Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Европската интеграција на нашата земја, можеби е единствен случај во Европа чијашто интеграција во рамките на самата Европска Унија не се цени според системот на напредок, односно како се совладуваат предизвиците, туку целиот овој процес на приклучување кон Европската Унија се темели на билатерални прашања и самото тоа го нарушува кредибилитетот на самата Европска унија за што се повеќе политичари во Брисел се свесни. За нас само, како земја ...
Илјада и десет килограми небезбедна “здрава храна” уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) кај 14 оператори во рамки на 373 контроли спровдени неделава, кај оператори именувани како објекти за производство и промет со здрава храна. Со контролите утврдено е дека 14 оператори воопшпто не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата. За утврдените недоследности со контролите, издадени се 65 решенија, ...
Преземајќи истражни дејствија по наредба на Основното јавно обвинителство Струга за испитување на причините за загадувањето на водата од извориштето во селото Шум, истражните органи затекнаа работни машини на две правни лица од Велешта кои вршеле кршење, ископ и транспорт на карпи во поголем обем во непосредна близина на изворите. Поради сомненија за кривични дела – Незаконита експлоатација на минерални суровини од член 225-а и Загадување на ...
Овен Вашиот фокус денес се префрла на финансиски прашања и лична безбедност. Можеби ќе добиете неконвенционална идеја за зголемување на вашите приходи. Не брзајте со импулсивни купувања попладне. Одвојте малку време за осаменост за да ги анализирате новите перспективи што се отвораат пред вас. Бик Денот бара од вас да излезете од вашата зона на удобност и јасно да ги искажете вашите потреби на блиските. Комуникацијата со пријателите ќе донесе ...
Променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за провејување на слаб снег.Ќе дува умерен, a долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени. ...
Ивица Јаќимовски, од Градежна комора при Сојузот на стопански комори, во емисијата Бизнис21 на ТВ21 порача дека на оглас има стан и до 4.000 евра, но тоа никако не е показател за цените на становите. „Не можеме дневни огласи да ги ставаме како влезен показател, затоа што ти на оглас имаш велосипед за 20.000 евра. Затоа што ние секогаш се држиме за горната граница. Затоа што дезинформацијата создава дополнителен притисок. Од аспект на секој ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го нападна Врховниот суд на САД откако тој ги укина неговите широко распространети царини, нарекувајќи ја одлуката „длабоко разочарувачка“ и обвинувајќи некои од неговите судии дека им недостасува храброст и патриотизам. Зборувајќи со новинарите од брифингот во Белата куќа, Трамп беше полн со критики кон судот доминиран од конзервативците, од кои тројца ги назначи во својот прв мандат. „Странските земји ...
Државата може да придонесе за стабилизирање на цените на недвижностите, но не преку ограничување на градбата, туку преку интервенции во даночната политика, смета Слободан Митровски од агенцијата за недвижности „Асторија“, изнесено во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21. Според него, не е реално да се очекува намалување на цените, но е можно тие да стагнираат доколку се направат мали, но прецизни измени во оданочувањето. Просторот за градба, како што ...
Британската полиција ја претресува поранешната вила на Ендру Маунтбатен-Виндзор, помладиот брат на кралот Чарлс III, како дел од истрагата за наводна злоупотреба на јавна функција и испраќање доверливи владини документи до осудениот финансиер Џефри Епштајн, објави Ројтерс. Маунтбатен-Виндзор беше уапсен во четврток, на неговиот 66-ти роденден, под сомнение дека додека служел како специјален претставник на британската влада за трговија и ...
Македонија се вбројува меѓу првите десет земји во Европа според процентот на граѓани кои поседуваат сопствена недвижност, оценија Ивица Јаќимовски од Градежната комора при Сојузот на стопански комори и Слободан Митровски од агенцијата за недвижности „Асторија“, во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21. Според Јаќимовски, домашниот пазар на недвижности никогаш не се соочил со состојба на презаситеност, односно понудата да ја надминува реалната ...
Ивица Јаќимовски, од Градежна комора при Сојузот на стопански комори вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 порача дека исплатливо е да се изнајмува недвижност односно стан на ден. „Трендот и насоката во која што се управуваат недвижностите е рентање на дневна основа која што на дневна основа, бројките се сосема спротивно од месечно ниво затоа што тоа е долгорочен закуп а дневна основа е рента“, вели Јаќимовски. Сепак, од друга страна пак, ...
Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свеченото отворањето на Меѓународната конференција на Паневропската унија на Македонија, што се одржа во претседателскиот Кабинет во присуство на бројни дипломатски претставници и странски гости. Говорејќи меѓу раскошните мозаици на Глигор Чемерски коишто сведочат за ...
Слободан Митровски, од Aгенцијата за недвижности „Асторија“, вечерва во емисијата Бизнис21 на ТВ21 истакна дека за брзо време градот ќе биде преплавен со станови кои не може толку да се продадат. „Немаме ние толку туристи странци, едно време беше поинтересно. Немаме толку туристи странци, бројот на изградени станови е приказна. За кус временски период ќе бидеме преплавени од станови. Како градежен сектор е интересно, но не можеме да продадеме ...
Најатрактивните локации за инвестирање во недвижности во Скопје и натаму се општините Центар, Карпош и Аеродром, но во последниот период засилен интерес има и за Гази Баба и Кисела Вода. Ова во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 го истакна Ивица Јаќимовски од Градежната комора при Сојузот на стопански комори. Според него, побарувачката во овие делови од градот е резултат на инфраструктурната поврзаност, урбаната развиеност и стабилниот пазар, што ...
Слободан Митровски, од агенција за недвижности „Асторија“, вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 истакна дека не е исплатливо да се изнајмуваат станови во главниот град. Како што вели, инвеститорите го земаат во тек на градба, чекаат да се изгради а потоа го продаваат по повисока цена, „Во Скопје немаме добар пазар за изнајмување. Од изнајмување ќе добијат од стан 500 евра месечен закуп, што е во споредба на инвестицијата не е примамливо. ...
Детективите апелираа до поранешните телохранители на Ендрју Маунтбатен-Виндзор да достават какви било информации релевантни за истрагата за осудениот педофил Џефри Епштајн и неговите соработници. Метрополитенската полиција соопшти дека соработува со своите американски колеги за да утврди дали лондонските аеродроми се користат за олеснување на трговијата со луѓе и сексуалната експлоатација, објавува „Гардијан“. Апелот доаѓа откако ...
НАСА треба да го лансира Артемис II на 6 март, првата мисија со екипаж во орбитата на Месечината по повеќе од 50 години. Тоа ќе биде и најдолгиот човечки вселенски лет. Четири астронаути ќе направат 10-дневно патување околу другата страна на Месечината и назад, отворајќи го патот за идните слетувања на Месечината, објавува Би-Би-Си. Датумот на лансирање беше одреден по успешната „мокра генерална проба“ – клучен тест пред лансирање за време на ...
Германскиот Барон Феликс Фрајхер цу Книфаузен (49) загина во лавина што го затрупа додека скијаше со својот 15-годишен син во Швајцарските Алпи. Тинејџерот беше спасен и однесен во болница. Обилните снежни врнежи во последните денови го зголемија ризикот од лавини на Алпите. Семеен излет заврши трагично во вторник попладне во скијачкиот центар Савоњин, кога лавината започна додека таткото и синот скијаа надвор од пистата. Другите скијачи и ...
Врховниот суд на САД во петокот ги поништи царините на претседателот Доналд Трамп воведени според закон наменет за справување со вонредни состојби, во пресуда со големо влијание врз глобалната економија, со која се отфрли неговото барање за посебни претседателски овластувања. Во пресуда со 6-3 напишана од конзервативниот главен судија Џон Робертс, судиите ја потврдија одлуката на понискиот суд дека републиканскиот претседател ги пречекорил ...
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Сектор за борба против тероризам до ОЈО ГОКК достави кривична пријава против дваесет годишен жител на Мала Речица за сторено кривично дело Тероризам, дополнително до ОЈО Тетово достави кривична пријава против 89 – годишник за кривично дело Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи. Осомничениот К.Х (20) на крајот на месец јануари ...
Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет годишен жител на Мала Речица за сторено кривично дело Тероризам. Осомничениот на крајот на месец јануари годинава преку социјалната апликација „Discord“ испратил сериозна закана дека е подготвен да изврши напад со огнено оружје – автоматска пушка АК-47 позната како Калашников, притоа појаснувајќи дека истиот е со нарушено психичко здравје. ...
Во Стопанската комора во Кичево се одржа седница за разгледување на актуелната економска состојба во регионот, инфраструктурните приоритети, поддршката на локалните компании, како и можностите за заеднички иницијативи меѓу бизнис-заедницата и локалната власт. На седницата присуствуваше и претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, како и градоначалникот на Општина Кичево, Александар Јовановски, при што беше истакнато дека во наредните ...
Започнаа работите за изградба на атмосферска канализација и водовод во Ласкарце, општина Сарај. Градоначалникот на Сарај, Мухамед Елмази, изјави дека проектот вкупно чини 243 милиони денари. „Тука сме да го одбележиме почетокот на градежните работи на подземната и патната инфраструктура, од вториот повик на Владата, во вкупна вредност од 243 милиони денари. Министерството за транспорт учествува со 136 милиони денари, Министерството за животна ...
Денеска (20.02.2026) од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран Флорим Лимани (33), кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска казна од три години и шест месеци за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, казниво по чл. 396 ст.1 од КЗ. Ова е прва реализирана екстрадиција на лице од Обединетите Арапски Емирати, кое нашата држава го бара со меѓународна ...
Иако сте поминале на зелено, а потоа поради застој сте заглавиле со автомобилот на крстосницата, нема да се спасите од казна. Сообраќаен прекршок ќе ви биде регистриран и ќе треба да платите казна од 45 евра во денерска противвредност, бидејќи како возач сте требале да направите проценка, дали можете да ја поминете крстосницата или не. Со лошата проценка, сте направиле угушување на сообраќајот. Но, она што е добра вест во целата ситуација е ...
Македонија заедно со другите земји од Западен Балкан на почетокот на идната 2027 година да стане членка на Европската унија, но без право на глас. За ова сценариото за некаков вид получленство говореше премиерот Христијан Мицкоски во вчерашната емисија на Канал 5 „Само интервју“ за кое вели дека е дел од мировното сценарио за Украина и евроинтеграциите. -Постои една идеја којашто се погласно се слуша и во Брисел и наоколу и го опфаќа ...
Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, изјави дека сака да донесе државен закон со кој ќе се ограничи пристапот до онлајн платформите за тинејџери под 16 години. Портпаролката на Њусом, Тара Галегос, за американскиот портал Политико изјави дека демократскиот гувернер на Калифорнија го поддржува воведувањето правила за проверка на возраста слични на оние воведени во Австралија минатата година, кои им забрануваат на лицата под 16 години да ...
Претседателка на правната комисија на СДСМ, и поранешна пратеничка Снежана Калеска-Ванчева, вчера во гостување во Телевизија 24, зборуваше за случајот „Пулс“ во Кочани. Таа кажа дека за овој случај има многу обвинети, и дека предмето се претворил со „ново змиско око“. „Многу обвинети, а малку виновни. Или, виновни тие што не треба да бидат. Го следам случајот, и се надевам дека ќе бидам побиена и на крајот ќе имаме пресуда која ќе потврди ...
Изборот на Државен јавен обвинител мора да биде заснован на квалитет, не на подобност-му порача обвинителката Ленче Ристоска, на премиерот Христијан Мицкоски, откако тој вчера јавно, од телевизиско интервју, ја исклучи од трката за кандидат кој Владата ќе го разгледува за избор на нов Државен обвинител. -Кога кандидат однапред се исклучува без анализа на неговата програма и професионален пат, тоа отвора прашања за природата на критериумите ...
Животот во февруари е поскап за речиси илјада денари во однос на јануари, а трошоците за едно четиричлено домаќинство за два месеци поскапеле за над 2.000 денари. Синдикалната минимална кошничка за февруари изнесува 67.382 денари-пресмета Сојузот на синдикатите на Македонија. Со изнајмен стан од 60 квадрати пак, вредноста се зголемува на 82.757 денари. -Секое семејство на работниците е посиромашно за 2.000 денари за само два месеци. За 24 ...