Апелација ја потврди пресудата на првостепениот суд дека ИРЛ изнеле невистини со цел неточно да претстават дека Кочо Анѓушев има врска и е одговорен за увозот на токсичен мазут во земјата во времето кога бил Вицепремиер во Владата, а исто така не се обратиле до него да ја добијат втората страна како основно новинарско правило. Од прес службата на компаниите на Анѓушев, во негово име и во име на неговата фирма БРАКО како тужители, изјавија: ...

Швајцарските власти најавија финансиска поддршка за повредените и за семејствата на загинатите во трагичниот пожар што изби на новогодишната ноќ во бар во ски-центарот Кранс-Монтана. Во несреќата животот го загубија 41 лице, а 115 беа повредени. Владата соопшти дека ќе исплати по 56.000 долари за секое лице што починало или било хоспитализирано, наведувајќи дека станува збор за гест на солидарност и поддршка кон погодените семејства. ...

Предлог-измените на Законот за високо образование се неприфатливи за Сенатот на Тетовскиот универзитет, па затоа побараа законот да се повлече и да се преразгледа, земајќи ја предвид реалната состојба во универзитетите. – Најголемиот број забелешки се однесуваат на нарушувањето на универзитетската автономија, бидејќи се предвидува формирање универзитетски совет кој ги намалува надлежностите на универзитетот и токму тука мнозинството професори ...

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Жозеп Мариа Берокал, ги одбра финалните 12. кошаркари во ростерот на кои ќе смета за мечот од третото коло од групата „А“ од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029, против репрезентацијата на Луксембург. Новиот предводник на нашиот сениорски тим, по денешниот тренинг, ги тргна дилемите, и го одбра финалниот состав кој ќе влезе во официјалниот протокол за средбата против ...

Пратениците не изгласаа минимална плата од 600 евра. Не поминаа на пленарна седница во Собранието законските измени кои ги предложи СДСМ,со кои минималната плата од март требаше да порасне на 36.960 денари. Гласаа вкупно 82 пратеници, 63 беа „за“ да се прифати заклучокот на матичната комисија дека предлогот не е прифатлив, 19 беа против, немаше воздржани. Расправата помина во жестоки меѓусебни обвинувања. Од аргументи и бројки, до фалење кој ...

Студентите Албанци кои студираат право се во магла – еднаш им се ветува дека правосудниот испит може да се полага на албански јазик, а другпат не. По различните изјави и ветувања од претставници на ВЛЕН дека прашањето ќе се реши, вчера министерот за правда, Игор Филков, кусо порача – прашањето е затворено. – Мислам дека ова прашање е исцрпено, правосудниот испит е стручен испит, не е административно прашање, немам што повеќе да коментирам за ...

Пред да започне расправата во Собранието за законските измени со кои се спречува понатамошното зголемување на платите на функционерите, Здружението на јавни обвинители побара од пратениците точката да се повлече од дневниот ред и предлогот подетално да се разгледа. Тие посочуваат дека интервенцијата е спротивна на законот и претставува ризик за независноста на функцијата преку економски притисок. Обвинителите нагласуваат дека се свесни за ...

Адвокатот Петре Шилегов побара судот да ја прекине постапката за пожарот во Кочани бидејќи како што истакна нарушена е рамноправноста на обвинетите на оние од Јавното обвинителство и на полицајците обвинети од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Тој обвини дека со ова постојат двојни аршини притоа правејќи паралела и со куќниот притвор на Артан Груби. Тој во судницата рече дека ова заедно со за нас непознатата ...

2026-та ќе биде година на културата за Кичево, откако општината го доби проектот да биде Град на културата за оваа година. На свечена церемонија, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, истакна дека Кичево ја доби оваа титула како мултиетнички и мултикултурен град. За разлика од претходните години, кога градовите прогласени за Град на културата добиваа средства од 1, 2 или 3 милиони денари, оваа година Министерството му додели на ...

Во центарот на италијанскиот главен град Рим избувна голем скандал, кој ја разниша довербата во дел од безбедносниот систем. 21 полицаец, заедно со голем број други, се под истрага за нивна наводна вмешаност во кражбата на луксузна стока од стоковната куќа „Коин“ во близина на станицата Термини. Сè започнало кога раководството на продавницата забележа недостиг од 184.000 евра во залихи на почетокот на 2024 година. Оваа сума претставуваше ...

Видеолотарија Касинос Австрија и годинава продолжува со поддршката на македонскиот мотоциклистички шампион Христијан Бузалковски, одбележувајќи пет години успешна соработка. Видеолотарија Касинос Австрија ја продолжува соработката со Бузалковски. Овој мал јубилеј претставува потврда за долгорочната посветеност во развојот на македонскиот спорт и поддршката на млади и талентирани спортисти. Во изминатите пет години, ова спонзорство придонесе ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Б.Б. поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „попречување ...

На 24.02.2026 во 13:30 часот во СВР Битола, 83-годишник од Битола пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра. Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако ...

Ловец Ф-16 на воздухопловните сили на Јужна Кореја се урна денес околу 19:30 часот по локално време за време на ноќна обука за летање во Јеонгџу, покраината Северен Кјеонгсанг, а пилотот безбедно се катапултирал, објавија јужнокорејските медиуми. Нема пријавени жртви во инцидентот, објави Јонхап. Јужнокорејските воздухопловни сили објавија дека формирале штаб за одговор на авионската несреќа за да ја испитаат точната причина, соопшти ...

На 24.02.2026 во 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во населбата Ќерамидница настанал пожар во куќа, сопственост на 71-годишната Т.П. од Скопје, која имала здравствени проблеми. Од Екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а на местото е пронајдена почината сопственичката. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција. ...

Норвешкиот крал Харалд V (89) беше хоспитализиран во вторник вечерта на шпанскиот остров Тенерифе поради инфекција и дехидрација, соопшти Кралската палата на Норвешка. Кралот, кој е на приватен одмор со сопругата кралицата Соња, е во добра здравствена состојба, се вели во соопштението. Харалд, најстариот жив монарх во Европа, е церемонијален шеф на државата на Норвешка од 1991 година. „Му посакувам на нашиот крал брзо закрепнување“, изјави ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека украинските преговарачи ќе се сретнат со американската делегација утре, што го потврди во разговор со новинарите, објави „Скај Њуз“. Според него, тимот предводен од главниот преговарач Рустем Умеров ќе се сретне со специјалниот претставник на Доналд Трамп, Стив Виткоф, неговиот зет Џаред Кушнер и други американски претставници. Теми на разговор ќе бидат „пакетот за просперитет“ и ...

Воен авион Су-30СМ на казахстанските воздухопловни сили се урна денес во регионот Караганда во централен Казахстан, соопшти прес-службата на Министерството за одбрана на Казахстан. „Лорецот Су-30СМ се урна денес за време на планиран тренинг лет во регионот Караганда. Екипажот веднаш се катапултираше. Пилотите се живи и нема закана по нивниот живот или здравје. Тие се под медицински надзор“, се вели во соопштението кое го пренесе ...

Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички. За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 504 прекршоци и 22 за ...

На 26, 27 и 28.02.2026 година (четврток, петок и сабота), во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува г-дин Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија. Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје. СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат ...

Министерството за финансии продолжува да ја унапредува енергетската ефикасност во општините, реализирајќи значајни инвестиции во модерни и штедливи системи за јавно осветлување со поддршка од Светска банка. Министерство за финансии успешно ја продолжува реализацијата на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, кој се спроведува со финансиска поддршка од Меѓународна банка за обнова и развој -Светска банка. Проектот за енергетска ...

Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – декември 2025 година продажбите достигнуваат 13.837.976.447 денари, што е за 3 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 20.899.116.085 денари, што е за 10 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Продажби според региони Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, се обрати на денешниот настан по повод унапредување на правото на здравје за лицата со попреченост, во организација на интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со попреченост, што се одржа во Собранието. – Министерството за здравство, заедно со Министерството за образование и наука и Министерството за социјална политика, демографија и млади врз основа на „Меморандум за соработка“ се вклучени ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше на интерактивната куклена претстава што се одржа во Дом на култура „Билјана Белочанец“ во општина Кисела Вода, во организација на Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Театар Провокација, како дел од кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“. Претставата, наменета за учениците од основното училиште од општината, им овозможи на децата преку ...

Вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил објави мапа со воспоставени 22 нови авио дестинации кон Европа од двата домашни аеродроми. Продолжуваме со повеќе активности за зајакнување на авиосообраќајот, напиша Николоски. “Силно се развива авиосообраќајот во Македонија. Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа. Аеродромите во државата со се поголем број на патници стануваат лидери во регионот. Продолжуваме во ...

Денеска преку соопштение се огласија од Здружението на јавни обвинители. Тие бараат повлекување на измените на Законот за плати од собраниска процедура. „На дневниот ред на 89-тата седница на Собранието на РСМ, закажана за денеска 25.02.2026 година, се предлага закон за изменување на Законот за платите на јавните обвинители предложен од група пратеници. Врз основа на одлука на Собранието и на Извршниот одбор на Здружението на јавните ...

Турски воен авион Ф-16 се урна рано утрово за време на летот во западната покраина Баликешир, а пилотот загина во несреќата, соопшти турското Министерство за национална одбрана. Според соопштението, инцидентот се случил на автопатот Измир-Истанбул, а авионот се урнал кратко по полетувањето. „Во 00:56 часот по локално време, радиоконтактот и локацијата на нашиот ловец Ф-16 , кој полета од 9-тата воздухопловна база во Баликесир, беа изгубени. ...

Без електрична енегија денеска од 07.30 до 15 часот ќе останат дел од ул. „Никола Тримпаре“ 15 и дел од ул.„Мирослав Крлежа“ од бр.16 до 20 и дел од локали и влезови на згради на бул. „Климент Охридски“ бр.54 во општина Центар. Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје најави прекин на струјата од 09.30 до 15.30 на дел од ул.„Мирослав Крлежа“ (по старо Ѓуро Ѓакович) бр.52.54.56.58.60.62 во општина Центар, од 8 до 14.30 часот за ...

Четири лица беа убиени во напад со нож од маж во државата Вашингтон во вторник, соопштија локалните власти и потврдија дека напаѓачот бил смртно застрела, пренесува Ал Џезира. Канцеларијата на шерифот на округот Пирс соопшти дека во 8:40 часот по локално време, заменик-шерифите одговориле на првата пријава дека 32-годишен маж ја прекршува наредбата за забрана за присуство во дом на полуостровот Ки, северозападно од Такома, пренесува АП. ...

Попова Шапка со -4 степени беше најстуденото место во земјава утрово во 8:30 часот. Во Маврово беа измерени -2 степени, додека минусна температура имаше и во Охрид -1 степен. Во Битола и во Крушево беа измерени нула степени. Снежна покривка има на Попова Шапка, каде висината изнесува 89 сантиметри. Времето денеска сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
44%
1022
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.85
49%
1023
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
42%
1024
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
44%
1023
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
1.96
52%
1023
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 16ᴼ
0.45
47%
1025
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
7.2
53%
1018
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
24%
1020
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
3.09
31%
1021
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
5.81
54%
1023
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
4.12
40%
1024
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
8.23
50%
1019
Currency

61.6417

Currency

52.514

Currency

71.4322

Currency

37.831

Currency

38.6395

Currency

67.1558

Currency

7.6911

Currency

0.70048

Currency

0.33434

Currency

0.52509

Currency

1.16272

Currency

0.55344

Бакар

11.99

Калај

49.43

Иридиум

253540.09

Злато

148242.19

Цинк

0.00

Алуминиум

3.51

Сребро

2422.91

Рутениум

51376.89

Кобалт

45.39

Родиум

323115.00

Платина

63819.23

Паладиум

48547.63