На денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова која упати конкретни прашања до директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Иваноски барајќи одговор дали институцијата досега добила каква било пријава или информација поврзана со Алта банка Белград и нејзиното преземање на Стопанска банка Битола. Панова посочи дека е важно јавноста да добие јасна слика ...

Денеска се одбележува Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, со кој се потсетува на потребата од континуирани заложби, институционална одговорност и заедничко дејствување за спречување на сите форми на насилство. На овој ден започнува и глобалната кампања „16 дена активизам“, чија цел е подигање на јавната свест, поттикнување на општествената одговорност и испраќање јасна порака дека насилството не смее да се премолчува ...

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска, на денешната надзорна расправа за Алта банка праша дали Алта банка Битола располага со 80 милиони евра во готовина и парични еквиваленти, како што е прикажано во билансот, и што ќе се случи со заштедите над 30.000 евра доколку дојде до обесштетување. Костадиновска Стојчевска посочи дека, според финансиското образложение објавено на Берзата на 30 октомври, банката во првите девет месеци од ...

Власта ги одби сите амандмани на СДСМ во досегашните три дена од амандманската расправа за буџетот, меѓу кои и предлогот за зголемување на минималната плата на 600 евра, и покрај тоа што тие се однесуваат на подобрување на животниот стандард на граѓаните и унапредување на повеќе важни области, посочи пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, оценувајќи дека предложениот буџет има сериозни недостатоци и не нуди развојна перспектива. „Да не ...

Градоначалникот на Општина Куманово, во придружба на секретарот и претседателката на Советот, оствари работна средба со претставници на кинеската компанија „China Shandong International Economic & Technical Cooperation Group Ltd. На средбата се разговараше за можностите зa воспоставување деловна соработка и реализација на идни инвестициски проекти во Куманово, со посебен акцент на индустриската зона Новини и Речица. На средбата беа ...

• Централниот распоред на батеријата “E-Core” дава динамика на возење во стил на возило со мотор поставен во средината и ниска позиција на седење • E-Shift со лопатки монтирани на воланот и репродуциран Boxster звук • Новиот автомобил ќе биде претставен во првиот квартал од 2027 година • Околу четири милиони тест километри поминати под широк спектар на услови Првиот целосно електричен спортски автомобил со две седишта на Porsche е во завршна ...

„Во насока на натамошно проширување на достапноста на банкарските услуги за клиентите на ‘АЛТА банка’ АД Битола, Народната банка информира дека од денес, 25 ноември, правните лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во Банката, доколку средствата се пренесени од платежни сметки на клиенти отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека фирмите ќе можат без ограничување на износот да ги ...

Министерството за финансии спроведе вонреден надзор над работењето на финансиските друштва и изрече привремена забрана за одобрување кредити во времетраење од 30 дена и глоба согласно законските прописи на две финансиски друштва. Вонредниот надзор беше спроведен во последните три месеци постапувајќи по пријави од граѓани при што презеде соодветни мерки согласно законските прописи. Надзорот над финансиските друштва се спроведува согласно ...

Вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, учествуваше на Конференцијата за европска економска интеграција (Conference on European Economic Integration – CEEI 2026), во организација на Народната банка на Австрија и Народната банка на Полска, која се одржува деновиве во Виена. Овогодишната конференција е посветена на темата „Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈЕ) во свет што се менува: геоекономија, технологија и демографски ...

Припадници на српското Министерство за внатрешни работи го активираа системот „Пронајди ме“ за итно јавно известување во случајот со четиринаесетгодишната Божица Ајети, која беше пријавена за исчезната на 23 ноември оваа година. Според соопштението од српското Министерство за внатрешни работи, девојчето го напуштило основното училиште „Јован Јовановиќ Змај“ во Обреновац околу 11 часот наутро на гореспоменатиот ден, 23 ноември, во непознат ...

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека Европа ќе продолжи да дава максимална поддршка на Украина и во исто време да го зголемува притисокот врз Русија, со целосно европско вклучување во преговорите за постигнување траен мир. Обраќајќи се на пленарната седница на Европскиот парламент, фон дер Лајен рече дека војната мора да заврши поради децата кои се родени по почетокот на „руската инвазија и кои ...

Драган Ј. Вучиќевиќ, сопственик и главен уредник на српскиот таблоид и телевизија „Информер“ – медиум што го поддржува Вучиќ – беше уапсен утрово по налог на Второто основно јавно обвинителство во Белград. Според порталот „Нова.рс“, Вучиќевиќ е уапсен под сомнение за предизвикување паника и неред – конкретно преку континуирано однесување – како и за попречување на правдата. Facebook · кликнете за да се вчита објавата Самиот „Информер“ ја ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека финансирањето на војната против Иран е обезбедено до јануари, алудирајќи дека секоја воена акција ќе мора да се спроведе пред тој рок, бидејќи во спротивно би можела да биде ограничена бидејќи демократите потоа ќе ја преземат контролата врз Конгресот. Во интервју за „Њујорк пост“, Трамп ги критикуваше демократите во Конгресот кои се закануваат дека ќе го запрат конфликтот со Иран, за кој ...

Американската имиграциска служба ICE уапси нелегален имигрант од Ел Салвадор во Источен Бостон, неколку дена откако освоил милион долари на државната лотарија на Масачусетс, објави „Fox News“. Три извори на ICE изјавија за „Fox News“ дека Ариел Антонио Веласкез-Моралес се обидел да избега кога полицајците се движеле да го уапсат, но набрзо бил приведен. Според изворите, инцидентот бил снимен со камери на телото што ги носеле полицајците. ICE ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека Русија точно знае што сака и дека нејзините амбиции одат подалеку од Украина, предупредувајќи во говорот пред Бундестагот дека Москва „ги зголемува тензиите во балтичкиот регион, во Полска, во Црното Море, па дури и во вселената“. „Ескалацијата се одвива во огромни размери, вклучително и областа во рамките на нашите граници, дури и по цена на човечки животи. Ова е реалност. И токму затоа ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека е апсолутно неприфатливо Русија да испраќа европски трупи во Украина. „Знаеме дека плановите за распоредување воени контингенти во Украина се разоткриени неколку пати во европските престолнини, вклучително и во Брисел. Ова е нешто што е апсолутно неприфатливо за Москва“, рече Песков на прес-конференција, објави ТАСС. Песков посочи на она што го смета за деструктивна улога на поранешниот ...

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска во Тирана учествува на министерскиот состанок посветен на конкурентноста и економската конвергенција на Западен Балкан, во рамки на Планот за раст на Европската Унија, со посебен фокус на иницијативата за забрзана интеграција во единствениот европски пазар (Single Market Highway). На состанокот, чиј домаќин е министерката за економија и иновации на Албанија, Делина Ибрахимај, учествуваат ...

Во текот на ноќта меѓу 24 и 25 ноември, од католичката црква „Свети Јосиф“ на Бит-пазар во Скопје е украдена дарохранителницата во која се чува Пресветата Причест, односно осветени хостии, извести Скопската бискупија. Од таму велат дека случајот е пријавен кај надлежните институции и во тек е полициска истрага. „За Католичката црква Пресветата Причест е најсветиот дар доверен на Црквата и средиште на нејзиниот литургиски и духовен живот. ...

Рурскиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Киев не ги запира нападите врз руската нафтена инфраструктура, и покрај директното барање на американскиот претседател да го стори тоа. Путин го изјави ова вчера на состанокот на Претседателската комисија за стратешки развој на енергетскиот сектор во Кремљ. „Гледаме дека режимот во Киев не ги запре нападите врз нашата нафтена инфраструктура, и покрај повикот и директното барање на ...

Русија никогаш нeмала никаков контакт со Европската комисија во врска со преговорите за украинската криза, изјави денес рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Европската комисија редовно дава изјави за Украина, но не предлага ништо конкретно, изјави Лавров за РИА Новости, одговарајќи на прашањето што го објаснува, како што е наведено, амбивалентниот став на Брисел, кој прво опширно ја разгледуваше кандидатурата на еден ...

Премиерот на Латвија, Андрис Кулбергс, оцени дека одлуката на Естонија да ги затвори граничните премини со Русија е погрешна. „Одговарајќи на прашање за можноста за затворање на границата на Латвија со Русија за сообраќај, како што одлучи Естонија, Кулбергс го нарече таквиот потег грешка, осврнувајќи се на предизборната ситуација во соседната земја“, според медиумите, пренесува Спутник. Латвија веќе очекува зголемување на сообраќајот на ...

Заврши изградбата на дополнителниот објект со четири нови училници и тоалети во склоп на основното училиште „Ацо Шопов“ во населбата Радишани во скопски Бутел, соопшти Министерството за образование. Инвестицијата од 37 милиони денари обезбедени преку буџетот на Министерството за образование и наука ќе овозможи во училиштето да се запишат дополнителни 100тина ученици од оваа општина. Новиот објект денес во употреба го пуштија претседателот на ...

Решението за студентскиот оброк е на маса, студентите ќе добијат поголеми права и привилегии, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање дали има решение за студентскиот оброк. „Решението е јасно, решението е на маса. Сега гледаме како тоа да го операционализираме заедно со Генералниот секретаријат, Министерството за дигитална трансформација и се разбира Министерството за образование и наука. Мислам дека ...

Со стручна јавна расправа во Македонската академија на науките и уметностите, Министерството за правда денеска го започна циклусот консултации за новиот Кривичен законик, кој по речиси три децении треба да го замени постојниот законик од 1996 година. Министерот за правда Јетон Шасивари во своето обраќање посочи дека општествените, економските и технолошките промени, како и појавата на нови форми на криминал, ја наметнуваат потребата од ...

На 23.11.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Ф.С.(21) од Струмица. Според пријавеното, тој истиот ден во Струмица извршил обљуба врз 12-годишна малолетничка. За настанот се известени јавен обвинител и Центар за социјални работи Струмица, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата. На 23.11.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ...

Утрово во 02:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Козле“ во Скопје, патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.Б. од Скопје, удрило во бетонска ограда. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата 24-годишна сопатничка М.Ц. од Скопје, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје. Утрово во ...

Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Кочо Рацин“ со ул.„706“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(74) од Скопје и велосипед управуван од И.Е.(70) од Скопје. Во несреќата со тешки телeсни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Јавна здравствена установа „Свети Наум Охридски“ во Скопје. Полицијата соопшти дека ...

Три деца нападнале и му нанеле повреди на друго дете во училиште во Струмица. Имено, од СВР Струмица е поднесено известување од Законот за правда за децата против три деца од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство врз дете“. На 16.10.2026 во училница во основно училиште во с.Ново Село, пријавените физички нападнале друго дете и му нанеле повреди. Три деца нападнале и му нанеле повреди на друго дете ...

Пратеникот од СДСМ, Миле Талески, на денешната втора собраниска Надзорна расправа за Алта банка, упати прашања до Трифун Костовски како бизнисмен и човек од банкарскиот сектор, да одговори во која улога е повикан да сведочи на втората Надзорна расправа за АЛТА банка, како гледа на овој скандал и улогата на Народната банка, какви сознанија има за сопственикот на Алта банка, Давор Мацура, неговите бизниси и потеклото на капиталот со кој банката ...

Полупретседателот на Вреди, на денешната прес-конференција, го призна срамот и го потврди токму она што Демократската унија за интеграција постојано го истакнува: Законот за употреба на јазиците е јасен и овозможува полагање стручни испити на албански јазик, велат од ДУИ. „Ако денес се полагаат стручни испити на албански јазик, токму врз основа на Законот за употреба на јазиците и Амандманот V на Уставот, со кој албанскиот јазик е утврден ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
60%
1025
weather icon

Белград

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
58%
1019
weather icon

Загреб

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
65%
1017
weather icon

Софија

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
44%
1024
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
2.29
54%
1024
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
96%
1017
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
3.6
62%
1025
weather icon

Тирана

13ᴼ / 12ᴼ
2.06
58%
1021
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
61%
1023
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
3.13
59%
1026
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
4.63
88%
1022
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
2.57
91%
1028
Currency

61.627

Currency

56.288

Currency

73.677

Currency

37.283

Currency

39.313

Currency

67.153

Currency

8.4462

Currency

0.68547

Currency

0.35333

Currency

0.52353

Currency

1.1117

Currency

0.60739

Паладиум

26781.57

Иридиум

326330.08

Злато

112508.32

Калај

40.99

Сребро

1277.78

Алуминиум

2.77

Рутениум

59478.88

Цинк

3.66

Родиум

286141.64

Кобалт

33.53

Платина

40188.43

Бакар

10.69