Екипата на Шкендија со иста мера му врати на Вардар за поразот од есенскиот дел. Попладнево во дербито одиграно на тренинг центарот „Петар Милошевски“, тетовскиот тим триумфираше со 0:1, и му го нанесе првиот пораз сезонава на скопскиот тим. И, она што е најважно, уште повеќе му се доближи на табелата, односно разликата сега се „стопи“ на само еден бод. Шкендија, пак, продолжи со победничката серија во пролетниот дел од првенството, ...

Владата размислува да ги намали акцизата за горивата и ДДВ-то за увоз на енергенси за да се спречи ценовен шок за граѓаните и стопанството. Премиерот Христијан Мицкоски очекува ударот од конфликтот на Блискиот исток да се одрази на цените на енергенсите, најмногу на нафтата, не толку врз гасот. Вели можеби со тек на време ќе имаме одредени економски предизвици, разгледуваме кои се нашите можности да го намалиме ударот врз стандардот на ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на растот на бруто домашниот производ за последниот квартал од минатата година, изјави: “Ние како Влада, веќе шест квартали по ред имаме реален бруто домашен производ којшто расте, со 3,5% во просек. Во последните два квартали од 2025 година реалниот бруто домашен производ расте со 3,8%. Често пати од опозицијата се ...

Адвокатите на обвинетите во случајот со Кочани бараат да се спои постапката заедно со онаа против 13 полицајци обвинети за тешки дела против општата сигурност. Ивана Коцевска, бранителка на сопственикот на дискотеката рече дека се работи за ист предмет, а одделни постапки што може да донесе различни одлуки. „Различните судски совети може да донесат различни заклучоци за истиот кривично правен настан, што може да резултира со одлука за ...

Ескалацијата на ситуацијата на Блискиот Исток ќе ја погоди и економијата на Македонија. Економистот Фатмир Битиќи оценува дека, доколку конфликтот трае подолго, ќе има раст на цените и инфлацијата. Првите ефекти, според Битиќи, ќе се почувствуваат по две недели. „Секоја нормална и сериозна држава, како и сите членки на ЕУ, но и други европски земји, имаат свои резерви за одреден временски период. Ги нарекуваме државни резерви, но постојат и ...

Вчера на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода шест возачи, од кои пет за возење без возачка дозвола и еден за управување на возило под дејство на алкохол. Од петте возачи кои возеле без возачка дозвола, двајца се малолетници – еден во Скопје управувал мотоцикл, а друг во Штип без дозвола возел патничко возило. Двајца возачи во Гостивар управувале возило без дозвола, еден од нив возел и во спротивна насока. ...

Иранскиот заменик-министер за надворешни работи, Казем Гарибабади, ги негираше тврдењата дека Иран го нападнал Азербејџан, откако властите на земјата објавија дека два ирански беспилотни летала ја погодиле нивната автономна енклава Нахичеван, вклучувајќи ја и зградата на аеродромот. „Исламската Република Иран не ја нападна Република Азербејџан“, рече Гарибабади во соопштение објавено од иранската новинска агенција Тасним. Video of Iranian ...

Премиерот Христијан Мицкоски го коментираше настанот во скопската населба Карпош откако животите ги загубија мајка и ќерка, откако претходно сопругот, односно таткото на детето било пријавувано за семејно насилство. Мицкоски апелираше сите кои се жртви на ваков тип насилство, да пријавуваат и да дозволат институциите да постапат, и да не ги повлекуваат пријавите. „Апелирам на сите кои се жртви на семејно насилство, сето тоа го пријават и да ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на својот Фејсбук профил информираше дека станал татко по трет пат. По двете ќерки, овој пат Тошковски доби син. „Со особена радост сакам да споделам дека вчера станав татко по трет пат. После две прекрасни ќерки, нашето семејство го збогативме и со син. Голема радост и благодарност за овој благослов“, пишува Тошковски. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на својот Фејсбук профил ...

Министерството за одбрана на Обединетите Арапски Емирати објави дека една ракета и шест дронови паднале на територијата на земјата. Порано, Канцеларијата за медиуми на Абу Даби објави дека шест лица се повредени од остатоци од дронови пресретнати од системите за воздушна одбрана над Абу Даби. 🚨🇶🇦 Visual confirmation of an Impact in Al Udeid air base in Doha, Qatar.pic.twitter.com/UMTSdm9AVG — Jackson Hinkle 🇺🇸 (@jacksonhinklle) March 5, ...

Премиерот Христијан Мицкоски ја оцени безбедносната состојба во Македонија како стабилна, но кажа дека може да има одредени предизвици на економски план, во однос на цената на нафтата. „Мирна и стабилна е безбедносната состојба, не постои ризик за земјава. Имавме Совет за безбедност, направивме анализа, врз основа на информациите кои ги добивме, безбедносната состојба е стабилна, можеби со тек на време ќе имаме одредени економски предизвици, ...

Азербејџан го обвини Иран за извршување напади со беспилотни летала на негова територија, при што беа повредени две лица. Брон се урна во терминалната зграда на меѓународниот аеродром во Нахчиван, азербејџанска енклава што граничи со северен Иран, соопшти во понеделник Министерството за надворешни работи на Азербејџан. Аеродромот се наоѓа на околу 10 километри од иранската граница, објави Скај њуз. Друг дрон се урна во близина на училиште во ...

Малопродажните цени на дизелот во Соединетите Американски Држави го достигнаа највисокото ниво за речиси две години, според податоците на Американската автомобилска асоцијација (AAA), истакнувајќи го влијанието на прекините во снабдувањето од Блискиот Исток. Просечната малопродажна цена на дизелот денес изнесуваше 4,166 долари за галон, што е за 3,2 проценти повеќе од вчерашниот просек, соопшти Американската автомобилска асоцијација (AAA). ...

Кипар: Нов безбедносен инцидент во британската база Кипарските власти објавија дека безбедносната тревога во селото Акротири, во близина на британската воена база на RAF, е укината. Тие велат дека имало безбедносен инцидент, но не дадоа детали. Според кипарски функционер, жителите претходно биле предупредени да останат во затворен простор како превентивна мерка. Британскиот министер за одбрана Џон Хили моментално е на Кипар за да ги смири ...

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48 часа, бидејќи се постапува по издадените наредби за вештачење на три мобилни телефони и на други предмети, се обезбедуваат и анализираат видео записи од повеќе критични локации, а се обезбедува и целокупната документација за претходни поплаки и пријави за семејно насилство кои се однесуваат на осомничениот и починатата жена. ...

Исклучувањето на интернетот во Иран трае повеќе од 120 часа, при што поврзаноста во земјата е намалена на околу еден процент од нормалното ниво, според независната група за следење на интернет NetBlocks. NetBlocks додаде дека иранските телекомуникациски компании се вклучуваат во „орвелово“ однесување, заканувајќи се со правни мерки против корисниците кои се обидуваат да пристапат до глобалниот интернет. Овој потег го отежнува добивањето ...

Иран е во војна, а во таа атмосфера женската фудбалска репрезентација игра на Азискиот куп во Австралија. Пред натпреварот против земјата домаќин, Иранките поздравија како знак на поддршка за армијата. Интересно е што пред два дена, Иранките не ја пееја националната химна за време на натпреварот против Јужна Кореја. Имаше разни шпекулации, од фактот дека тие не пееја во знак на протест против властите кои им наредија на играчите да ја пеат ...

Кипар го критикуваше одговорот на Велика Британија на нападите со беспилотни летала врз RAF Акротири. Високиот комесар на Кипар во Велика Британија, Киријакос Курос, за BBC Newsnight изјави дека Кипарците се „разочарани“ од одговорот на британската влада. На прашањето дали луѓето на Кипар се чувствуваат заштитени од Велика Британија, Курос рече: „Да речеме само дека луѓето се разочарани, луѓето се исплашени и очекуваа повеќе“. Британскиот ...

Израелските одбранбени сили (ИДФ) утрово соопштија дека одбранбените системи на земјата биле активирани откако бил идентификуван нов бран ракети „лансирани од Иран“. Во соопштение објавено на нивниот Телеграм канал, ИДФ соопшти дека работи на „пресретнување на заканата“, повикувајќи ги граѓаните да ги следат безбедносните упатства. „Од граѓаните се бара да дејствуваат одговорно и да ги следат упатствата – тие спасуваат животи“, соопшти ИДФ. ...

Денеска и утре (05 и 06 март) тим од Министерството предводен од државниот секретар, Елизабета Чуповска Ристова и тим од НАТО предводен од директорот за одбранбено планирање во Алијансата, Карл Форд ќе ги реализираат редовните годишни билатерални одбранбени разговори. Државниот секретар Чуповска – Ристова на отворањето на билатералните консултации истакна дека земјава е целосно посветена на развојот на одбранбените капацитети и исполнувањето ...

На 05.03.2026 во 03:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Осломеј го лишија од слобода Р.Б.(44) од Кичево, вработен во РЕК Осломеј. Тој, во 02:25 часот испратил порака на својот шеф со која го информирал дека, имал сознание дека во еден оддел во РЕК „Осломеј“ има поставена бомба. По преземени мерки и извршени проверки со обезбедувањето, полициски службеници констатирале дека нема поставено бомба и се работи за лажно ...

Иранскиот генерал Киомарс Хејдари изјави дека Иран „нема да се откаже од оваа војна“ сè додека не ги постигне своите цели и не им нанесе тешки удари на Соединетите Американски Држави. „Не ни е важно колку дена ќе трае оваа војна“, рече Хеџдари, заменик-командант на централниот штаб на Хатам ал-Анбија, во изјава објавена од полуофицијалната иранска новинска агенција Тасним. Хејдари се потсети на војната што Иран ја водеше во 1980-тите. ...

Ракети и беспилотни летала кои летале од правец на Иран, паднале во близина на аеродромот во енклавата Нахчиван во Азербејџан, пренесе Ројтерс повикувајќи се на избори блиски до Владата. Аеродромот во Нахчиван се наоѓа на десетина километри од границата со Иран. Iranian Shahed drones have just struck Azerbaijan’s Nakhchivan Airport. pic.twitter.com/C3deCZgyMZ — Giorgi Revishvili (@revishvilig) March 5, 2026 Ракети и беспилотни летала кои ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, заклучно со денес, во рамки на процесот на евакуација, во Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби се евидентирани 505 македонски државјани, од кои 458 престојуваат во Обединетите Арапски Емирати. Дополнително, 31 лице се пријавени од Кувајт, а 14 лица од Бахреин. Во Доха, заклучно со денес, се евидентирани 141 македонски државјанин. Лицата кои изразија ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, заклучно со денес, во рамки на процесот на евакуација, во Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби се евидентирани 505 македонски државјани, од кои 458 престојуваат во Обединетите Арапски Емирати. Дополнително, 31 лице се пријавени од Кувајт, а 14 лица од Бахреин. Во Доха, заклучно со денес, се евидентирани 141 македонски државјанин. Лицата кои изразија ...

Утрово најстудено е во Берово со измерени 0 степени. Следуваат 1 Лазарополе, Попова Шапка, 3 Струмица, 4 Крива Паланка, Охрид, Битола, Демир Капија, Mаврови Анови, 5 Тетово, Прилеп, Kрушево, Велес, Кавадарци, Гевгелија, 6 Скопје-Петровец, Штип, Виница, 7 Скопје-Зајчев Рид. Најмногу снег има на Попова Шапка, каде висината е 72 см. Променливо облачно со повремен локален дожд и со услови за изолирана појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до ...

Овен Денес можете да почувствувате внатрешно олеснување, како да попушта некој притисок што долго време го носите. Иако можеби не се случува ништо спектакуларно надворешно, внатрешно се враќа довербата. Ова е добар ден да размислувате за поголеми животни цели, но без да брзате. Плановите што ги правите денес имаат емотивна стабилност, не само амбиција. Бик Оптимизмот доаѓа преку разговори, идеи и блиски контакти. Денес може да слушнете нешто ...

Обединетите нации денес објавија дека околу 100.000 луѓе го напуштиле Техеран во првите два дена од војната меѓу Израел и Соединетите Американски Држави против Иран. „Се проценува дека 100.000 луѓе го напуштиле Техеран во првите два дена по израелско-американските напади“, објави Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР), пренесува Ал Џезира. Се вели дека најновите извештаи не укажуваат на зголемување на прекуграничните движења поврзани со ...

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска ја исклучи можноста за приклучување кон американските и израелските воени напади насочени кон Иран, нагласувајќи ја потребата од дипломатско решение на конфликтот. Обраќајќи се на општата парламентарна дебата за најновите случувања, Писториус изјави дека сè уште е нејасно колку долго ќе трае војната и дали ќе се прошири и на други земји. „Германија не е страна во војната. Германските ...

Околу 30% од населението во земјава е со прекумерна тежина , додека околу 65% е недоволно исхрането! Дебелината воопшто не е добра за вашето здравје! Д-р Ирфан Ахмети, претседател на Научното друштво за дебелина „OБEM“, вели дека високата телесна тежина е главна причина за кардиоваскуларни заболувања, мозочни и срцеви удари, дијабетес тип 2 и неплодност. „Прекумерната тежина ретко или воопшто не се препознава како дијагноза, во реалната ...

103-ка

9 часа - Нова ТВ
weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
70%
1024
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
70%
1025
weather icon

Загреб

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
71%
1025
weather icon

Софија

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
47%
1024
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
1.7
74%
1024
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
87%
1026
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
6.17
61%
1018
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
46%
1021
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
4.12
35%
1023
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 7ᴼ
2.24
72%
1024
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
2.06
53%
1024
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
6.17
57%
1020
Currency

61.6417

Currency

52.514

Currency

71.4322

Currency

37.831

Currency

38.6395

Currency

67.1558

Currency

7.6911

Currency

0.70048

Currency

0.33434

Currency

0.52509

Currency

1.16272

Currency

0.55344

Цинк

0.00

Бакар

12.05

Злато

147595.33

Сребро

2363.77

Рутениум

52180.66

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.48

Калај

49.78

Паладиум

48611.93

Родиум

323115.00

Кобалт

45.39

Платина

63594.18