува ...

Денеска се одржа промотивно прикажување на едукативниот цртан филм „Кликни безбедно“, реализиран во рамките на проектот MKSafeNet – Центар за побезбеден интернет, имплементиран од Министерството за дигитална трансформација. Филмот е создаден како резултат на креативна соработка меѓу ученици и наставен кадар, со цел да се подигне свеста за безбедно, одговорно и етичко користење на интернетот кај децата и младите. На едноставен, разбирлив и ...

Претседателката на Косово Вјоса Османи го распушти Собранието, а Косово оди на нови парламентарни избори. „Тука сум пред вас затоа што претставниците на народот синоќа одлучија земјата да ја испратат на нови избори. Оваа ситуација можеше целосно да се избегне. Голема несреќа за оваа држава е што не го избраа интересот на Косово. Затоа денес, во согласност со Уставот на Република Косово, донесов декрет за распуштање на Собранието и со овој ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп изјави дека сака целосно да биде отстранета раководната структура во Иран. „Сакаме да влеземе и да исчистиме сè. Не сакаме некој што би обновувал во период од 10 години“, рече Трамп во телефонско интервју за NBC News. Тој додаде дека има одредени идеи за тоа кој би бил „добар лидер“ во Иран. Претседателот на САД исто така наведе дека презема одредени чекори за да се обиде да ...

Францускиот претседател Емануел Макрон порача до јавноста дека Франција „не води војна“ на Блискиот Исток, и покрај испраќањето воени засилувања во регионот, вклучително и носачот на авиони „Шарл де Гол“, нагласувајќи дека целта е заштита на француските граѓани и сојузници погодени од иранската одмазда. „Не сме во војна. Франција не води војна на Блискиот Исток и таму нема да се вклучи. Многу добро ја разбирам и ја слушам вашата загриженост, ...

На 06.03.2026 во 00:40 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(55) од Скопје поради сомнение дека од пиштол пукал кон неговата 48-годишна сопруга, се заканувал на нивните три ќерки на возраст од 26, 24 и 18 години и физички ја 24-годишната ќерка. Според пријавеното, на 01.03.2026, по претходна расправија во домот, тој од пиштол испукал еден куршум кој завршил во прозорецот, по што ...

Утрово во Македонија се измерени ниски температури, а најстудено било во Лазарополе со -4 степени. Минусни температури се регистрирани и на Попова Шапка и во Берово со -3 степени, како и во Маврови Анови и Битола со -2 степени. Температура од -1 степен е измерена во Скопје-Петровец, Струмица, Крива Паланка, Прилеп, Штип, Тетово и Претор, додека нула степени се регистрирани во Охрид, Демир Капија, Велес, Куманово и Крушево. Потопло било во ...

Дел од жителите на неколку улици во Скопје денеска ќе се соочат со прекин во снабдувањето со вода и електрична енергија поради планирани технички зафати. Од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Скопје информираат дека поради изведување на водоводен приклучок со пречник ф-100 милиметри на улицата „Јосиф Михајловиќ“ бб, без вода ќе останат корисниците од улиците „Јосиф Михајловиќ“ и „Атанас Бабата“ во општина Карпош. Прекинот во ...

Овен Со Венера во вашиот знак, вниманието е свртено кон вас. Се чувствувате поживо, посакувано и подготвено да преземете иницијатива во љубовта или во однос што ви значи. Ова е момент кога сакате да дејствувате, не да чекате. Сепак, со Месечината во Шкорпија, дел од процесите се одвиваат тивко. Не мора сè да биде јавно за да биде моќно. Комбинацијата на храброст и длабочина ви носи најдобар резултат. Бик Венера во Овен ја активира вашата ...

НАТО го зголеми нивото на подготвеност на антибалистичката ракетна одбрана откако вчера беше пресретната ракета лансирана од Иран, насочена кон турскиот воздушен простор, објави портпаролот на Алијансата. Портпаролот на Високата команда на сојузничките сили за Европа, полковник Мартин О’Донел, изјави дека НАТО го засилило своето „распоредување на антибалистичката ракетна одбрана“. „Не можам да дадам детали за оваа промена на распоредот од ...

Во вечерашното издание на емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, претседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, изјави дека очекува предвремени парламентарни избори, оценувајќи дека актуелната власт ќе се соочи со сериозни политички и економски предизвици. Тој потсети на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, наведувајќи дека во претходни настапи било речено дека ќе се одржат редовни избори, без предвремено гласање. ...

Во вечерашното издание на емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, претседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, се осврна на економските политики и минималната плата, оценувајќи дека таа е клучен показател за разликата меѓу, како што рече, политиките на неговата партија и на актуелната власт. Тој потсети дека во периодот кога СДСМ била на власт минималната плата бележела значителен раст, особено во годините пред ...

Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека состојбата со нафтените деривати во земјава е стабилна и дека нема причина за загриженост кај граѓаните. Како што соопшти преку објава на социјалните мрежи, тој одржал средба со претставници на нафтената индустрија во државата, на која се разговарало за актуелната состојба со снабдувањето со горива, во контекст на кризата на Блискиот Исток и глобалните предизвици во оваа индустрија. Според ...

Во вечерашното издание на емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, претседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, изјави дека не го познава лицето за кое се поставуваа прашања поврзани со одредени тендери и деловни релации, нагласувајќи дека за тоа треба да се обратат до него директно. Тој посочи дека ниту го познава ниту некогаш комуницирал со Борче Марковски и дека доколку постојат сомнежи за криминал, секој треба да ...

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го повика израелскиот претседател Исак Херцог да му даде „помилување“ на премиерот Бенјамин Нетанјаху, односно да го ослободи од обвиненијата за корупција, велејќи дека премиерот не треба да има ништо на ум освен војна со Иран. „Претседателот Херцог мора да му даде помилување на Биби (прекар Натанјаху) денес. Не сакам ништо да му пречи на Биби освен војната со Иран… Херцог е срам… пет пати ми ...

Водата во Струга и по еден месец не се препорачува да се пие, поради загадувањето на изворот во селото Шум. Жителите продолжуваат да купуваат вода. Во последните три дена има подобрување, покажуваат анализите на Институтот за јавно здравје, но сè уште не може да се пие. – Водата е чиста во последните денови, но Институтот за јавно здравје препорача да почекаме неколку дена за да се стабилизира чистата вода. Се надеваме дека тоа ќе се случи. ...

Безбедноста на македонските државјани е приоритет, соопшти министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, информирајќи за текот на евакуацијата од Израел. Според неговата објава, Министерството целосно го координирало процесот на враќање на македонските државјани од Израел. Група граѓани попладнево со владиниот авион полетале од Шарм ел-Шеик кон Скопје. Муцунски нагласи дека станува збор за сложен процес кој барал ...

Шкендија победи во дербито против Вардар, и првенството на Првата македонска фудбалска лига доби сосема нова димензија. На комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје, тимот од Тетово славеше со 0:1. Голот за Шкендија го постигна Лиридон Латифи во второто полувреме, по одличната асистенција на капитенот Бесарт Ибраими. Првата и единствена шанса во првото полувреме ја имаше Шкендија, кога во 32-та минута, по една добра акција на гостите, Красниќи ...

Британскиот премиер Кир Стармер денеска изјави дека Велика Британија ќе распореди уште четири борбени авиони од типот Eurofighter Typhoon во Катар, со цел да се зајакнат одбранбените операции во таа земја и поширокиот регион. Стармер на прес-конференција истакна дека одлуката е дел од одговорот на Персиски Залив на барањата на сојузниците за дополнителна помош, пренесува Sky News. Британската влада уште во јануари ја распореди 12-та ескадрила ...

Безбедноста во Македонија е стабилна и во моментов нема закана од воените активности што се одвиваат на Блискиот Исток, изјави премиерот Христијан Мицкоски. На шестиот ден од вооружените судири меѓу Иран, САД и Израел, како и државите од Персискиот Залив каде што САД имаат воени бази, нашите разузнавачки служби не очекуваат проширување на конфликтот на Западен Балкан. -Што се однесува до безбедносната состојба во државата, таа е стабилна и ...

Спортска сала, базен за пливање и библиотека – сето ова ќе биде дел од новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Се подготвува теренот за на 7 март да се постави камен-темелникот за изградба на новиот објект. Ректорот Беким Фетаји вели дека изградбата се предвидува да заврши во рок од 4 години. Тој информираше дека неколку постојни објекти ќе бидат урнати и на нивно место ќе се изградат нови. „Универзитетот многу напредуваше и ...

103-ка

9 часа - Нова ТВ
weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
70%
1024
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
70%
1025
weather icon

Загреб

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
71%
1025
weather icon

Софија

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
47%
1024
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
1.7
74%
1024
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
87%
1026
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
6.17
61%
1018
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
46%
1021
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
4.12
35%
1023
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 7ᴼ
2.24
72%
1024
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
2.06
53%
1024
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
6.17
57%
1020
Currency

61.6417

Currency

52.514

Currency

71.4322

Currency

37.831

Currency

38.6395

Currency

67.1558

Currency

7.6911

Currency

0.70048

Currency

0.33434

Currency

0.52509

Currency

1.16272

Currency

0.55344

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Сребро

2363.77

Рутениум

52180.66

Калај

49.78

Паладиум

48611.93

Платина

63594.18

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.48

Родиум

323115.00

Злато

147595.33

Бакар

12.05