Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Британската музичка ѕвезда Хари Стајлс (32) повторно испиша историја и си обезбеди место во Гинисовата книга на рекорди. Откако во рамките на својата турнеја „Together, Together“ ја заокружи импресивната низа од 12 последователни концерти на стадионот Вембли, тој стана првиот изведувач на кого му успеало тоа, со што го потврди својот статус на еден од најголемите музичари на денешницата. Го сруши рекордот на Колдплеј Стајлс го започна својот ...
Европскиот парламент ги потврди ажурираните права на патниците во воздушниот простор, при што се задржуваат постојните временски прагови за остварување право на отштета во случај на откажување и доцнење на летовите и се сузбива практиката на одбивање да се качи патникот на повратен лет само затоа што не го искористил билетот во едниот правец. Европската Унија во 2004 година воведе правила за заштита на правата на патниците во случаи на ...
Се вршат, во тек се, низа мерки за спречување и казнување на учесници во семејно насилство и заштита на жртвите од него, од полициски до казнени мерки а, секако, и превентивните кои се брза и прва помош за жртвите. Една од наведените превентивни и заштитни мерки е брза дојава за семејно насилство преку телефон, апликација токму за таа намена. Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамет Али најави дека наскоро граѓаните ќе ...
Пред вечерта да продолжи како патување низ поп историјата на Duran Duran, сцената во Скопје ја отвори Дина Јашари. Млада, смирена и своја. Нејзиниот настап донесе свежина пред големиот концертен момент, а нејзиниот изглед беше тивко заокружен со детали од Божиновски: Tissot PRX 25mm и TI SENTO Classic Zirconia Necklace. Tissot PRX 25mm е часовник што го носи шармот на 70-тите во современа, префинета форма. Неговиот modern-vintage карактер ...
Министерот за одбрана на Јапонија, Шинџиро Коизуми на социјалната мрежа X објави дека остварил прва средба со министерот за одбрана на Република Македонија, Владо Мисајловски. ‒ Прва средба со министерот за одбрана на Република Македонија, Мисајловски. Минатата година беше реализирана посетата на министерот за надворешни работи, прва по три години, па со голем интерес се разговараше дека следната посета би можела да биде на министерот за ...
На покана на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес учествува на Самитот на НАТО во Анкара, како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Силјановска-Давкова. Главни теми на Самитот, на кој се очекува да бидат донесени важни одлуки за иднината на Алијансата, се зајакнувањето на колективната одбрана, инвестициите во одбранбените ...
Првичните резултати од форензичката обдукција на 24-годишната студентка од Македонија, која беше пронајдена почината во стан во областа Сикиес во Солун, покажуваат дека засега нема индиции за насилна смрт. Според информациите што ги објави грчкиот медиум „Thestival.gr“, првите наоди упатуваат на можни патолошки причини, односно дека смртта можела да настапи како последица на здравствен проблем или природен процес во организмот. Од ...
Латино дивата Џенифер Лопез, откако ги засени сите на свадбата на Тејлор Свифт, се упати кон Париз, каде што дополнително ја „загреа“ атмосферата со провокативна модна комбинација. За „Градот на светлината“, славната Џеј Ло избра тесен црн фустан со нагласен горен дел што потсетува на корсет, но деколтето беше главната ѕвезда на ова нејзино издание. Како што се вели во коментарите на социјалните мрежи, никој не успеа да ја погледне славната ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска и првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали, заедно со комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос ќе го посетат Државниот студентски дом „Стив Наумов“, каде се одвиваат активности за темелна реконструкција. На крајот на мај министерката Јаневска направи увид во работите на реконструкцијата на овој студентски дом. Јаневска тогаш изјави дека ...
Мундијалот влегува во завршницата. Завршија осминафиналните мечеви, а пред нас се четвртфиналните. Аргентина повторно “режираше“ спектакл, одново се мачеше со селекција од Африка, ама сепак на чудесен начин го победи Египет со 3:2. На вториот меч Швајцарија по тие 0:0 успеа да победи на пенали. Наш денешен аналитичар во рубриката “Коментар на денот“ е Мирсад Јонуз. -Светскиот првак повторно се “извади“… „Спектакуларен меч кој може и треба да ...
Американскиот претседател Доналд Трамп првпат се огласи по ноќните американски воени удари врз Иран, порачувајќи дека Соединетите Држави извеле силни напади врз иранските цели и дека, според него, повеќе не може да станува збор за никакво примирје меѓу Вашингтон и Техеран. Говорејќи на самитот на НАТО во Турција, Трамп изјави дека американската војска извела многу силен напад и јасно стави до знаење дека дипломатските напори се завршена ...
Македонија постигна силен напредок во рамките на Реформската агендата и сега е меѓу водечките земји во Западен Балкан. Ова заслужува признание. Логиката на нашата финансиска поддршка е едноставна: колку повеќе една земја ги исполнува реформите, толку повеќе поддршка добива. Комисијата сега ги оценува перформансите на сите партнери од Западен Балкан, реформа по реформа, вели во интервју за МИА еврокомесарката за преговори за проширување и ...
Американските воздушни напади врз Иран од синоќа беа „четири или пет пати“ поинтензивни од претходните американски одговори на иранските прекршувања на меморандумот за разбирање, изјави новинарот на „Аксиос“, Барак Равид, цитирајќи американски функционер. Според неговиот извештај, целите на нападите вклучувале локации за воздушна одбрана, ракети земја-воздух, системи за крајбрежен надзор, места за лансирање беспилотни летала, пристанишни ...
Најголемиот музички фестивал што ќе се одржи под отворено небо ова лето на 8-ми август на Ракометното игралиште во Битола, ќе биде С.О.С. фестивал. Замислен како музички настан со префинето селектирана концертна програма од врвни македонски музички артисти, тој е и своевиден повик на музичка борба против увезениот турбофолк, шундот и кичот. Токму затоа учесниците на С.О.С. фестивал се жанровски различни, но врвни македонски музички ѕвезди ...
Лизгањето на земјиштето се случи во вторник наутро во селото Рензанг, во општината Нанхе, при што 33 лица останаа затрупани, објави „Глобал тајмс“. По несреќата, на терен веднаш беа испратени екипи за итни случаи, противпожарни единици и припадници на службите за јавна безбедност, кои започнаа операција за пребарување и спасување. Во знак на сеќавање на жртвите, владините претставници и новинарите присутни на конференцијата оддадоа почит со ...
Завршена е реконструкцијата на железничката обиколница Скопје, пруга од Драчево до Илинден со што се овозможува пренасочување на товарните возови надвор од Скопје. По оваа делница ќе се одвива исклучиво товарниот железнички сообраќај што ќе овозможи подобра организација и развој на целокупниот транспорт. - Драго ми е што правиме тест возење на обновениот железнички коридор, практичната обиколница на Грaдот Скопје, линијата меѓу Дрaчево и ...
Светското првенство почнува да ја истрошува норвешката репрезентација. Пред четвртфиналето против Англија во сабота, неколку играчи се болни и имаат помали здравствени проблеми. Селекторот Столе Солбакен ги потврди информациите за норвешките новинари. „Всушност, само Странд Ларсен имаше треска, но има и неколкумина кои имаат кашлица и засипнатост. Има климатизација, летови, соблекувални и сè тоа си го зема данокот и на здравјето. Во екипата ...
Францускиот претседател Емануел Макрон се најде во центарот на вниманието за време на официјалниот прием во Анкара, откако турските медиуми објавија дека се обидел да ѝ ја бакне раката на сопругата на турскиот претседател, Емине Ердоган, но таа ја повлекла раката и не го прифатила гестот. Макрон пристигна во Анкара за да учествува на 36. самит на НАТО и присуствуваше на гала вечера организирана за шефовите на држави и влади и нивните ...
„Мислам дека беше апсолутно неопходно, бидејќи постои примирје, а Иран очигледно го крши. Видовме што се случи вчера со нападите врз бродовите“, рече Руте денес во Анкара, на маргините на самитот на НАТО. „Апсолутно е клучно САД да одговорат решително“, додаде тој пред консултациите на лидерите на 32-те членки на НАТО Во меѓувреме, Кувајт беше нападнат, додека утрово во Бахреин се огласија сирени за воздушен напад, откако иранските медиуми ...
Американските воздушни напади врз Иран од синоќа беа „четири или пет пати“ поинтензивни од претходните американски одговори на иранските прекршувања на меморандумот за разбирање, изјави новинарот на „Аксиос“, Барак Равид, цитирајќи американски функционер. Според неговиот извештај, целите на нападите вклучувале локации за воздушна одбрана, ракети земја-воздух, системи за крајбрежен надзор, места за лансирање беспилотни летала, пристанишни ...
Mотото „Посилна Европа - Посилно НАТО“ според мене значи дека проширена и обединета Европа е посилна Европа. Но, најсилната Европа е Европа која живее во мир и демократија базирана на принципи и вредности. Тоа е мојата порака, истакна претседателката Гордана Сиљановска Давкова во кусата изјава за медиумите пред состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, што се одржува во претседателскиот комплекс „Бештепе“ во ...
Меѓу СДС и Левица не може да се најде разлика, тие се едно исто. Настапите им се синхронизирани, ставовите исти. Што денес зборува Венко Заев, тоа утредента го зборува Димитар Апасиев, тоа што го вели и пишува СДС, уште веднаш го повторува политичката партија Левица, соопшти владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Во партиското соопштение се наведува дека договорот меѓу Левица и СДС за координирано дејствување, кога станува збор за блокирање на ...
Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) открила мрежа за шверц на фалсификувани кондоми кои биле дистрибуирани низ Европа, при што биле запленети повеќе од 200.000 парчиња со потекло од Кина. Според информациите, кондомите биле лажно декларирани како играчки, а биле запленети во Романија, Србија и Шпанија. Вредноста на запленетата стока надминува 200.000 евра. Од ОЛАФ предупредуваат дека производите не ги исполнувале ...
Легендарниот германски фудбалер Лотар Матеус призна дека е среќен што Бразил е елиминиран од Светското првенство. Тој исто така го обвини Нејмар дека го ставил своето его пред успехот на тимот за време на елиминацијата од Норвешка во осминафиналето, објави Goal.com. Во својата колумна за германскиот „Скај“, Матеус не штедеше зборови кога го критикуваше бразилскиот настап. „Мило ми е што Бразил е елиминиран. Едноставно не можам повеќе да ги ...
Неколку улици во Менхетен, Њујорк, се евакуирани за време на утринскиот шпиц откако зграда во реновирање покажа знаци на уривање. Нема пријавено повредени. „Два носечки столба се свиткаа, а подовите претрпеа повеќекратни пукнатини и вдлабнатини. Зградата останува нестабилна. Откако пристигнавме на местото на настанот, забележавме понатамошно движење на еден од ослабените столбови“, изјави градоначалникот Зохран Мамдани на прес-конференција. ...
Египетската фудбалска асоцијација поднесе официјален протест до ФИФА во врска со судењето на осминафиналниот натпревар од Светското првенство во 2026 година против Аргентина (2:3). Африканците се незадоволни од некои од одлуките донесени од судијата Франсоа Летексие, кој, според нив, одиграл „одлучувачка улога“ во победата на противникот. Во својата жалба, Египетската фудбалска асоцијација побара истрага за контроверзните инциденти на ...
Најмалку четири танкери за нафта и гас се откажаа од планираниот премин низ Ормускиот теснец и се вратија назад, покажуваат податоците за следење на бродовите објавени од Ројтерс. Пренасочувањето на бродовите доаѓа откако обновените напади во клучната бродска линија драматично ги зголемија безбедносните ризици. Пресвртот доаѓа откако вчера во близина на теснецот беа оштетени катарски танкер за течен природен гас (LNG) и танкер за сурова ...
Но, иако продуктивноста е важна за професионален развој, и нашата личност игра голема улога. Студија на група економисти од Универзитетот во Кембриџ покажа дека една особина на личноста е особено важна за оние кои сакаат да заработат повеќе. Совесноста како индикатор за приход Истражувањето се базира на теоријата „Големите пет“ особини на личноста, според која личноста може да се опише преку пет димензии: отвореност, совесност, ...
Швајцарија е последниот патник во четвртфиналето. Откако по истекот на регуларниот дел и по двете продолженија 2Х15 минути беше 0:0 против Колумбија, победникот беше решен по изведување на пеналите. И тоа во петтата серија. Швајцарецот Рубен Варгас го совлада колумбискиот голман Камиљо Варгас и со пенал – серијаата заврши со резултат 4:3. Избраниците на селекторот Мурат Јакин во 1/4 финалето се среќаваат со Аргентина, меч кој се игра во ...
Колумнистката на порталот The Verge, Викторија Сонг, имаше можност истовремено да ги испроба новите паметни наочари на Мета (Фејсбук) и паметниот прстен Vocci. Наочарите ѝ овозможија да сними видео и прстенот за снимање на звук, а напиша и интересен осврт за своето искуство. Авторката ја започнува статијата со коментар за тоа како Холивуд истовремено ги постави и уништи нашите очекувања за паметни Наочари. Но, откако изгледаше две сезони од ...