Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес на својата социјална мрежа Truth Social објави изјава за Иран, велејќи дека нема да има договор со земјата и барајќи нејзино „безусловно предавање“. Во својата објава, тој исто така изложи визија за иднината на Иран откако ќе се исполни тој услов, ветувајќи економски просперитет со помош на Соединетите Американски Држави и нивните сојузници. „Нема да има договор со Иран освен БЕЗУСЛОВНО ПРЕДАВАЊЕ! ...
Силниот раст на градежништвото од 14,6 % во четвртиот квартал и 21 % раст во третиот квартал од 2025 година даваат силен сигнал за стопанството, сигурност и поттик за идни инвестиции што ќе донесат ситуација во која БДП уште ќе расте, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел дискусијата “Раст на економијата- економска сигурност на граѓаните”. Тој вели дека за овој континуиран раст на градежништвото има три ...
Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа (СЕЛЕК), е еден од најзначајните стратешки партнери на нашата држава во борбата со транснационалниот организиран криминал. Нашата соработка е фокусирана на сузбивање на недозволена трговија со дрога, царински измами и криумчарење мигранти, при што преку понатамошно интензивирање и продлабочување на партнерството се стремиме кон зајакнување на безбедноста во Југоисточна Европа. Ова беше ...
Специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски земји и генерален директор на Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF) Кирил Дмитриев смета дека Европа се соочува со „енергетско цунами“ поврзано со одбивањето на Европската Унија да го користи рускиот природен гас. „Сè е вистина, но исто така ќе биде уште полошо од претстојниот енергетски шок“, напиша тој на социјалната мрежа Икс, коментирајќи ...
Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во општина Кисела Вода денеска се одржа промоција на едукативниот анимиран филм „Кликни безбедно“. Настанот, кој е дел од проектот MKSafeNet – Центар за побезбеден интернет, ги обедини претставниците на централната и локалната власт во заедничката цел: подигнување на свеста за дигиталната писменост и заштита на најмладите во виртуелниот простор. На промоцијата, покрената на иницијатива на министерот ...
Утрово во 06:00 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.З.(54) од село во општина Сарај. Според пријавеното, тој околу 05:00 во домот под дејство на алкохол физички ја нападнал неговата неговата 15-годишна ќерка, но неговиот син успеал да ги радели. Увид извршила екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. Текстот Jа нападнал 15-годишната ќерка: уапсен маж од ...
Велика Британија денес ги предупреди своите граѓани да не патуваат во Кипар бидејќи ризикот од терористички напад во таа област не може да се исклучи, објави Би-Би-Си. Службата за надворешни работи и развој изјави дека постои високо ниво на закана од вакви напади на глобално ниво. Како што се додава во соопштението, оваа закана ги загрозува британските интереси и граѓани, а доаѓа од групи и поединци кои ја гледаат Велика Британија и ...
Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, во рамки на работната посета на Вооружените сили на Соединетите Американски Држави, вчера (5 март), оствари средба со заменик-претседавачот на Здружениот Генералштаб на Вооружените сили на САД, генерал Кристофер Махони. На средбата која се реализира во Пентагон, Вашингтон, се потврди тридецениското партнерство и соработка помеѓу двете Армии. Во оваа прилика, генералот ...
Започна изградбата на типската училишна спортска сала во дворот на ООУ „Стив Наумов“ Битола. Денеска градоначалникот на Битола, Тони Коњановски беше на локацијата каде ќе биде изградена оваа училишна фискултурна сала на површина од 650 м2. Објектот е наменет за спортски и рекреативни активности во мали спортови како кошарка, одбојка, гимнастика, ракомет, пинг понг и други спортови поврзани со училишното образование. Објектот ќе има две ...
Од синоќа во Скопје има нов случај на семејно насилство и пукање со пиштол. Уште колку жртви, што уште треба трагично да завршат за Панче Тошковски да си поднесе оставка, праша на денешната прес-конференција Маја Борозан од СДСМ. „За трагедијата во Карпош, во која животите ги загубија мајка и малолетно дете, пропусти на МВР. Две години постојано имало пријави за семејно, физичко и психичко насилство, вкупно 12 пријави. МВР на Панче Тошковски ...
Кремљ соопшти дека војната во Иран ја зголемила побарувачката за руски енергетски производи, еден ден откако Министерството за финансии на САД издаде 30-дневно ослободување со кое ѝ се дозволува на Индија да купува руска нафта која моментално е блокирана на море. Конфликтот речиси целосно го затвори Ормутскиот теснец, клучен превозен пат, што им ја прекина испораката на нафта и течен природен гас на земјите ширум светот. Портпаролот на ...
„Нема одговорност за скандалите на власта, нема одговор за Адамовиќ, за врските со Русија, за 5 тони дрога, за Панче, има нов дефокус од кујните на ВМРО-ОКГ. Сериозни скандали ја потресуваат државата, а власта очајно се обидува да дефокусира со нови спинови за името“, велат од СДСМ. „Нема одговор од Христијан Мицкоски кој е Душан Адамовиќ, функционер на СНС, и по кои критериуми ovoj негов близок пријател е поставен за почесен конзул во ...
Јавното обвинителство извести дека е оформен предмет по допрен глас, по објавените информации во медиумите за констатирани неправилности при извршениот инспекциски надзор во Центарот за социјални работи во врска со трагичниот настан во Тафталиџе, кога загинаа мајка и ќерка по пад од балкон. „Врз основа на информациите објавени во медиумите за констатирани неправилности при извршениот инспекциски надзор во Центарот за социјални работи, ...
Пред неколку дена министерот за транспорт јавно изјави дека делницата Требеништа – Струга – Ќафасан, како дел од Коридорот 8, може да биде исклучена од проектот, повикувајќи се на ограничувања поврзани со УНЕСКО. Оваа изјава е алармантна и неприфатлива, велат од ДУИ. Потенцираат дека Коридорот 8 не е локален инфраструктурен проект. Тоа, како што велат, е стратешки коридор кој ги поврзува Јадранското и Црното Море, обединувајќи ги Италија, ...
Директна порака до владејачката партија: Ветивте на народот враќање на името. Ветивте на народот дека ќе го поништите Преспанскиот договор. Нас нè обвинивте дека сме предавници. Но, еве веќе втора година сте на власт и никаков потег немате во тој правец, истакна на прес-конференција Андреј Жерновски – член на Извршниот одбор на СДСМ. „Зошто сега не го смените името? Зошто сега не го направите тој чекор? Излезете и покренете иницијатива во ...
Политиките на СДС со Заев и Филипче ја оддалечија Македонија од демократските стандарди, а ја приближија кон руската политика, вели Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Ккао што оценува, политиките на СДС со Заев и Филипче ја направија Македонија да биде хибриден режим, со слични карактеристики на владеење како на Путин и Лукашенко. „Онишченко и Борче Марковски, кои се блиски соработници до Путин и Лукашенко, се лица кои власта на СДС, Заев ...
Една слика, илјада зборови. Асмир Јахоски, сопственик на познатата компанија Пуцко Петрол на состанок во Мицкоски во Владата, велат од СДСМ. „Колку само прес конференции ВМРО-ОКГ одржа против Јахоски и Пуцко Петрол, дека бил криминалец, дека го труел народот, што ли уште не. Колку само изјави лично од Мицкоски“. Во март, минатата година, како што нагласуваат од СДСМ, Јахоски беше приведен, беше спроведен во притвор како осмничен во врска со ...
Андоновски: Наша заедничка одговорност е да создадеме средина во која технологијата ќе биде алатка за учење, креативност и развој, а не извор на ризици Денеска се одржа промотивно прикажување на едукативниот цртан филм „Кликни безбедно“, реализиран во рамките на проектот MKSafeNet – Центар за побезбеден интернет, имплементиран од Министерството за дигитална трансформација. Филмот е создаден како резултат на креативна соработка меѓу ученици и ...
Во текот на ноќта е вандализиран Бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ во Битола, реагираше Љупчо Ѓоргиевски на својот Фејсбук профил со став во кој го осудува нападот, пренесува Трибуна. „Оставаме настрана вулгарноста, својствена за носителите на омраза кон нас, македонските Бугари. Нема да го коментираме ниту нивниот страв, бидејќи само луѓе со мали души можат да ги кријат своите лица додека вршат чин кој во суштина е политички“, напиша ...
Петнаесетгодишен ученик кој бил на екскурзија во Грција починал откако паднал од хотелска тераса. Ученик од Франција починал откако паднал од третиот кат на хотел во Атина, објавија грчките медиуми. Трагедијата се случила на улицата Салому во центарот на грчката престолнина. Учениците, кои биле на екскурзија, престојувале во хотелот во времето на трагедијата. И покрај тоа што службите за итни случаи брзо пристигнале на местото на настанот, ...
По месеци притисок врз Индија да престане да купува руска нафта, САД му одобрија на Њу Делхи привремено ослободување од обврската што му овозможува да купува гориво од Москва поради ограничувањата на глобалните испораки на нафта предизвикани од војната на Блискиот Исток, пишува „Киев Индепендент“. „За да се обезбеди континуиран проток на нафта на светскиот пазар, Министерството за финансии издава привремено ослободување од обврската од 30 ...
Косовската претседателка Вјоса Османи денес го распушти парламентот и распиша предвремени избори, трети за нешто повеќе од една година, еден ден откако пратениците не успеаја да изберат нов претседател во уставниот рок. Парламентот со 120 места имаше рок до полноќ во четврток да избере претседател, но владејачката партија Ветевендосје на премиерот Албин Курти не успеа да го обезбеди потребниот кворум или да ги освои пратениците од ...
Група христијански пастори се собраа синоќа во Овалната соба на Белата куќа за да се молат за претседателот Доналд Трамп, додека американско-израелската воена кампања против Иран, која сега е во втората недела, продолжува да ескалира. Конфликтот одзеде околу 1.000 животи, вклучувајќи го и оној на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи. Happening Now in the Oval Office at the @WhiteHouse. God Bless the USA! pic.twitter.com/Ebi7DnAnhK ...
Вчера, во тешка сообраќајна несреќа, на 52-годишна возраст, загина Љупчо Бучукоски, оперативен работник во Регионалниот центар за управување со кризи во Битола. Колективот на Центарот за управување со кризи изразува длабоко жалење за загубата и упати искрено сочувство до семејството Бучукоски. „Драг Љупчо, Центарот за управување со кризи ќе те памети по твојата беспрекорна професионалност, посветеност во извршувањето на службените обврски, ...
Францускиот претседател Емануел Макрон ѝ порача на јавноста дека Франција „не води војна“ на Блискиот Исток, и покрај тоа што испраќа воено засилување во регионот, вклучувајќи го и носачот на авиони Шарл де Гол, и дека го прави тоа за да ги заштити своите граѓани и сојузници погодени од иранската одмазда. „Ние не сме во војна. Франција не води војна на Блискиот Исток и нема да се вклучи таму. Многу добро ги разбирам и ги слушам вашите ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес повтори дека унгарската влада и тој го вознемируваат украинскиот претседател Володимир Зеленски затоа што не ги исполнуваат неговите барања, поради што сака да се „отараси од нив“. Тој за „Радио Кошут“ изјави дека нема да попушти на уцените и заканите. „Нема да го исполниме барањето на Украина да се ослободи од руската нафта, но нема да продолжиме да ја поддржуваме војната на Украина, ниту ќе им даваме ...
„ВЛЕН продолжува со добра работа и конкретни проекти што го менуваат животот на граѓаните, додека Чаир се надополнува со уште една важна инвестиција во спортот и младите. Со инвестиција од околу еден милион евра, се гради модерен базен, втор по ред на територијата на општина Чаир, кој ќе им служи на младата генерација и на целата општина. Станува збор за модерни услови за секој ученик што сака да учи да плива, да се натпреварува и да се ...
Инфлуенсерката Хана Нилман, поранешна балерина која сега е позната на социјалните мрежи низ целиот свет под името Балерина Фарм, роди девојче. Среќните родители неодамна објавија дека го очекуваат своето деветто дете, што ја направи Хана вистинска сензација. Хана и нејзиниот сопруг Даниел објавија видео од себе како го држат бебето, а интересно е што веста беше објавена на роденденот на нивните ќерки Франсис и Лоис. Тие сè уште немаат име за ...
Жителите на Дубаи добија предупредување на своите мобилни телефони од Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати во кое се повикуваат да побараат засолниште поради можна ракетна закана. „Поради моменталната ситуација и можната ракетна закана, веднаш побарајте засолниште во најблиската безбедна зграда и оддалечете се од прозорците, вратите и отворените простори“, се вели во предупредувањето. Текстот Жителите на Дубаи ...
Премиерот Христијан Мицкоски информира дека одржал средба со претставници на нафтената индустрија во државата, на која се разговарало за состојбата со нафтените деривати во услови на кризата на Блискиот Исток и глобалните предизвици во оваа индустрија. Како што објави Мицкоски на Фејсбук, на средбата било констатирано дека нема простор за загриженост и дека состојбата е целосно под контрола. „Залихи на горива има и нафтените потреби целосно ...