Белград
7ᴼ /
6ᴼ
Заврши зимскиот преоден рок во најсилните европски и други светски лиги. Најскапиот трансфер го направи Ал Наср од Саудиска Арабија, ајмногу потроши Манчестер сити, а најмногу заработи Порто. Специјализираната веб-страница „Трансфермаркт“ ја објави листата на Топ 30 најскапи трансфери оваа зима. Најголемиот трансфер го направи Ал Наср, клуб од Саудиска Арабија, кој долго време е дом на светските ѕвезди Кристијано Роналдо и Садио Мане. Младиот ...
Ноќта меѓу вторникот и средата по средноевропско време се одржа тестирање на малезиската патека „Сепанг“ во пресрет на новата сезона во Мото ГП. Хорхе Мартин, возачот на Априлија и актуелен шампион во „кралската класа“, падна во вториот свиок и силно удри со главата на патеката, откако се најде високо во воздухот бидејќи изгуби контрола над моторот. Се известува дека Мартин се наоѓа во болницата Аурелиј во Нилаи (град кој се наоѓа на шест ...
Околу 10.000 вработени во Американската агенција за меѓународен развој беа известени дека ќе бидат ставени на административно отсуство, бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп има намера да ја распушти агенцијата за странска помош. Во известувањето на Стејт департментот до вработените во УСАИД – од кои две третини работат во странство во 60 земји – се вели дека целиот персонал на УСАИД со директен ангажман ширум светот ќе биде ставен на ...
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека САД заработиле милијарди долари од војната во Украина, благодарение на големите договори за оружје. Зеленски истакна дека американските компании оствариле големи приходи, вклучително и преку лиценцирање, благодарение на огромната побарувачка за оружје и опрема, објави УНИАН. „Американските компании заработија милиони дури и од лиценци, бидејќи имаат канцеларии во Европа. Значи, тоа се ...
Папата Франциско не ја прочита својата порака до аџиите на денешната општа аудиенција поради силната настинка. Франциско (88) во последните две години неколку пати страдаше од грип и поврзани респираторни проблеми. „Ве молам простете ми, но со толку лоша настинка, тешко ми е да зборувам“, накратко рекол Франциско. Подготвената порака на присутните им ја прочитал еден од неговите помошници. Иако зборуваше малку, папата остана присутен во текот на ...
Жена протестираше гола во Иран поради третманот кон жените во оваа земја, скокајќи врз полициски автомобил. Снимката од настанот ја сподели „Дејли мејл“, додавајќи дека полицијата се обидела да ја тргне од автомобилот, а таа одбивала да се помести. Жената ги поздравуваше возачите кои поминуваа. Не е јасно што го поттикнало храбриот протест на жената, но извештаите кои кружат на социјалните мрежи сугерираат дека таа протестирала против сè ...
Сеизмичката бура која го тресе Санторини во изминатите денови продолжи и во текот на ноќта. Два земјотреси со јачина од 4 и 4,3 степени според Рихтеровата скала во рок од пет минути ги погодија Санторини и Аморгос во раните утрински часови во средата. Првиот земјотрес со јачина од 4 степени е регистриран во 4 часот и 16 минути по локално време со епицентар на 18 километри од Аркесинина на Аморгос, а вториот е регистриран во 4 часот и 21 минути ...
Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени. Во Скопје утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе ...
Протестен марш под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“ ќе се одржи в сабота во Неготино, објавија организаторите на настанот на социјалните мрежи. Маршот ќе започне во 14 часот на улица „Маршал Тито“. Како што се објавува на социјалните мрежи, другарките на Фросина Кулакова која беше прегазена на 29 јануари, организираат бесплатен превоз до Неготино и назад за оние кои се од другите градови, а сакаат за бидат дел од протстот. Според ...
„СДС го партизираше правосудниот систем во Македонија. СДС во Струмица ги бираше судиите кои после изборот, наместо по закон, судеа по партиска директива и тоа секој ден, се повеќе излегува на површина“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Блискоста на СДС со судиите се гледа и во примерот со судијката Даниела Алексовска Стојановска, која им отстапила дел од својот дом за партиски општински штаб. Се поставува прашањето дали со ваквиот гест, судијката Даниела ...
Здружението од Кавадарци, „Лина – Спаси живот, добиј живот, помогни на животните“ на социјалните мрежи објавија статус, во кој велат дека во моментот на трагедијата, со Фросина Кулакова било и нејзиното куче Аја. Кучето било тешко повредено, но преживеало. Било пронајдено под автомобилот на Васил Јованов. „Ќерко наша, толку добрина имаше во тебе, толку милост, убавино наша… Како и секоја вечер со твоето душиче, со твоето пријателче Аја, за која ...
Актерката Лили Колинс неодамна ја сподели среќната вест дека таа и сопругот Чарли Мекдауел станаа родители. Нивната ќерка ја роди сурогат мајка, што предизвика различни реакции во јавноста. По критиките кои се појавија на социјалните мрежи, Чарли одговори на негативните коментари, а во понеделникот ја сподели првата фотографија од Лили со нивната ќерка Тове. На објавената фотографија Лили е фотографирана одзади додека се шета со количка, а ...
Некои луѓе го прават само она што е потребно, додека некои се претвораат во вистински машини кога е работата во прашање. Меѓу хороскопските знаци има пет знаци кои не го знаат зборот „на половина пат“, секогаш одат до крај. Без разлика дали се работи за работа, хоби или домашни работи, нивната напорна работа и посветеност се легендарни. Јарец Јарците се синоним за дисциплина и работна етика. Тие се луѓе кои нема да застанат додека не се заврши ...
Саудиска Арабија ја потврди својата позиција дека нема да воспостави врски со Израел без создавање на палестинска држава. Оваа позиција е „цврста и непоколеблива“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на земјата објавено по прес-конференцијата на Трамп и Нетанјаху. Министерството додаде дека за ова „не може да се преговара“, додавајќи дека „траен мир“ не е можен без да им се даде на Палестинците нивното „легитимно ...
Австралискиот премиер Ентони Албанез ја повтори „долгогодишната“ поддршка на неговата земја за решение за две држави на Блискиот Исток, по коментарите на Трамп за „преземање“ на Газа. „Имавме долгогодишен двопартиски став за решение со две држави“, им рече тој на новинарите, мислејќи на создавањето на независна палестинска држава која ќе постои заедно со Израел. „Позицијата на Австралија е иста, како и утринава, како и минатата година, како и ...
Премиерот на Гренланд, Муте Егеде, денеска објави дека на полуавтономната данска територија ќе се одржат општи избори на 11 март, бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп покажува интерес за купување на арктичкиот остров. Главните прашања во изборната кампања се очекува да бидат аспирациите на Гренланд за независност и односите со Данска и САД, како и кревката економија која зависи од риболовот и данските субвенции. Оживувајќи ја идејата ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека планот на американскиот претседател Доналд Трамп САД да го преземат Појасот Газа може да ја „промени историјата“. Нетанјаху нагласи дека една од неговите цели во војната е да обезбеди Газа повеќе да не претставува закана за Израел, пишува „Тајмс оф Израел“. Трамп, вели тој, има поинаква визија за регионот, кој беше „жариште на тероризам и напади врз Израел“. Израелскиот премиер додаде дека е ...
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изрази сочувство по смртоносното пукање што се случи вчера во центар за образование на возрасни во шведскиот град Оребро. „Она што се случи во Оребро е навистина ужасно. Вакво насилство и терор немаат место во нашите општества, а најмалку во училиштата. На овој мрачен ден стоиме со народот на Шведска“, рече таа. What happened today in Örebro is truly horrifying. Such violence and terror ...
Во шпанскиот град Аликанте беше извршена обдукција на телото на Јаков Јелкиќ (24), хрватски фудбалер чие тело беше пронајдено во морето откако исчезна ноќта меѓу петокот и саботата. На телото не се пронајдени траги на насилство, па полицијата претпоставува дека тој починал поради ноќен пад во студеното море под дејство на алкохол, објави Јутарњи лист. „Претпоставуваме дека се работи за несреќен случај“, изјавил по телефон за Хина портпаролот на ...
Фудбалерите на Болоња се пласираа во полуфиналето на Купот на Италија со победата од 1:0 (0:0) над Аталанта во Бергамо. Иако се работи за две екипи кои учествуваа во Лигата на шампионите, овој исход е изненадување, со оглед на формата, па дури и квалитетот што го покажаа оваа сезона. Болоња ги издржа сите напади на „божицата“ и во 80. минута ја шокираше и ја елиминира од натпреварувањето. Тогаш голот со кој Болоња се пласираше во полуфиналето ...
Атлетико Мадрид е првиот полуфиналист на шпанскиот Кралски куп по убедливата победа над Хетафе. Натпреварот на стадионот „Метрополитано“ во шпанската престолнина заврши со резултат 5:0 (3:0). Прашањето околу конечниот победник „јорганџиите“ го решија во првото полувреме кога дојдоа до недостижни три гола предност. Блескаше синот на тренерот Диего Симеоне, 22-годишниот Џулијано. Најмладиот син Чоло ги постигна првите два гола во воведните 17 ...
Лука Дончиќ и официјално е претставен како нов кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс. Во неделата, се случи трејдот кој го шокира кошаркарскиот свет, Добнчиќ се пресели во Лејкерси и Ентони Дејвис во Далас. Лос Анџелес Лејкерс го претставија како нов играч и веднаш беше прашан дали знаел за трејдот и како ќе ги коментира приказните дека не сакал да прифати договор од Далас во 2026 година. „Тоа е нивна одлука и немам коментар за тоа. Не знам што ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека неговиот тим оваа недела разговарал со советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот главен пратеник за војната во Украина и дека тие работат на организирање посета на американска делегација. Киев се обидува да воспостави блиски односи со новата администрација на Трамп, која рече дека сака брзо да стави крај на речиси тригодишната војна со Русија. ...
Британско-американскиот автор Нил Гејман и неговата сопруга се тужени од жена од Нов Зеланд која бара милиони долари за наводна сексуална злоупотреба и трговија со луѓе додека работела кај нив како дадилка, се вели во три тужби поднесени вчера. Скарлет Павлович рече дека Гејман повеќепати ја силувал додека работела за него и Аманда Палмер во 2022 година, предизвикувајќи физичка, ментална и емоционална штета. Според судските документи, Палмер е ...
Марва, ученичка која го посетува училиштето за возрасни во Шведска, каде се случи нападот, ги опиша првите моменти по пукањето. „Младиот човек до мене беше застрелан во рамото. Обилно крвареше. Кога погледнав зад мене, видов тројца луѓе на подот како крварат. Сите беа во шок, велеа ‘Бегај надвор’. Јас и мојот пријател се обидовме да спасиме живот на една личност. Луѓето беа многу вознемирени. Полицијата не беше на местото на настанот, ниту пак ...
Премиерот најави нови 15 милијарди денари за проекти во општините, а со закон ќе се забранат нелегалните игри на среќа, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение, сублимирајќи ги најавите на премиерот и претседател на владејачката партија, Христијан Мицкоски. „Општините ќе може да аплицираат за средства за капитални проекти од следната недела. Јавната администрација ќе се реформира во светло на ЕУ интеграцијата.Македонија се трансформира!“, се додава ...
Девојката на Бред Пит е подготвена да се соочи со Анџелина Џоли, поради постојаните напади на познатата актерка. Бред и Анџелина се запознаа во 2005 година и заедно подигнаа шест деца, на крајот се разделија во 2016 година врз основа на непомирливи разлики. Пит на крајот беше ослободен по истрагата на ФБИ за инцидент на лет во кој тој наводно го нападнал своето семејство пијан. Три од неговите деца оттогаш го отфрлија Пит од нивните двојни ...
Полицијата соопшти дека десет лица се убиени во пукањето во училиштето за возрасни „Кампус Рисбергска“. Се работи на нивно идентификување. Починал и напаѓачот, додаваат тие. На прашањето на новинарите дали напаѓачот се самоубил, началникот на локалната полиција во Оребро рече дека нема информации за тоа. Полицијата соопшти дека 35-годишниот напаѓач не и е познат на полицијата и дејствувал сам, иако не е исклучено да имал помагачи. Мотивот за ...
Од 26-ти јануари, во Егејското Море се регистрирани 754 земјотреси, а интензивната сеизмичка активност продолжува на и околу грчките острови Санторини, Аморгос, Анафи и Иос, јавува „Анадолија“. Илјадници луѓе бегаат од грчкиот остров Санторини во јужниот дел на Егејското Море, вознемирени од континуираната интензивна сеизмичка активност, јавуваат локалните медиуми. Додека многу луѓе загрижени за земјотресот го напуштија островот со траект или ...
На годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, делегација на Демократската унија за интеграција положи венец на почивалиштето на Делчев во црквата „Свети Спас“. Потпретседателот на интегративците, Арбер Адеми порача дека денеска треба да се слави визијата на Делчев за еднаквост и соживот. „Денес, секако, треба да се истакне идејата за делчевизмот е идеологија која деновиве ѝ е повеќе од потребна на Република Македонија, односно меѓусебно почитување, ...