Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Лекар кој фотографирал и снимал стотици луѓе додека ги користеле болничките тоалети конечно ја призна вината за сериозна злоупотреба на довербата. Д-р Рајан Ји Чо (28) од Кројдон Хилс на истокот од Мелбурн, во четвртокот пред Прекршочниот суд во Мелбурн се изјасни за виновен по 13 споени обвиненија кои вклучуваат речиси 900 жртви, пренесува „Дејли Меил“. Чо пред судот го криеше лицето од срам додека беше опкружен од медиумите, а по ...
Се проценува дека повеќе од 5.000 луѓе во Германија починале оваа година поради екстремните горештини, соопшти денеска Институтот „Роберт Кох“ (РКИ), истакнувајќи дека најголемиот број смртни случаи е регистриран за време на топлотниот бран кон крајот на јуни. Според неделниот извештај на РКИ, горештините се поврзани со приближно 5.120 смртни случаи, при што околу 4.270 од нив се однесуваат на лица постари од 75 години, пренесува Ројтерс. Од ...
Двајца жители на Тетовско се приведени поради сомнение дека лажирале сообраќајна незгода со цел да прикажат лажен настан и да остварат осигурителен надомест, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Во описот за настанот од полицијата велат дека на 8 јули во 21:55 часот е пријавено дека на раскрницата на улиците „135“ и „Саво Тасевски“ во Тетово наводно се случила сообраќајна незгода во која четирицикал со тетовски ...
Возачите во Европската Унија ги очекуваат големи промени во правилата за технички прегледи. Европскиот парламент планира да овозможи автомобилите да се прегледуваат и во друга држава членка на ЕУ, но истовремено одби да ги воведе почестите контроли за постарите возила. Една од најважните измени е токму можноста за технички преглед во странство. Ова значително ќе им го олесни животот на граѓаните кои подолго престојуваат надвор од матичната ...
Исто така, ФСБ уапси 25-годишна руска државјанка осомничена за соработка со украинските специјални служби. Според ФСБ, осомничената била регрутирана од украинските служби во 2024 година за да собира разузнавачки податоци и да утврдува локации во Москва и Санкт Петербург што би можеле да се искористат за изведување напади, пренесе „Спутник“. Руската служба изјави дека украинскиот оперативец бил во романтична врска со неа и ѝ ветил ...
Во дел од медиумите денеска се појавија информации дека албанските власти наводно составиле „црна листа“ со повеќе од 60 државјани од Македонија, меѓу кои има функционери и јавни личности поврзани со коалицијата ВЛЕН. Сепак, досега нема официјална потврда од институциите во Албанија дека постои таква листа. Според објавените информации, меѓу лицата кои наводно се наоѓаат на списокот се пратениците Аднан Азизи и Беким Ќоку, како и ...
Премиерот Христијан Мицкоски испрати директен апел до опозициските партии итно да ги усогласат своите ставови околу измените во Изборниот законик, нудејќи им целосна поддршка за нивните предлози, под услов со нив да се унапреди и овозможи гласањето на македонската дијаспора. Мицкоски потенцираше дека времето за калкулации истекува и побара процесот да се заокружи најдоцна до средината на овој месец, со цел државата да продолжи со ...
„Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, освои две номинации за престижните американски телевизиски награди „Еми“. Годинава тие ќе се одржат по 78. пат. Документарецот е номиниран во следните категории: извонредна кинематографија за документарна програма (за кинематограферот Жан Дакар) и исклучителни заслуги во документарното филмско творештво. Двете номинации се доделени за работата на филмот како документарен проект на ...
Градот Скопје известува дека на 13.07.2026 година (понеделник), ќе почне реализацијата на терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје. Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се врши од 13.07.2026 година (понеделник) до 16.07.2026 година (четврток), од 22 до 03 часот наредниот ден. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се ...
Основниот суд во Куманово денеска ја одложи главната расправа против 25-годишниот Трајче Бојковски од Старо Нагоричане, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени, откако обвинетиот не се изјасни по обвинението, а неговиот бранител го откажа полномошното. Во воведниот збор, Јавното обвинителство најави дека преку доказната постапка ќе докажува дека доминантен мотив за извршување на делата била некрофилијата. Обвинетиот беше ...
Ограничувањата на Европската Унија за финансирање на кинески инвертери за соларни и ветерни централи би можеле да го забават или дури и да го сопрат развојот на проекти за обновливи извори на енергија. Поточно, тие би можеле да го забават или сосема да го сопрат развојот на проектите за обновливи извори на енергија во посиромашните земји-членки кои се потпираат на фондовите на ЕУ, предупредија денеска 36 енергетски компании и инвеститори. ...
Славната пејачка Бони Тајлер почина на 76-годишна возраст како последица од перфорација на цревата. Освен големата трага што ја остави во музиката, Бони е позната и по многу мирниот и складен брак во кој беше дури 52 години, сè до нејзината смрт. Пејачката на хитот „Total Eclipse of the Heart“ беше во брак со Роберт Саливан 52 години, а долговечноста на нивната врска ѝ ја припишуваше на фактот што се запознале пред таа да стане славна. ...
Фудбалската репрезентација на Норвешка, противник на Англија во четвртфиналето на Светското првенство, се исели од својот петзвезден хотел во Мајами по само една ноќ поради незадоволство од условите. Тренерот и играчите се пожалија на низа проблеми кои, како што тврдат, им ги нарушиле подготовките за клучниот натпревар, пред кој го напуштиле сместувањето вредно 250 долари од ноќ, пишува Дејли Меил. Ерлинг Халанд и неговите соиграчи првично ...
Во Основниот суд во Куманово денеска започнува судскиот процес против 25-годишниот Т.Б. од Старо Нагоричане, обвинет за повеќе кривични дела поврзани со убиства и обиди за убиство на жени на подрачјето на Општина Старо Нагоричане, соопшти Јавното обвинителство. Според обвинението на Основното јавно обвинителство Куманово, обвинетиот се товари за четири кривични дела убиство и два обида за убиство, квалификувани согласно член 123 од ...
Македонското здравство добива значителна финансиска поддршка од над 573 милиони денари, односно зголемување на буџетот за 7,6%. Во ребалансот на државната каса, здравствената заштита за граѓаните е мерлив и опиплив приоритет. Од претходните 7,566 милиони денари, сега се предвидени над 8,139 милиони денари. Ова претставува едно од најголемите и најзначајните промени во новото буџетско прекројување – изјави Моника Трајанова, пратеник на ...
По речиси 19 години примена на Правилникот за квалитет на течните горива, стапи во сила новата уредба за квалитет на течните горива, со која се воспоставуваат прецизни стандарди за квалитет на течните горива, поголема сигурност за потрошувачите, фер услови за компаниите и поуреден домашен пазар - соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС). Како што наведува МЕРМС, уредбата е донесена во согласност со член ...
Министерството за внатрешни работи со забрзано темпо ја модернизира граничната инфраструктура, позиционирајќи ја државата како лидер во воведувањето на европски решенија за олеснување на протокот на патници и стока во регионот. Со пуштањето во употреба на новите капацитети, Македонија е на чекор да стане една од првите земји на Балканот со целосно функционален интегриран систем на границите. Како што појаснуваат од полицијата, придобивките ...
Посебно внимание предизвикаа фотографиите на кои тој позира во дрес на Наполи и лежи гола во када. По приватната свадба во Палермо на 31 мај, музичката ѕвезда Дуа Липа и актерот Калум Тарнер го минуваат медениот месец на италијанскиот остров Искија, во ексклузивниот хотел „Мецаторе“. Пејачот сподели серија фотографии од одморот на Инстаграм, кои брзо собраа речиси пет милиони лајкови. Посебно внимание привлекоа фотографиите на кои тој ...
Пејачката Бони Тајлер, позната по голем број хитови, вклучувајќи ја и „Total Eclipse of the Heart“, почина на 76-годишна возраст. Во соопштението на официјалната веб-страница на пејачката се вели дека таа починала „неочекувано“ синоќа во болница во Португалија „како резултат на болест од која се лекувала“, објави Би-Би-Си. Пејачката родена во Јужен Велс беше ставена во медицински предизвикана кома во мај откако беше подложена на итна ...
Заменик-претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна посета во општина Гевгелија. Тој одговараше на новинарски прашања со оглед на тоа дека е завршена пругата од Илинден до Драчево и што ќе придонесе за транспортот и за Коридорот 10. – Ќе значи многу за движењето на коридор 10 и тоа првин од еколошки аспект. Видов коментари дека не влегувале карго возовите во Скопје и тоа е делумно точно и ...
На 08.07.2026 година во 22.30 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, лишен од слобода е И.М.(32) од Охрид. Тој, управувајќи патнички автомобил „Ренџ Ровер“ со чешки национални ознаки, не го сопрел возилото по даден знак од полициската патрола туку избегал и по дополнително преземени активности, бил застанат. -Притоа, полициските службеници во возилото го забележале С.П.(44) од Охрид кој веднаш проголтал опаковка со наркотична материја по ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го привлече вниманието на јавноста откако се спореди со рускиот револуционер Владимир Ленин и изјави дека би бил „најголемиот комунист“. Говорејќи за политички теми на самитот на НАТО во Анкара, Турција, Трамп преку ироничен коментар наведе дека, кога би сакал, би можел да биде „најголемиот комунист“. Изјавата на Трамп на самитот на НАТО набрзо предизвика бројни реакции на ...
Во тек се напори за пронаоѓање на петте членови на екипажот кои биле во авионот, соопштија пакистанските власти, пренесува Ројтерс. Остатоци од товарниот авион „Боинг 737“ на „К2 Ервејс“ беа пронајдени 53 наутички милји (98 километри) јужно од пристаништето Ормара, соопшти пакистанската Управа за цивилно воздухопловство. „K2 Airways“, операторот на авионот, соопшти дека екипажот се состоел од двајца пилоти, двајца инженери и еден помошен ...
Со преземањето на одговорноста, ВМРО-ДПМНЕ да ја предводи македонската влада, си постави цел и стратешка визија, државата да стане клучна сообраќајна крстосница во балканскиот регион, соопшти владејачката партија и додаде: „Тоа што можеме да го кажеме сега, две години после парламентарните избори и формирањето на владата, е дека со засилено темпо се работи на остварување на оваа цел и Македонија се гради подеднакво во сите делови. Прво се ...
Мароканската фудбалска репрезентација претрпе голем удар пред вечервашниот четвртфинален натпревар на Светското првенство против Франција. Најдобриот стрелец на тимот, Исмаел Саибари, не успеа да се опорави од повредата и нема да биде во конкуренција за натпреварот што ќе се игра вечерва во 22:00 часот во Бостон. Саибари постигна три гола во текот на првенството досега и беше еден од најзаслужните за пласманот на Мароко меѓу осумте најдобри ...
Поголема количина разновидна наркотична дрога е пронајдена при претрес во напуштени подрумски простории во зграда на подрачјето на Општина Аеродром, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од МВР информираат дека на 8 јули полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно преземени оперативни мерки и активности, извршиле претрес при што биле пронајдени бела грутчеста материја, халуциногени печурки, ...
Четиригодишно девојче смртно настрада по напад на питбул во германската сојузна покраина Саксонија-Анхалт. И покрај брзата интервенција на итните служби и обидите за реанимација, лекарите не успеале да ѝ го спасат животот. Трагедијата се случила во средата попладне во општината Остернинбургер Ланд, а околностите на нападот ги истражува полицијата. Според пишувањето на германски „Билд“, полицијата ја примила дојавата нешто по 16 часот, кога ...
„Јавноста во Македонија е сведок на целосна конфузија предизвикана од опозициските партии СДС, Левица и ДУИ. Првиот ден седнуваат и се договараат за Изборниот законик, а веќе следниот ден, откако ќе преспијат, го блокираат истиот закон за кој првично постигнале договор. Во јавноста пласираат одредени тези, а зад затворени врати, всушност, преговарале и преговараат за сосема други прашања“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Наместо да учествуваат во ...
Пејачот Џастин Бибер ќе настапи на полувремето од финалето на Светското првенство, заедно со претходно најавените Шакира, Мадона и К-поп групата BTS, објавија организаторите на натпреварувањето. Финалниот натпревар на Светското првенство во Њујорк ќе се игра на 19 јули. За прв пат ќе се одржи шоу на полувремето од финалето на Светското првенство, ќе трае 11 минути. ESP наведува дека се очекува Бурна Бој да настапи со Шакира, а двајцата ...
Неколку земји од Персискиот залив оттогаш пријавија ирански напади - ова вклучуваше експлозии во главниот град на Бахреин, Манама, пресретнување ракети и беспилотни летала од Кувајт и издадено е безбедносно предупредување од Катар. Мохамед Багер Галибаф, главен преговарач на Иран со САД, рече дека Америка „сè уште не научила дека малтретирањето и кршењето на ветувањата повеќе не се бесплатни“. Иранските медиуми објавија дека експлозии се ...