Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Почетокот на летото донесе значајни астролошки промени кои, според астролозите, ќе го одбележат претстојниот период. Додека ретроградниот Меркур во Рак ќе го комплицира животот за некои, двата хороскопски знака можат да очекуваат исклучително поволни околности и пресврт на подобро. Влегувањето на Јупитер во Лав дополнително го интензивира интензитетот на емоциите и охрабрува важни одлуки, отворајќи ја вратата кон нови можности. Лав Лавовите ...
Многу луѓе сакаат да заспијат со музика, подкасти или смирувачки звуци како звукот на брановите, но користењето слушалки ноќе, иако е практично, носи одредени ризици. Иако често се користат за да се избегне вознемирување на членовите на семејството, експертите предупредуваат дека спиењето со слушалки не е секогаш идеално решение и советуваат мерки на претпазливост, пишува Експрес. Мерки на претпазливост и стручни совети Доколку одлучите да ...
Натпреварот од осминафиналето на Светското првенство меѓу Португалија и Хрватска, кој ќе се игра во 1 часот по полноќ по наше време, му се заканува прекин поради невреме. Канадската национална метеоролошка служба (Environment Canada) издаде портокалово предупредување за областа Торонто, градот каде што натпреварот се игра на BMO Field. Според официјалните податоци од канадските метеоролози, температурата на воздухот во Торонто ќе се движи од ...
Ноќта помеѓу петок и сабота, аргентинската фудбалска репрезентација ќе игра натпревар од осминафиналето на Светското првенство против островите Зелен ’Рт во Мајами. Поради ова, „гаучосите“ мораа да патуваат до Флорида од нивната база во Канзас Сити (Мисури), а најдобриот фудбалер на светот, Лионел Меси, ги почувствува ригорозните безбедносни мерки во САД. Американските домаќини повторно покажаа прекумерна строгост. Обезбедувањето на ...
Албанската полиција употреби водени топови и солзавец за да ги растера антивладините демонстранти пред парламентот, кои во четвртокот фрлаа јајца и брашно врз полицајците и некои пратеници. Во судирите се повредени тројца полицајци и еден демонстрант, објавија албанските медиуми. Во Тирана повеќе од еден месец се одржуваат секојдневни протести поради наводна корупција поврзана со разни развојни проекти по должината на брегот и во близина на ...
Родителите на децата кои вршат насилство меѓу врсници ќе плаќаат казни, вели министерката за образование Весна Јаневска. „Во собраниска процедура се законските измени со кои се предвидуваат казни за родителите и старателите на деца за кои ќе се утврди дека извршиле врсничко насилство во училиште“, најави Јаневска. Таа рече дека на многу семејства им недостасува образовната компонента и додаде дека без поголемо родителско ангажирање, нема да ...
Скопје сè уште има најголем број раѓања во Северна Македонија, со 41,6% од сите бебиња родени во земјата. Спротивното се случува во Источна Македонија, каде што, според податоците од Заводот за статистика, има пониска стапка на наталитет, само 6,1%. Социологот Лулзим Муртезани ја гледа причината за ова во намерата на многу граѓани да живеат во Скопско, бидејќи има повеќе можности за развој, а со тоа ги остава другите градови со ниски стапки ...
Украинската влада го одобри првиот транспарентен механизам за извоз на оружје, потег што треба да им помогне на домашните одбранбени компании да останат во бизнисот и да ја развијат индустријата на долг рок, објави министерот за одбрана Михајло Федоров на 1 јули. Ова е прв пат од почетокот на тоталната руска инвазија Украина да дозволи извоз на оружје, објави „Киев Индепендент“. „За првпат е воспоставена јасна постапка што дефинира ...
Небото над делови од Венецуела стана светло црвено, само неколку дена откако земјата беше погодена од разорни и смртоносни земјотреси. Снимките и фотографиите снимени на 30 јуни во Каракас покажуваат драматична сцена – хоризонт осветлен од интензивна светлина, што предизвика тревога кај жителите и корисниците на социјалните медиуми. Многумина се прашуваа дали необичната боја на небото е поврзана со земјотреси. Некои отидоа дотаму што ја ...
Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд над 15 литри на квадратен метар, ветер со брзина над 60 километри на час и услови за краткотрајно невреме проследено со град. Минималната температура ќе се движи од 13 до 19 степени, а максималната од 22 до 34 степени, јавува УХМР. Во Скопје ќе биде ...
Започнува реализацијата на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“. Град Скопје соопшти дека проектот опфаќа реконструкција на повеќе од 2,2 километри улици, изградба на нов асфалтен коловоз, како и обнова на речиси 4 километри тротоари, со што значително ќе се подобрат условите за безбедно и непречено движење на пешаците, возачите и сите учесници во сообраќајот. „Особено значаен сегмент од инвестицијата е изградбата на нова атмосферска ...
Крајот на јуни и почетокот на јули 2026 година носат силна енергетска транзиција која, според астролошките толкувања, би можела да го означи почетокот на една од поважните летни фази за неколку знаци. Додека сите ја чувствуваат промената на темпото, три хороскопски знаци особено ќе се најдат во центарот на вниманието на настаните, одлуките и новите можности. Ова е период во кој старите приказни се затвораат, а се отвораат нови насоки, и ...
Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Леброн Џејмс, стана слободен агент откако одлучи да не потпише нов договор со Лос Анџелес Лејкерс, а американските медиуми објавуваат дека тој би можел да стане нов играч на Денвер Нагетс. Нагетсите, кои ја освоија титулата во НБА во 2023 година, имаат разочарувачки резултати во плејофот неколку години и не се пласираа подалеку од втората рунда откако го освоија трофејот. Според медиумите во ...
Специјализираните совети на Косово со седиште во Хаг закажаа за 16 септември изрекување на првостепената пресуда против поранешниот косовски претседател Хашим Тачи и други високи функционери на Ослободителната војска на Косово (ОВК) – Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи. Иако судскиот процес, кој траеше од април 2023 година, официјално заврши во февруари оваа година, пресудата се чекаше со месеци. Судот појасни дека дополнителното ...
Министерката за финансии зборува за пренасочување на европски средства кон „реформски лидери“. Прашуваме: За кои реформи?, велат од СДСМ. „За оние кои Мицкоски ги најави дека ќе бидат завршени до 1 јуни, а за кои повеќе никој не зборува? За реформите за кои добија грејс период од една година уште во 2025 и не се исполнија? Што е сега со роковите? Што е направено од реформската агенда? Македонија е во опасност да остане надвор од ...
Рускиот претседател Владимир Путин во голема мера успеа да го заштити населението од економските последици од војната во Украина четири години. Тој период сега е завршен, пишува Политико. Украинските ракетни и беспилотни напади врз клучната енергетска инфраструктура во последните недели ја претворија војната, која за повеќето Руси беше само мала непријатност што можеа да ја игнорираат, во неизбежна и сè посериозна криза со горивото. Криза со ...
ВМРО-ДПМНЕ покажа дека реформите доаѓаат со многу посветеност, работа и одговорност, и носат конкретни резултати. Еден од најважните приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е Реформската агенда. Нејзината имплементација е доказ дека Македонија конечно има јасен план, институционална дисциплина и политичка волја за испорака на резултати, нагласи во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција пратеничката Драгана Бојковска. ...
Според астролошките толкувања, јули 2026 година носи зголемена енергија во областа на љубовта и врските, а еден хороскопски знак особено се издвојува за кого овој месец би можел да донесе голем емотивен пробив – ангажманот. Ова е период во кој врските се продлабочуваат, а одлуките за иднината се донесуваат побрзо и порешително од вообичаеното. За некои знаци, ова ќе биде време за стабилизирање на врската, додека за еден знак тоа би можело да ...
Во Блед, Словенија, комуналните служби ги засилија контролите во крајбрежната зона помеѓу Грајски Купалиште и Гранд Хотел Топлице. Тој дел од брегот е означен како зона што не е наменета за пливање или лежење, иако многу туристи го користат за одмор во сенка. За прекршување на правилата се воведени казни од 200 евра , а на посетителите им се препорачува да ги користат местата за одмор на Стража, каде што има лежалки и дополнителни содржини, ...
Кочоска зборува за јавниот долг и ги убедува граѓаните дека повеќе е помалку? Нема како да им објасни дека за само две години Владата на Мицкоски ги задолжи граѓаните за над 2,5 милијарди евра па сега дека било тоа под планираното ниво, истакнуваат од СДСМ. Ова, како што оценуваат, е најава дека власта на Мицкоски нема да застане туку уште побезобразно ќе го задолжува народот и државата. „Зошто Кочовска не кажува колку изнесуваат скриениените ...
Здравјето на мозокот не зависи само од генетиката, секојдневните навики имаат големо влијание врз меморијата, концентрацијата и зачувувањето на менталните способности со текот на годините. Ако сакате да останете ментално будни во подоцнежните години, работете на зачувување на мозочните функции, што на некој начин е дел од здравствената култура. Постојат многу фактори кои придонесуваат за одржување и подобрување на здравјето на мозокот. ...
Дипломецот од средно училиште, кој не поседува автомобил, вели дека работи долги часови и во двојни смени за да ги покрие основните трошоци за живот, а воедно се обидува да заштеди за факултет. Луѓе од целиот свет поддржуваат матурант од Бемиџи, Минесота, кој неодамна завршил средно училиште без семејство или дом. Мигел Шмербек го снимил тој важен животен момент во трогателно видео што го објавил на TikTok , кое стана вирално со повеќе од 30 ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше и се обрати на свеченото пуштање во употреба на новоуредените простории за разговор со деца во Секторот за внатрешни работи Струмица, активност што се реализира во рамките на проектот „Шведска поддршка на полициските реформи во Република Северна Македонија“. На настанот присуствуваа амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, шефот на ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Никол Варнес. На средбата, Муцунски упати искрени честитки по повод 250-годишнината од независноста на Соединетите Американски Држави, истакнувајќи дека овој значаен јубилеј претставува сведоштво за континуитетот, институционалната стабилност и ...
Квин ДеВита (24), основач на компанијата за авантуристички патувања „Оутер Карент Клаб“, имал непријатно и трауматично искуство додека бил во Тихиот Океан. Инцидентот се случил кога таа решила да влезе во морето, иако тоа не го направила во текот на остатокот од патувањето. Како што самата раскажала, тој ден запливала во водата за прв и единствен пат. – Тоа беше единствениот ден во текот на целото патување кога влеговме во морето – рече ...
Русија упати сериозни обвинувања против САД, тврдејќи дека Вашингтон подготвува нова стратегија за решавање на огромниот национален долг со помош на криптовалути, првенствено стабилни дигитални валути познати како стабилни ковани валути . Овие тврдења ги изнесе Антон Кобјаков , советник на рускиот претседател Владимир Путин , кој верува дека Соединетите Американски Држави би можеле да го искористат развојот на дигиталните финансии за да го ...
Тобакото „Али“ кое се наоѓа на тротоар на Бит Пазар се урива, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Со добар збор и домаќински пристап, нема невозможно решение!“, напиша кратко Ѓорѓиевски на „Фејсбук“. Ѓорѓиевски во февруари најави засилени акции за отстранување на дивопоставените објекти низ градот кои низ годините биле изградени без соодветна документација, а со тоа тие узурпираат јавни површини, велосипедски и пешачки ...
Вишото јавно обвинителство во Штип утврди дека родителите на ученичките кои тепаа нивна соученичка во Штип, додека други машки деца го снимаа настанот, не се одговорни за постапките на нивните деца. Со ова се потврди одлуката на Основното јавно обвинителство во Штип за отфрлање на кривичните пријави против родителите на децата кои го тепаа девојчето. „Само што примив Решение од Вишото јавно обвинителство во Штип во кое се вели дека Основното ...
Полицијата ќе поднесе кривични пријави против две малолетнички по насилството врз девојче во Аеродром. Откако во јавноста беше објавено видео од насилство врз девојче, во полициска станица извршен е разговор со две малолетнички и нивните родители, соопшти МВР. Вчера, 1 јули, во 19:30 часот во СВР Скопје 31-годишна жена пријавила дека претходниот ден, на 30 јуни околу 22:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродром нејзината 12-годишна ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (2 јули) на прес-конференција во Министерството ги сумираше резултатите во одбраната и во Армијата во изминатите две години при што истакна дека земјава е безбедна и сигурна и дека процесот за модернизација и опремување, како и развојот на кадарот, поддржани од стабилниот раст на буџетот се реализираат со интензивно темпо. „Она што сите го знаете е дека буџетот е над 2% и вчера ги слушнавме од ...