Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Остварувањето ја освои Наградата за најдобар филм, а Пол Томас Андерсон е награден како најдобар режисер. Сепак, најмногу признанија - вкупно по четири им припаднаа на филмовите „Грешници“ (The Sinners) и „Франкенштајн“. „Грешници“ триумфираше во новата категорија за најдобар кастинг и филмска екипа, а ги зеде и наградите за најдобар млад актер, оригинално сценарио и музика. А пак, „Франкенштајн“ ги освои одличјата за најдобра споредна ...
Доколку имате чувство дека треба да направите нешто затоа што ви изгледа исправно и добро за вас, послушајте го тој тивок внатрешен глас. Но, ако при самата помисла на некоја одлука се јавуваат страв, непријатност или стегање во стомакот, можеби токму тоа е знак дека од таа намера треба да се откажете. Што е интуиција? Страв, акумулиран стрес или интуиција: помеѓу колективната анксиозност и нападот од информации Во времето во кое живееме, ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека во моментов не е поволен момент претседателот на Русија, Владимир Путин, да ја посети Будимпешта, бидејќи нема билатерални прашања за кои би требало да се разговара. Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во октомври изјави дека ќе разговара со Путин во Будимпешта, но до таква средба никогаш не дојде, пренесува Ројтерс. Унгарија ќе се исклучи од воената економија и ќе се ...
Цените на зрната арабика во октомври достигнаа нов рекорд откако американските „казнени“ царини го погодија најголемиот светски извозник на кафе – Бразил. Како и насекаде во светот, временските услови стануваат сè понепредвидливи и влијаат врз жетвата, додека американските царини дополнително го зголемуваат притисокот. Годината 2025 завршува со делумна стабилизација на цените на кафето. Тие благо паднаа поради ублажувањето на царините од ...
Во Вевчани, годината не почнува со календарот – туку со Свети Васиља. Со ритамот на тапаните, со писокот на зурлите, со смеата што е истовремено и шега и порака. Овде, меѓу планината и изворите, карневалот не е настан – тој е состојба на духот, наследство што се носи во крвта и се пренесува од поколение на поколение. Вевчанскиот карневал е еден од најстарите живи карневали на Балканот, со корени длабоко вткаени во паганските обреди за ...
Република Северна Македонија останува доследна на европските правила и на мерит-базираниот пристап кон проширувањето. Предлог-акцискиот план за заштита и унапредување на правата за припадниците на заедниците е изработен на македонски и англиски јазик од домашни и меѓународни експерти, во блиска консултација со Совет на Европа и Европската комисија. Документот содржи јасно дефинирани мерки, рокови и надлежни институции и е целосно усогласен со ...
Суд во Париз денеска прогласи десет лица за виновни за дигитално насилство, односно онлајн малтретирање на првата дама на Франција Брижит Макрон, осудувајќи ги на казни кои се движат од задолжителна обука за кибер насилство до условни затворски казни од осум месеци. Судот, како што јави „Монд“, изјави дека обвинетите објавиле „особено понижувачки, навредливи и злонамерни“ коментари, врз основа на лажни тврдења за наводен трансродов идентитет ...
Во организација на Здружението „Бадникови поворки“ утре ќе се одржат Бадниковите поворки, најголемата народно-културна и духовна манифестација во Македонија, посветена на радосното и достоинствено најавување на Христовото Рождество – Божиќ. Годинава, Бадниковите поворки ќе се реализираат во рекордни 80 градови и населени места низ Македонија, како и во македонската дијаспора во Словенија, Италија, Австрија, Франција и Соединетите Американски ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска во Битола, на паркингот на спортската сала „Боро Чурлевски“, ќе присуствува на промоција на дел од предвидената опрема за управување со отпад (возила и контејнери/канти) за општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион. Како што соопштуваат од Владината прес – служба, оваа опрема е сегмент од придонесот на Владата, Министерството за животна средина и просторно планирање и меѓународните ...
Бугарските власти преку соопштение објавено на интернет страницата на бугарското Министерство за надворешни реагираше на вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски во која тој рече дека на Бугарија ѝ пречело тоа што на македонски јазик е напишан Акцискиот план за малцинства, испратен од Македонија до Софија. Бугарија изразува загриженост поради отстапувањата на Скопје од Европскиот консензус од 2022 година. „Република Бугарија со ...
За време на Втората светска војна, Шлос и нејзиното семејство биле протерани од Австрија и живееле како бегалци во Холандија. Откако се криеле од нацистите, семејството било уапсено и депортирано во концентрациониот логор „Аушвиц“. Ева, заедно со мајка ѝ Елфриде (подоцна Франк) го преживеале логорот, додека брат ѝ и нејзиниот татко починале во тоа заробеништво. По ослободувањето на логорот во јануари 1945 година од страна на советската ...
Во новата година Дирекцијата за заштита и спасување се засилува со уште еден професионален пилот. Се работи за пензионираниот армиски полковник Роберт Малезански, воен пилот кој во својата кариера има управувано и дејствувано со различни типови на летала вклучително и борбени авиони „галеб“, „супер галеб“, „МиГ“ 21, „сухој“ 25 и борбени хеликоптери „Ми“ 17 и „Ми“ 24 како и со различни типови спортски авиони. Во неговата армиска кариера, ...
Сега веќе е јасно. Толку беше од Рубен Аморим. Пречекан со големи соништа, ама ништо од тоа. И дефинитивно се покажа дека Португалецот не е ниво на тренер кој би дигнал заспаниот џин од “Олд Трафорд“. Секако дека е точен заклучокот дека овој Јунајтед на Аморим е убедливо најлошиот Јунајтед во поновата историја. Еве зошто:Аморим го напушта „Олд Трафорд“ по 14 месеци на функцијата, во кои оствари само 24 победи во 63 натпревари, со 18 нерешени ...
Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, денеска формираше комисија за ослободување на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, и неговата сопруга Силија Флорес, кои американските специјални сили ги приведоа во Каракас и ги префрлија во Њујорк. Министерот за информации на Венецуела, Фреди Нањез, соопшти дека е формирана „комисија на високо ниво“, на чие чело ќе биде претседателот на венецуелскиот парламент Хорхе Родригез, ...
Сега е веќе и официјално. Имено пред неколку минути се огласи и Манчестер Јунајтед. Во соопштението од страна на клубот се вели дека Рубен Аморим не веќе нивни тренер: “Рубен Аморим ја напушти функцијата главен тренер на Манчестер Јунајтед.Рубен беше назначен во ноември 2024 година и го водеше тимот до финалето на УЕФА Лигата на Европа во Билбао во мај. Со оглед на тоа што Манчестер Јунајтед е шести во Премиер лигата, раководството на клубот ...
Подводното видео прикажува суштество коешто, наводно, изгледа како праисториско чудовиште... Со оглед на тоа што се истражени само околу пет отсто од светската морска шир, не е изненадување ако овие суштества што изгледаат како од кошмар или хорор-филм, се кријат во темнината... Ако страдате од таласофобија - силен страв од вода и морски пространства, следните сцени би можеле да бидат вознемирувачки. На видеото, првично, не може јасно да се ...
Рубен Аморим досега не доби отказ за катастрофалните резултати на Манчестер Јунајтед, но доби поради она што го кажа на пресот после тие 1:1 кај Лидс. Фудбалската јавност на Островот е фрапирана за неговиот коментар дека тој е менаџер на Јунајтед а не тренер. Исто така тој кажа некои работи што не му одат во прилог на раководството на некогашнииот гигант од “Олд Трафорд“. Утринава, барем според фамозниот Фабрицио Романо тој добил отказ, се ...
Околу 45.000 домаќинства и повеќе од 2.200 бизниси во населбите Николасе, Зелендорф, Ванзе и Лихтерфелде беа исклучени рано во саботата, откако каблите што водат до електроцентрала беа запалени од, како што ги идентификуваа властите, група левичарски милитанти, јави ДПА. Оттогаш, на околу 14.000 домаќинства и околу 500 бизниси повторно им е воспоставено снабдувањето со струја, но операторот „Штромнец Берлин“ соопшти дека може да потрае до ...
Би-Би-Си Со апсењето на венецуелскиот лидер Николас Мадуро, Доналд Трамп посилно од кога било ја демонстрираше својата верба во моќта на сопствената волја, поддржана од суровата американска воена сила. Според неговите наредби, САД го ставија Мадуро зад решетки и сега ќе ја „водат“ Венецуела. Оваа драматична најава, со огромни импликации за американската надворешна политика, беше објавена на вонредна прес-конференција во клубот на Трамп ...
Колумбискиот претседател Густаво Петро ги отфрли заканите и обвинувањата на американскиот претседател Доналд Трамп дека е поврзан со трговија со дрога, откако Трамп ѝ се закани на Колумбија со воена акција по примерот на неодамнешниот напад на САД врз Венецуела. Трамп вчера изјави дека Колумбија „ја води болен човек кој сака да произведува кокаин и да го продава на САД“, додавајќи дека тоа „нема да трае долго“. Тој, исто така, се закани дека ...
Десетмината се обвинети за бројни злонамерни изјави за полот на сопругата на претседателот, како и за нејзината разлика во годините со Емануел Макрон. Некои од изјавите вклучуваа обвинувања за педофилија. Обвинетите се соочуваат со затворска казна до две години. Случајот произлегува од теорија на заговор што циркулира на социјалните медиуми од изборот на Емануел Макрон за претседател во 2017 година, во која се тврди дека Брижит Макрон е ...
Автобус со македонски регистарски таблички синоќа целосно излетал од автопатот кај местото Добановци во Србија. Како што јавуваат српските медиуми, незгодата се случила на правецот од градот кон излезот. Засега нема официјални информации за состојбата на патниците и возачот на автобусот. Според првичните извештаи од местото на настанот, возач на друг автобус веднаш застанал за да им помогне на загрозените. Сообраќајната незгода се случува во ...
Така е кога ќе кажеш нешто што не треба, а посебно кога си играч на Баерн Минхен и имаш само 17 години и си мега – талент, и си љубимец на сите во таборот на баварскиот гигант. Ленарт Карл има само 17 години, но веќе ја носи етикетата на еден од најголемите таленти во светскиот фудбал. Роден во Фрамерсбах, во срцето на Баварија, целата негова фудбалска кариера е поврзана исклучиво со Германија. Тој помина низ младинскиот систем на Баерн, ...
Познатата актерка, режисерка и хуманитарка, имено, го продава својот имот „Сесил Б. Демил“ во Лос Анџелес, вреден 25 милиони долари, каде што живее од 2016 година и веќе го покажува на потенцијални купувачи, пишува „Пејџ сикс“ (Page Six). Главната причина за заминувањето на Џоли, која е на самиот почеток од шестото десетлетие од својот живот, е нејзиниот мачен развод од поранешниот сопруг Бред Пит (62), со кого конечно постигна спогодба на ...
„Ќе тргнеме во тој правец, ќе ги поправиме работите. Ќе имаме избори во вистинско време, но главната работа што треба да ја поправите е дека тоа е распадната земја“, рече тој, пренесен од ДПА. „Мораме да направиме едно нешто во Венецуела, да ја вратиме. Во моментов е мртва земја.“ Трамп рече дека ќе има „големи инвестиции од нафтените компании за да се врати инфраструктурата“ во Венецуела. „Компаниите се подготвени да одат. Ќе влезат. Ќе ја ...
И дефинитивно Арсенал не се шегува. Микел Артета и неговите избраници сакаат титула во ПЛ по цели 22 години, а сакаат и титула во ЛП за првпат во клупската историја. Токму затоа посакуваат и адекватни засилувања за уште посилен Арсенал. Имено, според шпанските медиуми, Арсенал ја испратил првата официјална понуда до Реал Мадрид за Родриго. „Топџиите“ се тим кој го следи Родриго веќе некое време и го сметаат за еден од најдобрите играчи во ...
Ванг, кој е и член на Политбирото на Централниот комитет на Кинеската комунистичка партија, ја даде оваа изјава за време на седмиот круг од стратешкиот дијалог меѓу министрите за надворешни работи на Кина и Пакистан со првиот дипломат и вицепремиер Мохамед Ишак Дар во Пекинг. Ванг изјави дека актуелната меѓународна ситуација е понестабилна и меѓусебно поврзана, при што едностраниот притисок станува сè посериозен. Ненадејната промена на ...
„Го следиме тоа многу внимателно. Ако почнат да убиваат луѓе како што правеа во минатото, мислам дека ќе бидат многу силно погодени од САД“, изјави Трамп пред новинарите во авионот „Ер Форс Уан“, јави ДПА. Тој не објасни какви чекори би можеле да разгледаат САД. Најмалку 19 демонстранти се убиени за време на немирите, објави вчера организацијата „Иран хуман рајтс“, со седиште во Осло, додавајќи дека стотици други се повредени и уапсени, ...
Вежбата, пренесе ДПА, била спроведена вчера под надзор на Ким. Хиперсоничните ракети биле лансирани од Пјонгјанг кон североистокот на земјата и ги погодиле своите наменети цели на 1.000 километри оддалеченост, соопшти КЦНА. Агенцијата соопшти дека Ким вежбата ја оценил како „многу важна стратешка задача за одржување и проширување на моќно и сигурно нуклеарно средство за одвраќање“. Информациите дадени од севернокорејските власти не можеа да ...
Во разговор со новинарите, Трамп ја опиша Колумбија како „многу болна“ и рече дека земјата ја води „болен човек кој сака да прави кокаин и да го продава во САД“. „Тој нема да го прави тоа долго време“, рече Трамп, без да објасни што мислеше. Трамп претходно упати повеќекратни вербални напади врз колумбискиот претседател Густаво Петро, но не го спомена по име за време на разговорот со новинарите на летот за Вашингтон од неговата резиденција ...