Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Министерството за финансии на Бугарија објави дека земјата успешно издаде обврзници со вкупна номинална вредност од 2,5 милијарди евра на меѓународниот пазар на капитал. Ова е воедно прво задолжување на Софија на странски пазар по официјалното пристапување кон Еврозоната, пренесува БТА. Државата го зголеми обемот на обврзници што доспеваат во 2032 и 2038 година за по една милијарда евра, додека емисијата на обврзници што доспеваат во 2045 ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го напушти самитот на НАТО во Анкара со стар авион „Air Force One“, наместо со нов авион „Боинг 747-8“ дониран од Катар, поради безбедносни мерки поврзани со обновувањето на конфликтот со Иран. Како што изјавија за „Њујорк тајмс“ (NYT) извори запознаени со плановите, замената на авионот ја препорачала американската тајна служба, а одлуката американскиот претседател да не го ...
Нема голови во Бостон по првото полувреме од првиот меч во 1/4 финалето. Франција – Мароко 0:0 е резултатот а за тоа е “виновен“ голманот на Мароканците, Боно кој бранеше фантастично. Успеа да му одбрани и удар од белата точка на Килијан Мбапе во 28.минута откако Мазрауи го фаулираше капитенот на Франција. “Триколортите“ може да жалат со оглед на тоа дека имаа барем 3-4 големи шанси, но на пауза мораа да заминат со тие 0:0. Франција ...
Според извештајот на Турскиот институт за судска медицина, актерката починала од труење со алкохол, односно интоксикација со етил алкохол. Во извештајот се наведува дека во нејзиното тело се пронајдени и одредени лековити супстанции за кои е познато дека ги засилуваат ефектите на алкохолот врз централниот нервен систем. Еџе Иртем почина на 15 јуни во нејзиниот дом во Истанбул, каде што во тоа време била со нејзината мајка. Нејзиниот адвокат ...
Египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси го отвори проектот „Нова Делта“, амбициозен план за претворање на пустината во обработливо земјиште, со цел зголемување на домашното производство на храна, намалување на зависноста од увоз и создавање повеќе од два милиони работни места. Церемонијата се одржа на ново земјоделско земјиште западно од делтата на Нил, за време на жетвата на пченица. Владата го опишува проектот како најголем проект за ...
Тензична расправа за ребалансот на Буџетот, Фатмир Битиќи од СДСМ со навреди кон министерката и заменик-министерот за финансии. На продолжението на расправата за предлог – ребалансот на буџетот, на моменти беше и тензична. Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, со иронични коментари и навреди кон министерката и заменикот – министер за финансии. -Бездната во која што пропаѓате е многу длабока. Имате уште да одите надоле и во тоа ве смести ...
Сега веќе и дефинитивно се знае дека Јирген Клоп е новиот селектор на Германија. Првиот човек на Германската фудбалска асоцијација (DFB), претседателот Бернд Нојендорф и потпретседателот Ханс-Јоаким Вацке, овој викенд патуваат во Њујорк за да склучат договор со Јирген Клоп за преземање на селекторската клупа на германската репрезентација, пишуваат германските медиуми. Според договорот, Клоп треба да потпише четиригодишен договор што би го ...
Индиската држава Западен Бенгал е потресена од немири во последните неколку дена поради силувањето и убиството на 11-годишно девојче, злосторство кое предизвика лавина од насилни протести, линчување и убиство од страна на полицијата на еден од осомничените. Телото на детето беше извлечено од езерото во недела, еден ден откако нејзиното семејство пријави дека е исчезнато. Поради инцидентот во селото Сурџапур на периферијата на Калкута, уште ...
Меѓународниот аеродром Палм Бич во американската држава Флорида денес официјално беше преименуван во „Меѓународен аеродром „Претседател Доналд Џ. Трамп“, но неговиот трицифрен код за авијација ќе остане непроменет до 18 август, кога постојниот код PBI ќе биде заменет со DJT, објави CBS News. Гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, републиканец, во март потпиша закон со кој официјално го именува аеродромот во чест на американскиот претседател ...
Остатоците беа пронајдени по 12-часовно пребарување, пишува Би-Би-Си. Пребарување и пронаоѓање на остатоците Пакистанската аеродромска управа вели дека се во тек напори за лоцирање на екипажот на приватниот товарен авион К2 Ервејс. Тој летал од Карачи, град во јужен Пакистан, до Шарџа во Обединетите Арапски Емирати. Според соопштението за медиумите, во вторник во 21:21 часот по локално време, авионот одеднаш ја изгубил висината и контактот ...
Пратениците од СДСМ кои се дел од „Платформата 12.05“ наречена „Разговори за иднината“ велат дека на покани без датум, време и место за средби со лидерот на СДСМ нема да одговараат, јавува Телма. Нивното соопштение е одговор на најавите на СДСМ дека Извршниот одбор донел одлука да ги повика на дебата, но само внатре во партијата СДСМ „а не преку медиуми“, oткако претходно, на седницата биле презентирани и ставови поостро да се постапи со овие ...
Станува збор за утринската трка на гостите до базенот за да ги земат најдобрите лежалки, а овој „ритуал“ е наречен „војна на пешкири“. Видеото прикажува група туристи собрани пред затворениот влез во базенскиот комплекс. Штом персоналот ја отвори вратата, започнува вистинска лудост - гостите брзаат кон лежалките, ги оставаат своите крпи на нив и се обидуваат да обезбедат место за остатокот од денот, пишува порталот „Слободна Далмација“. ...
Во сабота од 23 часот се игра дуелот од 1/4 финалето на СП меѓу Англија и Норвешка. Секако дека ова во фудбалскиот свет предизвикува големо внимание, особено по фантастичните игри на Норвежаните и пред се Ерлинг Халанд во изминатиот дел од Мундијалот. Па така се прават разни најави за оваа мега – пресметка, а интересно е тоа што е направено видео со помош на вештачка интеленција во кое е претставено како Викинзите, Халанд и Одегард со ...
Актерот Џорџ Клуни, кој заедно со сопругата и децата доби француско државјанство на крајот од 2025 година, е вклучен на листата на 500 најбогати луѓе во Франција оваа година, благодарение на неговата актерска кариера, но пред сè на неговите деловни потфати, пишува денеска „Ле Фигаро“. Холивудската ѕвезда е вклучена во познатата годишна ранг-листа објавена од списанието „Предизвици“ и со тоа се приклучи на оваа престижна група богати луѓе со ...
Според најновиот извештај од конгоанската влада, епидемијата, која беше прогласена на 15 мај, досега регистрирала 1.759 заразени лица во источните провинции Итури, Северен Киву и Јужен Киву, објави Ројтерс. Сепак, вкупниот број на случаи во моментов не ги вклучува двата нови случаи од Кисангани, главниот град на провинцијата Тшопо и еден од најголемите градови во земјата. Еден од случаите е поврзан со здравствената зона Њани во провинцијата ...
Иако минаа неколку дена од скандалот со поништениот црвен картон на Балогун и тоа по желба на Доналд Трамп, иако САД се елиминирани од шампионатот, фудбалскиот свет не претстанува да бруи за ова. Еден од оние кои беше најексплицитен во својот коментар е Јошко Јеличиќ, некогашен фудбалер на Хајдук и Динамо Загре, репрезентативец на Хрватска а сега аналитичар. Еве што кажа Јеличиќ за медиумите во Хрватска… „Ајде малку да ја подигнеме работната ...
Пикантериите од Мундијалот никако да престанат. Иако на турнирот преостанаа уште поприлично малку селекции, сепак, интересни информации за кои јавноста секогаш е гладна не недостасуваат. Последна во редот такви е онаа која што вели дека фудалската репрезентација на Франција, која што инаку токму вечерва го игра мечот од четвртфиналето против Мароко, како превозно средство за време на турнирот користела летала на „Глобал Кросинг Ерлајнс“ ...
„Господинот Трамп очигледно беше многу зафатен по сите контакти во Анкара, па никој не се јави вчера“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, осврнувајќи се на разговорите што американскиот претседател ги имаше за време на неговата посета на турската престолнина, каде што учествуваше на 36-от самит на НАТО, пренесува Анадолу. Путин е отворен за дијалог Песков продолжи велејќи дека Путин, иако повикот не се одржа, секогаш е подготвен да ...
Манчестер Јунајтед постигна договор со Челзи за трансфер на бразилскиот играч од средниот ред Андреj Сантос. Договорот е вреден 50 милиони фунти (околу 58 милиони евра), при што 48 милиони фунти ќе бидат исплатени веднаш, додека дополнителни 2 милиони фунти се поврзани со лесно остварливи бонуси. Лондонскиот клуб, исто така, ќе задржи десет проценти од секоја последователна продажба на играчот. Преговорите беа завршени многу брзо, бидејќи ...
Само што заврши неговата деветгодишна кампања како селектор на Хрватска, Златко Далиќ веќе има понуди да преземе друга селекција. Најуспешниот селектор во историјата на Хрватска, со освоени второ и трето место на Мундијалите, по елиминацијата на овогодинешниот Мундијал во осминафиналето, реши да се раздели со „Коцкастите“. Тоа секако едвај го дочекаа голем дел од репрезентациите ширум светот кој што веднаш го контактирале Далиќ или неговите ...
Имаше 75 години. Веста беше објавена на нејзината официјална веб-страница, пишува Би-Би-Си. Починала во болница во Португалија Во пораката објавена од нејзиното семејство и тим, се вели дека се скршени од веста дека Бони починала неочекувано синоќа во болница во Португалија, како резултат на болеста од која се лекувала. „Наскоро ќе објавиме дополнително соопштение, а засега бараме приватност додека се справуваме со оваа трагедија“, се додава ...
Вашинтон изведе околу 90 напади врз воени цели, претежно на југот на Исламската република. Техеран по подолго време пријави 14 жртви и возврати со проектили врз американски воени бази во Кувајт, Бахреин и Катар. Трамп, кој вчера на самитот на НАТО во Анкара објави крај на примирјето, денеска тврди дека Иран настојувал двете страни да се вратат на преговарачка маса. -Тие толку очајно сакаат да склучат договор. Се јавија пред малку и очајно ...
Трагедија го погоди романскот фудбал. Некогашниот репрезентативец на оваа земја, Габриел Мурешан, почина на 45 годишна возраст, откако се удавил во езерото кое се наоѓа блиску до неговиот град. Инаку Мурешан ја извршуваше функцијата градоначаник, на градот Аполд, а Фудбалската Федерација на Романија ја потврди погибијата на репрезентативецот кој што деветпати го носеше дресот со национален грб. „Романската фудбалска федерација упатува ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата внимателно ја следи состојбата со цените на горивата и дека економските мерки остануваат подготвени доколку биде потребно да се реагира. Одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Битола, Мицкоски нагласи дека Македонија во моментов има најниски цени на бензинот и дизелот во регионот, а според него, земјата во јуни забележала и најниска инфлација меѓу соседните држави. -Живееме во ...
Иако сè уште нема фотографии од невестата – таа успеа сè да задржи во тајност – познатите личности споделуваат свои фотографии на Инстаграм. Така, Инес и Бред се појавија на социјалните мрежи – што е и нивна прва заедничка фотографија на Инстаграм – благодарение на фризерката Лаура Занолета, која ја објави сликата. „Мојот омилен љубовен пар“, напиша Лаура во описот. Како што може да се види на фотките, Бред и Инес биле совршено ...
СП 2026 влегува во завршницата. По еден ден пауза, од денеска на програмата се натпреварите од 1/4 финалето. Тука се оние осум селекции кои досега покажаа најмногу на Мундијалот, а четвртфиналето ќе го отворат Франција и Мароко. Моќната, страшната Франција против силниот Мароко во битка за полуфинале. Јасно е дека пред нас е спектакл. Франција влегува во четвртфиналето со пет победи од пет натпревари на Светското првенство, откако ги победи ...
Британската туристка и активистка Алис Чепмен, позната во јавноста по нејзиното учество во флотилата за Газа, доживеала сексуално вознемирување за време на нејзината посета на Босна и Херцеговина, јавува порталот „Црна хроника“. Како што може да се види на нејзиниот инстаграм-профил, Чепмен патувала со автостоп во близина на Мостар кога била нападната од постар маж. Видеото од инцидентот, до кое пристапи веб-страницата „Црна хроника“, го ...
Девет европски земји ја повикаа Европската комисија да го продолжи важењето на флексибилните мерки при примената на Системот за влез и излез (ЕЕС) во вонредни ситуации, тврдејќи дека блокот не е подготвен да ги укине моменталните заштитни мерки поради нарушувањата предизвикани од новиот систем за собирање биометриски податоци на границите на Шенген зоната. Во заедничкото писмо од 7 јули, во кое увид имал медиумот „Политико“, Белгија, ...
Во Бугарија со мали сипаници (морбили) се заразени 446 лица, меѓу кои 368 деца, покажуваат најновите податоци што ги објави Министерството за здравство на таа земја, пренесува порталот „Факти“. Случаи на морбили се регистрирани во 11 области, а најголем број оболени е забележан во областа Враца, каде што се регистрирани над 220 заразени, како и во Плевен и Ловеч, се наведува во податоците објавени на веб-страницата на Министерството. ...
Една расправија меѓу турист и локалното население беше доволна за вниманието на јавноста повторно да се насочи кон необичното градско капалиште во Трст. Плажата на која мажите и жените веќе повеќе од 120 години се капат во одвоени делови повторно го отвори прашањето каде завршува традицијата, а каде започнува современиот поглед на рамноправноста. Плажа која се разликува од сите останати Не е необично некоја плажа да биде позната по чистото ...