Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Министерката за финансии зборува за пренасочување на европски средства кон „реформски лидери“. Прашуваме: За кои реформи?, велат од СДСМ. „За оние кои Мицкоски ги најави дека ќе бидат завршени до 1 јуни, а за кои повеќе никој не зборува? За реформите за кои добија грејс период од една година уште во 2025 и не се исполнија? Што е сега со роковите? Што е направено од реформската агенда? Македонија е во опасност да остане надвор од ...
Рускиот претседател Владимир Путин во голема мера успеа да го заштити населението од економските последици од војната во Украина четири години. Тој период сега е завршен, пишува Политико. Украинските ракетни и беспилотни напади врз клучната енергетска инфраструктура во последните недели ја претворија војната, која за повеќето Руси беше само мала непријатност што можеа да ја игнорираат, во неизбежна и сè посериозна криза со горивото. Криза со ...
ВМРО-ДПМНЕ покажа дека реформите доаѓаат со многу посветеност, работа и одговорност, и носат конкретни резултати. Еден од најважните приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е Реформската агенда. Нејзината имплементација е доказ дека Македонија конечно има јасен план, институционална дисциплина и политичка волја за испорака на резултати, нагласи во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција пратеничката Драгана Бојковска. ...
Според астролошките толкувања, јули 2026 година носи зголемена енергија во областа на љубовта и врските, а еден хороскопски знак особено се издвојува за кого овој месец би можел да донесе голем емотивен пробив – ангажманот. Ова е период во кој врските се продлабочуваат, а одлуките за иднината се донесуваат побрзо и порешително од вообичаеното. За некои знаци, ова ќе биде време за стабилизирање на врската, додека за еден знак тоа би можело да ...
Во Блед, Словенија, комуналните служби ги засилија контролите во крајбрежната зона помеѓу Грајски Купалиште и Гранд Хотел Топлице. Тој дел од брегот е означен како зона што не е наменета за пливање или лежење, иако многу туристи го користат за одмор во сенка. За прекршување на правилата се воведени казни од 200 евра , а на посетителите им се препорачува да ги користат местата за одмор на Стража, каде што има лежалки и дополнителни содржини, ...
Кочоска зборува за јавниот долг и ги убедува граѓаните дека повеќе е помалку? Нема како да им објасни дека за само две години Владата на Мицкоски ги задолжи граѓаните за над 2,5 милијарди евра па сега дека било тоа под планираното ниво, истакнуваат од СДСМ. Ова, како што оценуваат, е најава дека власта на Мицкоски нема да застане туку уште побезобразно ќе го задолжува народот и државата. „Зошто Кочовска не кажува колку изнесуваат скриениените ...
Здравјето на мозокот не зависи само од генетиката, секојдневните навики имаат големо влијание врз меморијата, концентрацијата и зачувувањето на менталните способности со текот на годините. Ако сакате да останете ментално будни во подоцнежните години, работете на зачувување на мозочните функции, што на некој начин е дел од здравствената култура. Постојат многу фактори кои придонесуваат за одржување и подобрување на здравјето на мозокот. ...
Дипломецот од средно училиште, кој не поседува автомобил, вели дека работи долги часови и во двојни смени за да ги покрие основните трошоци за живот, а воедно се обидува да заштеди за факултет. Луѓе од целиот свет поддржуваат матурант од Бемиџи, Минесота, кој неодамна завршил средно училиште без семејство или дом. Мигел Шмербек го снимил тој важен животен момент во трогателно видео што го објавил на TikTok , кое стана вирално со повеќе од 30 ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше и се обрати на свеченото пуштање во употреба на новоуредените простории за разговор со деца во Секторот за внатрешни работи Струмица, активност што се реализира во рамките на проектот „Шведска поддршка на полициските реформи во Република Северна Македонија“. На настанот присуствуваа амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, шефот на ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Никол Варнес. На средбата, Муцунски упати искрени честитки по повод 250-годишнината од независноста на Соединетите Американски Држави, истакнувајќи дека овој значаен јубилеј претставува сведоштво за континуитетот, институционалната стабилност и ...
Квин ДеВита (24), основач на компанијата за авантуристички патувања „Оутер Карент Клаб“, имал непријатно и трауматично искуство додека бил во Тихиот Океан. Инцидентот се случил кога таа решила да влезе во морето, иако тоа не го направила во текот на остатокот од патувањето. Како што самата раскажала, тој ден запливала во водата за прв и единствен пат. – Тоа беше единствениот ден во текот на целото патување кога влеговме во морето – рече ...
Русија упати сериозни обвинувања против САД, тврдејќи дека Вашингтон подготвува нова стратегија за решавање на огромниот национален долг со помош на криптовалути, првенствено стабилни дигитални валути познати како стабилни ковани валути . Овие тврдења ги изнесе Антон Кобјаков , советник на рускиот претседател Владимир Путин , кој верува дека Соединетите Американски Држави би можеле да го искористат развојот на дигиталните финансии за да го ...
Тобакото „Али“ кое се наоѓа на тротоар на Бит Пазар се урива, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Со добар збор и домаќински пристап, нема невозможно решение!“, напиша кратко Ѓорѓиевски на „Фејсбук“. Ѓорѓиевски во февруари најави засилени акции за отстранување на дивопоставените објекти низ градот кои низ годините биле изградени без соодветна документација, а со тоа тие узурпираат јавни површини, велосипедски и пешачки ...
Вишото јавно обвинителство во Штип утврди дека родителите на ученичките кои тепаа нивна соученичка во Штип, додека други машки деца го снимаа настанот, не се одговорни за постапките на нивните деца. Со ова се потврди одлуката на Основното јавно обвинителство во Штип за отфрлање на кривичните пријави против родителите на децата кои го тепаа девојчето. „Само што примив Решение од Вишото јавно обвинителство во Штип во кое се вели дека Основното ...
Полицијата ќе поднесе кривични пријави против две малолетнички по насилството врз девојче во Аеродром. Откако во јавноста беше објавено видео од насилство врз девојче, во полициска станица извршен е разговор со две малолетнички и нивните родители, соопшти МВР. Вчера, 1 јули, во 19:30 часот во СВР Скопје 31-годишна жена пријавила дека претходниот ден, на 30 јуни околу 22:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродром нејзината 12-годишна ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (2 јули) на прес-конференција во Министерството ги сумираше резултатите во одбраната и во Армијата во изминатите две години при што истакна дека земјава е безбедна и сигурна и дека процесот за модернизација и опремување, како и развојот на кадарот, поддржани од стабилниот раст на буџетот се реализираат со интензивно темпо. „Она што сите го знаете е дека буџетот е над 2% и вчера ги слушнавме од ...
Политичката партија СДСМ во коалиција со политичката партија Левица, поднесоа 13.000 амандмани, со цел да го спречат гласањето на нашинците во дијаспората, плашејќи се дека ја немаат довербата на нашинците од дијаспората. И ова е силна порака кон нашинците во дијаспората кажа премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на барањата на дијаспората да гласа по електронски пат. „Најпрвин СДСМ, кога беше Влада ...
Десетици илјади книги, инвентар, техника и возила на издавачката куќа „Антолог“ се целосно уништени во вчерашното невреме што го зафати Скопје. Од таму велат дека целосно се поплавени магацинските простории и дека загубата е неверојатно голема. „Драги Антологџии, „Антолог“ каков што го познавате и го сакавте – повеќе не постои. Огромното невреме што вчера ги погоди Скопје и реонот на Кисела Вода и јавната канализациска инфраструктура што ја ...
Намалувањето на данокот на гориво во Германија истекува на полноќ. Цените нагло растат, иако стравуваниот рекорден скок напладне не се оствари, пишува германската новинска агенција (dpa). Според податоците на ADAC, бензинот E10 бил за 13,4 центи поскап во среда наутро отколку во исто време во вторник. Зголемувањето на цената на дизелот било уште поголемо и изнесувало 15,6 центи . Доцна наутро, разликата во цените на двата горива дополнително ...
Месечината е планетата што се движи најбрзо и останува во еден знак околу три дена, а влегувањето во Водолија носи одличен период за Водолиите, Близнаците, Стрелците, Вагите и Овните. Месечината во Водолија носи потреба за слобода, промена и поинаков поглед на животот. Одлуки што водат кон иднината Емоциите се изразуваат преку разум, па затоа многу од нив може да изгледаат постудени од вообичаеното, иако носат искрена желба да им помогнат на ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, објави дека ќе го номинира актуелниот градоначалник на општина Центар, Горан Герасимовски, за нов потпретседател на партијата. Тој рече дека СДСМ дополнително зајакнува и дека Герасимовски како личност ја има довербата на граѓаните. „СДСМ станува сè посилна. Со задоволство ги информирам членовите дека ќе го номинирам Горан Герасимовски за нов потпретседател на СДСМ. Горани е човек кој со неуморна работа, ...
По насилното укинување на техничката Влада и рушењето на политичкиот консензус, Христијан Мицкоски сега сака да протне и Изборен закон кој отвора простор за нов изборен грабеж, изјави Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ. Сака, како што рече, шверцерски да се воведе електронско гласање на дијаспората без соодветни механизми за контрола, проверка и гаранција за тајноста на гласањето. „Додека секој граѓанин кој гласа во татковината ...
За првпат, преку пилот-проект реализиран во соработка со домашна компанија, Центарот за управување со кризи, воспоставува систем за рана детекција на шумски пожари со интелигентни камери поставени на стратешки локации. Во моментов се оперативни поголем број камери, а во тек е проширување на мрежата на околу 50 камери, со што значително ќе се зголеми покриеноста на критичните шумски подрачја низ државата. Системот овозможува 24/7 мониторинг од ...
По обилните врнежи од дожд, сезонските работници на Општина Чаир, во соработка со екипите на ЈП „Комунална хигиена“, беа ангажирани до доцна во ноќта и продолжуваат со активности и денес, информираат од општината. Интервенциите, како што нагласуваат, се реализираат на улиците и јавните површини низ целата општина, согласно утврдените приоритети и потребите на терен, со цел што побрзо враќање на чистотата и функционалноста. „Паралелно со ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, денеска присуствуваше при приемот на двете нови теренски возила што Дирекцијата ги набави преку иницијативата „Волонтер 2“ (VOLUnteer II), со поддршка и финансиска помош од Европската Унија и партнерските институции вклучени во проектните активности oд Грција. Новите возила со 4×4 погон ќе се користат за интервенции при поплави, шумски пожари и други природни и ...
Министерството за внатрешни работи објави повик за прием на 200 редовни ученици за Средното полициско училиште „7-ми Мај“. Редовните ученици кои завршиле втора година средно образование во средните училишта на територијата на Република Северна Македонија (кандидатите) треба да ги исполнат општите и посебните услови за прием и селекција утврдени со закон и подзаконски пропис донесен врз основа на закон. 2. Секој од кандидатите треба да ги ...
Македонскиот шоумен ги претстави своите две нови песни, кои станаа хитови за рекордно време, а нашиот тим разговараше со него за сите актуелни теми. Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, приреди свечена вечера во познат белградски ресторан за мал круг претставници на медиумите со кои успешно соработува со години. Во оваа пригода, македонскиот шоумен ги претстави своите две нови песни „Сè“ и „13 причини“, што е дует со младиот Давор Арџик. ...
Во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведен од страна на Здружение Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ), Еко Логик и Флоразон, денеска беше дониран компостер во ЈУОДГ “Орце Николов“, соопштија од Општина Карпош. На настанот присуствуваше и градоначалникот Сотир Лукровски кој ја поздрави реализацијата на оваа иницијатива, истакнувајќи дека создавањето ...
На 29 мај 2025 година, Мицкоски јавно, на седница за пратенички прашања, понуди консензус за една изборна единица, со можност дијаспората да гласа преку избирачки места и надвор од дипломатско-конзуларните претставништва. Тој тогаш уверуваше дека ДПМНЕ веднаш ќе го поддржи таквиот закон, потсетуваат од Левица. Само една година подоцна, од тој предлог, како што велат, не остана ништо. „Во актуелниот Предлог-изборен законик едната изборна ...
Од СДСМ алармираат како што истакнуваат за исклучително сериозна ситуација која претставува директна закана по здравјето и безбедноста на пациентите и медицинскиот персонал. После невремето во Скопје, според портпаролката на оваа партија Богданка Кузеска, поплавена е Клиниката за онкологија, исклучени се апаратите за радиотерапија. Протекла вода и во просториите каде се прима терапија со радиоактивен јод. „Не станува збор за обична дождовна ...