Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
РЦУК Скопје известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Јосиф Михајловиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Јосиф Михајловиќ и Атанас Бабата, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности. Текстот Дел од Карпош денеска без вода е превземен од МАКФАКС. РЦУК Скопје известува дека денеска поради изведување на водоводен ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 08.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата Мирослав Крлежа, како и корисниците од улиците Наум Наумовски Борче, Антоние Грубишиќ и Орце Николов, општина Центар; – во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Миле Поп Јорданов лоцирани во околината на хотел Гранит, општина Карпош. Текстот Без струја денеска делови од ...
„СДС на Зоран Заев и Венко Филипче седум години на власт водеше антидржавна политика. За личните и бизнис интереси на Филипче и Заев, власта на СДС ги распродаваше националните интереси и ја стави под ризик стратешката ориентација на државата. Наместо про НАТО и про ЕУ ориентирана држава, СДС на Заев и Филипче Македонија ја претворија во хибриден режим и продолжеток на режимите на Владимир Путин и Александар Лукашенко“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. ...
„Ако Kиро Глигоров одбил 100 милиони долари за промена на името на државата како што стои во документите на ЦИА, тогаш се поставува прашањето колку пари земале Зоран Заев и неговиот ученик и другар Венко Филипче за промената на името, поточно за завршување на таа работа. Прашањето следи логично по последните објави на документи на ЦИА“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Дополнително, има ситуација кога говори дека Зоран Заев и Венко Филипче по седумте ...
САД им се придружија вчера на Русија, Кина и Нигер во гласањето против резолуцијата на агенцијата за нуклеарниот надзор на ОН, со која се осудуваат нападите врз украинската енергетска инфраструктура како закана за нуклеарната безбедност. Дипломатите изјавија дека ова е прв пат САД да се спротивстават на таква резолуција за Украина откако започна руската инвазија пред четири години, објави Ројтерс. Седма резолуција, прв глас на САД против ...
Декларираниот капацитет важи само за сува памучна облека, а деликатните ткаенини бараат значително помало полнење. Многу луѓе претпоставуваат дека етикетата „7 кг“ или „8 кг“ на машината за перење значи дека можат да го наполнат барабанот на машината за перење до врв без да размислуваат двапати. Но, ова често води до скапи дефекти. Она што производителите не го нагласуваат доволно јасно е дека декларираниот капацитет важи исклучиво за сува ...
Иранската Црвена Полумесечина (IRCS) соопшти дека повеќе од 3.000 домови и 500 трговски центри биле оштетени во американските и израелските напади низ целата земја, при што Техеран претрпел најголема штета. Додаде дека се оштетени и 14 медицински и фармацевтски центри. Си-ен-ен соопшти дека не може независно да ги потврди бројките на IRCS. فوری آسیب شدید و تخریب ساختمان #هلال_احمر #مهاباد به دنبال حملات هوایی و بمباران رژیم صهیونیستی و ...
Високо интелигентните луѓе често е тешко да се забележат бидејќи начините на кои се поврзуваат со другите се толку суптилни. Од внимателно слушање до меморирање на односи и групна динамика, високо интелигентните луѓе често несвесно користат вештини што ве привлекуваат без вие дури и да го сфатите тоа. Во свет кој сè повеќе го следи патот на најмал отпор, нивната интелигенција им помага да се поврзат, да учат и да напредуваат. Тие не се ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во ексклузивно интервју за Ен-би-си изјави дека сака целосна промена на раководството во Иран и дека има на ум неколку луѓе за кои верува дека би биле соодветни за нов лидер. Трамп, исто така, откри дека се преземаат чекори за да се осигури дека неговите кандидати ќе ја преживеат војната. „Сакаме да влеземе и да исчистиме сè“, рече Трамп во телефонски разговор, објави Ен-би-си Њуз. Во друго интервју за ...
Ѕвездите носат неповолен период за три знаци; крајот на март нема да се памети добро поради сериозна криза дома, огромни трошоци и предавство. Јарците, Шкорпиите и Близнаците ќе влезат во период од 25 март кој целосно ќе ги промени нивните планови. Јарците ќе имаат важен договор за пари што ќе пропадне, Шкорпиите ќе се соочат со вистината за врската што воопшто нема да им се допадне, додека Близнаците ќе останат без поддршката од луѓето на ...
Речиси 200 деца се убиени низ Блискиот Исток од саботата, од првиот американско-израелски напад врз Иран, соопшти УНИЦЕФ. Најмалку 181 дете се убиени во Иран, седум во Либан, три во Израел и едно во Кувајт, според неговите податоци. „Децата не започнуваат војни, но плаќаат неприфатливо висока цена за нив. Воената ескалација низ Блискиот Исток веќе има разорно влијание врз децата“, соопшти УНИЦЕФ. Напад врз училиште во Иран За време на првиот ...
Моделот Емили Ратајковски се појави на Неделата на модата во Париз и уште еднаш покажа дека е посилна од сите негативни коментари, особено откако сите ја осудија нејзината прошетка на Неделата на модата во Милано. Овој пат, Париз уживаше во провокативниот стил на убавата Емили, а како што пишува InStyle, ова е едно од нејзините посмели изданија. @gala.fr #emrata #emilyratajkowski #tiktokfashion #courreges #pfw ♬ Baila Conmigo – Selena Gomez ...
Главниот град на Иран, Техеран, утрово беше под силни воздушни напади, а експлозии одекнуваа низ целиот град, објавија државните медиуми. Авенијата Јомхури, популарна трговска-зона и една од најпрометните улици во центарот на Техеран, наводно беше цел на нападот. Иранскиот државен радиодифузер IRIB објави за последиците. „Улицата Јомхури, автобуската станица Јами и куќа во станбена зона беа целосно уништени. Улиците во централниот и ...
Исландската влада ќе му предложи на парламентот на есен референдум за тоа дали да се продолжат преговорите за пристапување во ЕУ, кои беа прекинати пред повеќе од една деценија, објави телевизијата RUV. RUV објави на својата веб-страница дека владата ќе поднесе закон до парламентот следната недела и дека изворите велат дека гласањето веројатно ќе се одржи кон крајот на септември. Рејкјавик ги напушти преговорите за членство во ЕУ во 2013 ...
Полицијата употребила огнено оружје против маж кој нападнал минувачи и полицајци со нож во љубљанската населба Фужине. Напаѓачот починал на местото на настанот, а подрачјето околу плоштадот е затворено. Драматичниот инцидент се случил денеска, а од Полициската управа Љубљана потврдиле дека мажот со нож нападнал минувачи и полицајци, по што полицијата употребила огнено оружје. Според „Словенске новице“ каде што е објавено и видеото, напаѓачот ...
Израелските воздухопловни сили денеска извршија бран напади врз повеќе од 200 цели низ Иран, соопштија Израелските одбранбени сили (ИДФ), пренесе „Гардијан“. Во изјава објавена на Телеграм каналот на ИДФ се наведува: „Овие напади се надоврзуваат на претходните удари што се изведуваат од почетокот на операцијата и се насочени кон разградување на системот на балистички проектили на иранскиот режим. Од почетокот на операцијата погодени се ...
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху уште во ноември поставил цел да биде ликвидиран тогашниот врховен лидер на Иран, Али Хамнеи. Во интервју за израелската телевизија „Чанел 12“, Кац рече дека по консултации со израелската војска (ИДФ) и разузнавачката служба Мосад бил одреден и временски рок за операцијата. „Во договор со ИДФ и Мосад, целниот датум на крајот беше поставен за ...
НАТО соопшти дека Алијансата е подготвена да го одбрани населението на земјите членки од балистички закани, по вчерашниот инцидент во кој иранска балистичка ракета била идентификувана, следена и успешно пресретната. На состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел, со кој претседаваше генералниот секретар Марк Руте, сојузниците остро го осудија таргетирањето на Турција и изразија целосна солидарност со Анкара. Руте му оддаде признание на ...
Уставните измени се барање за кое не може да се преговара. Ако нема исполнување на овие критериуми и услови, нема да има напредок на патот кон пристапувањето. Имам многу јасна комуникација со Владата на Северна Македонија дека ова барање мора да биде исполнето и дека не подлежи на преговори. Ова го изјави европратеникот и известувач за Северна Македонија Томас Вајц во интервју за БГНЕС, пренесува Трибуна. БГНЕС: Минатогодишниот извештај за ...
Финска планира да ја укине долгогодишната забрана за поседување нуклеарно оружје на својата територија, што би можело да овозможи распоредување нуклеарно оружје во случај на војнa. Станува збор за измена на Законот за нуклеарна енергија од 1987 година, кој досега забранува увоз, производство, поседување и детонација на нуклеарни експлозиви во земјата. Финскиот министер за одбрана Анти Хаканен изјави дека измената е неопходна за да се ...
Евакуирани се македонски државјани од Израел, кои попладнево со владиниот авион полетаа од Шарм ел-Шеик кон Скопје, информира министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Како што посочи, Министерството целосно го координирало процесот на евакуација, кој барал сериозен ангажман на дипломатско-конзуларните претставништва, доследно почитување на безбедносните процедури и континуирана координација меѓу надлежните ...
Густ црн чад попладнево можеше да се забележи во делови од главниот град, откако било пријавено лице што горело кабли на депонија во населбата Маџари. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека пријавата се однесувала на локација кај црквата зад пругите во Маџари. Случајот бил пријавен на бројот 112. Пожарот е изгаснат. Текстот Густ црн чад во Скопје: пријавено лице што палело кабли во Маџари е превземен од МАКФАКС. Густ црн ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Политико“ изнесе низа тврдења за војната со Иран, ситуацијата на Куба, војната во Украина и односите со технолошките компании. Во разговорот ја отфрли загриженоста за последиците од конфликтот со Иран и порача дека САД ќе помогнат во изборот на новиот ирански лидер. Воедно го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски и компанијата за вештачка интелигенција „Антропик“. Трамп ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД мора да бидат вклучени во изборот на новиот врховен лидер на Иран, по убиството на Али Хамнеи во американско-израелските напади, објави „Аксиос“. Иранските власти во меѓувреме најавуваат дека наскоро може да биде објавено името на неговиот наследник, а како главен кандидат се споменува неговиот син Мојтаба Хамнеи. Трамп во разговор за „Аксиос“ изјави дека не го прифаќа тој избор. „Тие ...
На 6 март (петок) 2026 година во Бугарскиот културно информативен центар со почеток од 12 часот ќе се одржи информатива средба со претставници од Министерството за образование и наука на Бугарија и Агенцијата за Бугарите во странство, наменети за ученици и идни студенти заинтересирани за студирање во бугарските високообразовни институции, јавува Трибуна. За време на средбата ќе биде презентиран начинот на аплицирање, целокупната постапка и ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно остро ги критикуваше Шпанија и Обединетото Кралство. „Имаме многу победници, но Шпанија е губитник, а Обединетото Кралство ме разочара многу. Шпанија е многу непријателски настроена кон НАТО“, рече Трамп во телефонско интервју за Њујорк пост. „Тие не го плаќаат својот дел. Тие беа единствените што гласаа против обврската за издвојување на 5 проценти и се многу непријателски настроени кон сите“, ...
Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка, Моника Зајкова, со поддршка на група пратеници, денеска до Собранието ги поднесе измените и дополнувањата на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. Дополнително, Зајкова поднесе и барање за одржување на седница на собраниската Комисија за еднакви можности на мажите и жените. „Денес повторно го поднесуваме Законот за електронска ...
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата „Јосиф Михајловиќ“, утре (06.03.2026, петок) без вода ќе останат дел од жителите во општина Карпош. Како што информираат од РЦУК – Скопје, прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од улиците „Јосиф Михајловиќ“ и „Атанас Бабата“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности. Фото: unsplash Текстот Во Карпош утре без вода ...
На предлог на Министерството за транспорт, пратениците во Собранието денеска ги изгласаа измените на Законот за градење и Законот за градежно земјиште. Од Министерството соопштија дека со измените се поттикнува економскиот развој на државата и општините, се овозможуваат поквалитетни услуги за граѓаните и порационално користење на јавните добра. Со измените на Законот за градежно земјиште, за првпат се овозможува јасен увид во линиската ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека војната што Западот ја води против Русија повеќе не е хибридна, туку директна и жешка, пренесе ТАСС. Според него, целта на конфликтот преку Украина е да се ослаби Русија и да ѝ се нанесе стратешки пораз. „Целта на војната против Русија, која Западот ја подготви и на крајот ја започна преку украинскиот режим, е да ја ослабне нашата земја и да ѝ нанесе стратешки пораз. Постојат ...