Македонија заедно со другите земји од Западен Балкан на почетокот на идната 2027 година да стане членка на Европската унија, но без право на глас. За ова сценариото за некаков вид получленство говореше премиерот Христијан Мицкоски во вчерашната емисија на Канал 5 „Само интервју“ за кое вели дека е дел од мировното сценарио за Украина и евроинтеграциите. -Постои една идеја којашто се погласно се слуша и во Брисел и наоколу и го опфаќа ...

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, изјави дека сака да донесе државен закон со кој ќе се ограничи пристапот до онлајн платформите за тинејџери под 16 години. Портпаролката на Њусом, Тара Галегос, за американскиот портал Политико изјави дека демократскиот гувернер на Калифорнија го поддржува воведувањето правила за проверка на возраста слични на оние воведени во Австралија минатата година, кои им забрануваат на лицата под 16 години да ...

Претседателка на правната комисија на СДСМ, и поранешна пратеничка Снежана Калеска-Ванчева, вчера во гостување во Телевизија 24, зборуваше за случајот „Пулс“ во Кочани. Таа кажа дека за овој случај има многу обвинети, и дека предмето се претворил со „ново змиско око“. „Многу обвинети, а малку виновни. Или, виновни тие што не треба да бидат. Го следам случајот, и се надевам дека ќе бидам побиена и на крајот ќе имаме пресуда која ќе потврди ...

Изборот на Државен јавен обвинител мора да биде заснован на квалитет, не на подобност-му порача обвинителката Ленче Ристоска, на премиерот Христијан Мицкоски, откако тој вчера јавно, од телевизиско интервју, ја исклучи од трката за кандидат кој Владата ќе го разгледува за избор на нов Државен обвинител. -Кога кандидат однапред се исклучува без анализа на неговата програма и професионален пат, тоа отвора прашања за природата на критериумите ...

Животот во февруари е поскап за речиси илјада денари во однос на јануари, а трошоците за едно четиричлено домаќинство за два месеци поскапеле за над 2.000 денари. Синдикалната минимална кошничка за февруари изнесува 67.382 денари-пресмета Сојузот на синдикатите на Македонија. Со изнајмен стан од 60 квадрати пак, вредноста се зголемува на 82.757 денари. -Секое семејство на работниците е посиромашно за 2.000 денари за само два месеци. За 24 ...

Претседателка на правната комисија на СДСМ, и поранешна пратеничка Снежана Калеска-Ванчева, вчера во гостување во Телевизија 24, зборуваше за случајот „Пулс“ во Кочани. Таа кажа дека за овој случај има многу обвинети, и дека предмето се претворил со „ново змиско око“. „Многу обвинети, а малку виновни. Или, виновни тие што не треба да бидат. Го следам случајот, и се надевам дека ќе бидам побиена и на крајот ќе имаме пресуда која ќе потврди ...

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „Неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“. Истражната постапка се темели на докази обезбедени врз основа на ...

Ружица Николовска, адвокат и член на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „24 анализа“ на Телевизија 24, зборуваше за правосудството во државата. Таа кажа дека имало еден апсурден случај од нејзиното искуство, кога екс обвинител од СЈО кој земал бонуси, гонел поранешен пратеник за дневници. „СЈО води предмет против поранешен пратеник за примани средства во име на дневници или не знам таму за што, и предметот го води обвинител од СЈО, ...

Германија мора да се наметне и да преземе поголема одговорност во преобликуваниот светски поредок, изјави денес германскиот канцелар Фридрих Мерц. За време на својот говор на конференцијата на неговата партија, Христијанско-демократската унија (CDU), тој оцени дека меѓународниот поредок заснован на права повеќе не постои, пренесува Ројтерс. „Тоа ќе доведе до создавање нова голема стратегија за Германија во обединета Европа. Покажуваме ...

На 19.02.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во индустриска зона на подрачјето на општина Петровец, при изведување работни задачи на објект во изградба на една фабрика, од висина паднал метален профил врз Е.А.(23) од Велес, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. За настанот е известен ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во интервју за јапонската новинска агенција Кјодо њуз дека на територијата на Русија моментално има 10.000 севернокорејски војници, оценувајќи го тоа како „исклучително опасен“ развој на ситуацијата. Како што рече тој, станува збор за војници кои стекнуваат искуство во модерното војување врз основа на битките што Русија ги води против Украина. „10.000 севернокорејски војници сега се на ...

Министерството за здравство подготви повеќе важни измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита, кои неделава се поставени на Единствениот национален електронски регистар на прописи ЕНЕР. Сите засегнати страни имаат можност да достават свои сугестии и предлози, кои ќе бидат разгледани согласно утврдената процедура. -Се водиме од принципите на транспарентност и отчетност и сите конструктивни забелешки, мислења и сугестии ќе бидат ...

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југозападен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. T=10°C. P=978hPa. U=75%. V=2m/s. За време на викендот ќе дува засилен ветер ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик. На точно неутврден датум во периодот од 27.01 до 12.02.2026 година, осомничениот 25-годишник во селото Челопек, општина Старо Нагоричане, со умисла на свиреп и подмолен начин ја лишил од живот ...

Центарот за управување со кризи информира дека поради врнежите од дожд и снег во изминатите 24 часа, на повеќе региони во земјава е забележано зголемување на водостоите на реките. Состојбата се следи континуирано, а надлежните служби интервенираат согласно потребите на терен. Во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане водостоите се зголемени, но засега нема опасност од излевање. Во Кратово, поради повремени врнежи од дожд, нивото на ...

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода четворица, од кои двајца за возење без возачка дозвола, еден со забрана за управување возило од Б категорија, а едно лице затоа што управувало нерегистрирано возило без дозвола. По еден возач во Кичево и Свети Николе управувале возило без воачка дозвола, едно лице во Скопје управувало нерегистрирано возило без возачка дозвола, а еден возач во ...

Видеолотарија Касинос Австрија останува доследна на својата силна определба за промоција и поддршка на уметноста. Во рамки на партнерството со Национална опера и балет, со особено задоволство ја најавуваме безвременската опера „Травијата“ од Џузепе Верди, која вечерва од 19:30 часот ќе биде изведена на сцената на НОБ. Инспирирана од романот „Дамата со камелии“, операта „Травијата“ е длабока и потресна приказна за љубовта, жртвата и судирот со ...

Актерот Ерик Дејн, најпознат по улогата на Марк Слоун во серијата „Вовед во анатомија“, почина на 53 години по борбата со амиотрофична латерална склероза (АЛС). Ерик Дејн во април 2025 година откри дека боледува од неизлечива дегенеративна невролошка болест, при што во интервју за водителката Дајана Сојер изјави дека десната страна од телото престанала да му функционира, а левата рака брзо ја губи својата функција, пренесе ABC. Роден е на 9 ...

Поради обилни снежни врнежи од снег во Словенија, околу 35.000 потрошувачи во областа Марибор и повеќе од 6.000 во областа Цеље се без електрична енергија. Влажните и лизгави патишта, тротоарите покриени со снег и паднатите дрвја предизвикуваат проблеми од Словенске Коњице до Марибор, Птуј и Горња Радгона. Екипи од компанијата „Електро Марибор“ се на терен. Патиштата се влажни и лизгави и во Штаерска (област во близина на границата со ...

Оваа година, Народната банка одбележува 80 години институционализирано централнобанкарско работење во земјава – значаен јубилеј што сведочи за долгорочен, динамичен и одговорен институционален развој, обележан со постојани трансформации и приспособувања кон економските и општествените промени. Институционалните темели на централнобанкарското работење во земјава беа поставени со Уредбата за спојување на кредитните претпријатија од државниот ...

Минималната температура утрово е измерена во Берово и изнесува 1 степен Целзиусов. Во Крива Паланка и Струмица се измерени 2 степени, 4 степени во Тетово, 5 во Прилеп и Охрид, 7 степени во Скопје-Петровец и Виница, додека највисока минимална температура од 8 степени е регистрирана во Куманово. Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег. На планините се ...

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 10 лица за кои постојат основани сомненија дека се поврзани со нелегално производство и пуштање во промет наркотична дрога, соопшти министерот Панче Тошковски во „Клик Плус“. Кривичната пријава е доставена до Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција и се однесува на сомненија за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. Двајца од ...

Американски борбени авиони беа подигнати со цел пресретнување на повеќе руски летала забележани во близина на брегот на Алјаска, соопштија американските власти. Според Северноамериканската команда за воздушна одбрана (NORAD), два руски бомбардери Ту-95, два борбени авиони Су-35 и еден шпионски авион А-50 биле откриени во Зоната за идентификација на воздушната одбрана на Алјаска (ADIZ), објави CBS. NORAD изјави дека два борбени авиони Ф-16, ...

Утрово од 06:50 часот воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила (ТТВ) на патните правци Маврово–Дебар и Гостивар–Стража–Кичево, поради обилни врнежи од снег. Надлежните апелираат до возачите да ја почитуваат забраната и да ја прилагодат брзината на движење согласно условите на патот. Екипите на терен работат на расчистување на коловозите и обезбедување на проодноста. Се препорачува внимателно управување со возилата и ...

ОВЕН Треба да се ослободите од дополнителни обврски, но немате доволно енергија да се вклучите на повеќе страни истовремено. Прифатете во достоинствен стил и без непотребни прашања, прифатете ги сите корисни предлози или зборови на критика упатени кон вас од блиски соработници. Вие би сакале да воспоставите подобра контрола над новите настани во вашиот љубовен живот, но не можете да направите ништо значајно без претходен договор со вашиот ...

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат ...

Околу големата заплена на марихуана во Македонија, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во „Клик Плус“ на ТВ21, кажа дека дел од компаниите произведувале канабис, кој не можел никако да биде употребуван за медицински цели. И токму тоа е заплената. „Добар дел од компаниите кои се основани во последните 4-5 години, имаме основано сомнение дека канабисот кои го прозведувале во најмала рака, скоро невозможно е да бил употребуван за ...

Шкендија претрпе минимален пораз од 0-1 од турскиот тим Самсунспор, на првиот натпревар од плеј-офот во Лигата на Конференции. Гостите од Турција победија благодарние на гол на 13 минути пред крајот на средбата. Веднаш на стартот на мечот во 6. минута Самсунспор промаши пенал. Ндиаје шутираше високо над голот, а потоа истиот играч имаше уште една добра шанса која не ја искористи. Шкендија во првото полувреме се закани преку Тамба, кој ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, околу запленетата дрога од 5 тони во Србија која потекнува од Македонија, кажа дека не е прашање како истата излегла од државата, туку како влегла во Србија, со оглед дека излезот од Македонија и влезот од Србија, треба да го контролираат српски власти согласно договорот „One Stop Shop“. „Согласно договорот кој го имаме „Оne stop shop“ со Србија, таков е договорот и така е имплементиран, и така ...

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување на Канал 5 говореше за можниот модел на пристапување на земјава во Европската Унија, посочувајќи дека постои сценарио според кое Македонија, заедно со Црна Гора и Албанија, би можела да стане членка на Унијата на почетокот на 2027 година, но со ограничени права во почетната фаза. Според него, таквиот модел би подразбирал земјата да седне „на масата“ во Брисел, да го развее македонското знаме, но без ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
36%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
4.63
39%
1022
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
37%
1023
weather icon

Софија

10ᴼ / 9ᴼ
1.54
42%
1023
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
2.69
45%
1022
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 20ᴼ
2.57
42%
1024
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
6.69
51%
1018
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
21%
1019
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
34%
1021
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
6.26
57%
1023
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
3.6
38%
1023
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
8.75
47%
1019
Currency

61.6417

Currency

52.514

Currency

71.4322

Currency

37.831

Currency

38.6395

Currency

67.1558

Currency

7.6911

Currency

0.70048

Currency

0.33434

Currency

0.52509

Currency

1.16272

Currency

0.55344

Алуминиум

3.51

Иридиум

253540.09

Платина

63819.23

Кобалт

45.39

Родиум

323115.00

Калај

49.43

Бакар

11.99

Сребро

2422.91

Рутениум

51376.89

Злато

148242.19

Паладиум

48547.63

Цинк

0.00