Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Францускиот претседател Емануел Макрон оцени дека војната во Украина, која трае веќе четири години, претставува „троен неуспех“ на Русија – воен, економски и стратешки. „Четири години Европа се буди со звукот на руските бомби во Украина. Четири години агресивна војна избрана од Русија, со очигледно непочитување на меѓународното право, суверенитетот на народите и човечките животи. Четири години погодени градови, уништени училишта и болници, ...
Утрово дојави за поставени бомби пристигнале во повеќе основни и средни училишта во Тетово, по што веднаш се преземени безбедносни мерки. Според првичните информации, надлежните служби постапуваат по пријавите, а учениците и вработените се евакуирани од училишните објекти со цел безбедносна проверка. Полицијата врши проверки на терен и работи на утврдување на околностите околу дојавите. Повеќе информации се очекуваат по завршување на увидот. ...
На 23.02.2026 околу 21:30 часот на бензинска пумпа на автопатот Скопје- Куманово, полициски службеници го лишија од слобода О.К.(33) од Турција, затоа што со возило „шкода“ со косовски регистарски ознаки, превезувал шест лица мигранти, тројца од Египет и тројца од Алжир. Претходно, на наплатната станица Романовце, тој не застанал на даден знак од полициските службеници, но по преземени мерки возилото е пронајдено, О.К. е лишен од слобода и по ...
Утрово најстудено е во Берово каде што се измерени -3 степени, додека под нулата се и во повеќе градови низ земјава. Според официјалните мерења, -2 степени се регистрирани во Скопје-Петровец, а -1 во Крива Паланка, Тетово, Битола, Демир Капија и Струмица. Нула степени се измерени во Охрид, Претор, Прилеп, Штип, Велес, Кавадарци, Гевгелија и на Попова Шапка, додека 1 степен е измерен на Скопје-Зајчев Рид. Повисоки утрински температури има во ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го замоли американскиот претседател Доналд Трамп и САД да „останат на страната“ на Украина, која се бори, како што изјави, против еден човек, рускиот претседател Владимир Путин. „Тие мора да останат со… демократска земја која се бори против еден човек. Бидејќи тој човек е војна. Путин е војна. Сè се врти околу него. Сè се врти околу еден човек. И целата негова земја е во затвор“, рече Зеленски ...
Овен Денес умот ви работи брзо, но и продорно. Можете да дојдете до важна информација или увид што ви помага подобро да ја насочите енергијата. Првата четвртина бара да направите корекција во плановите, не затоа што сте згрешиле, туку затоа што сега гледате повеќе. Прилагодувањето е знак на сила, не на слабост. Бик Фокусот е на вредностите, ресурсите и чувството на сигурност. Денес можете да истражите нешто што ви помага подобро да управувате ...
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени. Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе ...
Обвинителката Ленче Ристоска во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма се осврна на прашањето за евентуална ревизија на предметите во јавното обвинителство, нагласувајќи дека терминот „ревизија“ не треба да се толкува како целосно преиспитување на сè што било работено. Таа истакна дека постојат законски механизми преку кои се врши надзор и контрола, и дека тие инструменти треба да се користат соодветно. „Кога станува збор за ревизија, кога ...
Во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма, обвинителката Лидија Раичевиќ одговараше на прашање дали, доколку би била на позиција Државен јавен обвинител, би го разгледала обвинението поврзано со трагедијата во „Пулс“. Таа истакна дека секој што ја извршува функцијата државен обвинител има обврска да биде целосно запознаен со предметите од јавен интерес, без разлика дали тоа некој го бара или не. „И никој ништо да не бара, и никој ништо да ...
Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кое мерката притвор за осомничениот А.Г. се заменува со мерка куќен притвор, дополнета со мерки за обезбедување присуство во натамошната постапка. Одлуката ја донел судија на претходна постапка, по сослушување на осомничениот во присуство на негов бранител и по доставените предлози од јавниот обвинител и одбраната. Претходно, судот бил известен од КПУ Затвор „Скопје“ дека осомничениот од 09:20 ...
Основното јавно обвинителство Скопје по добивањето на известувањето дека второосомничениот во предметот за Државната лотарија каде е осомничен заедно со уште пет лица, доброволно се пријавил на органите на прогонот и изразил подготвеност да соработува со надлежните органи, ќе ја продолжи постапката за истиот со цел донесување на јавнообвинителска одлука. На барање на второосомничениот преку неговата одбрана истиот во текот на денешниот ден ...
По шест часа заврши распитот на поранешниот вицепремиер Артан Груби во Обвинителство. Груби е спроведен во Кривичниот суд во Скопје, каде ќе биде изведен пред судија на претходна постапка. Од Обвинителството засега нема официјална информација дали ќе се инсистира на ефективен притвор или ќе се предложи поблага мерка, имајќи предвид дека Груби сам се врати во државата и истрагата е веќе завршена. По шест часа заврши распитот на поранешниот ...
-Сега никој не интервенира во мојот случај бидејќи јас не го правам изборот. Не знам. Читам во медиумите дека има многу гласини, многу шпекулации, можеби се вистинити, можеби не се. Се надевам дека комисијата ќе ја изврши својата должност и ќе го избере најдобриот кандидат кој ги исполнува условите врз основа на Законот за електронски комуникации, изјави Јетон Акики, директор на АЕК. Вака одговори директорот на Агенцијата за електронски ...
Професори на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје изразија забелешки на предлог-законот за високо образование, за кој Министерството за образование и наука организира јавни дебати. Факултетот за драмски уметности презентираше низа забелешки на предлог-законот. Деканот Бесфорт Идризи нагласи дека, иако во предлог-законот се споменува автономијата на факултетите и универзитетите, таа е нарушена преку одредени членови. -Забелешките ...
Му ставија лисици на рацете откако самиот одлучи да се врати во Македонија. Со капа, очила, насмеан и со шал во рацете, поранешниот вицепремиер Артан Груби рано утринава, во 06:10 часот беше уапсен од полицијата на граничниот премин Блаце. „Денеска во 06:10 часот, на граничниот премин Блаце, на влез во државата, лишен од слобода е Артан Груби, кој се бараше со меѓународна потерница заради водење истрага поврзана со кривично дело.“, вели Гоце ...
Мислењето на Советот на јавни обвинители за избор на нов Државен обвинител, на кое на списокот се четири имиња, стигна до Владата. Но, неизвесно е дали и кој ќе го помине владиниот филтер и дали утре на владина седница ќе помине „адутот“ на Владата за наследник на Коцевски и ќе се испрати до Собранието. Нема детали дали изборот ќе се сведе на тројца или четворица кандидати, откако премиерот Христијан Мицкоски јавно ја отфрли од трката, ...
Бројни политички реакции по предавањето на Артан Груби. Опозициската СДСМ го нарече ова театар со кој ДУИ го спасува Мицкоски, обвинувајќи дека бегството и сега враќањето на поранешниот вицепремиер се резултат на политички договор. Според социјалдемократите, со тоа се одвлекува вниманието од криминалот и корупцијата и остануваат без одговор скандалите, како оној со марихуаната. „Како што се договорија да го пуштат, така сега се договорија и ...
И денеска, ходниците на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ останаа празни. Учениците не влегоа во училниците и наставата не се одржа, иако беше понеделник. Причина е лице со лажна електронска адреса, кое продолжува да испраќа лажни дојави за бомби. Надлежните сѐ уште не успеале да откријат кој стои зад овие пораки и која е неговата цел. Директорот на училиштето, Јетон Камбери, вели дека освен вознемиреноста кај учениците, овие дојави одземаат и ...
По неуспешната прва средба, жителите на селата Трапчиндол и Рештан во Кичево, кои протестираа против изградба на дивa депонија, денеска се сретнаа со градоначалникот на општината. Тие изразија загриженост дека местото каде што се планира изградба на депонијата е премногу блиску до двете села. – Бараме од вас, доколку има такво нешто, со добра волја да се откажете од таа локација, за да не се предизвика уште поголем револт кај верниците, ...
Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од вечерва на полноќ. Цената на бензините се зголемува за 0,5 денари, додека на дизелот за 1 денар по литар. Така цената на ЕУРОСУПЕР 98+ од утре ќе изнесува 75,5 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 ќе изнесува 73,5 денари по литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ ќе биде 69 денари по литар. Поскапува и екстралесното масло за домаќинство, од 67 на 68 денари по литар. Цената ...
Она што најмногу се коментира за Предлог законот за високото образование се условите за напредување во звања. Ако направиме споредба, не се високи како во други европски земји. Но, мора да ги поткренеме, затоа што откако беа укинати со законот од 2018 година, квалитетот на високото образование драстично опадна и тоа мора да го промениме. Го разбирам стравот на академската заедница, разбирам дека од една фаза треба да поминеме во друга, но ...
Криминалистичката полиција при СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Л.Б.(29) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. Имено, пријавениот подолг период нелегално набавувал поголема количина на марихуана, која ја чувал во визба од зградата каде живее во Битола и ја ...
Во периодот од 16.02.2026 до 22.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 4.910 прекршоци. Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 4.691, потоа за минување на затворен сигнал (црвено светло) 16 прекршоци што претставува намалување на 51.5% во споредба со минатата седмица ...
На 21.02.2026 и 22.02.2026 полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода Д.Г.(19) од село Секирник, струмичко, Р.П.(38) од село Владевци, струмичко, А.Т.(26) од село Еднокуќево, струмичко и К.Г.(19) од Струмица поради сомнение дека се можни сторители на кривично дело поврзано со настанатиот пожар на паркирано возило „ланд ровер“, пријавено во Струмица. На 22.02.2026, врз основа на судски наредби, извршени се претреси во домовите ...
Во неколку основни и средни училишта во Скопје и Тетово денеска биле пријавени наводно поставени експлозивни направи, но по извршените проверки било констатирано дека станува збор за лажни дојави. Од Министерство за внатрешни работи информираат дека веднаш по приемот на пријавите биле активирани протоколите за постапување во вакви случаи, по што полициски екипи излегле на терен и спровеле детални проверки. „Веднаш по добиените пријави ...
Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Истовремено, се препорачува одложување на сите патувања кон Мексико кои не се од итен и неопходен карактер. Министерството ги става на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.А.(43) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, во периодот од 2020 до 2024 година, откако бил поставен како вршител на должност директор, а потоа именуван за директор на Јавна здравствена установа Здравствен дом Куманово, склучувал незаконски договори на дело и вработувал лица во установата, без ...
Кристијано Роналдо, незадоволен од политиката на клубот, бојкотираше три натпревари на Ал Наср. Се појавија гласини, а португалските медиуми јавно пишуваа за тоа, дека еден од најпопуларните фудбалери на денешницата, и покрај стотиците милиони долари што ги заработува, ќе ја напушти Саудиска Арабија. Сепак, познатиот ас го негираше сето ова откако постигна два гола на натпреварот против Ал Хазем. „Јас припаѓам на Саудиска Арабија и сакам да ...
На 23.02.2026 година во 01:15 часот на улица „Индустриска“ во Берово, полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода Е.Џ.(25) од Берово. Лицето било затекнато при управување на моторно возило кое претходно било противправно одземено на подрачјето на Берово, а по даден знак за запирање се дало во бегство. По преземени мерки и активности, истото било сопрено и лишено од слобода, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело ...
На 23.02.2026 во 01:40 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, на место викано „Авлаќот“ во Гевгелија, полициски службеници го лишија од слобода М.П.(30) од Република Србија. Полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „опел астра“ со српки национални ознаки, кое го управувал, при што биле пронајдени шест лица мигранти, од кои пет лица од Египет и едно лице од Палестина. Тој бил предаден на полициски службеници во ОВР Гевгелија ...