Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Малолетник се здобил со тешки телесни повреди откако вчеравечер во него удрил млад возач со „голф“ на булевар во Куманово. – На 05.02.2026 година во 19:10 часот во СВР Куманово пријавено e дека на булевар „Октомвриска револуција” во Куманово се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „голф” управувано од С.В.(23) удрило во малолетно лице, информираат од Секторот за внатрешни работи. Како што додаваат од полицијата, ...
Еден од пријавените се извини, граѓаните протестираа против одземање возила Две лица од Битола се пријавени поради закани упатени кон полицијата за време на протестите за возачки дозволи. Независниот полициски синдикат поднесе кривична пријава и побара обвинителството веднаш да постапи и да побара притвор за нив. Рафет Мемишовски, едно од пријавените лица, на социјалните мрежи се извини, објаснувајќи дека бил изнервиран поради одземањето на ...
До Основното јавно обвинителство во Битола поднесена е кривична пријава за две лица учесници на протестите на 3 февруари во Битола. Пријавата е поднесена за сторено кривично дело за загрозување на сигурноста по член 144 став 3 од Кривичниот законик. Во пријавата стои дека кривичното дело преку упатување сериозни закани е извршено кон службени лица во вршење на службата и спрема повеќе лица. До Основното јавно обвинителство во Битола ...
Полицијата во Штип уапси 38-годишен жител на Охрид осомничен за серија телефонски измами, во кои со лажни приказни за сообраќајни несреќи ги доведувал во заблуда постари лица и од нив одземал големи суми пари. Според информациите, осомничениот им се јавувал на жртвите претставувајќи се со тврдења дека нивни блиски се тешко повредени во сообраќајна несреќа или дека прегазиле дете и дека итно мора да платат пари за да избегнат затворска ...
На 04.02.2026 во 15:20 часот на ул. „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода А.М.(18) од с.Падалиште, гостиварско. -При контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.М. и по извршени проверки е констатирано дека го управувал возилото без положен возачки испит, информира СВР Тетово. По добиени насоки од јавен ...
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари. Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и ...
Струга, 4 февруари 2026 (МИА) - Струшката полиција привела 26 годишник од селото Корошишта, во автомобилот во кој се наоѓал пронашла и одзела марихуана, соопшти денеска СВР Охрид. Според информацијата, вчера, во 21 часот и 50 минути во струшката населба „Плитишта“, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Н.Д.(26) од селото Корошишта. - При преглед во паркирано моторно возило „фолксваген поло“ со струшки регистарски ознаки, во ...
На 04.02.2026 во 17:25 часот во с.Пепелиште, неготинско, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграциии го лишија од слобода О.П.(51) од с.Пепелиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од КЗ. Полициските службеници запреле патничко возило „ровер фрилендер” со велешки регистарски ознаки, кое О.П го управувал и при извршен преглед, во ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Г.П.(64) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Во семејниот дом, пријавениот упатувал закани на неговата 60-годишна сопруга и неговиот 40-годишен син, при што оштетил дел од покуќнината. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Г.П.(64) од ...
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село. Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда. Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава. Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село. ...
— реклама — На 04.02.2026 година во 20:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улица „АСНОМ“ се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три возила – „фолксваген амарок“ управувано од В.В.М. (24), „ланчија“ управувано од Ј.П. (37) и „мерцедес“ управувано од П.Н. (35), сите од Охрид. — реклама — По извршените проверки, било констатирано дека В.В.М. управувал возилото под дејство на алкохол со 0,71 промили во крвта и имал три забрани ...
Тешка сообраќајна несреќа ја потресе Турција, откако патнички автобус кој сообраќал на релација од Текирдаг кон Анталија излетал од патот и се превртел, при што животот го загубиле најмалку осум лица, а уште 26 се здобиле со повреди од различен степен. Несреќата се случила кога возачот на автобусот не успеал безбедно да помине низ остра кривина, по што возилото излетало од коловозот и завршило во канал покрај патот. Во автобусот во моментот ...
Обвинителството се заинтереси за случајот со транспортирање на примероци од мозоци на починати лица од Македонија за научно-истражувачки цели во САД. Отворен е предмет по допрен глас и ќе се проверува дали таа процедура е усогласена со законските и етичките стандарди за експерименти со човечки ткива. Досега е потврдено дека три државни психијатриски болници – Бардовци, Демир Хисар и Негорци биле дел од проектот во кој македонски патолози и ...
Страшна трагедија ја потресе Индија откако три малолетни сестри – на 12, 14 и 16 години – го загубија животот откако скокнале од балконот на својот стан на деветти кат, во градот Газиабад, сојузната држава Утар Прадеш. Несреќата се случила околу 2:15 часот по полноќ. Според локалните медиуми, трагедијата следела откако родителите им ги одзеле мобилните телефони, што, како што наведува полицијата, силно влијаело врз девојчињата. Нивните крици ...
Во попладневните часови денеска, центарот на Златибор беше место на сериозна сообраќајна несреќа, откако патничко возило удрило пешак во близина на еден од најпознатите хотели во туристичкиот центар. Според сведочењата на очевидци, пешакот по ударот паднал директно на коловозот, по што возачот веднаш запрел, излегол од автомобилот и се обидел да му помогне на повредениот човек. – Пешакот лежеше на патот, возачот беше видно вознемирен и веднаш ...
И покрај институционалниот молк и ограничените информации што досега излегуваат во јавноста за случајот со запленетата марихуана во Србија и можната поврзаност на македонски компании, неофицијалните сознанија укажуваат дека овојпат институциите не го следат вообичаениот модел на релативизирање и одолговлекување. Напротив, според информациите до кои се доаѓа, станува збор за тивка, координирана и внимателно водена операција, насочена кон ...
Пожар избувнал пред влезната врата од стан во населбата Бит-пазар во Скопје, а 49-годишниот сопственик го пријавил инцидентот во полиција доцна синоќа. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен во 22:33 часот во СВР Скопје. Пожарот бил изгаснат од самиот пријавител заедно со негов сосед, а во инцидентот нема повредени. Полицијата презема мерки за расчистување и за утврдување на околностите под кои настанал пожарот. ВИДЕО | Голем ...
На 03.02.2026 во 11:30 часот на ул.„11 Септември“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево сопреле патничко возило „сеат леон“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.М.(42) од с.Лазоровци, кичевско. -Притоа, било констатирано дека А.М. го управувал возилото иако имал изречено две мерки – забрана за управување со моторно возило од Б категорија. По насоки од јавен обвинител, одземени му се возилото и возачките документи, ...
Полицајци од СВР Велес уапсија двајца велешани, на возраст од 23 и 47 години, под сомнение дека извршиле повеќе кражби и тешки кражби на неколку локации во градот. Како што информира полицијата, приведувањето било извршено во вторникот, околу 13:50 часот во Велес, а осомничените се товарат дека сториле кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“. Дел од украдените предмети се пронајдени и вратени на сопствениците. За случајот е известен јавен ...
Вчера околу 20:50 часот, 31-годишна жена пријавила во полицијата дека била физички нападната од нејзиниот партнер Љ.З. во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода. Според пријавата, тој ѝ го одзел мобилниот телефон, ја нападнал, ѝ упатил закани користејќи остар предмет, а подоцна и го оштетил нејзиното возило со тврд предмет, додека било паркирано во дворот. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно ...
Кондуктер во Германија бил брутално претепан во воз во покраината Рајнланд-Пфалц, а подоцна им подлегнал на тешките повреди додека бил во болница. Според „Билд“, ревизорот имал 36 години, татко на две деца, и издивнал во болница, и покрај битката што лекарите ја воделе за да го одржат во живот од понеделникот вечерта. Како што објавува „Билд“, сè започнало кога 36-годишникот проверил група од четири лица на возраст меѓу 20 и 30 години во ...
Во полициска акција на 3 и 4 февруари, полицајци од СВР Скопје на различни локации во главниот град привеле осум лица, осомничени за поседување на недозволени супстанции. Приведени се А.Л. (24), А.А. (32), А.А. (38), Д.И. (18), А.М. (35), 17-годишно момче, 16-годишна малолетничка — сите од Скопје, како и А.К. (45) од селото Морани, општина Студеничани. При претрес, полицијата кај нив пронашла и одзела прашкаста материја и марихуана. Според ...
Два поврзани инциденти во текот на истата вечер резултираа со три приведени лица на улицата „Илинденска“ во Тетово. На 3 февруари, околу 18:50 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода И.Т. (57) од Република Албанија, поради сомнение дека сторил кривично дело „кражба“. Тој е осомничен дека одзел мобилни телефони од продажен објект. Само неколку часа подоцна, во 23:00 часот, полицијата привела и две лица од Тетово – И.Г. ...
Неколку лица се повредени при судир меѓу две возила во кумановско. Еден од возачите возел без дозвола. - На 03.02.2026 околу 10:55 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Куманово- Скопје, во село Љубодраг, кумановско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.А.(47) од с.Љубодраг, кумановско и патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, ...
На 03.02.2026 во 22:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ѓ.С. (23) од Скопје. — реклама — При претрес со судска наредба извршен во неговиот дом на подрачјето на Центар, пронајдени и одземени се марихуана, дигитална вага, пиштол, рамка со куршуми, пари и други предмети. — реклама — По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок. — реклама — На 03.02.2026 во 22:50 часот, ...
Во текот на 03.02.2026 година, системот „Безбеден град“ регистрираше вкупно 650 прекршоци. Од нив, 36 биле за минување на црвено светло, 590 за возење со брзина над дозволеното, а 24 за нерегистрирани возила. — реклама — Дополнително, изречени се 61 забрана за управување со моторно возило. — реклама — Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и пропишите, со цел да се обезбеди безбеден сообраќај низ целата ...
Денеска во 09:15 часот на булеварот „Кочо Рацин“ во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишија од слобода 25-годишниот А.Ј. од Гостивар, кој бил баран со потерница по судска наредба поради бегство од Затворот Идризово. А.Ј. е осуден на затворска казна од пет години и еден месец, поради сторени кривични дела по членовите 236 и 215 од КЗ. Тој ќе биде спроведен во Затворот Идризово за доиздржување на ...
Системот „Безбеден град“ во текот на вчерашниот ден евидентирал вкупно 651 сообраќаен прекршок на територијата на државата, од кои дури 585 случаи се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина, информира Министерството за внатрешни работи. Покрај прекршоците за пребрзо возење, камерите регистрирале и 50 случаи на минување на црвено светло, како и 16 прекршоци за управување нерегистрирано моторно возило. Како дел од санкциите, изречени ...
Велес, 2 февруари 2026 (МИА) - Полицски службеници од СВР Велес синоќа во 20:50 часот го лишиле од слобода 35 годишниот А.Р. од Велес. Тој се сомничи дека на неколку локации во Велес извршил кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“. Дел од одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците,информираат денеска од СВР Велес. Воедно појаснуваат дека бил известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на ...
Неготино, 3 февруари 2026 (МИА) - Жител на неготинско село бил лишен од слобода, откако во полиција било пријавено дека физички го нападнал неговиот тетин. Од Секторот за внатрешни работи - Велес денеска информираа дека во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ОВР - Неготино лишиле од слобода 31-годишник од неготинско село, постапувајќи по претходна пријава дека во домот, физички го нападнал неговиот 61-годишен тетин. - Тој бил ...