По напорната работна сезона есен-зима, по турнејата на проектот „Македонијо, во срце те носиме“ заклучно со нејзиниот прв солистички концерт во Македонската филхармонија, македонската пејачка и водителка Бојана Скендеровски реши добро да се одмори. Избра егзотична дестинација, па заедно со целата фамилија, со сопругот Васко и децата заминаа за Шпанија, поточно топтан сите, отседнаа на сончевото Тенерифе. Убавина која долго се памти и тешко ...

Пред четири години во месец јануари, поточно на ден Василица, ТВ водителката Милена Антовска-Станковска стана мајка по вторпат, побогата и дарена од Бога со уште еден ангел, ќеркичката Јоана. Втората најголема љубов, малата, а сега веќе порасната Јоана беше роденденка, а на славеничката торта покрај декоративните украси од сладоледи, крофни и бонбони, стоеше и бројот четири. Малата славеничка послатка и од самата торта, насмеана и неодолива, ...

Пејачката Емина Јаховиќ денес, 15 јануари, го слави својот 43-ти роденден. Нејзините синови Јаман и Јавуз ѝ приредија изненадувачка забава во семејниот дом, а таа сè сподели јавно. На масата во дневната соба ја чекаа Емина две торти, од кои на едната пишуваше: „Добро е што се роди, многу те сакаме“, додека на другата пишуваше: „Мамо“. Патем, Емина покрена постапка за спроведување против поранешниот во 2022 година за неплатени 26 исплати ...

Инфлуенсерката Луна Ѓогани му ја честиташе седмата годишнина на својот сопруг Марко Миљковиќ на Инстаграм со емотивна порака. Сопружниците Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ денес имаат посебна причина за славење, бидејќи ја одбележуваат годишнината од почетокот на нивната љубовна приказна. По овој повод, Луна објави емотивна порака на социјалните мрежи. Ѓогани не крие колку е сè уште вљубена во својот сопруг Марко, нагласувајќи дека нивните ...

ОВЕН Денеска може да почувствувате тензија во вашите приватни односи, но ова е шанса да сфатите што навистина барате во нив. Ако нешто не ве задоволува, размислете како би можеле да го промените. Одвојте време за себе и грижете се за вашата самодоверба. Денот е погоден за релаксација и полнење на батериите. БИК Избегнувајте донесување важни одлуки поврзани со работата или односите денеска. Ако размислувате за промени, внимателно анализирајте ...

Пејачката Јелена Розга (48) е една од најпопуларните изведувачки на овие простори, но и покрај нејзиното присуство на јавната сцена, малкумина знаат за здравствениот проблем што го има. Иако е дијагностицирана, Јелена не се откажува и храбро се држи. – Па, сега мојата тироидна жлезда повторно не ме слуша, но се чувствувам добро, не се откажувам, не сакам да дојдам во таа лоша состојба. Кога ги гледам моите резултати, како што ми се случи ...

Со денови главна тема во медиумите е врската на Мина Костиќ со нејзиното ново момче Мане Ќурувија, кого го запознала преку интернет. Како што откриле соседите на фолк пејачката за тамошните медиуми, тие воопшто не го сакаат. Мина Костиќ во последните денови го привлекува вниманието на јавноста поради нејзината љубовна врска со Мане Ќурувија Каспер, со која со месеци одржуваше врска само преку интернет. Тие сега уживаат во заедничкиот живот во ...

Со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани, денеска попладне ќе заврши годинашното издание на Вевчански карневал. Палењето на маските симболизира бркање на злото, а вевчанци веруваат дека прочистени ќе ја дочекаат Новата година, според Јулијанскиот календар. Претходно зетот, невестата, ѓаволите и глупавите Августи заедно со останатите маскирани, ќе ги посетат семејствата, чии членови го носат името ...

Еден месец нѐ дели од првиот солистички, скопски концерт на регионалната музичка икона Сенидах, која на 14 февруари со себе ќе ни го донесе својот препознатлив уметнички потпис и емоција што не познава граници. Сенидах во Скопје ќе настапи на 14 февруари во СЦ „Јане Сандански“. Овој датум не е случаен, тоа ќе биде вечер посветена на блискоста, искрената емоција и врската што со години ја гради со македонската публика. По големите регионални ...

Ќерката на Драган Стојковиќ Босанaц, пејачката Александра Стојковиќ Џиџа, го загуби своето бебе на почетокот на декември. По тажната вест, таа целосно се повлече од јавноста, се шпекулираше дека го напуштила и Белград, заменувајќи го градот со планина, а сега за првпат проговори. Во пресрет на српската Нова година, Џиџа се огласи на полноќ, кога го сними огнометот од прозорецот. – Многу здравје, среќа и љубов – напиша Александра Стојковиќ ...

Се проширува капацитетот за мултимедијалниот настан „К-поп: Засекогаш“, кој ќе се одржи на 28 февруари во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Од продукцијата која го организира настанот велат дека ќе бидат пуштени во продажба и билетите за горните трибини. Ова ќе биде концерт на трупа од Англија која ќе изведе хитови од корејската поп музика и од филмскиот хит на „Нетфликс“, „К-поп: Ловци на демони“. На концертот ќе настапат четворица ...

„Вардар е Стикс“ е насловот на новата песна на култната македонска група „Мизар“ која деновиве с појави на на дигиталните платформи, во чии стихови македонскиот речен симбол е спореден со митската река од подземниот свет. Река која се наоѓа на границата меѓу земјата и подземјето. Го обиколува Ад – подземниот свет, девет или дваесет пати, во зависност од изворот или митот. Реката Стикс, заедно со реките Флегатон, Ахерон и Кокит, се влева во ...

Сека Алексиќ настапува за дочекот на српската Нова Година во Белград, а пред настапот коментираше за актуелни теми. Пејачката конкретно реагираше на инцидентот што се случи на концертот на Ана Бекута во Чачак, кога присутните фрлаа снежни топки кон пејачката за време на нејзиниот настап по повод српската Нова Година. Сека беше изненадена од веста за инцидентот и ѝ даде целосна поддршка на колешката. – Навистина? Зошто? Која е причината? На ...

Турскиот актер Џан Јаман, кој бил пуштен на слобода откако бил уапсен во Истанбул во рамки на истрагата за дрога, објавил фотографија на социјалните мрежи направена пред римскиот Колосеум, со што го соопштил своето враќање во Италија, каде што е многу популарен поради улогите во повеќе ТВ серии. Јаман објавил и порака упатена до италијанските медиуми, во која истакнал дека турскиот печат секогаш бил „злобен“ кон него, за разлика од ...

Кралицата на народната музика, Лепа Лукиќ, вчера го прослави својот 86-ти роденден. Пејачката постојано нагласува дека не сака да ги слави своите родендени, бидејќи е премногу стара за тоа, но денес нејзините обожаватели „леписти“ дојдоа да ја изненадат. – Тукушто дојдов во ресторан со моите обожаватели. Моите „леписти“ ми организираа роденденска закуска. Дојде мојот драг Сале од Осиек, тој ја управува и мојата страница, а девојките од Ниш. ...

Легендата на шпанската балада, Хулио Иглесијас се соочува со обвиненија дека сексуално нападнал две жени во 2021 година. Помладата од нив тогаш имала 22 години, објавуваат шпанските медиуми. Жените тврдат дека шпанската ѕвезда, наводно, сексуално ги злоупотребил додека биле вработени во неговите карипски вили. Домашна помошничка тврди дека била принудена на секс, опишувајќи потези на шлаканици, физичко и вербално насилство. Физиотерапевтка, ...

Македонската пејачка и ТВ водителка Сузана Турунџиева ја води најважната битка во животот. Со обете раце цврсто ја држи и не ја испушта шансата за нов живот откако минатата година ѝ беше воспоставена сериозна дијагноза. Турунџиева знаеше да каже дека иако судбината честопати занаела да и подели лоши карти, таа научила како да одигра добро и разумно. „Ни во сон не можев да претпоставам дека некогаш ќе ми биде дијагностицирана сериозна ...

Тамара Тодевска отсекогаш по темперамент „немирна ко ветер“, експресивна и експлозивна, особено на сцена кога ќе застане на сцена и ќе го пушти својот глас пред микрофонот. Кога љубовта е во прашање, најдобро познато е дека музиката за неа претставува број еден, а откако стана мајка на две деца, чистата љубов и емоција дополнително доби на интензитет, но во сосема друга форма. Велат дека целта е да се стане човек, а среќа е да се остане ...

Водителката Сања Маринковиќ одговараше на прашања и откри кој органски не може да ја поднесе нејзината емисија, а спомена и член од нејзиното семејство. Имено, таа ја призна шокантната вистина за своето семејство. Кога ја замолија да именува близок член на семејството кој органски не ја сака нејзината емисија, Сања без двоумење го именува својот син Страхиња. „Го научив да не верува на вестите“ Сања откри дека нејзиниот 18-годишен син ...

Комеморација во чест на легендата на радиоводителството, музичкиот новинар Драган Б. Костиќ ќе се одржи на 16.01 (петок) со почеток во 12:30 часот, во Младинскиот културен центар (МКЦ). Собирот е отворен за сите кои сакаат да оддадат почит и да се потсетат на животот, делото и оставнината на Драган Б. Костиќ, соопштија од неговото семејство и од тимот на продукцијата Диско Селектор. Водителот, чиј глас го препознаваа сите генерации, и ги ...

Денес е волшебен ден за планинарката Ирина Дишовска Камилоска и пејачот Павле Камилоски – лани на истиот овој датум, во очи на Василица, нивниот живот доби сосема нова смисла. Ирина се породи на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, па по синчето Јосиф, на свет дојде прекрасната ќеркичка Лена, која денес слави прв роденден. По тој прекрасен повод, Ирина сподели емотивно видео на Инстаграм од интересните моменти кои ги уловила, ...

Додатоците во исхраната отсекогаш можеле да се набават без рецепт, па и без препорака од лекар или фармацевт, но она што секогаш е примерно и истакнато од упатствата за употреба и сугестијата од експертите, е дека никогаш не треба да бидат замена за оброк, туку само како додаток во исхраната за ефектно дополнување за потребниот недостаток во организмот. Во денешно време се’ попопуларно станува купувањето на разни витамини, минерали, ...

На концертот на Ана Бекута по повод српската Нова Година во Чачак синоќа се случи инцидент, кога неколку собрани демонстранти фрлаа снежни топки кон пејачката. Уште еден инцидент на насилство од страна на демонстрантите се случи на градскиот плоштад во Чачак. Неколку луѓе во толпата фрлаа снежни топки кон пејачката за време на концертот. View this post on Instagram A post shared by Dnevna doza prosečnog Čačanina (@dnevnadoza.cacanina) ...

Македонската естрада, поточно поедини пејачки од фолк сцената изгледа имаат нов фетиш… Или барем нова навика, барем на една вечер да се преобразат во она што е синоним за безгрешно, најдобро, најбожествено… во ангели. Небаре се гласници на Бога, а не забавувачи. Најпрвин пред неколку дена на социјалните мрежи осамнаа фотографии на Сузана Гавазова, на кои таа во фустан со длабоко деколте од провидна бела тантела, со бели крилја меѓу крупните ...

Александра Пријовиќ се појави на својот новогодишен настап во многу тесен и впечатлив фустан, кој го привлече вниманието на сите присутни. Оваа модна креација јасно ја истакна фигурата на Александра, а многумина се прашуваа кој бренд стои зад овој фустан. Станува збор за фустан од познатиот моден бренд Schiaparelli, чија цена е дури 7.200 евра. Доказ дека Прија не била единствената што се заљубила во овој фустан е фактот што го носеле и ...

Сочна одвнатре крцкава однадвор, многу вкусна, погодна за секоја пригода, едноставна и брза за подготовка, а секогаш излегува одлично. Состојки: 500 грама кори за пита 300 грама сирење 3 јајца 500 грама кисело млеко растопен путер или маргарин по потреба Подготовка: Сирењето, јајцата и киселото млеко, добро изматете ги и додадете малку сол по желба. Растопете путер и раширете ги корите. Секоја кора премачкајте ја со путер, и ставете од филот ...

Фолк пејачот Слоба Радановиќ се огласи од Беране, каде што ќе настапи вечерва за српската Нова Година, со скршена нога. За да биде работата уште почудна, тој ја повредил ногата пред три недели без ни да знае. Објави фотографија од својата чизма и призна дека има сериозна скршеница. – Три недели функционирам нормално, но со силни болки, сè додека синоќа не дознав дека ми е скршена ногата, а не се сеќавам кога или како ја скршив – напиша Слоба ...

Секој ја сака енергијата на новиот почеток што го носи првиот месец од годината – визиите, плановите и водењето дневник нè исполнуваат со надеж. Сепак, статистиката е сурова и покажува дека дури 80% од новогодишните одлуки не успеваат. Сепак, постојат одредени начини што ќе ви помогнат да истраете во сите ваши одлуки. Elle претставува три клучни чекори за да останете доследни во 2026 година. Дефинирајте го „зоштото“ Површните цели како „Ќе ...

ОВЕН Денеска е добар момент да ја зајакнете вашата позиција и јасно да покажете дека се цените себеси. Не дозволувајте другите да ве потценуваат – вашиот став кон себе ќе го постави тонот за нивното однесување. Држете се подалеку од луѓе кои се обидуваат да ве контролираат, манипулираат или доминираат. Верувајте ѝ на вашата интуиција кога донесувате важни одлуки. БИК Денеска е добро внимателно да ја следите атмосферата на работа и да не се ...

Денеска се празнува Св. Василиј Велики. Именден празнуваат: Васил, Василка, Васка, Весела, Веселинка, Веска, Нове, Новка… Осмиот ден после раѓањето, Христос бил однесен во храмот и обрезан. Во Стариот завет со тоа се запечатувала припадноста на народот наследник на Божјите ветувања. Обрезанието инаку е праслика на тајната на крштението и како такво има значење и во новозаветната Црква. Овој празник се празнувал уште во првите векови на ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
33%
1012
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
7.2
53%
1014
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
36%
1014
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
5.14
54%
1017
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
4.48
78%
1017
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
5.66
46%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
5.66
65%
1011
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
3.6
44%
1011
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
24%
1012
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
7.2
72%
1016
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
3.6
33%
1016
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
5.66
100%
1012
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Бакар

10.65

Иридиум

258288.78

Сребро

2179.44

Цинк

0.00

Злато

144593.23

Родиум

358480.82

Алуминиум

3.19

Платина

61858.04

Калај

43.91

Кобалт

3.86

Рутениум

56199.51

Паладиум

44753.84