Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Будва утре влегува во најинтензивниот дел од летната туристичка сезона, а според најавите на Туристичката организација на Будва, посетителите во текот на август ќе имаат богата програма наменета за сите генерации. Покрај пријатните летни температури , градот ќе понуди бројни дневни и вечерни активности, како и настани кои со години се белег на туристичката понуда на Будва. Љубица Прибиловиќ од Туристичката организација на Будва истакнува дека ...
Во хотел во Констанца, Романија , се случила необична ситуација кога гостите со аранжман „сè вклучено“ се обиделе да земат неколку килограми храна од шведската маса. Како што објави Observator.ro , собарките забележале дека гостите понеле невообичаено голема количина храна во својата соба. Кога ги зедоа чиниите и ја измерија нивната содржина, беше откриено дека на нив има дури 2,6 килограми сушени месни производи. Хотелот истакна дека ...
Во текот на топлите денови, телото губи повеќе течности преку потење, па затоа е важно навреме да ги препознаете првите знаци на дехидрација. Иако многумина ја сметаат жедта за прв сигнал, експертите предупредуваат дека таа често се јавува само кога телото веќе изгубило одредена количина течност . Меѓу најчестите симптоми се сува уста, главоболка, замор, вртоглавица и потемна боја на урината . Некои луѓе може да доживеат и намалена ...
Научниците открија стотици земјени структури и структури под амазонската дождовна шума. Затоа, на тоа подрачје имало поголеми цивилизации отколку што се претпоставуваше, пишува порталот Science Alert. Денес, амазонската дождовна шума се смета за еден од најнепрекинатите природни предели на Земјата, но пред речиси 2.000 години изгледаше многу поинаку. Помеѓу 600 година п.н.е. и 850 година од н.е., цивилизацијата позната како Акири ...
Алиша Амира од Шведска потрошила 120.000 евра на пластични операции за да стане човечка Барби. Откријте ја нејзината трансформација и ставови за естетските процедури. Алиша Амира од Шведска потрошила околу 120.000 евра на пластични операции за да стане човечка Барб и е целосно непрепознатлива. Ова девојче се преселило во Велика Британија за да ја постигне својата трансформација. Таа имала бројни операции и процедури за да го промени својот ...
Претседателот на Украина , Володимир Зеленски, денес ги повика партнерите на Киев итно да испорачаат дополнителни пресретнувачи за системите „Патриот“ , по рускиот напад во кој беа убиени девет лица, а 30 повредени во Киев. „Од синоќа, во Киев и околината се во тек спасувачки операции по рускиот напад. Бројни пожари избувнаа низ целиот град. Засегнати беа седум градски области, а Русите , како и обично, ги таргетираа станбените згради. ...
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. „Дневната температура насекаде ќе биде над 33°C, а во некои места ќе надмине 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови“, велат од УХМР. Институтот за јавно здравје упатува препораки ...
Минатата година, јавниот долг на Германија надмина рекордни 2.662,2 милијарди евра . Според Федералниот завод за статистика, како што објави ДВ, на крајот од 2025 година, секој жител на Германија бил во просек „задолжен“ со 31.887 евра, што е за 1.821 евра повеќе од претходната година. Ова е долгот на целиот јавен сектор во Германија, кој ги вклучува федералната влада, покраините, локалните самоуправи и институциите за социјално осигурување. ...
Шпанскиот фудбалер Маркос Љоренте за прв пат проговори во врска со коментарите што следеа откако социјалните мрежи беа преплавени со негови фотографии на одмор на Ибица со Феран Торес . На нив се прикажани двајца победници на Светското првенство како разменуваат нежности, а самиот играч не гледа ништо лошо во тоа. Љоренте истакна дека смета дека е неверојатно што дури и во 2026 година постои контроверзност околу двајца мажи кои покажуваат ...
Шанија Твејн отворено проговори за своето тешко детство и насилството што го доживеала во семејниот дом, откривајќи дека таа и нејзините сестри биле физички злоставувани со години. Американско-канадската пејачка во емисијата „Wild Card with Rachel Martin“ изјави дека пораснала во многу насилна средина во Онтарио, Канада, каде што таа и нејзините сестри Џил и Кери Ан честопати биле сведоци на жестоки конфликти меѓу мајката Шерон и очувот Џери ...
Цените на нафтата пораснаа во петокот откако Иран соопшти дека запрел два брода кои се обидувале да го напуштат Ормутскиот теснец , што дополнително ги зголеми загриженостите за глобалното снабдување со енергија по нападите со беспилотни летала врз бродови во египетско медитеранско пристаниште оваа недела. Иран тврди дека уште четири танкери се вратиле назад откако интервенирале неговите сили, но овие тврдења не можеа да бидат независно ...
Завршена е изградбата на новата водоводна и канализациона мрежа на улицата Фаик Коница (поранешна Дижонска 15) во Општина Чаир, проект реализиран со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање во вредност од 6,9 милиони денари. На теренскиот увид по повод завршувањето на проектот присуствуваа министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа и претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамет ...
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во вила „Билјана“ во Охрид оствари средба со српскиот премиер Ѓуро Мацут. „ Во вилата „Билјана“ се сретнав со српскиот премиер, проф. д-р Ѓуро Мацут, придружуван од македонскиот премиер проф. д-р Христијан Мицкоски. Особено ми беше драго што, покрај политичките функции, тројцата нè поврзува и академската професија, којашто секогаш отвора простор за содржаен и аргументиран дијалог“, пишува ...
Екипите на јавните претпријатија на Град Скопје го расчистија првиот дел од Градскиот парк од последиците на силното невреме што пред неколку дена го зафати Скопје. Засадени се нови садници, санирана е оштетената урбана опрема, а просторот повторно е достапен за посетителите. Интензивно се работи и во вториот дел од Градскиот парк каде што се отстрануваат последиците од невремето, се санираат штетите, се отстрануваат старите и оштетени дрвја ...
Владата на Јапонија денес официјално донесе одлука за насоките на својата идна нуклеарна политика, која предвидува дека до пет нуклеарни централи ќе треба да бидат затворени до 2040-тите, за да бидат заменети со други извори на енергија. На состанокот на министрите во кабинетот за нуклеарна енергија, јапонскиот премиер Санае Такаичи изјави дека за владата што ја предводи, приоритет е да се обезбеди стабилно снабдување со енергија, „кое не ...
Уште еден возбудлив астролошки ден е пред нас, а еве што може да очекува секој хороскопски знак. ОВЕН ЉУБОВ: Можен е конфликт во односот помеѓу партнерот и родителите. Не инсистирајте да се соберете или да се запознаете. РАБОТА: Поволен ден за работа. ЗДРАВЈЕ: Стабилно. БИК ЉУБОВ: Во овој период не личите на себе, па може да се случи да завршите со некој што не е за вас . РАБОТА: Успех во туризмот и угостителството. ЗДРАВЈЕ: Многу добро. ...
Во Гостивар продолжува процесот на хиперхлорирање на водата, а премиерот Христијан Мицкоски очекува наскоро граѓаните да добијат вода која ќе може да се користи и за пиење и готвење. „Во моментот се случува процес на хиперхлорирање којшто го вршат експерти од Јавното претпријатие Водовод Скопје. Секој ден се земаат различни примероци, се испитуваат и веќе можам да кажам дека одиме кон ситуација кога можеби за првпат во последните децении во ...
Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции, информира Министерството за здравство. Според податоците на Министерството, на 31 јули се регистрирани вкупно 60 први прегледи. Иако е забележано дневно зголемување, надлежните посочуваат дека вкупниот тренд останува значително понизок во споредба со периодот на најголем број случаи. Најголемиот број прегледи е регистриран на 18 ...
Одлуката за вработување на уште 300 приватни специјализанти е значаен чекор кон создавање посилно, поквалитетно и подостапно јавно здравство, но и порака дека младите лекари се потребни, вреднувани и имаат своја перспектива во Република Македонија, кажа денеска на прес-конференција, Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. „Со оваа мерка, до крајот на 2026 година, уште 300 млади лекари ќе добијат можност да го продолжат својот ...
„Денес Венко Филипче има став за секоја тема и секојдневно дели лекции за тоа како треба да функционира здравствениот систем. Но, каде беше истиот тој Филипче кога со години раководеше со Министерството за здравство, а СДС со власта?“ – истакна на денешната прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. „Филипче денес критикува за секој проблем, а молчеше кога имаше обврска да зборува и да постапува. Тука е суштинската ...
Летната сезона сè уште трае, што значи дека Хајди Клум сè уште има време да ги покаже различните парчиња костим за капење што ги подготвила за ова лето. Позната по своите раскошни облини и фактот дека нема проблем да се разголи пред своите обожаватели , моделот Хајди Клум повторно го почасти светот со неколку жешки летни фотографии . Неодамна беше фотографирана на островот Сент Бартелеми и потценување е да се каже дека нејзиниот изглед ја ...
Во над 50 населени места во Македонија водата не е безбедна за пиење, а листата расте секој ден, кажа денеска на прес-конференција Маја Серафимовска Борозан од СДСМ. „Гостивар, Крушево, Валандово, Булачани, Пласница, Лешок, Преглово, Маврово, Рич, Белотино, Башино Село, Елшани, Велестово, Ново Село, Сушица, Зубово, Државо, Гарани, Шутово и уште многу други места. Во Гостивар има ризик од епидемија на жолтица. И власта повторно задоцни со ...
Денот во месецот во кој сте родени, според едно древно кинеско верување, може да открие интересни црти на личноста, скриени таленти, животни предизвици и периоди кога може да ви се отворат нови можности. Станува збор за таканаречениот среќен календар Чу Кинг Стар (или Чу Кинг Стар ), традиционално толкување кое, според некои извори, е поврзано со кинеска симболика стара илјадници години. За разлика од кинескиот хороскоп, ова е форма на ...
Роверот „Кјуриосити“ на НАСА на Марс откри невидена површина покриена со полигонални шари. Ова се структури што личат на саќе , а научниците се изненадени од нивната распространетост. Дијаметарот на поединечните полигони варира помеѓу пет и десет сантиметри, пишува „Футуризам“. Таканаречените „полигонални пукнатини“ се забележани на Марс и претходно , но тие никогаш не го покриле теренот во толкава мера. Роверот наишол на нив додека се движел ...
Сообраќајот на државните патишта во земјава утрово се одвива непречено и по суви коловози, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а поголема фреквенција на возила е забележана и на дел од граничните премини. На граничниот премин Табановце за влез во државата, како и на Богородица за излез од земјава, има зголемено движење на возила. Времето на ...
Основачот на „Мета“ тврди дека милијарди луѓе ќе имаат лични агенти за вештачка интелигенција за пет години. Основачот и извршен директор на „Мета“, Марк Закерберг, се обидува да ги убеди инвеститорите во својата визија за иднината – онаа во која милијарди луѓе ќе имаат свои лични агенти за вештачка интелигенција во следните пет години. „Мислам дека е крајно неверојатно, како на пример ако гледате пет години од сега – или кој било временски ...
Во Русија е откриен досега непознат минерал, чија цена значително ја надминува цената на златото, соопшти руското Министерство за образование и наука. „Истражувачи од Научниот центар Кола на Руската академија на науките, Државниот универзитет во Санкт Петербург и Минералошкиот музеј А.Е. Ферсман открија претходно непознат минерал во рудникот Кировски во масивот Хибини“, се вели во соопштението, пренесува РИА Новости. Се викаше „Училишен ...
Со кревање на знамето на Крушевската Република на Гумење и свечена програма, вечерва во Крушево почнува традиционалната манифестација „10 Дена Крушевска Република“, со која започнуваат чествувањата по повод Илинден – Денот на Републиката и 123-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република. Програмата ќе започне претпладне со положување цвеќе на гробот на Дамјан Груев, по што делегација на манифестацијата и на Општина Крушево ќе ...
СДСМ преку соопштение утринава упати критики кон премиерот Христијан Мицкоски поради неговото најавено патување во Белгија. „Христијан Мицкоски ќе оди на „екскурзија“ во Белгија. Малку Бриж. Малку Брисел. На граѓаните им порачува: летувајте на езерата и планините во Македонија. На границите – гужви и часови чекање. Затоа што Македонија е изолирана. Изолирана затоа што така сака Мицкоски. Не сака во ЕУ. Затоа што во ЕУ обвинителството е ...
Со години важеше за една од најубавите жени во светот. Нејзиното лице ги красеше насловните страници на најпрестижните модни списанија, беше лице на најголемите модни куќи и една од жените што ја одбележаа ерата на супермоделите од деведесеттите години. Сепак, најважното „да“ го кажа дури сега – на 53 години, по дури 25 години љубов со италијанскиот бизнисмен Грегори Марсијаи, со кого има три деца. Нивната венчавка се одржа во Торино, градот ...