Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Најмалку 25 лица, меѓу кои и четворица странски туристи, загинаа во катастрофален пожар што зафати ноќен клуб во Гоа, популарна туристичка дестинација на западниот брег на Индија, во саботата навечер. Седум други беа повредени, од кои еден критично. Трагедијата се случи во селото Арпора, а се сомнева дека експлодирала плинска боца, објавува CNN. Според полицијата, се верува дека меѓу загинатите се 14 членови на персоналот на клубот. ...
Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени 0 степени. Следуваат 3 степени во Струмица, Крива Паланка, Mаврови Анови, Берово, Kрушево, Лазарополе, 4 Прилеп, Претор, 5 Скопје-Петровец, Tетово, Скопје-Зајчев Рид, Виница, 6 Охрид, Штип, Битола, 7 Кавадарци, Велес, Демир Капија, 9 Гевгелија. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице од Неготино, со живеалиште во Германија, кој е осомничен за кривични дела – Полов напад и силување од член 186 и Уцена од член 259 од Кривичниот законик. Осомничениот 29-годишник, на 2 декември, заедно со неговата сопруга и уште една пријателка, излегле во ресторан во Скопје. Таму пиел алкохол и консумирал дрога, па бидејќи по вербална расправија неговата сопруга заминала ...
ОВЕН Вдишете длабоко и одвојте малку повеќе време за себе. На овој начин ќе сфатите дека ништо нема да се промени драстично ако одлучите да направите пауза овде или таму или да се оддалечите од секојдневните работи. Справете се и со приватните проблеми, во моментот кога ќе се ослободите од помалите проблеми и нередот, ќе можете да тргнете во нов, подобар пат. БИК Едно лице од вашето минато драстично ќе влијае на вашата сегашност, но овој пат ...
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти покрај брегот на Крит, објави денеска грчката јавна телевизија ERT News. Двајца преживеани им рекле на спасувачите дека ја изгубиле контролата над бродот за време на бура, поради што останале на отворено море без вода и храна. Сè уште не е познато од каде потекнуваат мигрантите, а форензичарите и истражителите се обидуваат да утврдат што точно се случило на бродот. Моќна бура беснее ...
Аеродромот во Вилнус вечерва беше привремено затворен по откривањето на шверц на балони од територијата на Белорусија, соопшти Националниот центар за управување со кризи. „Поради хибридниот напад извршен од Белорусија… и за безбедноста на цивилното воздухопловство, патниците и јавноста, воздушниот простор над аеродромот во Вилнус е ограничен од 18.06 до 21.05 часот. Службите го следат и анализираат движењето на навигациските маркери и, ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес ја нагласи важноста на зачувувањето на суверенитетот на земјата, истакнувајќи дека не станува збор само за чест, туку и за економија, и посочи дека Европа ќе биде непрепознатлива за 20 години или помалку ако не се променат сегашните трендови. „Мора да останеме независни, мора да останеме суверени“, рече Орбан, пренесува MTI. Тој ја наведе и новата стратегија за национална безбедност на Соединетите ...
Францускиот претседател Емануел Макрон објави дека во понеделник, 8 декември, ќе отпатува за Лондон, каде што ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а во разговорите ќе учествуваат британскиот премиер Кир Стармер, како и германскиот канцелар Фридрих Мерц, пренесува Фигаро. Целта на состанокот е да се „разгледа моменталната состојба и преговорите во рамките на иницијативата за посредништво на САД“ за прекин на војната во ...
Христијан Мицкоски по трети пат е реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Како единствен кандидат за прв човек на партијата на 18-от конгрес што се одржа во Кавадарци тој беше едногласно избран со 804 гласови. Испратен до говорницата со аплауз Мицкоски се заблагодари на довербата и порача дека денеска победи патот што партијата го трасира за Македонија. –Македонија премногу долго беше научена да се гледа себе низ очите на другите, да се мери ...
Христијан Мицкоски е реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и ќе ја води партијата во следните четири години. Претседателот на Изборната комисија, Зоранчо Јованчев, соопшти дека од вкупно 817 присутни делегати, 804 гласале за Мицкоски, кој беше единствениот кандидат за функцијата. Конгресот, кој се одржа под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“, усвои два клучни политички документи: „Стратегијата 2025–2030“ и ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека унгарските аргументи не се земаат предвид при формулирањето на политиката на санкции на Брисел кон Русија, иако самото постоење на земјата зависи од тоа, барем кога станува збор за семејните буџети и успехот на претпријатијата. Орбан на антиратниот собир во Кечкемет, кој го организираа „Дигитални граѓански кругови“, потсети дека американскиот претседател Доналд Трамп, кога му кажал за време ...
Четириесет и осумгодишна жена почина денес во Мадрид откако падна од стан на десеттиот кат од солитер со своите две тригодишни деца, кои го преживеаа падот, но беа сериозно повредени. Шпанскиот весник „Ел Паис“ објави дека во станот немало никој друг освен жена со две мали деца. Едно повредено дете е згрижено во Универзитетската болница „12 Октомври“, а другото во Детската болница „Нињо Хесус“ и се во критична состојба, според шпанскиот ...
На 06.12.2025 во 01:00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.М.(29) од Неготино, постапувајќи по пријава од 41-годишна жена од Скопје дека на 02.12.2025 во стан на подрачјето на Центар ја присилил на полово дејствие, при што снимал со мобилен телефон, а потоа и упатувал закани и барал да му даде пари за да не го објави видеото на социјални мрежи. По целосно документирање ...
Папа Лав Четиринаесетти изјави денес дека Ватикан „нема да седи со скрстени раце“ пред прекршувањето на човековите права ширум светот и го повтори повикот за работа на „ненавооружан и разоружувачки мир“. Во обраќањето до новите амбасадори при Светата Столица, кои ги претставуваат Узбекистан, Молдавија, Бахреин, Шри Ланка, Пакистан, Либерија, Тајланд, Лесото, Јужна Африка, Фиџи, Микронезија, Летонија и Финска, папата нагласи дека мирот „не е ...
Првата интервенција е извршена кај 14-годишно девојче со вродена аномалија на стапалата. Постигната е стабилна корекција и пациентката се врати на вообичаените активности. Операцијата ја предводеа науч. сор. д-р Ненад Атанасов и асс. д-р Милена Богојевска Доксевска, со тим составен од д-р Даница Поповска, д-р Армин Амедовски, д-р Ријад Ајро, анестезиолог д-р Лилјана Анѓелеска, анестетичарка Гордана Захариева, инструментарките Билјана ...
Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на отворањето на денешниот 18-ти Конгрес на партијата кој се одржува во спортскиот комплекс ,,Јасмин” во општина Кавадарци под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“, имаше свое обраќање и се осврна на темата за државноста. Тој истакна дека наследството за јазик, државност и културната самобитност создаваат три обврски за денешната генерација, а самото историско ...
Облачно со повремен локален дожд, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието и во источните деловиповремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Облачно, претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. T=12°C. P=977hPa. ...
Сообраќајот на граничниот премин Богородица (Евзони) денеска ќе биде целосно блокиран за сите видови возила поради штрајк организиран од грчките земјоделци. Според информациите, прекинот ќе трае во два термини: од 10:00 до 14:00 часот од 18:00 до 22:00 часот Во овој период нема да биде можен ниту влез ниту излез кон Грција преку овој премин. Надлежните апелираат граѓаните да избегнуваат патување во наведените интервали и да користат ...
Утрово низ државата беа измерени ниски температури, при што најстудено беше на Попова Шапка со само 1 степен Целзиусови. Во Берово, Крушево, Маврови Анови и Лазарополе минималната температура изнесуваше 4 степени, додека 6 степени беа измерени во Претор. Крива Паланка се разбуди на 7 степени, а Скопје-Петровец, Тетово, Охрид, Битола и Прилеп забележаа 8 степени. Температура од 9 степени беше измерена во Скопје–Зајчев Рид, Штип, Виница, Демир ...
ОВЕН Треба да се ослободите од дополнителни обврски, но немате доволно енергија да се вклучите на повеќе страни истовремено. Прифатете во достоинствен стил и без непотребни прашања, прифатете ги сите корисни предлози или зборови на критика упатени кон вас од блиски соработници. Вие би сакале да воспоставите подобра контрола над новите настани во вашиот љубовен живот, но не можете да направите ништо значајно без претходен договор со вашиот ...
Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ, во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 ја истакна важноста од зголемување на минималната плата во државата. „Да, минималната плата треба да се зголеми. Стопанствениците исто така укажуваа дека е сериозно потребно да се зголеми минималната плата за да се задржат работниците во државата и за да се обезбеди сигурност на луѓето кои се важни за компаниите. Владата треба да интервенира преку различни модели, кои се општо ...
Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 остро реагираше на тврдењата на неговиот колега од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, дека прераспределбата на буџетот обезбедува средства за клучни инфраструктурни проекти, меѓу кои и за Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Битиќи ја демантираше оваа информација, посочувајќи дека ЈПДП воопшто не е дел од буџетската прераспределба. „Колегата Пренџов кажа дека има пари за ...
Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ, во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 ја критикуваше економската политика и проекциите на буџетот за 2026 година, оценувајќи ги како нереални и потенцијално предизборни. „Осумнаесет месеци слушаме иста реторика за расипништвото, дигитализација и капитални инвестиции. Се зборува дека градежништвото ќе биде генератор на економски раст, а главните изведувачи и работници на големите проекти се странци – на пример, на ...
Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 ги коментираше економските проекции на Буџетот за следната година, изразувајќи скепса, но и потенцијален оптимизам за економскиот раст. „Проекцијата за раст на буџетот е 3,8%, инфлацијата 2,5%, а дефицитот 3,5%. Фискалните правила се кршат, јавниот долг е под 60%, но на што се темели ваквиот оптимизам кога веќе сме при крај на годината?“, праша Пренџов. Тој додаде дека ...
Во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, одговори на прашањата поврзани со најновата буџетска прераспределба и темпото на реализација на капиталните инвестиции. Модераторот праша зошто прераспределбата се прави на самиот крај од годината, со оглед дека уште при ребалансот било јасно дека дел од капиталните проекти се реализираат со слабо темпо. Пренџов, меѓутоа, истакна дека буџетот се полни стабилно и дека ...
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, во гостување во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 изјави дека финансиската состојба на државата е стабилна и дека сите буџетски процеси се одвиваат согласно планот. „Состојбата со финансиите е стабилна и тоа сакам јавно да го потврдам. Добро е што дебатираме и имаме различни мислења, но факт е дека имаме стабилни финансии и точно знаеме што правиме со нив,“ рече Пренџов. Тој појасни дека актуелната буџетска ...
Доколку се пласира на Светското првенство 2026 година, репрезентацијата на Македонија ќе игра против Мексико, Кореја и Јужна Африка. Натпреварите би се играле во Мексико и во Атланта (САД). Во првото коло Македонија би се сретнала со Јужна Кореја во Запопан, потоа во второто со Јужна Африка во Атланта, и во третото со Мексико во Мексико Сити. За да се пласира на Мундијалот идната година, Македонија најпрво треба да ја мине Данска на гости, а ...
Парагвајската полиција ја направи најголемата заплена на марихуана во таа земја, запленувајќи 89 тони дрога во конвој од 19 возила што беа пресретнати на автопатот во близина на границата со бразилската држава Парана, објавува порталот „Глобо“. Првично, заплената била проценета на 50 тони, но по детално броење, било утврдено дека станува збор за 89 тони марихуана. Дрогата била транспортирана во конвој составен од камиони, пикапи и комбиња, а ...
Волонтерите ќе работат во училишта, граѓански здруженија, организации, општини и локални заедници ширум земјата. Амбасадорката Агелер порача дека тие ќе продолжат да создаваат добра волја и да ја унапредуваат мисијата за мир и пријателство. -Волонтерите го претставуваат најдоброто што Америка има да му го понуди на светот и во исто време, тие го носат со себе најдоброто што Северна Македонија има да му го понуди на светот. Тие градат со ...
Сообраќајот на граничниот премин Богородица – Евзони е целосно блокиран од 18 часот поради штрајк на грчките земјоделци. Преминот е затворен за сите видови возила, а според првичните информации блокадата е поставена на грчка страна од границата. Надлежните апелираат граѓаните да избегнуваат патување кон овој премин додека трае блокадата и да ги користат алтернативните гранични премини. За дополнителни информации се најавуваат навремени ...