Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Како што се очекуваше, новиот селектор на Мексико е Рафаел Маркес. Од 2024 година, до Светското првенство, Маркес ја извршуваше функцијата помошник на сегашниот селектор Хавиер Агире. Мексиканската фудбалска федерација објави дека поранешниот познат репрезентативец потпишал договор до 2030 година. „Назначувањето на Рафаел Маркес за главен тренер е дел од уредна транзиција дизајнирана да обезбеди континуитет и да го зајакне развојот на ...
Целите вклучуваат камп Арифџан и воздухопловната база Али Ал Салем во Кувајт, како и воздухопловната база Шеик Иса и Џуфер во Бахреин. Џуфер е дом на Активноста за поморска поддршка, главната база на американската морнарица во Персискиот Залив и дом на Петтата флота на САД. Револуционерната гарда соопшти дека нападите биле одговор на американските напади врз јужните крајбрежни провинции на Иран и два моста во источен Иран, објави IRIB. ...
Доцна синоќа, на три локации во Скопје – две во Аеродром и една во централното градско подрачје, на улицата „Рузвелтова“, беа затекнати лица при нелегално исфрлање шут и отпад, со што директно се загрозуваат животната средина, здравјето на граѓаните и изгледот на нашиот град, сподели градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, порачувајќи дека ќесе постапува против секој кој несоодветно се однесува и дека одговорност ќе има! Тој додаде ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го привлече вниманието на јавноста откако се спореди со рускиот револуционер Владимир Ленин и изјави дека би бил „најголемиот комунист“. Говорејќи за политички теми на самитот на НАТО во Анкара, Турција, Трамп преку ироничен коментар наведе дека, кога би сакал, би можел да биде „најголемиот комунист“. Изјавата на Трамп на самитот на НАТО набрзо предизвика бројни реакции на ...
Откако Националниот директорат за контрола и управување, телото задолжено за финансиски надзор на француските клубови, донесе одлука да го исклучи Бордо од националните натпреварувања, клубот ќе се појави пред комисија за жалби на 15 јули во обид да ја промени својата судбина. Според информациите што ги даде L’Equipe, Бордо мора да обезбеди приближно девет милиони евра до времето на сослушувањето и да ги депонира на ескроу сметка како доказ ...
Американските здравствени власти предупредуваат на загрижувачки тренд кој последните месеци сè повеќе зема замав низ земјата. На улиците на голем број градови сè почесто можат да се видат лица со тешки отворени рани кои ги зафаќаат нозете, рацете и другите делови од телото. Иако на почетокот се сомневаше на непознати инфекции или на нова заразна болест, истрагите открија дека причината е нова комбинација на дрога која предизвикува разорни ...
Девет европски држави побараа од Европската комисија да ги продолжи вонредните мерки за флексибилност поврзани со новиот Систем за влез и излез (Entry/Exit System - EES), предупредувајќи дека граничните служби сè уште не се целосно подготвени за укинување на постојните безбедносни механизми. Според нивните тврдења, првите месеци од примената на системот покажаа низа оперативни предизвици кои за време на летната туристичка сезона би можеле ...
Кристијано Ронладо, капитен на португалската репрезентација и нејзин рекордер по број на настапи и голови, не се врати во Лисабон со своите соиграчи. Роналдо, откако Шпанија ја елиминираше Португалија од Светското првенство во осминафиналето, пристигна во својата татковина со приватен авион. Според „Марка“, Роналдо бил многу пријателски расположен со персоналот на аеродромот. Тој се збогувал со сите вработени на аеродромот. Легендарниот ...
Научници од Универзитетот Колумбија објавија дека успешно извршиле прецизни промени во ДНК на човечки ембриони во рана фаза од развојот, без големи хромозомски оштетувања какви што некогаш беа почесто случај кај класичната технологија на изменa на гeните, познатa како CRISPR-Cas9. Посуптилна промена во гените Истражувањето го спроведе тим предводен од Дитер Егли од Универзитетот Колумбија. Користеше технологија наречена уредување на бази и е ...
Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, изјави дека нема проблем со одлуката на ФИФА натпреварот од четвртфиналето на Светското првенство меѓу Франција и Мароко да го суди аргентински судиски тим. Одлуката предизвика бројни реакции, со оглед на тоа дека во случај на пласман во финалето, Франција би можела повторно да се сретне со Аргентина, ривалот од финалето на Светското првенство во 2022 година. „Мораме да ја прифатиме таа одлука. Им ...
Германската манекенка, која го прослави својот 53-ти роденден во јуни, е во брак со 36-годишниот музичар од „Токио Хотел“ од 2019 година. Советот на нејзиниот сопруг во светот на модата „Мислам дека изгледаме подобро како што старееме кога не сме толку слаби. Мојот сопруг беше првиот што го истакна тоа. Ми рече: „Треба да јадеш повеќе, ќе изгледаше подобро ако имаше малку повеќе месо на коските“, изјави Клум за „UsWeekly“. Поранешниот ангел ...
Одлуката би можела дополнително да го зголеми притисокот врз глобалниот пазар на гориво, кој веќе е погоден од прекините во снабдувањето предизвикани од војната со Иран. Според податоците собрани од Блумберг врз основа на аналитичката компанија Вортекс, Русија минатата година учествуваше со околу 11 проценти во снабдувањето со дизел гориво во светот. Досега, забраната за извоз се однесуваше само на трговците и другите продавачи на гориво во ...
Легендарниот француски тренер Арсен Венгер го анализираше Светското првенство во 2026 година и го издвои тимот за кој верува дека е единствениот што може да ја запре Франција на патот кон титулата. Според него, само Шпанија има квалитет за тоа. Тимот на Дидие Дешамп стигна до четвртфиналето на импресивен начин. И покрај тоа што беа извлечени во тешка група со Норвешка, Сенегал и Ирак, Французите ги добија сите три натпревари, постигнувајќи ...
Ставот на новиот унгарски премиер Петер Маѓар кој отворено се заложи за европскиот пат на земјите од Западниот Балкан не е добра вест за Бугарија. Вака смета Спас Ташев, професор по национална безбедност и директор на одделот „Демографија“ во Бугарската академија на науките (БАН). – Разговарав со бугарски европратеници кои ми кажаа дека го информирале Маѓар за бугарската позиција и за суштината на проблемите во Скопјe. Бидејќи тој продолжува ...
Директорот на еден од најголемите украински производители на дронови, „Вириј индустрис“, Олексиј Бабенко, ги негираше обвинувањата за зголемување на цените откако истражителите спроведоа обемни претреси на неговиот дом, деловните простории на компанијата и домовите на членовите на неговото семејство. На прес-конференција во Киев, одржана повеќе од 12 часа по почетокот на операцијата, Бабенко рече дека Државното истражно биро на Украина ...
Залужни предупреди на зголемениот број проценки на западните аналитичари дека „Русија ефикасно ја изгуби војната“. Аналитичарите ги наведуваат сè поуспешните украински напади длабоко на руска територија, особено врз нафтената индустрија, како и операциите со среден дострел насочени кон руската логистика како причини за ваквите проценки. „Ова е опасно погрешно толкување на војната“, рече Залужни. Тој верува дека аналитичарите кои се ...
Египетскиот претседател Абдел Фатах Ел Сиси во неделата отвори земјоделски проект во пустината наречен Нова Делта, кој има за цел да одгледува пченица на рекултивирано земјиште и да создаде повеќе од два милиони работни места. Настанот, кој исто така го означи почетокот на овогодинешната жетва на пченица на нови парцели западно од делтата на Нил, откри проект што владата го опишува како нејзин најголем потфат за рекултивација на земјиште ...
Шпанскиот новинар Маноло Лама не штедеше зборови по драматичната победа на Аргентина над Египет во осминафиналето на Светското првенство, велејќи дека тоа е „најголемото судење во корист на една репрезентација во историјата на Светското првенство“. Лама верува дека Египет бил тешко оштетен во неколку клучни ситуации и дека токму арбитражата го одлучила победникот на еден од најдобрите натпревари на турнирот. „Денес бев сведок на големиот ...
Во многу популарниот туристички град на Шпанија, близината на морето го ублажува чувството на топлина, велат експертите. Земјата речиси навикната на високи температури Шпанската метеоролошка агенција Аемет вчера издаде црвено предупредување за екстремна топлина во делови од три региони во источна Шпанија, каде што максималните температури би можеле да достигнат помеѓу 40 и 42 степени Целзиусови. Црвеното предупредување, кое се однесува на ...
Сојузниците остануваат посветени на зацврстувањето на безбедноста и единството на Алијансата, а со зајакнување на соработката, зголемување на инвестициите во одбраната, развојот на европската и трансатлантската одбранбена индустрија и јакнењето на одбранбените капацитети и способности, Алијансата ќе биде уште посилна. Тоа се пораките кои беа испратени од денешниот (8 јули) состанок на Северноатлантскиот совет на ниво шефови на држави и ...
Психологот Марк Траверс откри неколку едноставни совети за среќен живот што можат да им помогнат на луѓето повторно да го откријат возбудувањето во секојдневните моменти и да го разбудат чувството дека животот повторно има посебна боја. 1. Вратете се на старите хобија, но освежете ги на нов начин Многу луѓе со текот на годините забораваат активностите што некогаш навистина им носеле радост. Хобијата од детството или младоста честопати паѓаат ...
Меѓународниот олимписки комитет (МОК) привремено ја укина суспензијата на Русија и спортистите од оваа земја ќе можат да се натпреваруваат на натпревари под покровителство на оваа организација и под знамето на нивната земја. Се очекува дека Светската фудбалска федерација (ФИФА) ќе го следи истиот пат. Добри вести за рускиот спорт дојдоа од Меѓународниот олимписки комитет. МОК привремено ја укина суспензијата на Рускиот олимписки комитет, ...
ФИФА ја отфрли жалбата на Француската фудбалска асоцијација за поништување на жолтиот картон на Михаел Олисе, па така играчот од средниот ред на „триколорите“ ќе игра на 1/4 СП против Мароко под закана од суспензија. Олисе беше опоменат во судиското продолжение на осминафиналниот натпревар против Парагвај, кој Франција го доби со 1:0. Доколку добие уште еден жолт картон против Мароко, ќе го пропушти евентуално полуфинале. Одлуката ја потврди ...
Еден од оние играчи кои го одбележаа ова Светско првенство во фудбал дефинитивно е Ерлинг Халанд. Норвежанецот пишува историја и вистинска бајка за „Викинзите“, а за неколку дена ќе видиме дали можат да стигнат до полуфиналето над уште потешка пречка, англиската репрезентација. Сите се прашуваат и каде ќе игра Ерлинг Халанд во клупскиот фудбал, а јасно е дека следната сезона ќе ја започне како член на Манчестер Сити, кој веќе е легенда. ...
Синоќа репрезентацијата на Швајцарија по подоброто изведување на пеналите ја совлада Колумбија и се пласираше во четвртфиналето на тековниот Мундијал во САД, Мексико и Канада. Регуларниот скор беше 0:0 па пеналите одлучуваа за победникот. Искусниот капитен на Швајцарија, Гранит Џака меѓу првите реализираше, а медиумите денес пренесуваат дека позадински, било пробано да биде испровоциран со знаме на Србија. Џака секако е албанец по потекло и ...
Почина д-р Денко Скаловски, редовен професор во пензија, информираат од Филозофскиот факултет во Скопје. Д-р Денко Скаловски е роден во 1956 година во Скопје. Прво студирал театарска режија во Белград, а потоа филозофија на Филозофскиот факултет во Белград. Дипломирал филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје во 1981 година. Магистрирал во 1992 година со трудот „Етиката на одговорноста кај Ханс Јонас“, а докторирал во 2000 година со ...
„Работевме посветено неколку месеци на Изборниот законик сите пратенички групи и усогласивме текст. Тој текст беше потпишан од сите партии освен од Левица која се изјасни дека се согласува со содржината на текстот, но не сакаа да се потпишат на предлогот“. Вака објасни денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со Изборниот законик при средбата со еврокомесарката за проширување Марта Кос. – Ова што се случува деновиве е политичка ...
„Понекогаш се чудам како може исти државници, исти претседатели, исти премиери, на еден начин да се однесуваат во рамките на НАТО, да манифестираат разбирање, а кога се работи за Европската Унија, 20 години да нè држат во лавиринтот. Време е тоа да се надмине. Вака порача денеска претседателката Гордана Силјановска Давкова, по учеството на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, во рамки на Самитот на НАТО ...
Очекуваме европската интеграција да остане процес кој се темели на јасни критериуми, на вредности и на исполнување на реформските обврски, а не процес кој ќе биде оптоварен со билатерални прашања што создаваат неизвесност кај македонските граѓани – рече премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференцијата со еврокомесарката за проширување Марта Кос. – Денешната средба и посета претставува можност за отворен, искрен и суштински разговор за ...
Репрезентацијата на Бразил шокирачки е елиминирана од тековниот Мундијал во осминафиналето каде што беше целосно надиграна од Норвешка. Селекторот Анчелоти не успеа да го издигне Бразил на нивото на кое што посакуваше и неговиот мандат се оценува како неуспешен. По елиминацијата, федерацијата на Бразил сосема логично испрати чартер лет за враќање на репрезентативната експедиција од САД во татковината. Сепак, на огромно изненадување на сите, ...