Политичката партија СДСМ во коалиција со политичката партија Левица, поднесоа 13.000 амандмани, со цел да го спречат гласањето на нашинците во дијаспората, плашејќи се дека ја немаат довербата на нашинците од дијаспората. И ова е силна порака кон нашинците во дијаспората кажа премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на барањата на дијаспората да гласа по електронски пат. „Најпрвин СДСМ, кога беше Влада ...

Десетици илјади книги, инвентар, техника и возила на издавачката куќа „Антолог“ се целосно уништени во вчерашното невреме што го зафати Скопје. Од таму велат дека целосно се поплавени магацинските простории и дека загубата е неверојатно голема. „Драги Антологџии, „Антолог“ каков што го познавате и го сакавте – повеќе не постои. Огромното невреме што вчера ги погоди Скопје и реонот на Кисела Вода и јавната канализациска инфраструктура што ја ...

Намалувањето на данокот на гориво во Германија истекува на полноќ. Цените нагло растат, иако стравуваниот рекорден скок напладне не се оствари, пишува германската новинска агенција (dpa). Според податоците на ADAC, бензинот E10 бил за 13,4 центи поскап во среда наутро отколку во исто време во вторник. Зголемувањето на цената на дизелот било уште поголемо и изнесувало 15,6 центи . Доцна наутро, разликата во цените на двата горива дополнително ...

Месечината е планетата што се движи најбрзо и останува во еден знак околу три дена, а влегувањето во Водолија носи одличен период за Водолиите, Близнаците, Стрелците, Вагите и Овните. Месечината во Водолија носи потреба за слобода, промена и поинаков поглед на животот. Одлуки што водат кон иднината Емоциите се изразуваат преку разум, па затоа многу од нив може да изгледаат постудени од вообичаеното, иако носат искрена желба да им помогнат на ...

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, објави дека ќе го номинира актуелниот градоначалник на општина Центар, Горан Герасимовски, за нов потпретседател на партијата. Тој рече дека СДСМ дополнително зајакнува и дека Герасимовски како личност ја има довербата на граѓаните. „СДСМ станува сè посилна. Со задоволство ги информирам членовите дека ќе го номинирам Горан Герасимовски за нов потпретседател на СДСМ. Горани е човек кој со неуморна работа, ...

По насилното укинување на техничката Влада и рушењето на политичкиот консензус, Христијан Мицкоски сега сака да протне и Изборен закон кој отвора простор за нов изборен грабеж, изјави Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ. Сака, како што рече, шверцерски да се воведе електронско гласање на дијаспората без соодветни механизми за контрола, проверка и гаранција за тајноста на гласањето. „Додека секој граѓанин кој гласа во татковината ...

За првпат, преку пилот-проект реализиран во соработка со домашна компанија, Центарот за управување со кризи, воспоставува систем за рана детекција на шумски пожари со интелигентни камери поставени на стратешки локации. Во моментов се оперативни поголем број камери, а во тек е проширување на мрежата на околу 50 камери, со што значително ќе се зголеми покриеноста на критичните шумски подрачја низ државата. Системот овозможува 24/7 мониторинг од ...

По обилните врнежи од дожд, сезонските работници на Општина Чаир, во соработка со екипите на ЈП „Комунална хигиена“, беа ангажирани до доцна во ноќта и продолжуваат со активности и денес, информираат од општината. Интервенциите, како што нагласуваат, се реализираат на улиците и јавните површини низ целата општина, согласно утврдените приоритети и потребите на терен, со цел што побрзо враќање на чистотата и функционалноста. „Паралелно со ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, денеска присуствуваше при приемот на двете нови теренски возила што Дирекцијата ги набави преку иницијативата „Волонтер 2“ (VOLUnteer II), со поддршка и финансиска помош од Европската Унија и партнерските институции вклучени во проектните активности oд Грција. Новите возила со 4×4 погон ќе се користат за интервенции при поплави, шумски пожари и други природни и ...

Министерството за внатрешни работи објави повик за прием на 200 редовни ученици за Средното полициско училиште „7-ми Мај“. Редовните ученици кои завршиле втора година средно образование во средните училишта на територијата на Република Северна Македонија (кандидатите) треба да ги исполнат општите и посебните услови за прием и селекција утврдени со закон и подзаконски пропис донесен врз основа на закон. 2. Секој од кандидатите треба да ги ...

Македонскиот шоумен ги претстави своите две нови песни, кои станаа хитови за рекордно време, а нашиот тим разговараше со него за сите актуелни теми. Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, приреди свечена вечера во познат белградски ресторан за мал круг претставници на медиумите со кои успешно соработува со години. Во оваа пригода, македонскиот шоумен ги претстави своите две нови песни „Сè“ и „13 причини“, што е дует со младиот Давор Арџик. ...

Во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведен од страна на Здружение Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ), Еко Логик и Флоразон, денеска беше дониран компостер во ЈУОДГ “Орце Николов“, соопштија од Општина Карпош. На настанот присуствуваше и градоначалникот Сотир Лукровски кој ја поздрави реализацијата на оваа иницијатива, истакнувајќи дека создавањето ...

На 29 мај 2025 година, Мицкоски јавно, на седница за пратенички прашања, понуди консензус за една изборна единица, со можност дијаспората да гласа преку избирачки места и надвор од дипломатско-конзуларните претставништва. Тој тогаш уверуваше дека ДПМНЕ веднаш ќе го поддржи таквиот закон, потсетуваат од Левица. Само една година подоцна, од тој предлог, како што велат, не остана ништо. „Во актуелниот Предлог-изборен законик едната изборна ...

Од СДСМ алармираат како што истакнуваат за исклучително сериозна ситуација која претставува директна закана по здравјето и безбедноста на пациентите и медицинскиот персонал. После невремето во Скопје, според портпаролката на оваа партија Богданка Кузеска, поплавена е Клиниката за онкологија, исклучени се апаратите за радиотерапија. Протекла вода и во просториите каде се прима терапија со радиоактивен јод. „Не станува збор за обична дождовна ...

Јован Марковиќ беше и сценарист на филмот „Ајде да се сакаме“, во кој главна ѕвезда беше Лепа Брена. На Филмскиот фестивал во Сопот се одржа панел-дискусијата „Шампион на гледаност – Јован Марковиќ“ во чест на овогодинешниот лауреат на Статуата на слободата, филмски сценарист и продуцент Јован Марковиќ. Тој беше и сценарист на филмот „Да се сакаме“ , во кој главна ѕвезда беше Лепа Брена. – Првпат слушнав за неа кога ми се јавија луѓе од ...

Компаниите од приватниот сектор сега можат да почнат да ја исплаќаат годишната плата (К-15), при што минималниот износ за 2026 година ќе изнесува 19.116 денари.11 Минималната плата се пресметува врз основа на просечната нето плата за февруари, март и април од оваа година, која изнесува околу 47.790 денари. Според Општиот колективен договор за приватниот сектор, минимумот за К-15 е 40 проценти од оваа основа. Вработените во приватниот сектор ...

СДСМ Аеродром најостро го осудува бруталното врсничко насилство врз малолетно девојче во Аеродром. Сцените на тепање, понижување и снимање на насилството од страна на други малолетници се срам за општеството и доказ дека институциите сериозно потфрлаат во заштитата на децата, реагираат од оваа партија. Го повикуваат Министерството за внатрешни работи итно да го расчисти случајот и да ја утврди одговорноста на сите учесници и итно да истражи ...

„Иако со месеци се работеше на консензус на сите политички партии за носење на нов Изборен законик, коалицијата на Венко Заев и Апасиев излезе повторно на виделина и со над 10 илјади амандмани здружено го блокираат реформскиот закон, односно Изборниот законик. Венко Заев и СДС свесни дека поддршката ја губат се повеќе и повеќе, директно се спротивставуваат за тоа македонската дијаспора да гласа по електронски пат, со единствена цел да го ...

ВМРО-ДПМНЕ покажа дека реформите доаѓаат со многу труд, работа и одговорност, и носат конкретни резултати. Еден од најважните приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е Реформската агенда. Нејзиното спроведување е доказ дека Македонија конечно има јасен план, институционална дисциплина и политичка волја да испорачува резултати, вели Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник на прес-конференција. Според неа, значаен дел од ...

Полицијата ќе поднесе кривични пријави против две малолетнички по насилството врз девојче во Аеродром. Откако во јавноста беше објавено видео од насилство врз девојче, во полициска станица извршен е разговор со две малолетнички и нивните родители, соопшти МВР. Вчера, 1 јули, во 19:30 часот во СВР Скопје 31-годишна жена пријавила дека претходниот ден, на 30 јуни околу 22:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродром нејзината 12-годишна ...

Дваесетина поранешни и еден сегашен функционер на СДСМ во средата одржаа промоција на новото движење – алтернатива на СДСМ кое според нив треба да ја реафирмира социјалдемократската идеја која сметаат дека не е артикулирана добро од страна на СДСМ под водство на актуелниот лидер Венко Филипче. На собирот дојде некогашната екипа на СДСМ – екс потпретседателот Игор Ивановски кој ја предводи групата, екс генералниот секретар Никола Ќуркчиев, ...

За време на нападот врз Киев, Русија лансираше десетици крстосувачки и балистички ракети, заедно со масовни напади со беспилотни летала врз неколку украински региони. Бранови руски ракети и борбени беспилотни летала во текот на ноќта меѓу 1 и 2 јули го покрија Киев и другите украински градови, само неколку часа откако Володимир Зеленски предупреди дека Русија подготвува нов голем напад врз Украина . Десет лица загинаа, додека најмалку 56 лица ...

Хрватска, а најголема штета досега е регистрирана во Ораховица, каде што ветерот крена дел од покривот на спортската сала на училиштето. Силното невреме што ја погоди Хрватска во текот на изминатата ноќ и вчера попладне остави зад себе голема материјална штета во неколку делови од земјата. Силните дождови и бурниот ветер соборија дрвја, поплавија подруми и им го отежнаа животот на граѓаните, додека најголема штета е регистрирана во Ораховица ...

Талентирани млади спортисти и ученици од семејства во социјален ризик, утрово од општина Кисела Вода заминаа на летен спортско-едукативен камп во Охрид. Децата ќе престојуваат во одморалиштето „Детски радости“ во Свети Стефан, каде им се обезбедени шест полни пансиони, извести Општината. За квалитетното исполнување на времето на децата за време на престојот ќе се грижи стручен тим составен од наставници, аниматори и рекреатори, како и лекар, ...

Општина Куманово ги известува граѓаните кои претрпеле штета од обилните врнежи од дожд во текот на вчерашниот ден, да поднесат барање до комисијата за процена на вредност на штета од природни несреќи и други непогоди во архивата на Општина Куманово, најдоцна до 10 јули (петок). Во прилог на Барањето, потребно е да се достави следната документација: Копија од личен документ (лична карта) за физички лица, или решение / тековна состојба од ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска во Приштина учествуваше на Неформалниот министерски совет на Енергетската заедница, каде што министрите од регионот, претставници на Европската комисија и Секретаријатот на Енергетската заедница разговараа за забрзаната интеграција на земјите од Западен Балкан во европскиот пазар на електрична енергија и природен гас, за енергетската безбедност и зајакнувањето ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче преку социјалните мрежи извести дека ќе го номинира Горан Герасимовски за нов потпретседател на СДСМ. „Горан е човек кој со силна, посветена и одговорна работа ја заслужи довербата на граѓаните на општина Центар. Победата и освоениот втор мандат како градоначалник се најдобра потврда дека резултатите, блискоста со луѓето и искрената работа секогаш се препознаваат. Убеден сум дека Горан, со своето ...

СДС и Левица по месеци разговори усогласувања и прифатени забелешки, денес го блокираат донесувањето на Изборниот законик и ги кочат реформските процеси, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „СДС и Левица учествуваа во креирањето на текстот, но денес поднесуваат десетици илјади амандмани со единствена цел да го блокираат донесувањето на Изборниот законик и да ги закочат реформските процеси. Изборниот законик е усогласен со препораките на ОБСЕ и ОДИХР и ...

Природниот прираст во Македонија е негативен и во градските и во селски средини, односно има повеќе умрени од новородени, објави Државниот завод за статистика. Па така, лани во државата се родиле 15.850 а починале 20.287 лица. Или бројот на новородени е помал за 4.437 на ниво на држава при што разликата е поголема во градските отколку во селските средини. Расте и бројот на разведени па така лани имало 2.185 разводи за разлика од 2020 година, ...

Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за општинските тендери за бележење на пешачките премини. Истражувањето покажува дека избледените и речиси невидливи пешачки премини низ земјава не се случајност. Тие се последица на начинот на кој општините ги спроведуваат набавките за нивно обележување, велат од ЦГК. „Анализата на тендерите покажува дека поголем дел од општините воопшто немале набавки за т.н. ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
7.2
32%
1019
weather icon

Белград

24ᴼ / 23ᴼ
6.7
39%
1022
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
43%
1022
weather icon

Софија

26ᴼ / 23ᴼ
2.06
39%
1020
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
6.3
41%
1019
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 19ᴼ
0.74
77%
1023
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
6.17
35%
1014
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
1.54
18%
1014
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
5.66
27%
1018
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
7.2
43%
1023
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 20ᴼ
3.13
35%
1024
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
6.69
100%
1017
Currency

61.5217

Currency

53.3367

Currency

72.0965

Currency

37.6328

Currency

38.2957

Currency

65.7252

Currency

7.903

Currency

0.64661

Currency

0.3348

Currency

0.52421

Currency

1.11625

Currency

0.55894

Платина

56263.81

Злато

141562.95

Бакар

13.39

Кобалт

56.29

Калај

55.56

Родиум

278907.73

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Сребро

2099.49

Алуминиум

3.36

Паладиум

43596.41

Цинк

0.00