Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Минималната температура утрово се движеше од 0 до 6 степени. Најстудено со 0 степени беше во Берово и Маврови Анови, додека 1 степен е измерен на Попова Шапка, во Битола, Струмица, Демир Капија и Претор. Со 2 степени утрово беа Гевгелија и Охрид, 3 степени се измерени во Скопје-Петровец, Велес, Прилеп, Крива Паланка, Кавадарци и Штип. Четири степени се измерени во Тетово и Крушево, 5 во Скопје-Зајчев Рид и Куманово, додека највисоки утрински ...
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...
Иран го затвори Ормускиот теснец, соопшти Револуционерната гарда на земјата, според иранските државни медиуми. Командантот на Револуционерната гарда рече дека клучниот пат е затворен и дека иранската војска ќе го запали секој брод што ќе се обиде да помине низ него. Ормускиот теснец се смета за најважната рута за извоз на нафта во светот и е контролиран од Иран. Околу една петтина од светската нафта поминува низ теснецот, кој ги поврзува ...
Амбасадата на Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби информира дека се разгледува можноста за репатријација и евакуација на македонските државјани кои во моментов се затекнати во Обединети Арапски Емирати, преку копнен премин кон Султанат на Оман. Од Амбасадата посочуваат дека ограничен број летови успеале да ја напуштат територијата на ОАЕ преку аеродромите во Абу Даби и Дубаи, кои во изминатиот период беа цел на напади од ...
Најмалку 52 лица се убиени, а 154 ранети во израелските напади врз Либан, соопшти либанската влада во својот последен биланс. Претходните бројки од Министерството за здравство покажаа дека 31 лице е убиено, а 149 се ранети. Бомбардирањето на јужен и источен Либан, како и јужните предградија на Бејрут, принуди повеќе од 28.500 луѓе да избегаат, според владината единица за управување со кризи. Најмалку 52 лица се убиени, а 154 ранети во ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска изјави дека Иран ги игнорирал предупредувањата од Белата куќа да не се обидува да ја обнови својата нуклеарна програма по претходните американски напади врз иранските нуклеарни постројки. Зборувајќи од Белата куќа, Трамп рече дека Вашингтон го предупредил Техеран да не се обидува да развива нуклеарни капацитети откако ќе ги уништи постојните постројки. „Откако неодамна ја ...
На 03.03.2026 година (вторник), во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. г. Марк Руте. Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска е во работна посета на Барселона, Шпанија каде учествува на MWC26 (Mobile World Congress) – најголемиот светски настан кој ги обединува креаторите на политики за дигитализација, претставници на телеком операторите и најголемите производители на мобилни уреди и дигитални решенија во светот. Во рамки на својата посета, министерот се задржа на лобирање за принципот „роаминг како ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со Лолита Хасани Грасман, советник за институционална соработка и комуникација во Фондацијата Роми за Европа со седиште во Брисел и Реџепали Чупи, директор на Ромскиот образовен фонд за нашата држава и Србија, со седиште во Букурешт. На средбата, соговорниците ја информираа претседателката за тековните активности насочени кон развој на вештини, образовни програми, зголемување на ...
Арбен Фетаи останува без пратеник. Мимоза Муса и Илир Демири му се приклучија на Азир Алиу и одлучија дека во рамките на ВЛЕН тие ќе бидат гласот на АА. Групата на Алиу се собра и синоќа во Тетово, додека Арбен Фетаи не беше поканет. „АА одлучи политичкиот глас во ВЛЕН, на АА да биде Латиф Латифи. Оваа промена се случи поради промени кои се случуваат во рамките на обединувањето на Влен, во структурата на АА како дел од ВЛЕН“, додаде Азир ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со директорот на Секретаријатот на Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ), Алберт Хани, на која беа разгледани можностите за продлабочување на соработката во насока на зајакнување на институционалните капацитети за спречување на корупцијата. Во фокусот на разговорите беа обуките за изработка на Национална проценка на ризик од корупција и антикорупциската ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на отворањето на 24-часовната виртуелна конференција на Women in Tech, глобална организација насочена кон поттикнување на инклузија, разновидност и еднаквост на жените во STEM професиите (наука, технологија, инженерство и математика). Во обраќањето, Сиљановска-Давкова ја опиша конференцијата како „невидлива линија што го поврзува светот од една временска зона до друга, од еден континент до ...
Во периодот од 01.02.2026 до 28.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 19.066 прекршоци. Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 18.172, потоа за минување на затворен сигнал (црвено светло) 220 прекршоци, а за управување со возило со измината важност на сообраќајната ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во рамките на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, денеска четврти пат ги доделија новинарските награди за 2025 година на тема „Справување со загадувањето на воздухот во РС Македонија“. Првата награда ја доби и Михаил Милошевски од „360 степени“, на тема „Уште пет града дознаа што им го загадува воздухот – што ќе преземат ...
Тело на уште една жена од кумановскиот регион ќе биде ексхумирана по отворањето на истрагата за серија убиства во селата Старо Нагоричане и Челопек, за кои е осомничен 25-годишниот Трајко Бојковски, овчар од селото Малотино, кој моментално се наоѓа во притвор во Куманово. Обвинителството соопшти дека по денешната ексхумација телото ќе биде предадено на Институтот за судска медицина за обдукција. Според досегашните сознанија и исказот на една ...
Минималната плата од март годинава ќе изнесува 26.046 денари и се зголемува за околу 1.600 денари. Владата не попушти и пресече дека таа само законски ќе се усогласи. Сојузот на синдикатите на Македонија демонстративно ја напушти седницата на Економско-социјалниот совет. Најавуваат дека борбата за 600 евра минималец, и 6.000 денари раст на сите останати плати ќе продолжи од улица, со протести. „Како што се плашевме, на денешната седница на ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека и покрај тешката безбедносна ситуација во ОАЕ, состанокот на делегациите на Украина, САД и Русија, закажан за 5 и 8 март во Абу Даби, засега не е откажан. „Средбата беше закажана за периодот од 5 до 8 март, приближно на 5 и 6 март. Средбата беше планирана во Абу Даби . Засега, поради овие конфликти, не можеме да потврдиме дека средбата ќе се одржи конкретно во Абу Даби, но сепак никој не ...
На 01.03.2026 во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми. Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 01.03.2026 во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле ...
Над 400 македонски граѓани бараат помош од дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации за нивна евакуација, а околу 30 од нив се подготвени уште веднаш да заминат по воените дејствија на Блискиот Исток. Од МНР велат дека со сите пријавени лица се одржува постојана комуникација и зависно од состојбите се разгледува можноста за евакуација. „Дипломатско конзуларните претставништва ги преземаат сите неопходни мерки за ...
Британска воена база на Кипар е под втор бран напади. Кипарската влада потврди дека новите закани се успешно неутрализирани. „Два беспилотни летала без екипаж што се движеа кон базата на РАФ во Акротири беа успешно пресретнати“, потврди портпаролот. Грчкиот министер за одбрана, Никос Дендиас, изјави дека неговата земја е подготвена да го брани Кипар „со сите расположливи средства“, објави Ројтерс во понеделник. British base in Cyprus under ...
Доналд Трамп е „многу разочаран“ од британскиот премиер Кир Стармер затоа што веднаш не им дозволи на САД да ја користат воздухопловната база Диего Гарсија за напади врз Иран, изјави американскиот претседател во интервју за „Телеграф“. Велика Британија првично одби да им дозволи на САД да извршуваат воздушни напади од нејзините бази, но Стармер во неделата вечерта изјави дека прифаќа барање за нивна употреба во американските „одбранбени ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13% во однос на одлуката од 27.2.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,977%, кај дизелот за ...
Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека извршила напад врз канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Покрај канцеларијата на премиерот, цел на нападот била и локацијата каде што во тој момент се наоѓал командантот на израелските воздухопловни сили. „Сегашниот статус на премиерот Нетанјаху останува нејасен, а дополнителни детали за операцијата ќе бидат објавени подоцна“, се вели во соопштението на Одделот за односи со ...
Откако сме како Влада избрани до сега, ги имаме регулирано односите со нашите колеги во најголем дел. Кога ќе кажам во најголем дел, тоа е 95 па и повеќе проценти, преку Колективни договори кои што имаат краен рок на реализирање до 2028 година, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната седница на Економски социјалниот совет. Премиерот Мицкоски посочи дека за разлика од претходно, оваа Влада се однесува одговорно и презема ...
Согласно последните информации добиени од дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија, во моментов повеќе од 400 граѓани побарале информации во врска со можноста за евакуација, додека околу 30 од нив изразиле подготвеност да ја напуштат земјата во првата можна прилика, велат од Министерството за надворешни работи. Со сите пријавени лица се одржува редовна и континуирана комуникација, при што се преземаат ...
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта, велат од УХМР. Температурите во следните денови ќе бидат во постојан пораст. Во петок ќе се искачи и до 19 степени. Во следните денови ќе преовладува сончево ...
Кремљ објави дека Русија е во постојан контакт со иранското раководство во врска со она што го нарече „отворена агресија“ против Техеран и дека е длабоко разочарана од начинот на кој се одвивале настаните. Рускиот претседател Владимир Путин во неделата го осуди атентатот врз иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи како „цинично“ убиство, додека руското Министерство за надворешни работи ги обвини САД и Израел дека го туркаат Блискиот ...
Состанокот на министрите за европски прашања на земјите-членки, кој требаше да се одржи денес и утре на Кипар, е одложен поради нападот со беспилотни летала врз британската база Акротири на тој остров, соопшти кипарското претседателство. „Во раните утрински часови имавме еден, изолиран инцидент со дрон кој ја таргетираше британската база во Акротири, Кипар, со ограничена штета. Точното потекло на дронот моментално се проверува, но е потврдено ...
Иранската Црвена полумесечина објави дека најмалку 555 лица се убиени во заеднички израелско-американски напади , објави новинската агенција Фарс. Во соопштението, хуманитарната организација наведува дека повеќе од 100.000 спасувачи се распоредени низ целата земја и дека над 130 региони се погодени од војната. Од саботата, Израел и САД нападнаа стотици цели низ Иран, вклучувајќи места за лансирање ракети, објекти поврзани со нуклеарната ...
Премиерот Христијан Мицкоски, денес остварил телефонски разговор со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан. „Изразив искрена солидарност со народот на ОАЕ и најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите од нападите. Нападите врз суверени држави и заканите кон цивилното население претставуваат грубо нарушување на меѓународното право и сериозна закана за регионалната и глобалната стабилност. ...