Во период од десет дена со пет концертни изведби од 1 до 10 јуни ќе се одржи петтото издание на „Класика меѓународен фестивал Струмица“. Фестивалот беше најавен со прес-конференција во Скопје. Програмата на фестивалот на прес-конференцијата во Скопје ја најавија Влатко Митев, претседател на фестивалскиот совет, проф. м-р Васил Атанасов, селектор на фестивалска програма, како и учесници во програмата. Меѓународниот фестивал на камерна музика ...

Легендарната британска поп-рок група Duran Duran пристигнува во Скопје. Колешката Марија Латиновска направи ексклузивен разговор за ТВ 24 со еден од најпрепознатливите членови, басистот Џон Тејлор, за повеќедецениската музичка кариера, светските хитови, настапите на големите сцени и енергијата што ја носат и денес. Легендарната британска поп-рок група Duran Duran пристигнува во Скопје. Колешката Марија Латиновска направи ексклузивен разговор ...

Битолчани кои беа во свечената сала на Офицерски дом во Битола имаа прилика да бидат дел од вечер исполнета со емоции, уметност и врвна музичка интерпретација приреди младиот кларинетист Бојан Наумовски на својот матурски концерт во Државно музичко училиште – Битола. Со сигурност, музикалност и извонредна сценска зрелост, Бојан ја воодушеви публиката изведувајќи дела од Волфганг Амадеус Моцарт, Клод Дебиси, Витолд Лутославски и Микеле ...

Јубилејното 25. издание на реномираниот музички фестивал ОФФест својата завршна вечер ќе ја зачини со уште еден автентичен, моќен и револуционерен африкански звук. На 6 јуни, во Денсинг салата на Младинскиот културен центар (МКЦ) со почеток во 23:00 часот, македонската публика на завршната вечер на фестивалот ќе има прилика да го проследи настапот на танзанискиот состав „Zawose Queens“. Групата, која пред скопската јавност ќе се претстави во ...

Министерството за култура и туризам соопшти дека внимателно ги следи реакциите во јавноста поврзани со одлуката за поддршка на документарниот филм „Слушни ме“, нагласувајќи дека граѓаните треба да бидат целосно информирани за причините поради кои проектот добил финансиска поддршка. Оттаму појаснуваат дека „Слушни ме“ не е филм кој се занимава исклучиво со музичката кариера на Слаткаристика, туку документарен проект со јасна општествена, ...

Во салата на Мултикултурниот центар во Кочани, синоќа солистичкиот концерт одржа младата пијанистка Јулијана Јанев. Матурантката од класата на проф. м-р Славче Величков од ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ – Штип, на пијано ги оживеа комплексните дела на светските класици. На програмата се најдоа композиции од Бах, Бетовен, Рахмањинов и Шопен, како и дела од истакнатите македонски композитори Томислав Зографски и Панде Шахов. Професорот Величков ја ...

Поп-пејачката Марија Спасовска ја промовираше „Скопје го сакам ради тебе“, една од песните од нејзиниот актуелен албум „Седатив“. Автор е Марија Спасовска, која ги напиша музиката и текстот, а аранжманот е на Николче Мицевски. За песната е снимен и видеоспот, како продолжение на најавата што пејачката ја даде на промоцијата на албумот, дека за секоја песна ќе биде снимен и спот. „Во оваа песна навистина најмногу верувам и мислам дека е еден ...

Јубилејното 25. издание на музичкиот фестивал ОФФест продолжува да ја претставува силната и ангажирана уметничка сцена на африканскиот континент. На 5 јуни, во Националната опера и балет со почеток во 22:00 часот, македонската публика ќе има прилика да ја проследи креативната сила на меѓународниот женски колектив „Les Amazones d’Afrique“. На сцената во Скопје, групата ќе се претстави во состав: Мамани Кеита (вокал), Фафа Руфино (вокал), Алви ...

Од 1-3 јуни, студентите од Факултетот за драмски уметности го организираат третото издание со порака „Join the playground / Придружи се на игралиштето“ на меѓународната студентска филмска платформа „ХАЈ-ФАЈ“. „ХАЈ-ФАЈ“ е меѓународна филмска платформа направена од студенти за студенти. Истата служи како отскочна даска за промоција на студенти од филмски катедри при нивното прогресирање кон професионалци. Во свет што нѐ тера да пораснеме ...

Петтото издание на фестивалот за млади таленти „Вивалдијада 2026“ ќе се одржи на 7 јуни 2026 година, во Националната опера и балет во Скопје, со почеток во 20 часот, во организација на уметничкиот центар „Полифонија“. „ Вивалдијада“ е уникатен проект-фестивал, чија главна цел е промоција на македонската култура и уметност, во синергија со европското музичко наследство. Фокусот е насочен кон младите инструменталисти, кои преку работилници и ...

Во просториите на Културно-информативниот центар – Офицерски дом Битола успешно беше реализирана ревијалната изложба и промоцијата на прирачникот „Македонска креативност: Од кирилица до визуелни уметности – Вол. 3 / 2026“, проект кој трета година по ред ја афирмира младата македонска креативност и современите уметнички практики инспирирани од кирилицата и македонското културно наследство. На изложбата беа претставени дела создадени од ...

Првата седница на Управниот одбор на новоформираната Фондација „Мира Бањац“ се одржа во Нови Сад, градот со кој оваа дива на српскиот театар е поврзана со животните и професионални врски. Основачкиот одбор го води Радослав Зеленовиќ (претседател), а членови се: Борис Исаковиќ, Јасна Ѓуричиќ, Татјана Њежиќ, Мирослав Миша Могоровиќ, Бојана Милановиќ, Зоран Максимовиќ, Наташа Ботиќ. Секако, мудрата Мира Бањац, која е и основач, даде посебен шмек ...

Музичката икона Пол Мекартни го издаде својот нов албум, „The Boys of Dungeon Lane“, преку Capitol Records (Universal Music Group), на задоволство на неговите обожаватели. На објавувањето му претходеа сингловите „Days We Left Behind“ и „Home to Us“, дует со Ринго Стар. Од моментот кога беше најавен, „The Boys of Dungeon Lane“ предизвика голем интерес кај обожавателите и медиумите ширум светот, а возбудата го достигна својот врв на 5 мај, кога ...

Папата Лав XIV, во својата прва енциклика, посветена на опасностите од вештачката интелигенција, посегна по неочекуван цитат од популарната култура и ги цитираше зборовите на волшебникот Гандалф од „Господарот на прстените“ на Џ.Р.Р. Толкин. Во потег што изненади многумина, папата Лав XIV, во својата прва енциклика „Magnifica Humanitas“ го цитираше англискиот писател (и побожен католик) Џ.Р.Р. Толкин, автор на фантастичната серија „Господарот ...

Културата му се распаѓа пред очи на министерот Зоран Љутков, обвини Комисијата за култура на СДСМ, реагирајќи на неговите настапи за „европска култура“, „културна дипломатија“ и „креативни визии“, додека, според партијата, културниот сектор во Македонија се соочува со понижување, неизвесност и институционален распад. Од СДСМ оценуваат дека е лицемерно министерот да зборува за долгорочни стратегии и јавни вредности во момент кога, како што ...

Претставата „Првиот Македонец во вселената“, по текст и режија на Борис Василески, во продукција на независниот театар „Штрих“, премиерно ќе се изведе на 30 мај во „Јавна соба“ во Скопје. Претставата се игра од 20 часот, а билетот чини 600 денари. Следниот ден ќе има уште една изведба. „Оваа претстава почна од едно наивно, речиси детско прашање: што би се случило ако еден Македонец навистина поверува дека може да стигне до вселената? Не како ...

Во Národné osvetové centrum во Братислава , официјално беше отворена изложбата „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“ на која беа претставени делата на 4 современи македонски уметници-Лазе Трипков, Ана Митевска, Ангел Коруновски и Александра Костадиновска, куратор Др. Кирил Пенушлиски, а во организација на Јасминка Намичева од Архифакт-Скопје. Изложбата беше подржана од Министерството за култура и туризам на ...

Во духот на пораката со која беше осмислена целата акција, „Матица македонска“ ќе подари книги за сите одлични ученици во гимназијата, со цел македонската книга да стигне токму до оние кај кои се препознава знаењето, трудот, љубопитноста и идниот интелектуален потенцијал. На тој начин завршницата на акцијата не е само потсетување на последниот ден од попустите, туку и симболичен чин на враќање на книгата таму каде што таа има најдлабока ...

ПЛАТИ И ЖЕНИ Cash & Marry Атанас Георгиев / Македонија, Хрватска, Австрија / 2009 / 76 мин Двајцата другари Марко и Атанас одат во Виена да студираат. Додека престојуваат таму, добиваат идеја да се оженат за да добијат пасош. Така почнува нивната потрага по жена. Почнуваат и проблемите со нивните блиски, кои се против женење за документи за престој. Како да им објаснат на девојките и на родителите дека бракот е само на хартија? Се ...

Скопското панк трио „Мај тир“ го објави новиот сингл „Сонцето грее само над облаците“, прво издание во новата постава на бендот. Покрај Дени Крстев (вокал и гитара) во групата се Антони Анев од бендот „Преку ред“ на бас и вокал и Иван Димишков-Димиш на тапани. Песната е најава за истоимениот трет албум на бендот, кој треба да биде објавен до крајот на следната година. Музиката и текстот се на Дени Крстев, а аранжманот е на целиот бенд. „Мај ...

Некои претстави се дел од репертоарот. Други стануваат дел од историјата. Кога Џузепе Верди ја создал „Набуко“, поминувал низ еден од најтешките периоди во својот живот. Малкумина верувале дека токму ова дело ќе го најави пресвртот. А, потоа, се случила магијата. Публиката ја препознала силата на приказната за слободата, надежта и човечката издржливост. Денес, повеќе од 180 години подоцна, „Набуко“ останува една од најизведуваните опери во ...

На седми јуни од 21 часот на отворената сцена во Паркот на Франкофонијата во Скопје ќе се одржи рок концертот на млади музички таленти насловен „We Will Rock You”. Со светски рок хитови, ќе настапат учениците од музичкото училиште „Ентерпрајз“ кое го води познатиот музичар и продуцент Валентино Скендеровски. Концертот е со бесплатен влез, ќе трае 120 минути и ќе се свират 25 кавери на најпознатите рок класици, секоја од различен бенд, и со ...

По успехот што го постигнаа со видео синглот „Svemu dođe kraj“ објавен пред година и пол, бањалучкиот бенд „Култ“ претставува нова песна и видео „Hey My Friend (Apartheid)“, моќна музичка приказна која, преку емоции, симболика и директна порака, зборува за поделбите, стравот и омразата што со години се загреваат меѓу народите на Балканот. Појавувањето на легендарниот актер Жика Тодоровиќ, кој во видеото ја игра улогата на новинар „со задача“ ...

Јубилејното 25. издание на музичкиот фестивал ОФФест, во рамките на својата колоритна меѓународна програма, остава посебен простор и за домашните уметнички виртуози кои ја прекројуваат традицијата во современ ракопис. На 4 јуни, во Националната опера и балет со почеток во 22:00 часот, македонската публика ќе има ексклузивна можност да го проследи концертот на нагласено фалениот домашен дует Добрила и Доријан. Составот кој го сочунуваат ...

НУ Центар за култура „АСНОМ“ од Гостивар, во партнерство со новоформираната групација „Стрип центар – Стрипот може“, се организатори на голема изложба која што има за цел да ги надмине регионалните поделби преку деветтата уметност. Партнерска организација во реализацијата е и групацијата „Стрип Центар – Стрипот може“ од Велес. Изложбата која што, со почеток во 19:00 часот, ќе биде свечено отворена во НУ Центар за култура „АСНОМ“ во Гостивар е ...

Формула 1 добива нов визуелен и комерцијален идентитет, откако познатиот италијански моден бренд Гучи беше потврден како нов главен и насловен партнер на тимот на Алпин. Соработката официјално ќе започне од сезоната во 2027 година, кога тимот ќе се натпреварува под новото име „Gucci Racing Alpine Formula One Team“. Ова партнерство претставува историски чекор за најбрзиот циркус во светот, бидејќи Гучи станува првата луксузна модна куќа која ...

Во Кинотеката на РС Македонија од 3 до 6 јуни, во соработка со Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски „Антево перо“, ќе се одржи филмски омаж на академик Анте Поповски по повод 95 години од раѓањето на поетот. Филмскиот омаж ќе биде можност да се прикажат повеќе филмови во кои Анте Поповски (1931 – 2003) е сценарист или продуцент, со што јавноста ќе се запознае со уште еден, делумно запоставен аспект на творечката личност на ...

На вчерашното затворање на 16. Филозофски филмски фестивал беа прогласени добитниците на годинешните награди. Во Официјалната селекција на долгометражни филмови, „Златен був“ за најдобар филм од жирито доби „Месечината ми е татко“ од грузискиот режисер Гиорги Овашвили. Во образложението на стручното жири се вели дека „Златниот був“ се доделува за способноста тишината да ја претвори во јазик, бавноста во мисла, а сликата во мит. Од друга ...

На 30 и 31 мај во Кино Фросина ќе се одржи Фестивал на детски мјузикли, настан исполнет со музика, танц, глума и емоции. Повеќе од 50 деца и млади на возраст од 12 до 18 години, преку песна, танц и глума, ќе ја раскажат безвременската приказна „Убавицата и Ѕверот“ — приказна за љубовта, прифаќањето и убавината што живее во срцето. Организаторите ја повикуваат публиката да биде дел од оваа сценска авантура, да пее заедно со младите изведувачи ...

„Кралот на ѓубрето“ на Георги М. Унковски доби 30 милиони денари (485.000 евра) од Агенцијата за филм на Конкурсот за финансирање на проекти во прв рок за 2026. Ова е музички филм на авторот Унковски, кој дебитираше со наградуваниот „Диџеј Ахмед“, и е во продукција на „Синема Футура“ и копродукција со Бугарија, Чешка и Хрватска. Поддршка добија и „Никој не го сака Садик“ на Ибрахим Деари со 19 милиони денари (307.000 евра) и „Татко“ на Јани ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
3.13
32%
1017
weather icon

Белград

32ᴼ / 32ᴼ
2.3
47%
1018
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
2.32
35%
1018
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
3.3
59%
1021
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
5.65
44%
1020
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 29ᴼ
1.71
63%
1018
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
6.26
38%
1015
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
2.11
53%
1018
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
2.09
33%
1017
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 29ᴼ
4.47
35%
1021
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 35ᴼ
0.89
32%
1017
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 25ᴼ
7.22
100%
1019
Currency

61.635

Currency

54.1365

Currency

71.4605

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.69574

Currency

0.33451

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Родиум

249168.29

Злато

131072.82

Платина

51923.46

Цинк

0.00

Бакар

12.33

Паладиум

38195.09

Сребро

1902.84

Калај

50.56

Кобалт

56.29

Рутениум

49029.89

Иридиум

233896.68

Алуминиум

3.20