Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Во соопштението објавено од новинската агенција Тасним, која е поврзана со ИРГЦ, се вели дека со беспилотни летала биле гаѓани локации во „северниот, централниот и јужниот дел“ на Израел. Исто така, се наведува дека се погодени три американски воени бази: „Али Ал Салем“ во Кувајт, една во Ал-Харџ во Саудиска Арабија и „Ал Дафра“ во Обединетите Арапски Емирати. Ниту израелската војска, ниту Кувајт, Саудиска Арабија или Обединетите Арапски ...
Министерството за одбрана на Колумбија денеска соопшти дека воен авион од типот „Херкулес Ц-130“, од американско производство, учествувал во несреќа на југот на земјата, додека локалните медиуми наведуваат дека во леталато се наоѓале околу 110 војници. Министерот за одбрана на Колумбија, Педро Санчез, изјави дека несреќата се случила при полетување од база во колумбискиот дел на прашумата Амазонија, на границата со Перу, додека авионот ...
Вселенскиот филмски спектакл „Проектот Хејл Мери“ (Project Hail Mary), во којшто Рајан Гослинг глуми научник задолжен да ја спаси планетата, имаше силен почеток киноблагајните ширум светот, со вкупно 140,9 милиони долари заработка (речиси 121,4 милиони евра). Приказната со буџет од 200 милиони долари (173,4 милиони евра) го следи потфатот на молекуларен биолог кој се впушта во меѓугалактичка мисија за да го спаси човештвото од истребување. ...
„Како и секогаш, лажни вести“, напиша Сијарто на социјалната мрежа X. „Лажете за да ја поддржите партијата Тиса да формира марионетска влада во Унгарија за војната против Украина“, додаде тој, алудирајќи на главната опозициска партија пред парламентарните избори на 12 април. Сијарто рече дека обвинувањата се дел од „украинската пропаганда“ насочена кон поддршка на опозицијата и влијание врз резултатот од изборите. Во статија во „Вашингтон ...
Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек и постигнува напредок... Во тек се разговори за завршување на војната и решавање на сите преостанати прашања. Се надеваме дека наскоро ќе имаме одговори“, рече неименуваниот извор. И Си-Ен-Ен денеска објави, повикувајќи се ...
Украинско-американскиот бизнисмен ја купи мнозинската сопственост во платформата за порно стриминг во 2018 година. Сопственикот на „OnlyFans“, Леонид Радвински, почина од рак на 43 години, соопшти компанијата во понеделник. Украинско-американскиот бизнисмен го стекна „Fenix International“, компанијата која ја поседува и управува со британската платформа за порно стриминг, во 2018 година. Тој остана директор и мнозински акционер на ...
„Противникот се обиде истовремено да ги пробие одбранбените линии на нашите сили на неколку стратешки правци. Жестоки борби се водеа по должината на целата линија на фронтот“, наведе Сирски во порака на Телеграм. Според генералот, во текот на четирите дена имало „619 јуришни акции“ на руската војска, но „цената на тој офанзивен обид била катастрофална за агресорот“. „И покрај огромниот притисок и ангажирањето на значителни резерви, руската ...
Агенцијата претстави преглед на бројот на жртви по земји предизвикани од конфликтот кој се прошири на Либан и ги зафати државите од Заливот кои беа цел на иранските напади. Ројтерс нагласува дека не бил во можност да го потврди бројот на жртвите од независни извори. ИРАН Според податоците кои во средата ги објави американската невладина организација Human Rights Activists News Agency, загинале 3.230 луѓе, вклучувајќи 1.406 цивили, меѓу кои ...
За време на редовната прес-конференција, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан, го повтори повикот на Кина за итно прекинување на огнот. „Употребата на сила само ќе доведе до маѓепсан круг“ на размена на напади, рече Лин. Како економски и политички партнер на Иран, Кина остро ги осуди нападите на САД и Израе, кои почнаа на 28 февруари. Кина исто така имплицитно ги критикува нападите на Иран врз земјите во ...
И покрај војната на Блискиот Исток, вниманието на сојузниците останува насочено кон Украина и Црното Море бидејќи судбината на безбедноста на Европа и целиот свет се одлучува таму - изјави денеска шефот на украинската дипломатија, Андриј Сибиха, на отворањето на третата конференција за безбедност на Црното Море во Кишињев. Украинското Министерство за надворешни работи објави на социјалните мрежи дека Сибиха во својот говор се фокусира на ...
Танкерот „Пајн Гас“ ( Pine Gas) помина низ мореузот, а кратко време потоа и танкерот „Џаг Васант“ (Jag Vasant), што беше во близина, се наведува во податоци од платформата за следење на бродови „МаринеТрафик“. Танкерот „Пајн Гас“ ја емитуваше пораката „Индиски брод и екипаж“, според одделните податоци за следење на бродови од платформата LSEG. Стотици бродови се уште се заглавени во Персискиот Залив, а илјадници морнари се принудени да ...
Зинедин Зидан постигнал усмен договор со Француската фудбалска федерација (ФФФ) за да стане селектор на репрезентацијата на земјата, објавува „Ле Паризиен“. Според информациите, 53-годишниот Французин се договорил за условите со раководството на францускиот фудбал. Објавата на „Ле Паризиен“ се појави само неколку часа откако претседателот на ФФФ, Филип Дијало, објави дека веќе знае кој ќе биде следниот главен тренер на француската ...
Во објава на социјалните мрежи, Трамп вели дека во моментов со Иран се одржуваат продуктивни разговори, а дека на министерството за одбрана му наложил да ги одложи сите воздушните напади врз иранските елекрани во период од пет дена, освен ако како што напиша, не успеат тековните средби и дискусии. -Со задоволство може да известувам дека Соединетите Американски Држави и државата Иран имаа многу добри и продуктивни разговори во последните два ...
Бродот се закотви во заливот Суда, каде што се снабдуваше со храна, гориво и муниција во февруари. Носачот на авиони беше дел од големото засилување на американската војска на Блискиот Исток, кое го вклучуваше и УСС Абрахам Линколн. Кон крајот на февруари, САД и Израел започнаа масовна воздушна кампања против Иран. И двата брода, со десетици борбени авиони, играа клучни улоги во тие операции, а повлекувањето на Форд создава празнина за ...
Според извештајот за состојбата на климата во 2025 година, дисбалансот меѓу енергијата што Земјата ја прима од Сонцето и онаа што ја враќа назад во Вселената забрзано се зголемува. Температурите продолжуваат да растат, океаните се загреваат, мразот и глечерите се топат, а концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата достигнува сè повисоки нивоа. - Не може да се негира дека овие показатели не се движат во насока што нуди многу надеж - ...
Снимка од апсењето на американскиот пејач и актер Џастин Тимберлејк, кој беше запрен од полицијата во Саг Харбор, Хемптонс, во јуни 2024 година под сомнение дека возел под дејство на алкохол откако, според полицијата, го прекршил знакот „стоп“ и скршнал од својата лента, беше објавена денес. Видеото, според „Скај њуз“, го прикажува американскиот поп-пејач како се бори да ги заврши тестовите за трезвеност наредени од полицајците, вклучувајќи ...
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, мирно го коментираше поразот од 2-0 од Манчестер Сити во финалето на Карабао Купот. „Ме боли, особено за нашите играчи и навивачи, бидејќи навистина сакавме да го освоиме овој трофеј. Видовме две сосема различни полувремиња. Во првото полувреме бевме подобриот тим и ги создадовме двете најчисти шанси во натпреварот. Не ги искористивме. Мораме да им го дадеме на противниците она што го заслужуваат за она што ...
Фудбалерите на Реал Мадрид ја совладаа екипата на Атлетико Мадрид со 3:2 во вечерашниот натпревар од шпанската Ла Лига. Избраниците на Алваро Арбелоа и покрај сите потешкотии успеаја да стигнат до многу важна победа и го совладаа најлутиот ривал по прв пат од 2022 година. Реал беше подобар ривал во текот на целиот натпревар, но Атлетико Мадрид имаше предност по првите 45 минути откако Лукман постигна убав погодок во 33-тата минута. Во вториот ...
Одбележувањето во кое УХМР се вклучува како рамноправен партнер во борбата за справување со глобалните климатски промени и опасните временски појави, годинава е на тема „Набљудуваме и мериме денес за побезбедно утре“. По тој повод, како што посочуваат од УХМР, во пораката на генералниот секретар на СМО се нагласува значајната улога на Националните хидрометеоролошки служби. -Систематското следење на времето, климата и водата, прецизните мерења ...
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека наредил привремено одложување на сите воени удари врз иранската енергетска инфраструктура за период од пет дена, по, како што наведе, „многу добрите и продуктивни разговори“ меѓу САД и Иран за целосно завршување на непријателствата на Блискиот Исток. Во објава на социјалната мрежа „Трут соушал“ (Truth Social), Трамп наведе дека во изминатите два дена биле одржани „детални, опсежни и ...
Во меѓувреме, Амбасадата на Иран во Кабул на социјалните мрежи објави дека Трамп се повлекол по иранските закани дека мета ќе биде енергетската инфраструктура во регионот. Претходно, Трамп соопшти дека наредил привремено одложување на сите напади врз иранската енергетска инфраструктура за период од пет дена, по, како што наведе, „многу добрите и продуктивни разговори“ меѓу САД и Иран за целосно завршување на непријателствата на Блискиот ...
Во иницијативата доставена до ресорното Министерство за животна средина и просторно планирање се посочува дека станува збор за значаен воден локалитет со висока природна, еколошка и водоснабдителна вредност, сместено во чувствителен регион со богата биолошка разновидност. Исто така се истакнува дека просторот околу изворите во последните години е под засилен урбанистички притисок, што претставува ризик за квалитетот на водата и еко-системите. ...
„Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на фундаменталните интереси“ на двата народа. Тој, исто така, го пофали „личниот придонес“ на Ким за „зајакнување на пријателските врски меѓу сојузниците“ меѓу двете земји, поврзан со договорот за меѓусебна одбрана потпишан во ...
На вчерашната прва седница на Врховното народно собрание на Северна Кореја се дебатираше за измени и дополненија на Уставот. Парламентот, кој ја одобрува државната политика обично има седница по Конгресот на владејачката Работничка партија, со цел партиските одлуки да ги претвори во закон. На состанокот се дискутираше и за петгодишниот економски план на земјата објавен на деветтиот партиски конгрес на Работничката партија, што се одржа во ...
И трет натпревар едноподруго лидерот во Серија А, не успева да слави. Интер вечерва на гостувањето во Фиренца одигра само 1:1 против Фиорентина и остана на само шест бодови предност пред Милан во трката за Скудетото. „Нероаѕурите“ тргнаа силно и уште во првата минута преку Еспозито успеаја да поведат со 0:1. Предноста Интер умешно ја одржуваше се до 77. минута, кога „виолетовите“ преку Ндур успеаја да дојдат до израмнување. Гледајќи го текот ...
Пожарот, кој избувнал во ходник на деветкатна зграда, е изгаснат, пренесе агенцијата ТАСС. Противпожарно-спасувачките екипи евакуирале 19 лица, меѓу кои и пет деца. Во интервенцијата учествувале 86 припадници на службите и 23 единици опрема. Надлежните најавија дека ќе биде спроведена истрага за утврдување на причините за пожарот. „Точната причина ќе биде утврдена врз основа на резултатите од истрагата за противпожарна безбедност“, соопштија ...
Ова е прво нејзино патување во Австралија откако ја презеде функцијата, а доаѓа во време кога блокот и нацијата зависна од увоз се соочуваат со обновени енергетски ранливости предизвикани од војната на Блискиот Исток. Таа пристигна во Сиднеј денеска на состанок со шефот на државата на Австралија, генералниот гувернер. Од Сиднеј, таа ќе се упати кон Канбера, каде што ќе се сретне со премиерот Ентони Албанезе и ќе се обрати пред Парламентот. ...
Убавата актерка откри неколку тајни за својот младешки изглед. Ен Хатавеј беше една од главните теми на Оскарите поради нејзиниот младешки изглед, а сега сподели уште неколку трикови кои ѝ помагаат да изгледа убаво. Актерката Ен Хатавеј привлече внимание на Оскарите со своето нереално лице, но и со гламурозната облека во која уште еднаш докажа дека е вистинска дива. View this post on Instagram A post shared by 20th Century Studios ...
Хавиер МИЛЕИ, претседател на Аргентина Задоволство ми е да бидам тука во Унгарија, како прв претседател на Аргентина што ја посетил оваа прекрасна земја. Земја на која ѝ се восхитувам поради толку многу брилијантни умови, особено поради еден од најголемите генијалци на човештвото, како што е Џон Бој Нојман, и цела традиција на големи математичари. Понатаму, тоа е земја со огромна историја, голема традиција и, пред сè, симболична земја на ...
Заканата од Техеран отвора ризик за снабдувањето со електрична енергија и вода во арапските држави од Персискиот Залив, со оглед на тоа што дел од електроцентралите се функционално поврзани со постројки за десалинизација. На списокот потенцијални цели, објавен од иранската новинска агенција „Фарс“, се наоѓа и нуклеарната централа „Барака“ во Обединетите Арапски Емирати. Нуклеарната централа се наоѓа во пустинска област во западниот дел на ...