Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Англија ја победи Норвешка со 2:1 по продолжението и се пласираше во полуфиналето на Светското првенство, а во судиското продолжение во првото полувреме се случи контроверзна ситуација. Англија потоа израмни на 1:1, а стрелец беше Џуд Белингам. Откако топката заврши во мрежата, норвешкиот голман Орјан Ниланд се стрча кон судијата Клемент Турпин и протестираше покажувајќи кон небото. „Тој покажуваше кон небото, се чини кон камера што е ...
Златан Ибрахимовиќ остро го критикуваше белгискиот селектор Руди Гарсија откако Белгија загуби со 2:1 од Шпанија во четвртфиналето на Светското првенство. Поранешниот шведски напаѓач, кој работи како стручен коментатор за американскиот „Фокс Спортс“, директно го обвини Гарсија за поразот, поради одлуката да го внесе голманот Сене Ламенс во игра по повредата на Тибо Куртоа. Белгија го пропушти полуфиналето во Лос Анџелес откако Микел Мерино ...
Полицијата во канадскиот град доби пријава за активен стрелец на салса фестивалот кратко по 20 часот по локално време во саботата. 2 people have been killed and 4 others have been injured after a mass shooting at Salsa in Toronto Festival on St. Clair Ave W in #Toronto. @TorontoPolice pic.twitter.com/tphn5KxZV4 — JCE (@JCEPhoto) July 12, 2026 Полицијата соопшти дека имало размена на оган меѓу две лица, а на местото на настанот биле ...
Унгарија нема да ја промени својата политика кон војната во Украина и нема да испраќа оружје во Киев, изјави потпретседателката на унгарската влада и министерка за надворешни работи, Анита Орбан, во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела Сера“. „Нашата политика по ова прашање останува непроменета. Унгарските гласачи ни дадоа мандат да не испраќаме оружје, туку да помагаме на други начини, со хуманитарна помош и санкции“, нагласи ...
Швајцарската фудбалска репрезентација беше запрена во четвртфиналето на Светското првенство по драматичниот пораз од Аргентина со 3:1 по продолженијата. Сепак, натпреварот беше обележан со контроверзна судиска одлука, за која тренерот Мурат Јакин не можеше да молчи по натпреварот, наведувајќи дека целосно го променила текот на играта и му наштетила на неговиот тим. Клучниот момент се случи во 72-та минута. Швајцарскиот напаѓач Брил Емболо, ...
Четвртфиналниот натпревар од Светското првенство во 2026 година помеѓу Аргентина и Швајцарија, во кој Аргентина победи со 3:1 по продолженијата, покрај фудбалската тензија, донесе и момент што брзо го обиколи светот. Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, и португалскиот судија Жоао Педро Пињеиро влегоа во жестока дебата, сето тоа поради тонот со кој судијата му се обрати на аргентинскиот фудбалер. Настанот се случи во текот на првото ...
Точно 100 натпревари од Светското првенство се одиграни во САД, Канада и Мексико, по што се објавени полуфиналните парови. Дуелот меѓу Аргентина и Швајцарија беше 100-тиот јубилеен натпревар на овогодинешното Светско првенство, а во него го добивме и последниот полуфиналист. Актуелниот светски шампион го продолжи своето патување кон нов „Златен глобус“ во Канзас и закажа пресметка против Англија, која ја елиминираше Норвешка по продолженија. ...
Аргентина е последниот полуфиналист на Светското првенство во 2026 година, откако ја победи Швајцарија со 3-1 (1-1) по продолженија во четвртфиналето во Канзас Сити. Незаборавниот натпревар беше решен во 112-та минута, кога Хулијан Алварез го оправда својот прекар „Пајак“ и постигна еден од најубавите голови на овогодинешното Светско првенство. Напаѓачот на Атлетико Мадрид ја прими топката дијагонално на околу 25 метри од голот, се ...
Норвешка – Англија 1:2 и тоа по продолженија од 2Х15 минути. Ова е исходот од четвртфиналниот меч во Мајами, со што “Трите лава“ се пласираа во полуфиналето. Белингам е херојот, Белингам е КРАЛОТ на Англија со два гола. Норвешка имаше водство од 1:0, имаше шанса да направи уште една сензација, но сепак мораше да му честита на победникот. Хари Кејн го одигра 120 меч за Англија, со што се израмни со Вејн Руни, уште на првото место е Питер ...
Норвешка – Англија 1:1 е резултатот по првото полувреме во битката за полуфинале на “Хард Рок“ стадионот во Мајами. Се играше 36.минута кога Шјелдруп од лево постигна магичен гол, го изненади Пикфорд и на својата селекција и донесе голема радост. По тој момент Норвешка имаа уште неколку закани. Пред тој момент Англија го имаше поседот, но со тие бескрајни додавања не успеваше опасно да се закани. Кејн, Белингам, О`Рајли имаа полушанси. Сепак ...
Последниот настап на бугарската потпретседателка Илијана Јотова, по средбата со претставници на Советот на Европа, на која прашањето за неизвршените пресуди на Европскиот суд за човекови права во предметите „ОМО Илинден против Бугарија“ беше претставено како дел од „конструктивен дијалог“ и исполнување одредени обврски, говори многу јасно за двојните стандарди што официјална Софија ги применува кон Македонија. Имено, кога станува збор за ...
Маж кого го бараше истарската полиција поради сомнение дека во четвртокот ранил 60-годишен маж со огнено оружје во областа Валдебек во Пула, е пронајден мртов во Словенија. Опсадна состојба владееше денес во областа Чрномље во Словенија, каде што полицијата речиси 24 часа бараше вооружен разбојник кој ограбил бензинска пумпа во петокот вечерта и им се заканувал на вработените. Како што објави ПУ Ново Место, избеганиот разбојник е пронајден ...
Алехандро Гарначо не задоволи никого во Премиер лигата, иако многумина му предвидуваа сериозна фудбалска кариера. Факт е дека од него се очекуваше многу и дека е сè уште млад, но тој не го поткрепуваше својот став на теренот со факти, голови и асистенции, па сега Челзи одлучи да го стави на трансфер листата. Цената, ако некој го сака овој крилен играч, е 50 милиони фунти, а наводно има интерес. Како што објави „Скај“ од Британија, Гарначо е ...
Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, изјави дека е подобро да се донесе Изборен законик отколку воопшто да не се постигне договор, нагласувајќи дека за тоа е потребен консензус меѓу сите политички чинители во земјата. Одговарајќи на новинарско прашање во Штип дали наскоро може да се очекува усвојување на Изборниот законик, Димитриевски истакна дека ЗНАМ нема дилеми околу правото на глас на дијаспората на парламентарни и претседателски ...
Турски државјанин е уапсен на автопатот „Пријателство“ поради возење автомобил со брзина од 203 километри на час, 83 километри повеќе од дозволената брзина, соопшти полицијата на Македонија. Според соопштението, полицајците од Гевгелија турскиот државјанин Ј.Ц. (46) го привеле за пребрзо возење вчера во 15:00 часот на автопатот „Пријателство“ во близина на селото Милетково во Гевгелија, на југот од Македонија. „При контрола на сообраќајот ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во Министерството за економија и труд наскоро ќе се одржи состанок со трговците, откако е завршена анализата на цените и маржите за околу 600 до 700 производи. Одговарајќи на новинарско прашање при увидот во градежните активности за реконструкција на СОУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид, најави дека во најкус можен рок ќе бидат преземени соодветни мерки доколку се утврдат неоправдани зголемувања на ...
Во пресрет на дуелот со Норвешка, Англискиот репрезентативец Хари Кејн зборуваше за своето искуство од играњето голф со американскиот претседател Доналд Трамп. Самиот Трамп претходно зборуваше за нивната средба. „Играв голф со Кејн, навистина уживав. Тој е одличен фудбалер, а исто така е и одличен голфер“, откри шефот на американската држава. „Да бидам искрен, играв добро. Беше пред околу 18 месеци. Ме покани да играм кога бев во Палм Бич“, ...
Албанија и ако стане членка на Европската Унија нема да го користи правото на вето против Македонија во процесот на европска интеграција, изјавил албанскиот премиер Еди Рама пред учесниците на кампот „RinCamp 2026“ во туристичкото место Јал, на кој има и млади од Македонија. Одговарајќи на прашањето на студент од Скопје, дали Албанија ќе стави вето на европскиот пат на Македонија, тој нагласил дека отсекогаш бил против употребата на вето во ...
Кочанчанецот А.Л. (41), кој бил приведен откако во возило во кое се наоѓал била пронајдена бела прашкаста материја, успеал да избега од полициската станица во Кочани додека бил задржан за распит. Според информациите од полицискиот билтен, на 9 јули 2026 година околу 23:55 часот, на влезот во селото Истибања, виничко, полициски службеници од ОВР Кочани, ОВР Делчево и Полициското одделение Македонска Каменица ги лишиле од слобода Ј.Ј. (25) и ...
Легендарниот дефанзивец Паоло Малдини е назначен за нов технички директор на италијанската репрезентација, објави локалната фудбалска федерација. На својата нова улога, тој ќе соработува тесно со Леонардо, кој ќе биде негов советник. Главната задача за двајцата ќе биде да изберат нов тренер кој ќе ги води „аѕурите“ кон крај на кризата. Италија, четирикратен светски шампион, не успеа да се квалификува на последните три Светски првенства, што ...
Часовникот е направен како уникатно уметничко дело и нема да биде достапен за продажба. Наменет е исклучиво за одбрани колекционери кои нарачуваат вакви модели директно од производителот. Дизајнот е инспириран од ледените пејзажи и дивиот свет на Националниот парк „Glacier Bay“. Бројчаникот содржи подвижни елементи во форма на пингвини, орки и китови, заедно со препознатливите куфери „Louis Vuitton“ кои дополнително го нагласуваат ...
Некој во Норвешка одлучи дека шестнеделна пауза е сосема доволна, па оваа сабота – додека целата земја го чека историскиот натпревар со Англија – фудбалското првенство продолжи. Лилестром го победи Фредрикстад како гостин, Алесунд и Молде ремизираа, а лидерот Тромсо ја декласираше Валеренга со четири гола разлика, пред сите, и навивачите и играчите и тренерите, да брзаат дома за да избегнат пропуштање на четвртфиналето на Светското првенство ...
Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели во Украина, соопшти руското Министерство за одбрана. „Денешните успешни напади врз два објекти од воено-индустрискиот комплекс во Киев и инфраструктурата на морските пристаништа Одеса, Чорноморск и Измаил во регионот Одеса ја ...
Голгетерот на норвешката репрезентација, Ерлинг Халанд, долго време е популарен не само во сопствената земја. Секако, неговата популарност во голема мера се должи на неговите голови во Премиер лигата во дресот на Манчестер Сити. Така, над 500 бебиња родени во Перу за време на Светското првенство беа именувани по силниот русокос голгетер. Како што објави АФП, 468 бебиња беа именувани Халанд, а уште 91 сега официјално се нарекуваат Ерлинг ...
Шпанскиот напаѓач Ламине Јамал ги сподели своите мисли за победата од 2-1 над Белгија во четвртфиналето на Светското првенство. Тимот на Луис де ла Фуенте следно ќе се соочи со Франција. „Многу сме среќни што повторно сме во полуфиналето. Долго време сме тука и сакаме да стигнеме до самиот крај. Среќни сме со оваа победа и што се квалификувавме во следната фаза“, рече Јамал. „Мислам дека бевме многу посилни од нашиот противник. Да, примениот ...
Додека Аргентина се подготвува за четвртфиналето на Светското првенство со Швајцарија, од таа земја пристигнаа тажни вести. Почина Антонио Убалдо Ратин, легендарниот капитен на Бока Јуниорс и поранешен репрезентативец на Аргентина. Ратин, кој беше еден од најголемите идоли во историјата на Бока Јуниорс, почина на 89-годишна возраст. Тој беше симбол на златната ера и апсолутна легенда на великаните од Буенос Аирес, но и на цела Аргентина. ...
Откако Реал Мадрид испратил официјална понуда до Баерн Минхен вредна 220 милиони евра, а истата со бонуси би достигнувала и 250 милиони евра што би била рекордна во светот на фудбалот, “баварците“ веднаш одржале итен состанок. Иако таква понуда е навистина тешко да се одбие, на крајот, Баерн одлучи дека Олисе не е на продажба ова лето и дека главната цел е тој да остане во тимот за да се обиде да ја освои Лигата на шампионите следната ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска апелираше до опозицијата на одговорност и на зрелост, посочувајќи дека владината коалиција е усогласена за Изборниот законик, додека од опозициските партии очекуваат текст со предлози за кои вели дека бланко ќе бидат прифатени. Коментирајќи го предлогот на претседателот на СДСМ Венко Филипче да се формира експертска група за Изборниот законик и за гласањето на дијаспората, Мицкоски вели дека според ...
SkiMacedonia објави дека мечка е забележана на Водно. На сторито објавено на социјалните мрежи тие ги известуваат сите планинари за движењето на дивото животно. Мечка била пријавена дека е забележана после Нерези, кај горни Крушопек. Во планинарските друштва веќе е ја пријавиле мечката на рутата Јасен-Матка-Нерези. Поради можната опасност на посетителите на Водно им се препорачува да не се движат сами по планинските патеки, да избегнуваат ...
Екипата на Атлетико Мадрид има нов играч за врска во името на Мортен Улманд. Репрезенаттивецот на Данска има 27. години и пристигнува од тимот на Спортинг Лисабон. Тој потпиша петгодишен договор, откако Атлетико се реши токму за него како новитет во тимот. Претходно фокусот беше ставен на Жоао Гомес од Вулверхемптон но преговорите пропаднаа. Данецот пристигнува во Мадрид за сума од 40 милиони евра. Улманд е играч кој што играше за Адмира ...