Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
НАТО денес објави план вреден околу 4,5 милијарди долари за купување до 10 авиони за надзор „Saab GlobalEye“ за да ги замени своите застарени авиони за рано предупредување „AWACS“, давајќи му на шведскиот систем шанса пред конкурентското решение од американскиот производител на авиони „Boeing“. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека замената на авионите од Системот за воздушно предупредување и контрола (AWACS) од времето на ...
Според истражувањето, учењето втор јазик може да го забави стареењето на мозокот до 13 години, а колку повеќе јазици зборувате и колку порано ги научите, толку подобро, објавува „The Guardian“. Студијата, исто така, откри дека луѓето кои зборуваат три јазици имале мозоци кои изгледале околу седум години помлади, додека оние кои зборувале четири јазици имале мозоци кои изгледале 13 години помлади. Нашите мозоци се составени од милијарди ...
Сите во таборот на селекцијата на Египет по поразот од Аргентина беа гневни, особено Мустафа Зико кој не го криеше своето негодување по елиминацијата во осминафиналето на Светското првенство. Поголемиот дел од критиките ги насочи кон главниот судија Франсоа Летексие. По натпреварот, Зико рече дека Египет одигра одлична игра против актуелните светски шампиони, но верува дека неговата репрезентација не била третирана еднакво на теренот. „Бевме ...
Погребната поворка започна од џамијата Џамкаран и продолжи по авенијата на Пророкот Мухамед, на растојание од околу седум километри, до светилиштето на Хазрат Фатима Масуме. Од раните утрински часови, областа околу светилиштето и патиштата што водат до центарот на Ком беа исполнети со луѓе од целиот Иран, кои дојдоа да се збогуваат со Хамнеи и неговото семејство. ИРНА објави дека, во атмосфера на жалост, собраните по патеката постојано ...
Уф, неверојатен, фантастичен меч одигра Аргентина. Лео Меси и другарите од 0:2 на крај славеа против Египет со 3:2. Ретко сме го гледале Меси да плаче, да рони солзи, посебно кога ќе победи. Но на мечот во Аталанта проработеа емоции и кај најдобриот на сите времиња. Меси не одигра ништо посебно, барем за негово реноме. Само еден гол и една асистенција, не реализираше и пенал, но Меси беше само додадена вредност на оваа Аргентина. Токму Меси ...
Американскиот претседател Доналд Трамп по пристигнувањето во Анкара за самитот на НАТО упати остри критики кон Алијансата, оценувајќи дека сојузниците не им дале доволна поддршка на Соединетите Американски Држави во нивните акции против Иран. За време на средбата со турскиот колега, Ердоган, Трамп рече дека е разочаран од односот на сојузниците, посочувајќи дека сад со години вложуваат огромни средства во безбедноста на земјите-членки на ...
Аргентина – Египет 3:2 е исходот од претпоследниот осминафинален меч на Мундијалот. Уф, каков неверојатен, фантастичен меч во Атланта?. Каков пресврт? Египет водеше со 0:2, ама на крајот 3:2 за Меси и за другарите за пласман во 1/4 финалето. Светскиот првак беше на работ на бездната, но со головите на Ромеро, Меси и Енцо Фернандез го расплакаа Египет. Мирен почеток во Атланта. Но се се промени од 15.минута кога Египет сензационално поведе со ...
„Ми се допаѓа, таа е добра личност, но не беше со нас кога стануваше збор за Иран“, рече Трамп за време на билатералната средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, одржана на маргините на самитот на НАТО во Анкара, пренесува Анса. Трамп и Мелони претходно имаа пријателски односи, но тие се оладија по војната со Иран. Мелони не одговори на коментарот на Трамп, пренесува агенцијата. Trump on Italy's Meloni: I think she is a nice ...
Хари, кој беше во Велика Британија во времето на пресудата, покрена неколку правни постапки против одредени британски медиуми, обвинувајќи ги за злоупотреба на моќ и нарушување на приватноста. Елтон Џон, исто така, поднесе тужба Нему му се придружија и други познати личности, вклучувајќи го и музичарот Елтон Џон, кои поднесоа тужба против издавачот на „Асошиејтед њузпејперс“, тврдејќи дека десетици статии објавени во „Дејли Меил“ и „Мејл он ...
Карло Анчелоти останува селектор на бразилската репрезентација и покрај горчливиот пораз од Норвешка со 2-1 и елиминацијата во осминафиналето на Светското првенство. Искусниот италијански стручњак и Бразилската фудбалска федерација (CBF) изјавија дека долгорочниот проект останува неоспорен, иако репрезентацијата го забележа најлошиот резултат на Светското првенство од 1966 година, пишува Goal.com. Сонот на Бразил за освојување на шестата ...
„Поставив едноставна цел. Целта на морнарицата, но и на Израел, е да ги обезбеди морските линии и слободата на поморската трговија, кои се од витално значење за Државата Израел“, рече Нетанјаху за време на посетата на поморската база во Хаифа, објавува „Тајмс оф Израел“. Неговата изјава дојде, според израелскиот портал, во време кога Иран продолжува да напаѓа танкери во Ормускиот теснец, а јеменската бунтовничка група Хути, која е поддржана ...
Аргентина – Египет 0:1 е резултатот по првото полувреме на осминафиналниот меч во Атланта. Со голот на Јасер Ибрахим во 15.минута, “Фараоните“ сензациоално поведоа. Аргентина можеше барем да израмни, ако се знае дека Меси во 20.минута не реализира пенал, поточно голманот Шобир одбрани. Ова е втор пенал кој Меси не го реализира на СП. Меси потоа ја погоди и стативата од слободен удар, Мекалистер имаше голема шанса, а Алварез имаше зицер, но ...
Познато е дека Мурат Јакин е во состојба да изненади речиси пред секој натпревар со изборот на почетниот состав, а непредвидените промени во неговиот тим со текот на времето станаа еден вид заштитен знак. Сепак, овој пат швајцарскиот селектор нема да се потпира само на тактички изненадувања, туку ќе мора да импровизира и поради бројните проблеми со тимот. Во најлош можен сценарио, Јакин нема да може да смета на Мишел Ебишер, Лука Жак, Џибрил ...
Струјата постепено се враќа Националниот оператор на мрежата „UNE“ соопшти рано во вторник дека повторно ја поврзал централна Куба, од западното пристаниште Мариел до покраината Санкти Спиритус. Сепак, источните и западните делови на островот остануваат без струја. Во главниот град Хавана, струјата беше вратена во околу една третина од градот до вторник наутро, но снабдувањето сè уште беше прекинато и големи делови од градот останаа во ...
Корисник К.М, од Бангалор, “силициумската долина во Индија“, одлучил да ѝ довери на вештачката интелигенција необична задача, да му помогне да ја пронајде својата идна сопруга за шест месеци. За тој проектиздвоил буџет од дури 50.000 долари и поставил рок. Нарачката е од крајот на амј годинава, но се уште нема решение и “испорака“ на невестата а парите се потрошени. Вештачката интелигенција како личен советник Како што наведува, го користи ...
Поранешни американски разузнавачки службеници откриваат дека тактиките за регрутирање на ЦИА честопати вклучуваат задоволување на личните потреби на лицата за кои е заинтересирана ЦИА, а ретко нудат пари или дијаманти, објави NBC. Како што истакнуваат тие, парите ретко функционираат сами по себе, а школарината на детето, медицинската нега што го спасува животот, визата или, во еден извонреден авганистански случај, четири апчиња Виагра, можат ...
Секоја аптека мора да ги има лековите што се на позитивната листа и што се издаваат на рецепт, истакна денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој ги повика граѓаните да пријават во Фондот, преку инфо-мејлот или формуларот за информации, доколку некоја аптека одбие да издаде лек на рецепт. – Секој лек што е на позитивната листа мора да се издава на рецепт, додаде Клековски, одговарајќи на ...
Јули е месец посветен на намалување на количината на пластичен отпад. Секојдневно доаѓаме во контакт со пластика, а според извештајот на Светската организација за заштита на природата (WWF), таа моментално сочинува 95 проценти од целиот отпад што плови во морињата и океаните. Отфрлениот пластичен отпад ги загрозува сите форми на живот и влијае на здравјето. Андреа Човиќ Видовиќ, заменик-шеф на Претставништвото на Европската комисија во ...
Според пописот од 2023 година, во Црна Гора живеат 205.370 Срби, што е 33% од населението. Позицијата на српскиот народ е честа тема во Црн Гора. Ова вклучува неодамнешни политички дискусии за забраните за влез во Црна Гора и за српските граѓани при посетата на државата од страна на српскиот претседател Александар Вучиќ, како и анализи за правата и вработувањето. Последната тензија е неуспешниот обид српскиот јазик да влезе во Уставот како ...
Случајно при една посета на Турција од македонска воена делегација во 1997 година, по 94 години од последниот плотун на Илинден, во Воениот музеј во Истанбул е пронајден оригинален примерок од Црешовото топче. На 2 јули 1997 година при посетата на Република Турција на делегација на Армијата на Република Македонија, во која биле полковниците Гоце Илиевски и Ѓорѓи Ѓуровски, како и мајорите Иљо Сарафиновски и Ванче Стојчев, во Истанбул, во ...
Во стан во Солун, вчера била пронајдена мртва 24-годишна девојка, македонска државјанка, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, веројатно не станува збор за кривично дело, иако властите ги чекаат официјалните резултати од обдукцијата за да се утврдат причините за смртта. Според државната новинска агенција АНА-МПА, откако членови на семејството на девојката не можеле да стапат во контакт со неа, нејзино блиско лице се качило ...
Пораката како што посочи генералниот секретар на Алијансата Руте е дека потребна е модернизација на одбранбените капацитети, во време кога заканите стануваат се покомплексни и понепредвидливи. Алијансата како што оцени тој е на чекор кон трансатлантска одбранбена револуција, чија цел како што нагласи е колективната безбедност на земјите-членки. На овој начин според него, НАТО сака да го засили европското производство на оружје, да ја забрза ...
Издавањето сместувачки капацитети преку Booking нуди предности и привлекува гости од многу земји, но оние кои веќе се присутни на платформата велат дека има и недостатоци, затоа што се случува гостите да резервираат сместување, а да не дојдат или да оставаат негативни коментари, со што се уништува репутацијата на објектот. „Се случува често некој да резервира, а да не дојде и просторот останува празен. Некогаш и гостите оставаат тенденциозни ...
Криминалитетот во државата е на најниско ниво во последните 20 години, а во изминатите две години е намален за 30 проценти, објави Министерството за внатрешни работи. – Денес криминалитетот во државата е на најниско ниво во последните 20 години, а вкупниот криминалитет е намален за 30%. Истовремено, ја зголемивме ефикасноста во откривањето на кривичните дела и нивните сторители на 69%. Во борбата против организираниот криминал сузбивме над ...
Гибралтар го зголеми минималниот услов за нето средства за поединци кои бараат даночен статус во рамките на програмата за поединци со висока нето вредност од 2 милиони фунти на 5 милиони фунти (од 2,3 на 5,8 милиони евра). Сертификатите за таканаречените жители од категорија 2 се издаваат според специјалниот даночен режим на Гибралтар, според кој одобрените жители плаќаат данок само на првите 118.000 фунти (138.000 евра) од оданочливиот ...
Прастариот архипелаг во близина на брегот на Калифорнија би можел од корен да ги промени досегашните научни сознанија за тоа како првите луѓе пристигнале во Америка. На калифорниските Каналски Острови, археолозите пронајдоа човечки остатоци стари околу 13.000 години, траги од древни населби и низа други докази кои упатуваат на тоа дека најраните жители на овој континент пристигнале по морски пат, а не преку копнениот коридор низ мразот, како ...
Колку заработуваат луѓето кои работат во автоиндустријата, или уште подобро оние кои работат во Porsche? Откако ова прашање беше поставено на годишното собрание на акционери, славниот производител на автомобили беше принуден да ја открие својата внатрешна структура на плати. Овие податоци, објавени за првпат, нудат единствен увид во примањата на вработените и покажуваат дека речиси 40 отсто од работната сила заработува повеќе од 100.000 евра ...
Најмалку 11 лица загинаа, а 331 се повредени во силна грмотевици што ја погоди кинеската покраина Хубеи. Пет лица ги загубија животите само во градот Еџо, додека спасувачките екипи сè уште работат на терен. Од понеделник до вторник, силни ветрови придружени со грмотевици ги погодија градовите Хуангши, Хуангганг, Еџоу и Сјанинг. Според Синхуа, налети на ветер од осум до 13 степени по Бофортовата скала се регистрирани во 53 општини, што погоди ...
Според официјалните податоци, во земјотресите со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени, повредени се 16.740 лица, а 17.854 се раселени. Најтешко погодени се главниот град Каракас и крајбрежната област ла Гуаира, каде што продолжуваат спасувачките и хуманитарните активности. Властите информираа дека најмалку 12.800 лица се сместени во 80 привремени засолништа во Каракас и Ла Гуаира.. Според официјалните податоци, во земјотресите со магнитуда од ...
Почеток на воспоставување нов стандард во парламентарниот живот, а не завршување на еден процес е усвојувањето на Кодексот за етичко однесување на пратениците, рече претседателот на Собранието, Африм Гаши, на промоцијата на документот кој претходно беше донесен од пратениците. Пред пратениците и претставници на меѓународната заедница, Гаши истакна дека долговечноста на демократијата ја гарантираат меѓусебната почит, одговорноста и свеста ...