Во црквата „Св. Софија“ утревечер (30 јули) во 21 часот, во рамките на Француската вечер на „Охридско лето“ концерт ќе одржи квартетот „Хермес“ во состав Омер Буше – виолина, Елисе Лиу – виолина, Лоу Јунг Хсин Чанг – виола и Јан Левионоа – виолончело. Квартетот „Хермес“, именуван според познатиот гласник од грчката митологија, својата музичка уникатност ја градат преку тоа што се обидуваат да бидат „проводници“ на музичките идеи на ...

Една од најзначајните македонски рок-групи, АРЕА, на 31 јули (петок) ќе одржи голем солистички концерт на сцената на Античкиот театар во Охрид, во рамките на годинешното издание на S.O.S. Festival 2026. Под отворено небо и во магичниот амбиент на еден од најубавите концертни простори во земјата, Ружица, Ивица и останатите членови на бендот ќе приредат вечер исполнета со емоции, рок-енергија и безвременски хитови. Публиката ќе има можност во ...

По успешната премиера на Скопје танцова платформа, одржана во рамките на Танц Фест Скопје 2026, претставата „МА“ на Скопје танцов театар, во кореографија на Дејан Битровски, вечерва ќе ја има својата италијанска премиера во Новиот театар Абелијано во Бари. Гостувањето се реализира на покана на италијанската организација РесЕкстенса – Порта д’Ориенте, како дел од меѓународната програма „Обединете ги краевите и ќе го добиете вистинскиот ...

Во познатиот шопинг и културен дистрикт Санлитун во Пекинг, реномираното холандско архитектонско студио MVRDV дизајнираше објект кој ја брише границата меѓу традиционалното кинеско градителство и футуристичкиот малопродажен дизајн. Станува збор за новиот водечки објект (flagship store) на модниот бренд Urban Revivo, чија надворешност привлекува внимание со необичен визуелен ефект, фасадата ги менува нијансите од сина во виолетова додека ...

Пазарот на супер-луксузни недвижности доби нов неприкосновен владетел. Продажбата на спектакуларниот пентхаус во резиденцијата „Le Renzo“, сместена во најексклузивниот нов кварт во Кнежевството Монако, Маретера, го собори светскиот рекорд за најскап стан во историјата на човештвото. За оваа ултра-луксузна резиденција се платени фантастични 471 милион евра (околу 550 милиони американски долари), зделка која ги надмина сите досегашни рекорди ...

Ви пренесуваме дел од инспиративниот разговор помеѓу Наташа Атанасова и Ана Пејчинова кој нема само да ве пренесе во Авганистан, туку ќе ви отвори прозорец во светот на една вековна и богата култура и традиција но ќе ви направи и паралела на состојбите во денешно време, низ искуствата на авторката која 15 години живеела во таа земја Постојат земји кои географски ни се далечни и поради тоа многу малку знаеме за нив. Најчесто, она што го ...

Македонскиот народен театар на 29 септември ќе биде домаќин на Казалиште „Марин Држиќ“ (КМД) од Дубровник, кое пред скопската публика ќе ја изведе претставата „Види како Локрум мие заби“, работена според драматизација на истоимениот роман на хрватската писателка Ивана Ловриќ Јовиќ. Гостувањето е уште една потврда за успешната соработка меѓу Македонскиот народен театар и Казалиште „Марин Држиќ“. Неодамна МНТ гостуваше во Дубровник со ...

По повод Илинден, книжевната програма „Зад датумот“ ќе ги поврзе историското паметење, јазикот, културното наследство и книжевноста, а ќе отвори и две јавни иницијативи за читателите и библиотеките Го знаеме датумот. Но зад 2 Август стои многу поширока приказна – луѓето што ја живееле историјата, зборовите со кои ја именувале Македонија, идеите со кои ја замислувале нејзината слобода и книгите во кои го запишале своето време. Под мотото „Овој ...

Во Културниот центар „Култ“ во Охрид вечер во 20 часот ќе се одржи промоција на поетската книга „Ткажалки“ од Александра Јуруковска. Книгата ќе ја претстави писателката и универзитетска професорка Мерсиха Исмајлоска, а стихови ќе чита Марија Филоска. „Ткажалки“ е прва поетска книга на книжевната критичарка, новинарка и промоторка на културата, Александра Јуруковска. За ова дело таа лани ја доби наградата „Даница Ручигај“ за најдобар необјавен ...

Големата ѕвезда во светот на пијанизмот, Кристијана Пегораро вечерва ќе одржи концерт во рамки на Италијанската вечер на „Охридско лето“. Таа ќе настапи во црквата „Света Софија “ со почеток во 21 часот. Опишана од дневниот весник „Њујорк Тајмс“ како „уметница од најголем калибар“, Кристијана Пегораро настапува во најпрестижните концертни сали во Европа, САД, Јужна Америка, на Блискиот Исток, во Азија и во Австралија. Настапувала пред ...

Британскиот глумец Дејвид Џонсон ќе го глуми насловниот суперхеројски лик во новото продолжение на „Црниот Пантер“. Тој ќе го глуми Тусен – возрасниот син на Т’Чала – херојот од првиот дел. Веста беше објавена за време на овогодишниот „Комик-кон“ во Сан Диего, САД, каде што „Марвел“ (Marvel) претстави некои од плановите за претстојните филмови. Претставувањето на продукциската куќа, очекувано, привлече големо внимание, најмногу поради филмот ...

НУ Центар за култура Битола, во рамки на фестивалот „Илинденски денови“ и во соработка со Музеј на Македонија, приреди промоција на репринт Албум на македонски народни носии издадени во 1963 година со цртежи од Олга Малахова и Олга Бенсон, збирка чиј уредник е Вера Кличкова. Пред аудиториумот во Битола, Александар Ристовски, директор на Музеј на Македонија, истакна дека репринт изданието е изработено затоа што е многу вредно. – Музејот на ...

Новата екранизација на Хомеровата „Одисеја“, во режија на Кристофер Нолан, повторно ја отвори дебатата за границата меѓу уметничката слобода и зачувувањето на историскиот и културниот контекст. Филмот, кој пристигна во кината на 17 јули, располага со богата актерска екипа предводена од Мет Дејмон како Одисеј, Ен Хатавеј како Пенелопа и Том Холанд како Телемах. Во другите улоги се појавуваат Лупита Нионго, Зендеја, Роберт Патинсон и Шарлиз ...

Во Вела Лука во Дамлација и оваа година ќе се соберат илјадници фанови на еден од најголемите хрватски музичари, Оливер Драгојевиќ. Осмото издание на манифестацијата „Траг во бескрајот“, почна на 26 јули и ќе трае до 31 јули. Настанот со години ја слави музиката на Драгојевиќ кој почина на 29 јули во 2018 на 70 години, по неколкугодишна борба со ракот. Програмата започна со концерт на море, на брод на „Јадролинија“, каде настапија Марко Тоља, ...

Значаен меѓународен старт за македонскиот филм „Нема да ви се верува што се случи претходно“ дебитантско остварување на режисерот Срѓан Јаниќијевиќ, кој ќе ја има својата светска премиера во официјалната конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Олденбург. Од фестивалот официјално потврдија дека филмот, кој меѓународно ќе биде претставен под насловот „You Won’t Believe What Happened Before“, е избран во официјалната конкуренција и ќе ...

Актерот, писател и музичар Игор Џамбазов е годинашниот добитник на престижната награда „Васил Иљоски“, што Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ја доделува за особен придонес во театарската уметност. -Со особена чест и задоволство, Фестивалот и Советот на фестивалот „Денови на комедија 2026“ ја доделуваат престижната награда „Васил Иљоски“ на Игор Џамбазов, истакнат актер, писател, музичар и еден од ...

Фолклорниот ансамбл „Осоговски извор“ од кочанската населба Оризари продолжува со меѓународните успеси, освојувајќи златен медал на 9. интернационален фестивал „Фолк нијанса“ во Бугарија, кој изминатите шест дена се одржуваше во Сончев Брег и Несебар. -ФА „Осоговски извор“ со гордост ја претстави македонската традиција, а нашиот труд и посветеност беа наградени со највисокото признание – златен медал, соопштуваат фолклористите од Оризари. ...

Со годинашните истражувања вршени на Тумба Сред Село кај с. Дренок, Општина Пробиштип, под раководство на м-р Златко Видески, е потврдено дека станува збор за значаен локалитет поврзан со културната група Уланци. Населбата од доцното бронзено време е откриена од страна на археолозите Дамјан Донев и Радомир Ивановиќ, а во рамките на проектот „Ревизиони археолошки рекогносцирања на Пробиштип и Кратово“. Меѓу најзначајните резултати се дел од ...

Кога ќе се спомне името Бурџ Ал Араб во Дубаи, првата асоцијација кај секој од нас е култниот силуетен објект во форма на едро, застанат гордо на својот вештачки остров. Тој е надалеку познат како еден од најпознатите и најфотографираните хотели во светот, а неофицијално ја носи и титулата за единствениот „хотел со 7 ѕвездички“. Но, зад неговата импозантна надворешност се крие луксуз за кој многумина можат само да сонуваат, а неговото срце и ...

Вечерва македонскиот КИЦ во Загреб организира аудио-визуелно предавање „Историјата на македонската рок музика и рок култура“, на истражувачот, хроничар и автор Тошо Филиповски – најзначајниот документарист на македонската рок сцена. Вечерта посветена на македонската рок музика е поддржана од Министерството за култура и туризам, а настанот ќе го отвори директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска. Настанот претставува ...

Гостиварскиот театар на 27 јули, во 20 часот, премиерно ќе ја изведе претставата „Хауситери“, работена според драмскиот текст на македонскиот автор Горјан Милошевски во режија на Игор Ивковиќ. Во претставата играат Ирена Илиевска, Дарко Вељиќ (к.г.) и Ариан Ејупи, додека сценографијата и костимографијата се на Ирена Боневска-Чаловска. Претставата „Хауситери“ е современа драма со елементи на комедија, која преку животот на една млада брачна ...

Дипломатскиот прием што беше организиран во Македонскиот КИЦ во Софија претставуваше уште една значајна потврда за местото и улогата што оваа институција денес ги има во културниот и дипломатскиот живот. Во присуство на претставници на дипломатскиот кор, институциите, академската заедница, културните работници и бројни пријатели на Македонија, Центарот уште еднаш покажа дека претставува важен простор за афирмација на македонската култура, ...

На прв поглед, нејзината силуета изгледа како да излегла директно од бајките на браќата Грим или од сценографијата за Пепелашка. Сина, транспарентна, зашилена и монументално висока, оваа гигантска висока потпетица се издигнува над брегот на градот Будаи во Тајван. Во јавноста е позната како „Црква во облик на висока потпетица“, а благодарение на својата необичност веднаш стана глобална интернет-сензација и носител на Гинисовиот рекорд за ...

ЏИПСИ МЕЏИК Gipsy Magic Столе Попов / Македонија / 1997 / 135 мин Таип, главата на едно повеќечлено и сиромашно ромско семејство, мечтае за Индија, прататковината на сите Роми. Случајно се запознава со индиски доктор кој е припадник на силите на УНПРОФОР и добива идеја како да заработи пари, да купи коњ и да го однесе семејството во Индија. И така започнува низата „несреќни случки“ во семејството на Таип: посмртниците за бабата, мајката, ...

Претставата „Вонземјани“ од Игор Кузмановски, во режија на Васил Михаил, ќе биде премиерно изведена вечерва во 20 часот на малата сцена на Македонскиот народен театар во Скопје. Претставата е праизведба, а улогите ги толкуваат: Нино Леви, Марија Новак, Димитрина Мицкоска, Наум Ѓорѓиески и Димитар Паскоски. Костимите се дело на Благој Мицевски. „Вонземјани“ е во продукција на Здружението за промоција на уметност и театар „Мана“, заедно со МНТ. ...

Изложба „Од канон до индивидуален израз: Зографството и профаното сликарство во Македонија (19–20 век)” вечер ќе биде отворена во Чифте амам. Изложбата го следи развојот на македонското сликарство во периодот на длабоки општествени, културни и естетски промени. Преку внимателно селектирани дела од богатата колекција на Националната галерија, посетителите ќе имаат можност да проследат трансформација од традиционалното црковно сликарство кон ...

За вистински да се сфатат механиката и уметничкиот погон на оваа продукција, мора да се погледне директно во креативните избори на режисерот Џон Блондел. Преминот од патријархална крвна одмазда кон студена, пресметана матријархална структура на моќ целосно ги менува традиционалните идеи на трагедијата Пишува: Звонко Димоски, специјално од Верона Да ја поставиш „Ромео и Јулија“ среде Верона, во самиот двор на Капулети, е чист коцкарски ризик. ...

На 29 јули, со почеток во 20.00 часот, во Музеј на современа уметност (МСУ), ќе биде отворена изложбата „Прекин во тек“ со дела на Игор Тошевски и ОПА (Опсесивно посесивна агресија). Владимир Јанчевски во каталогот за изложбата пишува: Во време кога честопати се повторува дека „ништо не може да се направи“, изложбата тргнува од едно поинакво прашање: што ако токму малите поместувања, прекините, погрешните преводи, гестовите на двоумење или ...

Според процените на филмското студио објавени вчера, филмот „Одисеја“ продолжува да привлекува внимание од публиката и во вториот викенд од прикажувањето во кината во САД, со заработка од 87 милиони долари. Во режија на Кристофер Нолан, филмот забележа пад од само 30 отсто во однос на првиот викенд од прикажувањето. „Одисеја“ досега е со заработка од околу 639,6 милиони долари, во светски рамки. Значителен дел од вкупната заработка доаѓа од ...

Почитувани, Ваше Блаженство г. г. Стефан, почитувана проф. д-р Веселинка Лаброска – претседател на Советот за македонски јазик, почитувани пратеници, претставници на државните институции, почитувани академици, професори, научници, почитувани колеги, драги гости, Вечерва се собравме на 26 јули – ден што засекогаш остана врежан во колективната меморија на Македонија. Денес се навршуваат години од катастрофалниот земјотрес што во 1963 година го ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
58%
1029
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
2.57
63%
1026
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
66%
1027
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
61%
1029
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
1.11
70%
1030
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
0.89
71%
1027
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.12
54%
1029
weather icon

Тирана

17ᴼ / 16ᴼ
1.54
59%
1026
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
58%
1027
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
4.12
49%
1030
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.79
59%
1029
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 9ᴼ
6.17
88%
1031
Currency

61.623

Currency

54.966

Currency

73.832

Currency

38.09

Currency

39.238

Currency

67.262

Currency

8.2485

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58