По импресивните настапи во групната фаза и освоеното прво место во групата од ЕХФ Лига Европа, македонскиот вицепрвак РК Вардар 1961 сигурно чекори кон нови европски предизвици. Во второто коло од натпреварувањето, Вардар го продолжува својот европски поход со важен дуел против силната германска екипа Мелсунген. Натпреварот ќе се одигра на 24 февруари 2026 година (вторник) со почеток во 20:45 часот, во спортскиот храм на македонскиот ракомет ...

Бран на насилство избувна во Мексико откако најбараниот нарко-бос во земјата беше убиен во безбедносна операција во која беа вклучени американските разузнавачки служби. Немесио Осегуера Сервантес, познат како „Ел Менчо“, беше водач на озлогласениот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG) и почина откако беше сериозно ранет во судирите меѓу неговите поддржувачи и војската во неделата. Четири членови на CJNG беа убиени за време на ...

Неговата приказна е следена низ целиот свет. Осуммесечниот Панч, јапонски макак мајмун, стана вирален хит. Напуштен како бебе, сега полека се вклопува со другите мајмуни во зоолошката градина во Ичикава. Приказната за неговата необична „сурогат мајка“ – плишана играчка – ги освои срцата на луѓето низ целиот свет. Осуммесечниот Панч, јапонски макак, стана ѕвезда на социјалните мрежи. Во јули минатата година, како мало бебе, го забележал ...

Компанијата БРАКО реализираше хуманитарна донација од 330 топли оброци од работничката менза на фабриката, наменети за лица во социјален ризик во Велес и околината. Оброците беа подготвени од велешкиот ресторан „Боем“, кој ја обезбедува исхраната за вработените во БРАКО. Во рамки на заедничката акција, храната се преземаше преку Народната кујна на „Боем“, а за лицата кои живеат во подалечни места или немаат пристап до информации и социјални ...

Мексиканската војска го уби водачот на картелот „Халиско Нуева Генерацијасион“, Немезис Рубен Осегера Сервантес, познат како „Ел Менчо“, во неделата, обезглавувајќи го она што стана најмоќниот картел во Мексико и давајќи ѝ го на владата најголемиот успех досега во нејзините напори да се спротивстави на администрацијата на Доналд Трамп. Осегера Сервантес беше ранет во напад врз неговиот картел во Тапалпа, држава Халиско, околу два часа возење ...

Започнуваат велигденските пости. Денот по Прочка е Чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост. На овој ден се чисти куќата, децата и возрасните се бањаат, шишаат и бричат. Особено се внимава садовите за храна да се измијат и испоснат од мрсното. Во минатото тоа се правело со брашно или пепел и со подолго вриење. За време на велигденските пости покрај вообичаените конзумирања храна од растително потекло, житарици, зеленчук и ...

Утрово околу 6:00 часот, на граничниот премин „Блаце“ е уапсен поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. Од Министерството за внатрешни работи за ТВ21 ја потврдуваат веста. „Денес (23.02.2026) во 06:10 часот, на граничниот премин Блаце, на влезот во земјата, лишен е од слобода А.Г. (48), кој се бараше со меѓународна потерница за спроведување истраги поврзани со кривично дело по член 354, став 5, во врска со став 3 и став 1, во врска со член 22 ...

Утрово најстудено е во Берово и на Попова Шапка каде е измерено -5 степени. Следуваат и -4 Битола, Маврови Анови, Демир Капија, Крушено, Крива Паланка, Скопје – Петровец, -3 Струмица, Претор, Штип, Прилеп, -2 Велес, Охрид, Тетово, Виница, -1 Скопје – Зајчев Рид, Пожаране, Тополчани, 0 Ѓуриште, Гевгелија. Претпладне претежно облачно, а попладне сончево со умерена облачност. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен, а ...

СВР Битола во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривична пријава до ОЈО Битола против В.П.(40) од с.Стење, ресенско, Г.М.(54) со престој во Скопје, едно непознато лице (третопријавен) и В.М.(51) од Охрид, поради сомнение за сторени кривични дела. Против прво, второ и третопријавениот е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „Измама“, предвидено и казниво по чл.247 од КЗ, додека ...

На Гренланд не му е потребна медицинска помош од други земји, соопштија денеска данските официјални лица, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе испрати болнички брод на таа автономна данска територија, која сака да ја анектира. Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека на Гренланд, како и во Данска, пристапот до здравствена заштита е бесплатен и се финансира од даночните обврзници. „Среќна сум што живеам во земја ...

Еден маж беше убиен откако влегол во безбедносниот периметар на одморалиштето на Трамп, Мар-а-Лаго. Инцидентот се случил во недела додека Трамп престојувал во Вашингтон. Агентите на Тајната служба на Соединетите Американски Држави го застрелале и убиле мажот кој се обидел да го пробие обезбедениот периметар околу одморалиштето на претседателот Доналд Трамп, Мар-а-Лаго на Флорида, пренесува агенцијата Ројтерс. „Американската тајна служба ...

Предупредување за снежна бура е издадено за 35 милиони луѓе на источниот брег на Соединетите Американски Држави пред очекуваната зимска бура што ќе донесе обилни врнежи од снег и силни ветрови, објави денес CBS News. Предупредувања за снежна бура се издадени за Њујорк, Њу Џерси и крајбрежните заедници долж источниот брег, бидејќи бурата што се очекува да пристигне денес се заканува да предизвика хаос на почетокот на неделата. Метеорологот ...

Жичницата на Водно денеска нема да продолжи да работи поради силен ветер, информираат од ЈСП Скопје. Како што соопштуваат од претпријатието, јачината на ветерот ги надминува дозволените безбедносни граници за објектот да функционира непречено и безбедно. Надлежните служби ја следат состојбата на терен, а штом се создадат услови за безбедно работење, жичницата ќе продолжи со редовен превоз на патници. Од ЈСП Скопје апелираат до граѓаните за ...

На 21.02.2026 во СВР Струмица е пријавено дека во времето од 19:30 до 19:45 часот настанал пожар на паркирано патничко возило „ланд ровер“ со струмички регистарски ознаки сопственост на Н.М.(51) од Струмица, кој се проширил и зафатил и друго паркирано возило „форд“ со струмички регистарски ознаки сопственост на В.Т.(53) од Струмица. Возилата биле паркирани на паркинг простор пред зграда на ул. „Браќа Миладинови“ во Струмица. Од страна на ...

Во текот на 21/22.02.2026 година, во периодот од 22.00 до 04.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола на подрачјето на СВР Скопје и СВР Куманово, со цел санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата изречени се вкупно 15 мерки за сторени сообраќајни прекршоци. Од нив, осум возачи биле санкционирани и ...

На 21.02.2026 околу 16.30 часот во ОВР Струга е пријавено дека на ул. „Струшки Кепенци“ во Струга товарно возило „ивеко“ со струшки регистарски ознаки управувано од Н.О.(57) од Струга удрило во 70-годишната И.И. од с. Мислодежда, струшко. По несреќата И.И била пренесена во Медицинскиот центар Струга за укажување на лекарска помош каде подоцна починала. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга. Во 21.40 часот полициски службеници го лишија ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека синоќа Русија лансирала речиси 300 дронови за напад, повеќето од нив Шахеда, како и 50 ракети од различни видови, од кои значаен дел биле балистички. „Нападите се насочени кон Киев и регионот, Днепар, Кировоград, Николаев, Одеса, Полтава и Суми. За жал, едно лице загина во областа Фастив. Осум лица беа повредени, вклучувајќи едно дете. Главна цел на нападот беше енергетскиот сектор. ...

Променливо облачно со сончеви периоди. Во северозападните делови ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, a долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно, попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. T=11°C. P=988hPa. U=65%. V=4m/s. Од ...

Овен Љубов: Нема причина да критикувате личност до која не можете да стигнете со вашиот глас. Избегнувајте теми или прашања што ја иритираат вашата сакана личност. Работа: Деловниот успех не е можен без нечија помош и поддршка. Не бидете премногу оптимистични во врска со вашите опции. Здравје: Посветете го вашето слободно време на омилено хоби, ќе уживате во релаксација. Бик Љубов: Кога ќе се сретнете со сакана личност, инсистирајте на ...

Променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови во северозападните планински региони ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, a долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени. Во Скопје, променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината ...

Странските инвестициски фондови кои на големо купуваат станови во Скопје, уште повеќе ќе ја зголемат цената на станбениот квадрат, кој во метрополата стигна и до 3.000 евра. Ова во емисијата Бизнис 21 го потврдија Ивица Јаќимовски, претседател на градежната комора при Сојузот на стопански комори и Слободан Митровски, од Агенцијата за недижности „Асторија“. Дански инвестициски фонд веќе потврди дека купил 250 станови во изградба на атрактивни ...

Повторно се подготвуваат измените на Законот за извршување со кој граѓаните ќе се соочат со грабеж преку извршители, адвокати и нотари, обвини претседателот на Конфедерација на слободни синдикати Марјан Ристевски. Тој вели дека фирмите кои побаруваат долг од граѓаните наместо да ги достават барањата за плаќање до нив, тие со посредство на адвокати ги зголемуваат сумите што треба да се исплатат до 20 па и 30 пати. Ристовски со порака до ...

Претставници на Меѓународната Паневропска унија сметаат дека предлогот за членство во Европската унија без право на глас не е добра. Сите треба да добијат полноправно а не некој да биде со понизок статус вели Паво Паришиќ од Паневропската унија. „Во резолуцијата која ја донесовме пред неколку месеци во Винковци меѓународната Паневропска унија предупреди дека тоа не е добар пристап, дека, на тој начин процесот на интеграција во Европа би се ...

Процесот за избор на нов директор на Агенцијата за електронски комуникации е одложен за неколку дена, а конечната одлука се очекува да биде соопштена следната недела. Според Комисијата задолжена за процесот на селекција, на објавениот конкурс аплицирале вкупно девет кандидати. Еден од нив не ги исполнил утврдените критериуми, додека друг не се појавил на интервју. Во трка остануваат 7 лица, од кои како најсериозен кандидат се споменува Арменд ...

Основното јавно обвинителство Свети Николе итно ги презеде сите дејствија за обезбедување докази и поднесе обвинение против 21-годишник за нанесување телесна повреда при семејно насилство, што е кривично дело според член 130 став 2 во врска со став 1, како и за противправно лишување од слобода според член 140 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 19 и 20 февруари, во семејната куќа во Свети Николе, при вршење семејно ...

Задоволство е да се гледа прогрес и да се гледааат добри резултати во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Имаме силна динамика, државата овозможува навремена логистика и со средства и во делот на експропријацијата и силната динамика ќе продолжи во следниот период за до крајот на 2029 година да возиме по овој автопат, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Тој денеска заедно со ...

На 21.02.2026 околу 00.20 часот во ОВР Виница е пријавено дека на регионалниот пат на излез од Виница кон Берово, патничко возило „сеат ароса“, со винички регистарски ознаки управувано од М.М.(34) од с. Крушево, виничко излетало надвор од коловозот. Во несреќата на местото на настанот починал возачот, а од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Виница, а по наредба на јавен ...

Камион што превезувал течен гас експлодирал вчера на автопат во Сантијаго, Чиле, предизвикувајќи штета во радиус од 200 метри. Во силната експлозија загинаа најмалку четворица, вклучувајќи го и возачот на камионот, а 17 други се повредени. Според извештаите, возачот ја изгубил контролата врз возилото пред експлозијата. Огромниот облак од чад и силниот удар биле почувствувани на широко подрачје, оштетувајќи најмалку 50 возила. Обвинителството ...

„Јазикот е најсилното идентитетско обележје на секој народ, чувар на историјата и културата, преносител на знаењето и вредностите. Затоа, и институционално и индивидуално, имаме обврска да ги негуваме македонскиот, албанскиот, турскиот, српскиот, босанскиот, ромскиот, влашкиот и сите други јазици што се користат во нашето богато мултиетничко општество. Само така ќе продолжиме да ги зацврстуваме мостовите на разбирање меѓу сите заедници и да ...

Времето утре – ќе дува умерен до засилен северен ветер, а наместа ќе има услови за провејување на слаб снег. Минималната температура ќе биде -4, а максималната 12 степени. Во текот на новата седмица ќе преовладува стабилно време, освен во вторник кон крајот на денот кога се очекува повремен локален дожд. Минималните температури и натаму ќе бидат во минус, но се оечкуваат максимални температури наместа и до 19 степени. Времето утре – ќе дува ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
41%
1021
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
3.09
40%
1023
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
43%
1024
weather icon

Софија

10ᴼ / 9ᴼ
1.54
44%
1022
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
2.27
47%
1022
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 18ᴼ
2.06
49%
1024
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
7.72
56%
1018
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
19%
1020
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
34%
1021
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
5.14
55%
1023
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
3.13
38%
1023
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
9.26
41%
1019
Currency

61.6417

Currency

52.514

Currency

71.4322

Currency

37.831

Currency

38.6395

Currency

67.1558

Currency

7.6911

Currency

0.70048

Currency

0.33434

Currency

0.52509

Currency

1.16272

Currency

0.55344

Иридиум

253540.09

Рутениум

51376.89

Родиум

323115.00

Цинк

0.00

Бакар

11.99

Платина

63819.23

Алуминиум

3.51

Злато

148242.19

Калај

49.43

Паладиум

48547.63

Кобалт

45.39

Сребро

2422.91