Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека ќе поднесе оставка од функцијата претседател на Републиката неколку дена по распишувањето на парламентарните избори. Тој објасни дека ќе го стори тоа за да може, доколку е кандидат за премиер, да учествува во изборната кампања како граѓанин. „Морам да ги распишам парламентарните избори во својство на претседател на Републиката, потоа ќе поминат неколку дена и потоа ќе поднесам оставка“, ...
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја проширува истрагата за случајот со нелегален увоз, дистрибуција и апликација на медицински лекови и медицински помагала, познат во јавноста како случајот со ботоксите, при што се осомничени уште четири лица. Во координирана акција, спроведена по наредба на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, вчера биле извршени претреси на пет ...
Авион на „Рајанер“, кој леташе од Солун до Меминген во петок наутро, 10 јули, се врати во Солун кратко по полетувањето откако прозорецот од страната на совозачот беше скршен поради физичка сила за време на летот, потврди авиокомпанијата за N1. Како што наведе „Рајанер“ во својот одговор, еден патник побарал и добил медицинска помош на земја во Солун, без да прецизира како се случиле повредите. „Авионот слета нормално, а патниците се вратија ...
Преносот на осминафиналниот натпревар од Светското првенство помеѓу Португалија и Шпанија беше обележан со сериозен гаф на шпанскиот коментатор, Хуан Карлос Риверо, што предизвика лавина од горчливи реакции во јавноста. Имено, коментаторот го замени името на португалскиот голман Диого Коста со името на Диого Жота, напаѓач кој трагично почина минатото лето. Контроверзниот момент се случи во 64. минута од натпреварот. Нелсон Семедо, кој влезе ...
Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) го поздравува зголемениот интерес на младите за образование во областа на сметководството. По зголемениот број запишани студенти на катедрите за сметководство и ревизија во изминатата година, годинава е евидентен и пораст на интересот кај средношколците, при што во првиот уписен рок во повеќе средни економски училишта се исполнети предвидените места во сметководствената област. Во ...
Идниот статус на Охридскиот Регион ќе биде познат по Генералното собрание на УНЕСКО што ќе се одржи следната недела, во Јужна Кореја. Вицепремиерот Александар Николоски очекува регионот да го задржи статусот на светско наследство и да не биде ставен на листата на загрозени подрачја. Во меѓувреме, Владата продолжува со активностите за заштита на природното и културното наследство, како и со разговорите со земјите членки на УНЕСКО. Николоски ...
„Никој не ме консултираше дека ќе бидам сменет од функцијата, ниту, пак, ми се јави“, се отвори министерот за здравство во заминување, Азир Алиу, на брифингот со новинарите. Дека ќе биде дел од владината реконструкција не очекувал, со премиерот Христијан Мицкоски имал коректни професионални односи и поддршка во проектите во здравството. Кога се избираше минатата година во Собранието, Мицкоски за Алиу рече: „Во време кога некои држави со еден ...
Раната елиминација на Бразил од Светското првенство предизвика големо разочарување кај навивачите, но и невообичаена ситуација по турнирот. По поразот од Норвешка, Бразилската фудбалска конфедерација организираше чартер лет за враќање на репрезентацијата во нивната татковина. Сепак, авионот резервиран за членовите на репрезентацијата остана речиси празен. Според информациите од бразилските медиуми, единствениот репрезентативец кој се качил на ...
По седумнаесетти пат, Патувачкото кино на „Македокс“ тргнува на пат, натоварено со документарни приказни и подготвено за проекции под отворено небо, соопштија организаторите на фестивалот. До 17 јули, карванот на Патувачкото кино ќе помине низ шест населени места и градови, продолжувајќи ја својата мисија да го донесе документарниот филм на големо платно до места каде што ретко има можност да стигне. Годинашното патување почнува денес во ...
На 40-дневниот фестивалски репертоар, кој ќе стартува на 12 јули со гала-концертот „Љубов“ на големата оперска ѕвезда Ермонела Јахо од Албанија и на американскиот тенор Чарлс Кастроново, публиката ќе има можност да ужива во педесетина неповторливи настани од областа на класичната музика, џезот, балетот и театарот. – Како директор на фестивалот, чувствувам особена одговорност, но и привилегија, да бидам дел од приказната што веќе со децении ја ...
Загубените клучеви, паричници, мобилни телефони, чанти, па дури и регистарски таблички и домашни миленици, сè почесто завршуваат во објавите на социјалните мрежи, каде што граѓаните создаваат неформална мрежа на меѓусебна помош и солидарност. Големиот број објави сведочат дека сè уште има чесни луѓе, кои не ги задржуваат најдените предмети, туку вложуваат напор да ги вратат кај сопствениците. Најчесто се објавуваат фотографии, како и ...
Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски денеска оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска во Република Северна Македонија, Н.Е. Нивес Тигањ, на која биле разгледани можностите за унапредување на соработката меѓу збратимените градови Скопје и Загреб. -Во фокусот на разговорите беа размената на знаења, искуства и добри европски практики во повеќе области од заеднички интерес, со цел нивна примена во креирањето современи и одржливи ...
Општина Гази Баба започна со реализација на уште еден значаен инфраструктурен проект, а тоа е реконструкцијата на улицата „Жан Жорес“, на делницата од киното „Маџари“, до натпатникот кај ООУ „Наум Наумовски Борче“. -Овој проект предвидува целосна реконструкција на коловозот, како и изградба на нови, современи пешачки патеки, со што ќе се подобрат условите за безбедно и непречено движење на пешаците и возилата. По долг временски период, ...
Според еден извор на Си-ен-ен, предупредувањето дошло оваа недела, а според друг, САД во последните недели постојано добивале разузнавачки информации за можни планови за атентат врз Трамп, но предупредувањето од Израел било ново и се однесувало на конкретен заговор. Други американски претставници сугерираат дека израелскиот извештај би можел да биде обид да се влијае врз Трамп во донесувањето одлуки, додека тој размислува дали да ја ...
Зад Дијана Сламкова, мастер едукатор за нокти, денес стојат бројни меѓународни признанија. За неа, секоја награда има своја приказна бидејќи како што вели, зад секоја стојат многу часови работа, труд и откажувања. Но, еден трофеј има посебно место во нејзиното срце. – Ако треба да издвојам еден, тоа е трофејот за третото место на натпреварот „Словенеилс“ во Словенија. На тој натпревар го нацртав ликот на мојата ќерка Матеа. Тоа не беше само ...
Со построги правила, засилен инспекциски и регулаторен надзор и со значително повисоки казни, државата воведува нова рамка за работењето на друштвата за финансиски лизинг. Измените на Законот за финансиски лизинг, кои веќе стапија на сила, имаат јасна цел: поголема заштита на граѓаните и на компаниите како корисници на лизинг, поголема транспарентност во работењето на лизинг-компаниите и усогласување со европските стандарди. Министерството за ...
Во првите шест месеци годинава низ Скопскиот и Охридскиот аеродром поминале 1,95 милиони патници, што е пораст од 28 % во однос на лани. Министерот за транспорт, Александар Николоски, очекува до крајот на годината бројот на патници да надмине 3,5 милиони, додека од ТАВ Македонија оценуваат дека двоцифрениот пораст е потврда за успешната стратегија, поголемата доверба на патниците и зголемената привлечност на македонските аеродроми за ...
Во мај годинава издадени се 340 одобренија за градење, што е за 27,5% помалку во однос на истиот месец од претходната година – објави денеска Државниот завод за статистика. Најмногу одобренија за градење, 229, се издадени за високоградба. Во Источниот Регион издадени се најмногу одобренија за градење, 76, по што следуваат Скопскиот – 65, Полошкиот – 62, Југоисточниот – 51, Југозападниот – 36, Пелагонискиот – 24, Вардарсиот – 20, ...
Со завршувањето на јуни, почна периодот во кој работниците очекуваат исплата на регресот за годишен одмор, попознат како К-15. Иако неговата основна цел е да им помогне на вработените полесно да ги покријат трошоците за летен одмор, практиката во Македонија покажува дека голем број компании го чекаат последниот законски рок да го исплатат. Така, наместо во летните месеци, регресот најчесто легнува на сметките на работниците пред новогодишните ...
Обвинителството побара од Судот подготвителна постапка за осомничените девојчиња и момчиња на возраст од 14 и 15 години за врсничкото насилство во скопски Аеродром, каде жртва беше две години помладо девојче. „Јавен обвинител од Одделението за малолетници при Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот судија за деца поднесе барање да се поведе подготвителна постапка против две 14-годишни девојчиња за кои постои основано сомнение дека ...
Климатските промени и фалсификуваниот мед се најголемите закани за македонското пчеларство, а зачувувањето на автохтоната македонска пчела е прашање за иднината на земјоделството и за безбедноста на храната. Во интервју за весникот ВЕЧЕР, ова го потенцираше претседателот на Пчеларската федерација на Македонија, Игор Илков. Тој е производител на висококвалитетен мед и на пчелни производи, кој активно работи на промоција на пчеларството и на ...
Проширувањето на Европската Унија претставува добивка и за земјите кандидати и за државите членки, а одолговлекувањето на процесот создава само разочарување, порача претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, на конференцијата на „Економист“, каде што учествуваше заедно со грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис. Зборувајќи на темата „Напредокот во време на превирања“, двајцата ја нагласија важноста на продолжувањето на процесот ...
Жозе Мурињо повторно привлече големо внимание од јавноста со своите коментари по натпреварот помеѓу Египет и Аргентина, сериозно критикувајќи го судењето и употребата на ВАР-технологијата. Според информациите што ги пренесе каналот посветен на Светското првенство, португалскиот стручњак смета дека против Аргентина не е доволно да се биде подобар само на теренот, бидејќи, како што тврди, постојат и други фактори кои влијаат на исходот од ...
Деновиве тројца млади стрип-таленти ќе ја претставуваат Македонија на меѓународниот фестивал „Инкубатор“ во Јошаничка Бања, во Србија. До 13 јули, Јошаничка Бања ќе биде епицентарот на регионалната стрип-сцена. Годинава, традиционалната 14-та Меѓународна стрип-колонија во Рашка прераснува во нов, проширен формат како дел од првиот Фестивал на стрип „Инкубатор“. Оваа престижна уметничка манифестација, која со години ги поврзува младите таленти ...
Фондот за осигурување на депозити, кој располага со околу 400 милиони евра резерви за заштита на штедачите во случај на пропаѓање на банка или штедилница, најголем дел од средствата ги инвестира во државни хартии од вредност. Според финансискиот план, во 2026 година инвестиционото портфолио на Фондот се очекува да достигне 25,58 милијарди денари, што е зголемување од околу 8 проценти во однос на 2025 година. Од вложувањата во државни записи ...
Во градинката „8 Март“ во Расадник, денеска беше промовирана новата едукативна детска боенка посветена на најубавите и најзначајните катчиња во Општина Кисела Вода. Од Општина Кисела Вода велат дека преку овој проект, дечињата ќе можат да ги запознаат најважните градби и знаменитости, како што се излетничкото место Три Круши, Домот на културата, Паркот на шахот, рекреативниот центар Пеленица и многу други препознатливи локалитети. – Го ...
Општина Аеродром почнува постапка за воспоставување систем за видеонадзор на детските и на спортските игралишта, како и во парковите. На последната седница на Советот беше усвоен предлогот за почнување на постапката. – Новиот систем ќе придонесе за спречување на вандализмот, заштита на општинскиот имот и урбаната опрема, зачувување на парковите и на игралиштата, како и поддршка на надлежните институции во откривањето на сторители на казниви ...
Општина Ѓорче Петров првпат воведува еднократна финансиска поддршка за полуматурантите од Општината. Со оваа мерка се опфатени 360 полуматуранти, кои ќе добијат по 5.000 денари. Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, ги потпиша решенијата за исплата на финансиската поддршка. – Оваа мерка претставува конкретна поддршка за учениците и нивните семејства, во период кога младите завршуваат едно важно поглавје од своето ...
Жителите на Кисела Вода деновиве се соочиле со непријатна глетка. Врз реквизитите на детското игралиште во паркчето на улицата „Ѓорѓи Сугаре“ било истурено масло. Тие се револтирани и бараат надлежните да преземат нешто за да се вратат реквизитите во првобитната состојба. Сметаат дека тоа е дело на некој нивни повозрасен сосед, кому, како што велат, му пречат играта и џагорот на децата. Тие предлагаат да се постават камери и светла, а ...
Платформата „Ко си бре ти“, на која граѓаните на Србија можат анонимно да пријават арогантно однесување на јавни службеници, корупција, злоупотреби и други незаконски дејства и нерегуларности, почна да работи вчера изутрина, а според српскиот претседател Александар Вучиќ, во првиот час пристигнале 23 пријави. Во видео објавено на „Инстаграм“, Вучиќ рече дека целта на лансирањето на платформата, чиј иницијатор е тој, е да се покаже дека ...