Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави дека компанијата Минт ќе започне со производство на хуманоидни роботи на 22 или 29 август и истакна дека сега сè е договорено со инвеститорот. „Ве поканувам во Шабац на 22 или 29 август. Конечно, сè е договорено со инвеститорот“, рече Вучиќ. Фабриката за роботи во Шабац, рече тој, ќе биде подобра од онаа што ја посети во градот Џиаксинг, покраината Џеџијанг. „Ќе има чудо во Шабац. ...

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино изјави дека по завршувањето на Светското првенство во 2026 година ќе се разгледа можноста за дополнително проширување на бројот на учесници на завршниот турнир. Годинешното Светско првенство во Канада, Мексико и САД за првпат собра 48 репрезентации, одлука која предизвика многу критики пред почетокот на турнирот, но за неа речиси и не се зборуваше по почетокот на ...

Млада девојка загина, уште 17 патници се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 13 часот кај местото Липци во Црна Гора. Според информациите на регионалните медиуми, минисбусот со кој група верници од Србија се враќале од посета на манастирот во Острог, удрил во камена карпа покрај патот и се превртел. Од 17-тте повредени патници шест се деца, пренесува српски „Блиц“. Повредените се пренесени во болницата „Васо ...

Сообраќајна несреќа се случи утрово во самиот центар на Скопје, во близина на поранешниот хотел „Бристол“. Според првичните информации, во несреќата учествувале автобус со турски регистарски ознаки и мотоцикл, при што автобусот удрил и го прегазил мотоциклот. На местото на настанот веднаш е излезена полицијата. Засега нема официјални информации за здравствената состојба на мотоциклистот и дали има потешко повредени лица. Повеќе детали и ...

Претставници на Фудбалската асоцијација (ФА) истакнаа дека нема никаков проблем меѓу менаџерот Томас Тухел и ѕвездата Џуд Белингам откако двајцата дадоа спротивставени проценки за тешката победа на Англија од 2-1 во четвртфиналето на Светското првенство над Норвешка во Мајами. Германскиот стратег го нарече својот тим „среќен“, додека Белингам возврати дека тренерот можеби не ја разбира сериозноста на условите на теренот, пишува Дејли Меил. ...

Американците и Иранците ги продолжија меѓусебните напади во понеделникот, при што Вашингтон објави дека бомбардирал десетици цели, додека Техеран соопшти дека ги нападнал базите што Соединетите Држави ги користат во Јордан, Бахреин и Кувајт. Американските сили „таргетираа ирански системи за противвоздушна одбрана, крајбрежни радари, ракетни и беспилотни летала, како и мали бродови“, објави Американската централна команда на платформата Х, ...

Падот на бројот на стока во Европската Унија веќе не е инцидент, туку хроничен и опасен тренд кој директно се прелева и врз балканските пазари. Острите еколошки стандарди и кратењето на субвенциите ја натераа Европа свесно да го дестимулира сопственото производство на месо и млеко, претворајќи го некогашниот голем извозник во зависен увозник на храна. Ова во емисијата „Енергија на Спутник“ го алармира Ненад Будимовиќ, секретар на Здружението ...

Како годините минуваат, животното искуство носи мудрост, но често и соочувања со одлуките што можеле да бидат поинакви. Многу луѓе кои зачекориле во 6-тата деценија нагласуваат дека не жалат толку за нешто што го направиле, туку за пропуштените прилики. Токму затоа психолозите сметаат дека е важно навреме да се препознае вистинската вредност на работите. Едно од најчестите каења се однесува на посветеноста на работата. Многумина признаваат ...

Новинарот Екрем Конур денеска објави дека екипата на Астон Вила се подготвува за разделба со аргентинскиот репрезентативен голман Емилијано Мартинез. Според Конур, англискиот клуб засилено работи на доведување негова замена. Во Вила веќе контактирале со агентот на голманот на јапонската репрезентација Зајон Сузуки. Парма го цени јапонскиот голман на 30 милиони евра, но Астон Вила се обидува да ја намали цената. Сепак, со оглед на тоа што за ...

Охридско лето е највисока промоција од културата и уметноста која се случува во Македонија. Углед граден со децении низ регионот и светот. Годинава е отоворено по 66-ти пат. Со гала концертот на оперската дива Ермонела Јахо од Албанија и светски реномираниот тенор Чарлс Кастроново од САД, во придружба на Оркестарот на Македонската опера под диригентска управа на маестро Марко Боеми од Италија вечерва е отворено годинашното „Охридско лето“. ...

Поранешниот англиски дефанзивец, Рио Фердинанд, верува дека англиската репрезентација е подготвена да го освои тековното Светско првенство. Англија ќе се соочи со Аргентина во полуфиналето, кое ќе се одржи во среда во Атланта. „Мислам дека сме подготвени за светската титула, да, верувам дека е така. Кога работите ќе се отежнат и ќе тргнат наопаку, Англија е добра во наоѓање решенија. Тоа е како составување сложувалка – покажавме дека можеме ...

Откако млада девојка од Куманово јавно ја сподели својата семејна драма и побара помош за себе, својата мајка, баба и братот со церебрална парализа, надлежните институции презедоа конкретни чекори за решавање на случајот. Во видео-обраќање кое предизвика силни реакции во јавноста, таа раскажа дека со години живее во страв поради агресивното однесување на нејзиниот татко. Според нејзините тврдења, тој има проблеми со алкохол и ...

Сите очи беа насочени кон Централниот терен, каде што Италијанецот Јаник Синер и Германецот Александар Зверев се соочија во напнат судир. Кралското семејство во преден план Меѓу многуте познати лица, особено се издвои принцезата од Велс, која блескаше во елегантен зелен фустан. View this post on Instagram A post shared by Wimbledon (@wimbledon) Таа пристигна на Вимблдон придружувана од своето семејство. Кејт беше придружувана од принцот ...

Реал Мадрид постави нов рекорд во историјата на Светските првенства по бројот на постигнати голови од играчи од еден клуб. Во четвртфиналниот натпревар од Светското првенство во 2026 година, англискиот играч од средниот ред Џуд Белингам постигна два гола против Норвешка (2:1) . Благодарение на ова, играчите кои го носат дресот на „кралевите“ веќе постигнаа 19 гола на тековното Светско првенство. Претходно, рекордот од 18 гола го делеа три ...

Боруџерди нагласи дека одмаздата за атентатот врз поранешниот врховен лидер Али Хамнеи станала „обврска“ за неговите следбеници и „сите слободни луѓе низ целиот свет“. Тој додаде дека Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и „нивните агенти“ треба да очекуваат „слободните луѓе на светот да ја донесат раката на божествената одмазда“, додавајќи дека „ниту едно место во светот, дури ни Белата куќа, нема да биде безбедно“ за нив. Тој исто ...

Видеото, за кое се верува дека е автентично според достапните информации, прикажува руски војник како отвора оган од митралез поставен на импровизирана ротирачка поставка. Сепак, поради силен отскок, оружјето одеднаш се свртува на страна и го влече војникот со себе, додека друг член на единицата, кој бил во негова непосредна близина, успева да се наведне во последен момент и да го избегне рафалот. Видеото е објавено од профилот „WarMonitor“, ...

Хрватскиот интернационалец Марсело Брозовиќ, кој моментално е без договор, изненадувачки е на мета на Реал Мадрид, пишува новинарот Саша Таволиери. Оваа недела, Ал Наср објави дека Марсело Брозовиќ ќе го напушти клубот откако ќе му истече договорот ова лето. 33-годишниот играч од средниот ред оттогаш се поврзува со трансфер во МЛС. Сепак, сега се појави информација дека Реал Мадрид стапил во контакт со агентот на Брозовиќ. Жозе Мурињо гледа ...

Норвешкиот напаѓач Александар Сорлот и неговата девојка добиле многу коментари со омраза, па дури и закани со смрт по елиминацијата на Норвешка од Светското првенство Неколку норвешки навивачи го искажаа својот гнев кон Сорлот поради поразот на Светското првенство. Ова го потврди и сопругата на напаѓачот на Атлетико Мадрид, Лена Селнес. На Инстаграм, таа сподели голем број коментари и пораки што ги добиле таа и Сорлот. „Те молам, изврши ...

Во несреќата загинаа 47-годишен пилот и една жена, додека 15-годишно девојче и 41-годишен маж се тешко повредени, објави Кроне. Голем број пожарникари, персонал на брза помош, полиција и други служби за итни случаи реагираа на местото на настанот. Се известува дека причина за падот на авионот е технички дефект. Пајпер ПА-28 се урна во шумска област, на околу 100 метри од населбата Нојхаус. Во авионот имало четири лица, сите од округот ...

Англискиот играч од средниот ред Џуд Белингем изјави дека советите од неговата мајка му помогнале да избегне жолт картон во победата од 2-1 над Норвешка во четвртфиналето на Светското првенство. Втор жолт картон би значел дека 23-годишникот ќе го пропушти полуфиналето против Аргентина во среда. „Цела недела, мајка ми постојано ми велеше: внимавај на зборовите, внимавај на стартовите, внимавај на изразите на лицето, контролирај ги емоциите. ...

Јулија Свириденко потврди на 12 јули дека поднесува оставка од функцијата премиерка на Украина, откако претседателот Володимир Зеленски најави реконструкција на владата. Нејзината оставка изненади дел од пратениците во партијата „Слуга на народот“ на претседателот Зеленски и поттикна шпекулации за вистинските мотиви зад оваа одлука, пишува „Киев Индепендент“. „Ситуацијата е чудна“, изјави еден пратеник за „Киев Индепендент“ под услов да ...

Чешкиот супермодел Ева Херцигова и торинскиот бизнисмен Грегорио Маршај ја потврдија својата дваесет и петгодишна врска со венчавка во италијанскиот град Торино. Црковна церемонија во боемски стил Големиот свадбен ден започна со попладневна црковна церемонија во малата црква Сан Вито на ридовите во Торино, каде што невестата до олтарот ја придружуваше нејзиниот татко. Педесет и тригодишната манекенка носеше фустан во крем боја од ...

Долго пред да слетаат врз нас за да нè каснат и да се хранат со нашата крв, комарците препознаваат сигнали од нашите тела, првенствено мирис, врз основа на кои одредуваат кој ќе биде цел на нивниот напад. Некои луѓе се неизбежно цел на напади од комарци и мора да се справат со непријатните последици од каснувањата од комарци кои можат да траат неколку дена, вели резултатот од научното истражување за тоа зошто комарците напаѓаат некои луѓе ...

Речиси 40 години откако млада мајка беше претепана до смрт во својот дом, полицијата на Флорида соопшти дека еден телефонски повик ги довел до нов осомничен. Мелиса Елисон (20) беше пронајдена мртва во својот дом во Џексонвил на Флорида на 28 декември 1987 година. Според наводите на полицијата, таа починала како последица од повеќекратни удари со тап предмет. Нејзините цимери им кажале на истражителите дека отишле да ја проверат откако во ...

Летото носи повеќе време на отворено, скари, пикници и сезонско овошје, но истовремено го зголемува и ризикот од труење со храна. Високите температури фаворизираат размножување на бактериите, поединечни намирници побрзо се расипуваат, додека некои, доколку не се правилно подготвени или се консумираат во поголеми количини, можат да предизвикаат сериозни здравствени тегоби. Намирниците се расипуваат многу побрзо отколку во останатиот дел од ...

Откако не ги исполни резултатските очекувања на овој Мундијал, репрезентацијата на Сенегал природно преживува промени. Раководните структури на Федерацијата одлучија да го сменат досегашниот селектор, Папе Тиао. Сенегал шокирачки во 1/16 финалето испадна од Белгија, откако имаше на само неколку минути до крајот на мечот предност од 0:2. Сепак, белгијаците најпрво израмнија, а потоа и победија со што ги оставија африканците во шок. Тиао е на ...

Сите знаеме дека цветовите се прекрасни, но можеби не сте знаеле колку можат да бидат лукави. Околу 90 отсто од познатите живи растителни видови создаваат цветови, кои им служат како репродуктивни органи. Внатре во ливчињата се наоѓаат машките репродуктивни органи кои произведуваат микроскопски зрнца наречени полен. Во нив се образуваат машките полови клетки, кои е потребно да се пренесат на женските репродуктивни органи во процес кој се ...

При пост меч интервјуто на дуелот Аргентина – Швајцарија синоќа во кој „Гаучосите“ со 3:1 обезбедија пласман во полуфиналето од Мундијалот, Лионел Меси објави податок кој очигледно малку е познат. Тој во својата кариера никогаш не играл против Англија, репрезентацијата која што е противник на неговата Аргентина во полуфиналниот дуел. „Натпреварите против големи репрезентации секогаш се посебни. Никогаш порано не сум играл против Англија , па ...

На социјалните мрежи се шири видео од маж, за кој се вели дека е член на руската мобилна противвоздушна група, како ја губи контролата врз екстремно брз четирицевен тежок митралез YakB-12.7 за време на пукање. Видеото, кое се чини дека е автентично, прикажува руски војник како отвора оган од оружје монтирано на импровизирана грамофонска плоча. Потоа митралезот одеднаш се свртува настрана, влечејќи го војникот со себе, додека другиот војник, ...

Во нападите биле употребени проектили и оружје лансирано од борбени авиони, беспилотни летала и воени бродови. Меѓу погодените цели биле позиции за ракети и дронови, поморски капацитети, складишта за муниција, комуникациски мрежи и крајбрежни системи за надзор. Причина за последните напади бил нападот врз товарен брод под кипарско знаме од страна на Иран. Техеран соопшти дека бродот се движел по неодобрена маршрута и дека бил погоден откако ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
1.87
46%
1013
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
0.45
58%
1012
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
2.44
68%
1016
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
1.2
44%
1013
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.82
61%
1011
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 21ᴼ
0.57
84%
1016
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
0.89
50%
1010
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.41
51%
1011
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
3.72
49%
1012
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
4.92
57%
1012
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
1.79
70%
1016
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
3.39
100%
1009
Currency

61.525

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Родиум

278103.96

Калај

56.77

Кобалт

56.29

Злато

137126.15

Платина

55652.94

Цинк

0.00

Паладиум

43435.66

Алуминиум

3.27

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Бакар

13.54

Сребро

2005.37