Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју на „Тема на денот“ во Дневникот на Сител говорејќи за случајот со Артан Груби и реакциите од јавноста истакна дека го разбира незадоволството на граѓаните и истите ги поддржува, додека во однос на нападите од опозицијата за договор, запраша зошто би се договарал со некој кој жестоко го напаѓал. „Ја следам дебатата којашто се случува овие 2-3 дена околу случајот Груби и отприлика тоа што ...

Шведска регистрираше безбедносен инцидент кога руски дрон се приближи до Шарл де Гол, француски носач на авиони кој моментално се наоѓа во пристаништето Малме, објави СВТ. Дронот полета од близок руски брод и беше забележан од шведските вооружени сили, кои веднаш презедоа мерки за попречување на леталото. Откако беа применети контрамерки, дронот исчезна од местото на настанот и сè уште не е јасно дали се вратил на рускиот брод или паднал во ...

Деца облечени во црвено-црни бои и со знамиња во рацете. Вака беше пречекан претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, во Општина Чаир. Покрај градоначалникот Изет Меџити, на пречекот присуствуваа и вицепремиерот Арбен Фетаи и заменик-министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири.. По средбата во општината, Бегај ја посети џамијата Мустафа-паша, каде што беше пречекан од скопскиот муфтија Ќенан Исмаили. Тука му беше врачена и подарок. Потоа ...

Соединетите Американски Држави ќе го преземат претседателството со Советот за безбедност на Обединетите нации во понеделник, а Меланија Трамп ќе влезе во историјата како прва актуелна прва дама што ќе претседава со ова тело. Нејзиниот говор, како што дознава „Фокс њуз диџитал“, ќе се фокусира на постигнување мир преку образование. Извор близок до првата дама вели дека Меланија Трамп ќе ја нагласи важноста на образованието и знаењето во ...

Уставните измени остануваат клучни за продолжување на преговорите на Македонија со ЕУ, но одговорноста за застојот не лежи само во Скопје, туку и во Брисел, изјави Томас Вајц, пред Комитетот за надворешни работи при презентацијата на нацрт-годишниот извештај за напредокот на земјата. „Во однос на уставните измени – многу е јасно дека правата на малцинствата за културно изразување и самоопределување се дел од нашето европско законодавство и, ...

ВЛЕН веќе е многу блиску до финализирање на спојувањето во една политичка партија. Сепак, незадоволства има околу договорот Изет Меџити и Биљал Касами да бидат копретседатели. Aрбен Фетаи од фракцијата на Алијанса за Албанците инсистира на опцијата лидерството да биде со едногодишна ротација, но не сите членови на оваа фракција се согласуваат со неговите ставови. Тоа се виде синоќа на една вечера на која присуствуваа сите освен Фетаи, додека ...

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода четири возачи, од кои двајца за возење под дејство на алкохол, еден за возење со забрана за управување возило од Б категорија и еден за управување возило без возачка дозвола. Додека, еден малолетник е повикан во полициска станица и со него е извршен службен разговор за возење возило без возачка дозвола. Возач во Кавадарци и малолетник во Струга ...

Иако Уставот и Законот за употреба на јазиците им овозможуваат на студентите да го полагаат правосудниот испит и на албански јазик, министерот за правда Игор Филков, јавно покажувајќи шовинистички и националистички ставови, без никакви аргументи, не го дозволува тоа, обвини пратеничката од Европскиот фронт Дијана Тоска од собраниската седница за пратенички прашања. Заборавете дека албанскиот јазик ќе се врати на нула – тоа нема да го ...

Граѓаните на Струга три недели се без вода за пиење, откако беше загаден изворот за водоснабдување во селото Шум, поради тоа што во близина на резервоарот една компанија врши градежни активности. Градоначалникот на Струга, Менди Ќира, вели дека проблемот е стар, но претходното раководство на општината го прикривало. Тој најави неколку алтернативи за решение. „Секако дека ќе преземеме и други мерки. Јас како градоначалник не можам да преземам ...

Иако се очекуваше одговори за ова да бара опозицијата, сепак Љупчо Пренџов кој е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ постави прашањето до премиерот Мицкоски дали е точно тоа што обвинува опозициската СДСМ дека имало договор меѓу него и ДУИ за Артан Груби прво да биде пуштен да избега, а потоа и да се врати. Мицкоски одговори дека за тоа нема никаква логика, бидејќи, тој во минатото бил постојано на мета на Артан Груби и, а дека вознемирени се од ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оддаде почит на претседателот Борис Трајковски и на членовите на македонската делегација кои загинаа во авионска несреќа во БиХ. „Дваесет и две години по трагедијата, со длабока тага повторно им оддадовме почит на претседателот Борис Трајковски и на членовите на македонската делегација, чии животи згаснаа во авионската несреќа во Босна и Херцеговина. Претседателот Трајковски ќе остане запаметен како ...

На 25.02.2026 во 16:00 часот во СВР Битола, 84-годишна битолчанка пријави дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра. Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се ...

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(52) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, против Б.К.(46) од кичевското село Аранѓел поради постоењер основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, против Д.С.(41) од кичевското село Длапкин Дол за сторено кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, ...

Партиска делегација на СДСМ, заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, членовите на Извршниот одбор, Рената Младеновска и Александар Наумоски, денеска оддаде почит и положи цвеќе на вечното почивалиште на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски, во Алејата на великаните во Скопје. „Трајковски беше проевропски претседател, државник кој посветено работеше за мир, соживот, за напредок и европска перспектива на нашата држава. ...

Министерството за дигитална трансформација успешно ја заокружи првата етапа од соработката со Академијата за е-управување (e-Governance Academy – EGA), во рамки на иницијативата „EU Support to Western Balkans Cybersecurity Capacity Building“, финансирана од Европската Унија. Министерот за дигитална трансформација, Андоновски, во своето обраќање истакна дека проектот претставува силен пример за тоа како партнерството со ЕУ носи конкретни ...

Два борбени авиони Ф-16 беа полетаа од воената база Фетешти во Романија синоќа откако дрон накратко влезе во воздушниот простор на земјата, соопшти романското Министерство за национална одбрана. Министерството објави дека дронот бил забележан во областа Сфанту Георге во централна Романија , а потоа брзо се движел северно од градот Сулин. Преку системот RO-ALERT, до населението во северниот романски округ Тулчеа беше испратена предупредувачка ...

ВМРО-ДПМНЕ оддаде почит на претседателот Борис Трајковски и на членовите на неговиот кабинет и екипажот кои трагично ги загубија животите во авионската несреќа. „Борис Трајковски останува запаметен како претседател во време на тешки државни предизвици, човек кој со смиреност и одговорност ја водеше Македонија низ период на сериозни искушенија. Неговото делување беше насочено кон зачувување на мирот, стабилноста и меѓународниот углед на ...

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ вчера беше хоспитализиран поради пневмонија и неговата состојба се оценува како многу сериозна. Дачиќ беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија при Клиничкиот центар на Србија поради тешка пневмонија и е на вентилатор. Помошникот-директор за пулмологија, Спасоје Попевиќ, денес изјави дека неговата здравствена состојба е сè уште тешка, но дека ситуацијата е постабилна отколку во среда ...

Американскиот претседател Доналд Трамп не разбира зошто Украина и Русија не можат да постигнат договор за прекин на војната, изјави американскиот дипломат Марко Рубио како одговор на прашања од новинарите. Рубио објасни дека фрустрацијата на Трамп е од општа природа и се одразува во неговите претходни изјави, пишува „Европска правда“. Новинарите го прашаа Рубио зошто фрустрацијата на американскиот претседател се чини дека е подеднакво ...

Катастрофални поплави и разорни одрони на земјиштето ја погодија бразилската сојузна држава Минас Жераис, при што бројот на загинати се искачи на 46. Спасувачките екипи и во средата продолжија со драматичната потрага по 21 исчезнато лице. Повеќе од 3.600 жители беа принудени да ги напуштат своите домови откако рекордните врнежи ги претворија улиците во порои од кал и предизвикаа смртоносни лизгања на земјиштето. Катастрофални поплави и ...

На 26 февруари 2004 година во близина на аердоромот во Мостар, во авионска несреќа загина вториот претседател на независна Република Македонија, Борис Трајковски. Трајковски патуваше на економска конференција во Мостар, а при слетувањето авионот со делегацијата во која беше и Трајковски, загуби контакт со контролната кула на аеродромот. Осум други лица исто така беа во авионот, и никој не го преживеа падот. Леталото се спуштило во област која ...

Следната недела започнуваме со прва реконструкција на охридскиот аеродром, прва од неговата изградба. За овие година и половина поминавме тежок процес, но успеавме да го легализираме аеродромот. Во меѓувреме работиме на Договор со Саудиска Арабија во делот на ависоообраќајот и очекувам да воспоставиме директна линија меѓу двете земји, вели во поткастот на ТВ Сител, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. “ Веќе поминавме ...

Во денешното динамично и дигитално време, кога брзината, флексибилноста и едноставноста се клучни за успехот на секој бизнис, Халкбанк АД Скопје континуирано инвестира во иновативни решенија што ги следат потребите на современите трговци. Во таа насока, Банката ја воведува новата услуга Халк Моби ПОС (Halk Mobi POS), која што претставува напредно решение што овозможува прифаќање плаќања со картички директно преку мобилен телефон или таблет. ...

Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека денес (26.02.26), жичницата на Водно нема да биде во функција поради засилен ветер. „Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно. Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на ...

Утрово најстудено беше во Берово каде се измерени -4 степени Целзиусови, -3 степени на Попова Шапка, а -2 во Маврови Анови, Битола и Струмица. Минимална температура од -1 степен е регистрирана во Скопје-Петровец, Охрид, Тетово, Крива Паланка и Крушево, додека нула степени се измерени во Демир Капија, Претор, Прилеп, Велес и Пожаране. Потопло утрово беше во Ѓуриште, Виница, Кавадарци и Гевгелија со 2 степени, како и во Куманово, Штип и ...

Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово на Камчатка. Сеизмичкиот настан можел да се почувствува во регионалниот главен град, објави огранокот на Камчатка на Единствената геофизичка служба на Руската академија на науките на својот Телеграм канал, пренесува ТАСС. Земјотресот се случил на 236 километри од Петропавловск-Камчатски. Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран ...

Овен Стравовите се вовлекоа во твоето срце. Не сте сигурни дали ве сакаат затоа што вредите како личност или затоа што имате моќ да им дозволите нешто, дури и материјално. Одговорот на оваа дилема треба да го барате во дното на душата која го знае одговорот. Бик Неискреноста во вашата околина станува неподнослива. Не ја префрлајте вината на другите луѓе бидејќи тие ве лажат само онолку колку што сакате да ве лажат вие. Размислете, можеби сте ...

Ивица Дачиќ, потпретседател на Владата на Србија и претседател на Социјалистичката партија на Србија, денеска е хоспитализиран на Клиниката за пулмологија во Клиничкиот центар на Србија поради тешка воспаление на белите дробови. Помошник-директорот за пулмологија, Спасоје Попевиќ, вечерва за Танјуг изјави дека ситуацијата е многу сериозна и дека министерот Дачиќ има тешка пневмонија, нагласувајќи дека наредните 72 часа ќе бидат клучни. ...

Властите на шпанската автономна заедница Каталонија ја зголемија туристичката такса во Барселона на 15 евра за гостите во хотели, односно 12,5 евра по ноќ за приватно сместување, со цел да се ограничи бројот на посетители и да се помогне во финансирањето на достапно домување, соопштија денеска локалните власти, истакнувајќи дека четвртина од собраните средства ќе биде наменета за решавање на станбената криза во градот. Регионалниот парламент ...

83-годишен жител на Битола бил измамен за 10.000 евра, откако непознато лице телефонски се претставило како лекар и го довело во заблуда дека неговата внука е тешко повредена и итно ѝ е потребна операција. Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 24 февруари 2026 година во 13:30 часот во СВР Битола. Измамникот му се јавил на повозрасниот маж и му кажал дека неговата внука паднала по скали и се здобила со сериозни повреди, ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
44%
1022
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.85
49%
1023
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
42%
1024
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
44%
1023
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
1.96
52%
1023
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 16ᴼ
0.45
47%
1025
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
7.2
53%
1018
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
24%
1020
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
3.09
31%
1021
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
5.81
54%
1023
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
4.12
40%
1024
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
8.23
50%
1019
Currency

61.6417

Currency

52.514

Currency

71.4322

Currency

37.831

Currency

38.6395

Currency

67.1558

Currency

7.6911

Currency

0.70048

Currency

0.33434

Currency

0.52509

Currency

1.16272

Currency

0.55344

Бакар

11.99

Паладиум

48547.63

Алуминиум

3.51

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Сребро

2422.91

Родиум

323115.00

Рутениум

51376.89

Калај

49.43

Платина

63819.23

Злато

148242.19

Иридиум

253540.09