Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Прилепска пиварница АД Прилеп откупи нови сопствени акции. Како што информираа од таму преку Македонската берза, Друштвото се стекнало со 12 сопствени акции. Вкупниот број на сопствени акции што ги поседува Друштвото е 1.302, што претставува 3,26% од вкупниот број на акции на Прилепска пиварница. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Прилепска пиварница повторно откупи сопствени акции Реизбрани членовите на НО на Прилепска пиварница Прилепска пиварница АД Прилеп ...
Акцијата на Комерцијална банка АД Скопје останува најтргуваната акција и во октомври, покажува месечниот билтен на Македонската берза. За овој период со акцијата на Комерцијална банка е остварен промет од 73,4 милиони денари. Акцијата на Комерцијална банка е најтргувана подолг период. Во најтргуваните акции останува и акцијата на Алкалоид АД Скопје, со која е остварен промет од 41,7 милиони денари, како и акцијата на Макпетрол АД Скопје, со ...
Централна кооперативна банка АД Скопје во првите девет месеци од годинава остварила добивка од 25,72 милиони денари, соопштија од таму преку Македонската берза. -Забележан е пораст на вкупната актива/пасива од 4% и остварување на поставениот план од 98%. Во третото тримесечје од 2026 година, евидентиран е мал пораст на кредити и на побарувања од други комитенти за 5% во однос на крајот на годината, при што планот за овој период е исполнет ...
Во првите девет месеци од годинава Градски трговски центар (ГТЦ) АД Скопје остварил добивка од 5.890 илјади денари, соопштија од таму преку Македонската берза. Друштвото остварило вкупни приходи од 212.353 илјади денари, што претставува зголемување од 8% во однос на истиот период од 2025 година. Вкупните расходи изнесуваат 206.464 илјади денари, и истите се зголемени за 9%. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ ГТЦ лани ја намалил загубата Во првите девет месеци ...
text size Производството на струја од природен гас во Австралија во третиот квартал од оваа година падна на најниско просечно ниво по повеќе од 25 години, извести „Блумберг“. Главна причина за ова намалување на употребата на фосилното гориво за производство на електрична енергија е експанзијата на инвестиции во капацитетите за складирање енергија во батерии. text size Производството на струја од природен гас во Австралија во третиот ...
Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски денес во Ашафенбург, Сојузна Република Германија, оствари средба со менаџментот на компанијата „Џојсон Сејфти Системс“, која е присутна и во Македонија со своите производствени капацитети во ТИРЗ Кичево. Во фокусот на средбата беа досегашната соработка, тековните активности на компанијата и можностите за нејзин понатамошен развој. Посебно внимание беше посветено на перспективите за продлабочување на ...
„Додека Народна банка итно поставува привремена администрација и бара нов сопственик за колабираната Алта банка, македонските граѓани и фирми остануваат заложници на една опасна економска хаварија чиј главен архитекта е актуелната власт. Ова не е само обичен банкарски колапс, туку суров епилог на политички асистирани зделки и увоз на сомнителен регионален капитал од режимите кои секојдневниот живот на обичниот човек го претворија во ...
text size Џенсен Хуанг во четвртокот почувствува колку скапо може да чини новостекнатата политичка моќ на Демократската партија. Неговото лично богатство се намали за 15,1 милијарди долари, на 150,9 милијарди долари, откако акциите забележаа пад по убедливите победи на демократите на изборите во средата. Тоа го спушти на 13. место на индексот на милијардери на „Блумберг“, од претходното деветто место. Меѓу другите големи губитници беа Илон ...
Во Народната банка се одржа 59. сесија на Клубот на истражувачите, платформа за презентација и разгледување научно-истражувачки трудови на Народната банка, којашто ја поддржува научно-истражувачката дејност во земјава во изминатите тринаесет години. На оваа сесија беше претставен научниот труд „Дали може институционалната интеграција на берзите од Западен Балкан да ја зајакне монетарната трансмисија?”, (Can Institutional Integration of ...
По повод 80 години централно банкарство во нашата земја, Народната банка објавува Конкурс за избор на најдобар видеоматеријал објавен на социјалните мрежи, на тема „Што значи за мене Народната банка?“, со хаштаг #МојатаНБ. За авторот на најдобриот видеоматеријал е предвидена парична награда од 60.000 денари, нето, при што персоналниот данок на доход е на товар на Народната банка. Целта на Конкурсот е, преку перспективата на граѓаните, да ја ...
Народната банка останува посветена на олеснувањето на условите за купување прво живеалиште, а се очекува новите макропрудентни мерки, коишто ќе стапат во сила од 1 декември годинава, и понатаму да делуваат превентивно со цел поттикнување на одржливо задолжување на домаќинставата. Ова го истакна гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во емисијата „Бизнис објектив“ на ТВ Телма, во која зборуваше за мерките што ги презема централната ...
Народната банка, во соработка со Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), одржаа работилница на тема: „Обука за обучувачи ̶ градење вештини за поддршка на размената на знаење меѓу централните банки“. „Висококвалитетните програми за обука и институционалната размена на знаење се основни двигатели на организацискиот развој. Преку негување култура на континуирано учење и прекугранична размена на знаење, можеме да ги промовираме најдобрите ...
Светската банка активно ги поддржува активностите на Народната банка за интегрирање на домашниот финансиски систем во европската платежна инфраструктура, со посебен акцент на воспоставувањето национален систем за инстант плаќања, неговото регионално поврзување со платните системи на земјите од Западен Балкан и интегрирањето со ТИПС – системот за порамнување на инстант плаќањата на Европската централна банка. Ова беше истакнато на средбите на ...
Народната банка постојано работи на унапредување на квалитетот, опфатот и навременоста на податоците, постигнувајќи висока усогласеност со меѓународните стандарди, беше истакнато на средбата на гувернерот д-р Трајко Славески и делегацијата на Народната банка со претставниците на Одделот за статистика на Меѓународниот монетарен фонд, одржана на маргините на Годишните средби на ММФ и Светската банка што се одржаа во Бангкок. На средбата се ...
Со цел да се зајакне финансиската едукација, да се поттикне финансиската вклученост и да се зголемат свесноста и заштитата на потрошувачите при користењето финансиски производи и услуги во современите услови на дигитализација, од 28 октомври до 5 ноември ќе се одржат повеќе активности во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на штедењето – 31 октомври и Деновите на финансиската писменост. По повод одбележување на Светскиот ден на ...
Народната банка континуирано го следи работењето на сите банки, нивната ликвидност, капиталната позиција и изложеноста на ризици. Квалитетот на супервизијата е потврден и со оцената на Европската комисија за еквивалентност на домашната со европската регулаторна и супервизорска рамка. „Домашниот банкарски систем е стабилен и отпорен. Народната банка континуирано, на секојдневна основа, го следи работењето на банките, нивната ликвидност, ...
Вкупните одливи на средства од „АЛТА банка“ АД Битола кон Србија по 26 октомври изнесуваат околу 180.000 евра, додека приливите од Србија во земјава во истиот период изнесуваат околу 16.000 евра. Станува збор за редовни трансакции на клиентите на Банката поврзани со нивното работење, меѓу кои и плаќања за увоз на стоки. Не се евидентирани милионски трансфери, ниту податоци што би ги потврдиле тврдењата за такви одливи и перење пари. Ова го ...
Водородот како енергент на иднината е едно од низата прашања за кои денеска се дискутираше на министерскиот состанок на Иницијативата за енергетско поврзување на Централна и Југоисточна Европа (CESEC), во Загреб. На состанокот се разговара за енергетската безбедност, регионалното поврзување и иднината на европскиот енергетски пазар. Министерката за енергетика и рударство Сања Божиновска на состанокот, како што соопштија од Министерството, во ...
Српските „Студенти во блокада“ на платформата X најавија дека „ќе ги преземат сите потребни мерки за да го зачуваат банкарскиот систем и ја повикаа Народната банка на Србија и сите други институции активно да учествуваат во тој процес“. Повикот уследи по бројните шпекулации поврзани со Алта банка во Србија, на која Народната банка на Србија на 31 октомври ѝ ја одзеде дозволата за работа, а на трети ноември отвори стечајна постапка за банката. ...
Светските цени на храната малку се намалија од четиригодишниот максимум во октомври, поттикнати од пониските цени на житарките, месото и млекото, објави денес Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Индексот на цените на храната на ФАО (FFPI), кој ги следи месечните движења на цените на основните земјоделски производи на светскиот пазар, изнесуваше 133,9 поени во октомври, што претставува пад од 1,2% споредено со ...
Владата прави максимални напори за да се најде солиден купувач за Алта банка Битолa која е здрава финансиска институција. Целта е да се спаси оваа банка, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој рече дека граѓаните не треба да стравуваат дека ќе ги изгубат нивните пари во банката. -До последниот денар секој доверител и секој штедач ќе бидат обесштетени. Бидејќи најголемиот дел штедните влогови на граѓаните е осигурени во Фондот за ...
Податоците на Државниот завод за статистика за увозот и извозот за септември покажуваат историски најголема разлика помеѓу нив во корист на извозот, оцени денеска премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ги последните податоци на ДЗС за увозот и извозот. Тој оценката ја поткрепи со бројки – Она што можам да го забележам е историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, односно во септември извозот расте со стапка од 22 до 23% во евра, а ...
ТИТАН Усје и Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје потпишаа Меморандум за соработка, со кој го зајакнуваат партнерството меѓу академската заедница и индустријата. Меморандумот е продолжение на повеќегодишната соработка насочена кон практична настава, размена на знаења и искуства и развој на идните стручни кадри. – Поддршката за академската заедница за нас е вложување во идниот развој на индустријата ...
Европската комисија денеска прелиминарно заклучила дека кинеската социјална мрежа TikTok го крши законот за дигитални услуги поради штетното дејство на таканаречените „зајачки дупки“, кои ги држат корисниците залепени за екранот со часови. Фидот „За тебе“ на TikTok им покажува на корисниците континуиран поток од персонализирани видеа. Колку повеќе корисникот комуницира со одреден тип содржина, толку повеќе слична содржина препорачува ...
Економскиот раст во Македонија се забрзал во 2025 година, додека јавниот долг се намалил за 2 процентни поени во однос на претходната година. Европската комисија во најновиот извештај за напредокот на земјата ги издвојува градежништвото и информатичко-комуникациските услуги како сектори со особено добри резултати, соопшти Министерството за финансии. Според извештајот, растот бил поттикнат од силните инвестиции и приватната потрошувачка. ...
Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси. Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската индустрија и сигурноста на синџирите на снабдување. Македонија треба да ја препознае оваа можност и да ги следи европските политики, создавајќи услови за развој на современо, одговорно и ...
За да бидат конкурентни на меѓународните пазари, македонските компании мора да понудат многу повеќе од добра цена. Квалитетот, современата технологија, стручниот кадар и ефикасното производство се предуслови за успешен извоз, истакна Ангел Анѓушев, оперативен директор на Green Machines и член на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија, на панел-дискусијата „Извоз без граници – поттикнување на растот во машинската и ...
Во второто тримесечје од годинава е забележан раст од 7,2% на неформалните вработувања, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бројот на неформално вработените сега изнесува 101.022 лица. Според Државниот завод за статистика, растот главно е поттикнат од потребата за сезонски вработување во земјоделството и во градежништвото. Половина од неформалните вработувања или 51.487 се во земјоделството, додека пак градежништвото ...
Макпетрол АД Скопје објави дека на 31 август 2026 година започнува со исплата на дивидендата за 2025 година, информираа од Македонска берза. Според дивидендниот календар, компанијата ќе исплати вкупно 467.285.280 денари во бруто-износ, односно 4.620 денари бруто дивиденда по акција. Одлуката за исплата на дивидендата е донесена на XXX-то годишно Собрание на акционери, врз основа на Годишната сметка на друштвото за 2025 година. Исплатата ќе ...
Извршниот директор во АД Грозд Струмица Васе Митев, на 12 август 2026 година купил дополнителни 437 акции од друштвото, покажува известувањето за купување и продавање акции од страна на членови на органите на управување. Според податоците во известувањето, по реализираната трансакција Митев поседува вкупно 19.635 акции, што претставува 76,85 проценти од вкупниот број издадени акции на друштвото. Трансакцијата е заведена како купување на ...