Добивај вести на Viber Триесет часовното примирје за Велигденските празници во Украина заврши. Имаше ретки инциденти, но главно се почитуваше. Немаше тревоги за воздушни напади. Тоа го признаваат сите. Дури и на фронтот, каде што секојдневно се водеа борби. Во Одеса беа отворени плажите. Но, примирјето заврши. Работите ќе се враќаат во „нормала“. Неколку часа пред крајот на примирјето украинскиот претседател Владимир Зеленски и предложи на ...

Западот каков што го знаеме не постои повеќе, рече деновиве претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, нагласувајќи го тоа во услови на брзо влошување на односите со САД под администрацијата на Доналд Трамп, што ја принуди Европа да бара сојузници и партнери на друго место. Препорачано Но, каков европски идентитет добива значење врз пукнатините на нарушените трансатлантски односи? Атлантикот, замислен како можност за ...

По девеесетминутното следење на јавниот настап на Министерот за култура на Македонија, невозможно е да не се заклучи дека министерството се соочува со неколку длабоки кризи: на лидерство, стратешка визија и основна информираност. Овој настап, наместо да понуди уверливи насоки за иднината на културниот сектор, го разоткри отсуството на системска мисла, културна чувствителност и административна зрелост. Прво, министерот очигледно не разбира што ...

Кога централниот дневник на Македонската радио телевизија – медиум финансиран со парите на сите граѓани – одлучува вести за Велигденските обичаи да ги стави на врвот на информативниот блок, додека протестот на родителите чии деца загинаа во пожарот во Кочани се појавува дури во 19-та минута, тогаш тоа не е само прашање на уредничка проценка. Тоа е промашување на мисијата и одговорноста на јавниот сервис. Прилогот за протестот траеше нецела ...

Духот на Празникот е таков – простувачки и покајнички, но и славенички, се разбира. Зашто се слави победата на доброто над злото, се слават спасението и поуките (меѓу нив и за смирението и братољубието коишто толку ни недостасуваат), верниците, но и сите луѓе го воспеваат воскреснувањето но и учат за покајанието и простувањето. На тоа упатува и гестот на Христос со подадениот залак на Јуда. За жал, без резултат. И во тој дух евангелските ...

Има голема веројатност судскиот процес за огромната трагедија во Кочани од потрага по виновниците по неколку години да се претвори во политичка фарса, а сеќавањето на жртвите да стане второстепено. Пишува Љупчо Поповски Тој што го смисли името на операцијата во 2007 година, кога беа апсени десетици луѓе кои работеа на патарините – „Змиско око“ – имал некаков смисол за ингениозност. Не дека името на операцијата имаше некаква допирна точка со ...

Во последните години, Европската Унија (ЕУ) поминува низ сериозни институционални политичко-економски но и безбедносни предизвици. Од мигрантската криза, преку Брегзит, енергетската криза, конфузната надворешна политика (особено кон Русија и Кина) па се до заострување поточно заладување на економските односите со САД и односот кон војната во Украина, ЕУ се соочува со страв од можна геополитичка маргинализација. Оттаму и нејзината итна потреба да ...

Ако во 80-тите во Кочани се сееле по околу 6 илјади хектари ориз, сега таа површина изнесува околу 4 илјади хектари. Половина од ланската произведена реколта на оризова арпа стои непродадена во магацините на производителите. Иако од ДПМНЕ ветија дека ќе откупат арпа за стоковите резерви, таа уште не е откупена. Деновиве треба да почне овогодишната сеидба на ориз. Каналите за наводнување не само што не се исчистени и обновени, нема ни доволно ...

Ова не е повик да се откажеме од амбиции. Туку потсетник дека среќата не доаѓа само од постигнувањата, туку и од способноста да се забележи убавината меѓу нив. Микро-задоволствата се нашето интимно засолниште од светот што нè брза без да нè праша каде одиме Пишува: Ива Трпески Во свет каде што сè се мери со продуктивност, успех и брзина, малите радости стануваат тивок, но моќен чин на отпор. Да седиш со шолја топло кафе без да гледаш во телефон. ...

Позната е антипатијата на Трамп кон ЕУ и неговиот став дека Унијата е создадена „да ги зафркне Соединетите држави“. Зошто тогаш не би ја зафркал тој Унијата пред таа да го зафркне него? Всушност, тоа и го прави. На политички план неговиот пратеник,потпретседателот Венс, неодамна, на Минхенската конференција, им даде поддршка на десните партии во Европа кои се за олабавување на европскиот сојуз ако не и за негово напуштање. Неговата заложба за ...

1. Ако до минатата недела имав некаква надеж дека 61 жртва од пожарот во дискотеката во Кочани ќе биде некакво освестување и поттик за промена во однесувањето на државните и локалните институции како и на јавните служби, настаниве од минатава недела некако ми ја спласнаа надежта. Почнувајќи од пресудата за прегазената 22-годишна тетовка Теодора Ристовска и извртениот круг на правдата од Обвинителството, до Основниот суд, до Апелациониот суд, па ...

Најважната промена е регулацијата на онлајн порталите, односно нивна категоризација како медиуми во целосната смисла на зборот. Имено, во новиот предлог-закон за медиуми, се вметнува дефиниција на онлајн медиум, или колоквијално интернет-портал, со што овие медиуми добиваат еднаков третман како и другите радиодифузери и печатени медиуми, во смисла на права, но и во смисла на обврски Во последниот период се случуваат повеќе промени во ...

Почитувани новинари и уредници, сите сте ми драги, но подрага ми е вистината. Кога споредувате номинални износи, треба тие да бидат од иста категорија. Така, во случајов, износот на минималната плата во Македонија што се користи во јавноста треба да се спореди со нето износот во соседна Бугарија, кој во моментов е 427 евра, а не 551 евро (ова е износ со вклучен персонален данок и придонеси за социјално осигурување). Не поминаа десетина дена ...

Мерсел Биљали Султанот Сулејман му напишал писмо на својот полубрат, шејх Јахја, во кое го прашал: “Брате мој, си стекнал многу знаење и открил многу тајни, па сакам да ми кажеш – зошто пропаѓаат државите?! И што ќе биде со државата на синовите на Осман? Дали и таа ќе пропадне еден ден?” Шејхот Јахја кратко одговорил: „Султане мој, тоа не ме интересира“! Султанот, зачуден од одговорот на својот полубрат, станал со својата придружба и се упатил ...

Една од главните теми што се дискутираат во јавноста во светот и кај нас овие денови е воведувањето на повисоки царини за увоз на стоки во САД. Се создаде една голема мешаница од реакциите на сите земји во светот бидејќи тие мерки имаат огромно влијание во повеќе сфери: економија, финансии, берзи, политички односи итн. Во тој куп на информации нечујно помина кај нас веста дека претседателот Трамп донесе наредби кои имаат цел да се засили ...

Западот каков што го знаеме не постои повеќе, рече деновиве претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. нагласувајќи го тоа во услови на брзо влошување на односите со САД под администрацијата на Доналд Трамп, што ја принуди Европа да бара сојузници и партнери на друго место. Но каков европски идентитет добива значење врз пукнатините на нарушените трансатлантски односи? Атлантикот, замислен како можност за спојување, одеднаш ...

Во тивките одлевања на генерации од оваа земја не се крие само желбата за подобар стандард. Се крие уморот од чекање, од бескрајни ветувања и од системска глувост кон оние што имаат визија, енергија и знаење. Заминувањето на младите не е каприц, туку неминовна последица на општествена негрижа и институционална миопија. Препорачано Нашата држава денес повеќе наликува на систем што ги споменува младите како украсна фраза во стратегии и говори, ...

Оценката за тоа што е луксуз зависи од перспективата на гледање. Се разбира дека за тие што гледаат од жабја перспектива луксуз е да имаш велосипед, а за кола и да не правиме муабет. Од таа жабја перспектива гледавме во годините по крајот на Втората светска војна, кога економијата имаше високи показатели за раст, карактеристични за неразвиените земји, но чувството беше дека – напредуваме. Перспективата на гледање се подиспегла во годините кога ...

„Многу е важно да се знае дека промената на Уставот и впишувањето на Бугарите како државотворен народ не е единствениот услов.“ Ова е суштината на изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев за емисијата „Брисел 1“. Ова впрочем е суштината и на целата бугарска политика кон Македонија и процесот на македонските евроинтеграции. Првин промената на Уставот, а потоа сѐ што следи по ред. Не би рекле дека тоа претставува нешто ...

Целата кампања на Трамп во економскиот дел ги имаше во фокус тарифите и криптовалутите. Случајно или не, кога стана претседател, во рок од еден месец имаше две значајни објави. Првата, донесе уредба за формирање резерви за криптовалути и акт со кој стабилните монети или криптовалутите врзани за доларот ќе добијат улога во плаќањата. А, втората, објави широкораспространети царини за сите држави во светот. Ќе се запрашаме – каква конекција имаат ...

Извинете, но аман веќе од доктори во политиката. Не знам што е нивниот проблем – не наоѓаат сатисфакција во професијата, здодевно им е, мислат дека подобро ја разбираат политиката од другите…? Па зошто тогаш учеле за лекари, ги терал некој насила? Или „професијата“ политичар им се гледа попрофитабилна? Ама ни за тоа не ги бива, никако. Тие како политичари не умееја соодветно да го средат ни својот ресор како министри за здравство, не пак сега ќе ...

Тоа што живи луѓе горат во дискотеки, гинат на пешачки премини, што Владата здушно се бори против достоинствен живот за работниците и што цените на производите појдоа в’небо, не им смета. Не им смета ни тоа што спрегата меѓу криминалците и власта функционира беспрекорно, што човековите права и слободи катадневно се ништат, што медиумите се пералница на мозоци и гласноговорници на мицковизмот. Ги нема збор да зуцнат во заштита на личното ...

ПОДЕМИ И ПАДОВИ / Радоњиќ Бато 16.04.2025 • Став Постземјотресниот период во првата декада од обновата на разурнатото Скопје донесе големи промени во планирањето, проектирањето и реализацијата, како од квантитативен, така и од квалитативен аспект. Ваков подем беше овозможен со измена и дополна на законската регулатива за урбанистичкото планирање и архитектонско проектитање, која беше имплементирана во новиот Генерален план на Град Скопје (ГУП), ...

Многу млади луѓе ми кажуваат за нивниот страв дека иднината не постои. Кога размислуваат за иднината се прашуваат: што друго може да се замисли или на што да се надеваме? Кога велиме дека нема иднина или дека иднината ветува само поголемо уништување, сепак замислуваме нешто, макар тоа да е мрачна слика во која нема ни трошка надеж. Но, дури и кога замислуваме неизбежен крај, сепак замислуваме нешто. Од друга страна, кога велиме, на пример, дека ...

1. Задолжителниот воен рок е подготовка за задолжителното служење како такво. 2. Потчинувањето на наредбите на надлежниот воен офицер е подготовка за потчинувањето на наредбите како такви. 3. Темелната воена обука, според тоа, е само формално воена и всушност обезбедува сеопфатно оспособување за хармоничен и општествено-продуктивен однос меѓу денешните регрути и вечните моќници. Препорачано 4. Слоганот дека со оружје в рака се изразува љубовта ...

Читаме приказна со син ми пред спиење. Книга што ја изнајмил од библиотеката во училиштето. Веќе на втората страница ми станува јасно дека содржината е многу позрела од неговата возраст – станува збор за девојка што заминува од својот град во потрага по момчето што го запознала пред само неколку денови. Очигледно, едукативна приказна, наменета за тинејџери. Брзо сфаќам дека не ја одбрал по темата, туку го привлекол цртежот на насловната ...

Сакате да опстанете во земјава? Немојте да ја критикувате власта. Секогаш е подобро така. Зоната на комфор ви е обезбедена, мирно и спокојно може да се оди со наведната глава, никогаш да не дознаете што има пред вас, ниту над вас. Небото нема да го видите, само сегашноста на црната земја во која сте закопани. Препорачано Затоа, послушајте го премиерот Мицкоски кога вели: „Знам дека некој ќе ми се налути, ќе излезат и такви полноглавци што ќе ме ...

Размислувањето е навика. Како пушењето. Се навикнуваш да размислуваш и тогаш вашата свест механички посегнува по размислување како рака по цигара. Не се ни прашувате дали е тоа и колку може да биде штетно за вас. Но, и моќта е навика. Поштетна за животната средина од пушењето. И додека ние размислуваме по навика, власта има навика да го прогонува мислењето. Толку многу што, имитирајќи го неугледниот претседател на собранието („кој ја крие мајка ...

Пишува: Филип Киселовски, еколог: Инцидентот со загадувањето на Крива Река, кој се случи во март, е уште една потврда за длабоките системски слабости во управувањето со животната средина во Македонија. Овој случај не е изолиран, туку дел од континуираната серија на еколошки катастрофи кои се случуваат поради институционална немарност, недостаток на транспарентност и корумпирана спрега меѓу државата и приватните концесионери. Суштина на ...

15/04/2025 12:49 - Плус Инфо

РЕПРИНТ (Објавено во „Дневник“ на 01.06.2000 година) Деновиве, не без причина, и не без практичен повод, се потсетив на една сосема безначајна епизода од моите млади докторандски денови во Германија. Во далечната учебна 1969/70 година бев стипендист на денес веќе светски познатиот Макс Планк Институт за странско и меѓународно кривично право во Фрајбург ин Брајзгау и работев врз мојата докторска теза за правната положба на осуденикот по ...

weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
4.63
82%
1016
weather icon

Загреб

7ᴼ / 4ᴼ
0.51
91%
1017
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
71%
1016
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.11
90%
1017
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.0
96%
1017
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
5.14
90%
1009
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
87%
1011
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
93%
1012
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.24
83%
1017
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.34
95%
1016
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
100%
1006
weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
87%
1014
Currency

61.64

Currency

52.9118

Currency

70.5804

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Злато

134976.58

Платина

52864.82

Сребро

1876.20

Калај

40.49

Кобалт

58.42

Родиум

255598.44

Рутениум

29192.88

Бакар

10.96

Цинк

3.22

Никел

473258.99

Алуминиум

2.91

Иридиум

145787.60