Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Англикста арепрезентација на „Хард Рок стадионот“ во Мајами во рамките од 1/4-финалето ќе го одигра дуелот против Норвешка. Дуелот е закажан за в недела од 23:00 часот по европско време, а според информациите репрезентацијата на Англија ќе има огромна поддршка на овој дуел. Поточно, околу 30.000 фанови доаѓаат на Флорида за да и помогнат на Англија да стигне до уште едно полуфинале во историјата. Според „Дејли меил“, Фудбалската федерација ...
Пропаѓањето на Еуростандард банка со „загуба“ од 62 милиони евра предизвика голема штета за штедачите, како и за државата која ги плаќа гарантираниот дел од депозитите. Во јавноста веќе е познато дека најголем дел од кредитите без пшокритие завршиле кај кланот на Заев и Филипче, а сега се утврдува кој им ги дал тие пари и особено со какви мотиви. Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт ...
Она што беше за очекување тоа и се случи. Португалскиот фудбалски сојуз објави дека му се заблагодарува на Роберто Мартинез за досегашната соработка како селектор и му посакува многу среќа во иднина. Португалците имаа големи очекувања за овој Мундијал но завршија во осминафиналето. Шпанија ги сопре во оваа фаза и тоа е крајот на цела една генерација на чело со Кристијано Роналдо. Мартинез ја презеде оваа функција во 2023 година, и ја освои ...
Сите ѝ се восхитувавме на легендарната Џоан Колинс кога во неприкосновено, елегантно и гламурозно издание пред еден месец се појави на Филмскиот фестивал во Кан и нè потсети на магиите на стариот Холивуд, ниту во еден момент не оставајќи впечаток дека има 93 години. Минатиот месец го прослави тој славен 93-ти роденден за кој многу се зборува, а по Кан стана вистинска сензација и жена вредна за восхит. Во прилог на тоа, таа откри уште неколку ...
ЈП „Лајка“ започнува кампања за вдомување на кучињата кои со години чекаат дом, соопштуваат од претпријатието. Во рамки на кампањата насловена „Толку долго чекаат што речиси сите ги знаат по име. Освен нивните семејства“, реализирана е фотосесија на кучињата кои со години остануваат незабележани, иако, како што наведуваат, станува збор за здрави миленици, социјализирани и подготвени за вдомување. – Во наредниот период, јавноста ќе има ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против три лица кои се товарат дека сториле по едно кривично дело – Предизвикување стечај на банка од член 181 став 1 од Кривичниот законик, како и обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 3 во врска со ставовите 2 и 1 од Кривичниот законик. ...
Јавниот обвинител Ненад Савески учествува на состанокот на високо ниво во Париз, Франција, организиран од Европравда и Проектот за кривична правда на Западен Балкан, посветен на прибавувањето, анализата и ефикасното искористување на докази од Скај ЕЦЦ платформата во сложени случаи кои се од областа на организираниот прекуграничен криминал, соопштуваат од Јавното обвинителство. Заедно со Савески на состанокот учествува и јавната обвинителка ...
Последната жестока размена на оган меѓу САД и Иран ги затекна светските лидери на половина од глобалниот собир. САД синоќа нападнаа над 80 цели во Иран како одговор на иранските напади врз комерцијални бродови во Ормутскиот теснец. Техеран возврати со слична мера, истрелувајќи проектили врз 80-ина американски воени цели во Бахреин и Кувајт. Мировните преговори со Иран се губење време, рече Трамп. -За мене, мислам дека (прекинот на огнот) е ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Русија и Украина ќе постигнат договор за прекин на војната, наведувајќи дека тој договор „веќе долго време се разработува“, како и дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е „многу ефикасен“ и дека „врши неверојатна работа“. Говорејќи пред новинарите на маргините на самитот на НАТО заедно со Зеленски, тој оцени дека Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин се „тешки ...
Седумдесет и едногодишен прилепчанец е лишен од слобода откако бил пријавен за полово вознемирување и обид за несоодветно допирање на 40-годишна жена во нејзиниот дом во Прилеп. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 7 јули 2026 година околу 19 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.В. (71) од Прилеп, постапувајќи по пријава од 40-годишна прилепчанка. Според пријавата, додека жената се ...
Русија повеќепати ја предупредува Турција за постојаните обиди на Киев да ги нападне инфраструктурните објекти на „Син тек“ и „Турски тек“, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков. „Повеќепати им го свртевме вниманието на нашите турски колеги за многу опасните активности на киевскиот режим и постојаните обиди за напади врз објектите на енергетската инфраструктура поврзани со транспортот на гас преку 'Син тек' и 'Турски ...
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги шокираше европските сојузници со изјавата на самитот на НАТО во Анкара, порачувајќи дека САД по Втората светска војна „не требало да му го вратат Гренланд на Данска“. Говорејќи за Гренланд, Трамп извлече историски контекст од нацистичката окупација за да ги оправда своите територијални претензии кон овој стратешки важен остров. Тој наведе дека, пред сè, за да се знае, Гренланд е многу важен ...
Репрезентацијата на Швајцарија повторно е во самата завршница на еден голем турнир. Синоќа во рамките од осминафиналето совладана е Колумбија по подоброто изведување на пеналите, а сега швајцарците се закажаа дуело со Аргентина. Како што е тоа вообичаено, Швајцарија во својот состав има огромен број на играчи кои што имаат потекло од други земји. Добро се сеќаваме кога во нејзиниот состав имало по пет шест албанци, дел со потекло од ...
Годишната инфлација во јуни изнесува 3,4% што е една од најниските во регионот и по подолг период најниска во земјава. Во Грција таа изнесува 3,9%, во Бугарија 5,6%, Хрватска – 4,5% Словенија – 3,6%, а во Турција 32,11%. Дел од земјите од регионот сè уште ги немаат објавено податоците за инфлацијата во јуни. Така во мај во Косово таа изнесуваше 6,8%, во Босна и Херцеговина 5,6%, Црна Гора 3,6%, во Србија 3,5%, а во Албанија 3%. Иако ...
Спасувачките служби ги пребаруваат водите на Арапското море во обид да пронајдат траги од леталото. Според пакистанската Управа за цивилно воздухопловство, контактот со авионот бил изгубен синоќа, по што веднаш била започната обемна спасувачка операција. Засега не се познати причините за исчезнувањето, а истрагата е во тек. Станува збор за товарен авион „Боинг 737“,кој извршувал редовен лет од Шарџа во Обединетите Арапски Емирати кон ...
Имавме, мошне продуктивна средба со премиерот и во текот на денот ќе се сретнам и со претседателот на собранието, со претставници на граѓанското општество, и секако со младите. Во сржта на пристапниот процес, секако се наоѓаат реформите за кои што зборувавте и за конкретните придобивки за граѓаните, подобрени услуги за јавноста, поедобрени можности за младите кои што ќе придонесат кон попросперитетна економија. Во таа насока навистина гледаме ...
Машки труп бил пронајден во реката Пчиња кај Катлановска Бања, а полицијата и Јавното обвинителство преземаат мерки за утврдување на идентитетот на починатиот и за целосно расчистување на случајот. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 7 јули 2026 година во 14:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во реката Пчиња, во близина на Катлановска Бања, е пронајдено безживотно машко тело. По насоки на јавен обвинител, ...
Англискиот премиерлигаш Фулам го објави назначувањето на Алваро Арбелоа за нов тренер на тимот. Поранешниот тренер на Реал Мадрид потпиша договор до 2029 година. „Огромна чест ми е да ја започнам оваа нова фаза од мојата кариера во Фулам, најстариот фудбалски клуб во Лондон. Чувствувам голема одговорност и искрено им се заблагодарувам на г-дин Кан и Тони Кан за довербата што ми ја укажаа со тоа што ме поканија да го водам Фулам во Премиер ...
Денес, оброкот на секој фудбалер е испланиран до најмалиот детаљ, исто како и најтешкиот тренинг, бидејќи науката вели дека храната директно зависи од тоа како играчот ќе трча и колку брзо ќе се опорави. Норвежаните покажаа колку далеку можат да стигнат во таа дисциплина на Светското првенство. Додека многумина мислеа дека носат своја храна затоа што не им веруваат на домаќините, вистината беше поинаква. Тие имаа прецизен план. Со себе ...
Со 11 гласа „за“, Судскиот совет ја избра Даниела Димовска за нова претседателка на Основниот кривичен суд – Скопје. Таа доби и четири гласа „за“ при гласањето според Бадентеровото начело. Одлуката ја соопшти претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски. „Констатирам дека Советот донесе одлука со која Даниела Димовска се избира за претседател на Основен кривичен суд – Скопје“, рече Камбовски. Во текот на седницата, повеќе членови ...
Премиерот Христијан Мицкоски на заедничката прес-конференција со еврокомесарката Марта Кос порача дека Владата ја цени поддршката што ја добива од Европската комисија и очекува евроинтегративниот процес да се одвива според јасни правила и критериуми. „Ја цениме помошта што ја добиваме од ЕК, стручната и финансиска. Очекуваме ЕУ интеграцијата да остане процес што се темели на јасни критериуми, на вредности и на исполнување на реформските ...
По речиси девет години доработен мандат и освоени втори и трети места на Мундијалите во Русија и Катар, Златко Далиќ одлучи да се повлече од функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Хрватска. Човекот со кој хрватите ги направија најголемите успеси во историјата, и кои што се многу тешко да се надминат во иднина, заминува по настапот на Мундијалот во САД, Мексико и Канада, на кое што „Коцкастите“ ги завршија настапите во ...
СВР Скопје целосно го расчисти случајот од 30.06.2026 во 21:40 часот во парк во општина Аеродром, кога 12-годишно девојче, беше физички нападнато од малолетнички, а други присутни малолетници снимале со мобилни телефони, соопшти предмалку МВР. Во соопштението се вели дека од страна на ОКР Аеродром и Драчево во содејство со ОКР Кисела Вода до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против две малолетнички за сторено кривично дело ...
Тој изјави дека му наредил на американскиот министер за финансии Скот Бесант да ја замрзне сета трговија со таа земја, нарекувајќи го Мадрид „ужасен партнер“ во алијансата. Обраќајќи се заедно со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, пред самитот на НАТО во Анкара, Трамп рече дека не сака САД да соработуваат со Шпанија и ги повтори обвинувањата дека Мадрид не придонесува доволно за заедничката одбрана, пренесе „Ел Паис“. „Не ни зборувајте ...
Мик Џегер се обиде да ѝ препушти дел од креативниот процес на вештачката интелигенција, но искуството му покажа дека технологијата сепак не е замена за човечките идеи. Мик Џегер (82) очигледно не е голем обожавател на вештачката интелигенција. Во разговор за The Times of London, кој го пренесува Salon, легендарниот фронтмен на Rolling Stones раскажа дека се обидел да користи ВИ за да најде идеи за наслов на албумот „Hackney Diamonds“ од 2023 ...
Украински шпион и поранешен полицаец, обвинети за убиство во стил на егзекуција на осомничената за бомбашкиот напад во Монако, за првпат се прикажани на фотографии. Анастасија Березовска (39) била застрелана четири пати во потилот, неколку дена откако наводно детонирала ранец со експлозив пред луксузниот стан на украински олигарх во кнежевството. Вадим Јермолаев (58) бил повреден во експлозијата, додека на неговата наводна љубовница Ана ...
Вистинска драма се случила на плажа во Патра, Грција, кога 64-годишна жена била нападната од опасна риба додека мирно се капела во морето. Според нејзиното сведоштво, таа влегла во водата кога одеднаш почувствувала силен удар и болка. Подоцна ја опишала рибата како суштество со „глава како зајак“, а станува збор за инвазивната и исклучително опасна риба Lagocephalus sceleratus, позната и како сребренообразен фугу. Нападот предизвикал ...
Објавена е интерактивна дигитална Google мапа која ја бележи појавата и ширењето на лагоцефалусот, познат и како риба-зајак, во грчките мориња. Мапата ги прикажува областите во кои оваа инвазивна и исклучително опасна видови досега е идентификувана, овозможувајќи им на граѓаните, рибарите и надлежните служби да го следат нејзиното понатамошно ширење. Што е тоа риба-зајак? Lagocephalus sceleratus е риба која природно го населува Индискиот и ...
Завршена е реконструкција на железничката обиколница Скопје, пругата од Драчево до Илинден со што се овозможува пренасочување на товарните возови надвор од Скопје. Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и диркторот на ЈП Железница Инфраструктура Синиша Ивановски, направија увид до реконструираната пруга каде се изврши и тест возење. По оваа делница ќе се одвива исклучиво товарниот железнички сообраќај, ...
Министерството за финансии изврши трансфер на нови 148,6 милиони денари или 2,4 милиони евра кон Развојната банка, а средствата се наменети за поддршка на инвестиции во домашните компании. Со последниот трансфер од централниот буџет кон Развојната банка вкупната сума којашто е пласирана во домашната економија за реализација на инвестиции од страна на компаниите изнесува 14,5 милијарди денари или 235,8 милиони евра. Вкупниот буџет за ...