Белград
7ᴼ /
6ᴼ
Францускиот институт во Скопје кани на инсталацијата и уметничка средба „Страв од љубов“, која ќе се одржи во вторник, 23 септември 2025 година, со почеток во 19:00 часот. Автор на делото е трансдисциплинарната уметница Клелија Живковиќ, а кураторка е Мелоди Робин. Настанот ќе биде проследен со разговор меѓу уметницата, кураторката и публиката, со фокус на креативниот процес и значењето на делото. Инсталацијата ја истражува потребата од простор ...
Утре, 20 септември, во 14 часот ќе започне микрофестивалот „Бостание“ 2025 во истоимената општествена градина во Ново Лисиче. Годинава темата на фестивалот е „Градини на заедништво“ и ќе понуди разновидни образовни и забавни активности, наменети за сите возрасти. „Настанот започнува во 14 часот и ќе трае до вечерните часови, со активности како работилници, готвење, изложба и музичка програма“, велат од граѓанската организација „Зелената арка“. ...
Македонскиот филм „Мајка“ во режија на Теона Стругар- Митевска утревечер, 20 септември, ќе го отвори 46. издание на интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кое годинава под слоганот „Сон на платно“ ќе се одржува до 26 септември, во Битола. Остварувањето, инспирирано од животот на Мајка Тереза, во кое шведската актерка Номи Рапас ја толкува познатата светица родена во Скопје, Никола Ристановски е отец Фредерик, а ...
Илинденка Петрушева беше македонски филмски академик, извонреден филмолог, извореден човек, пред сѐ, голем другар, рекоа за неа најблиското семејство, пријатели и соработници на денешната комеморација во Кинотеката. Филмологот и филмска критичарка Петрушева почина на 5 септември во Скопје, на 81 година. Школувана во Скопје и Загреб, Петрушева е една од основачите на Кинотеката на Македонија во 1974, каде работеше до пензионирањето како како ...
Издавачката куќа „Ла вита феличе“ од Италија објави избор од поезијата на македонската поетеса Лидија Димковска во избор и препев на италијански јазик на Ема Стефановска. Уредник на изданието е италијанскиот поет и теоретичар Томазо Ди Дио, добитник на наградата „Стрега“ за поезија. Изданието содржи песни од последните две поетски збирки на Димковска: „Црно на бело“ (2016) и „Гранична состојба“ (2021, награда „Браќа Миладиновци“), а објавено е ...
Ако за некој мој филм ми требаше мислење , го барав од Илинка зашто ако некој сестрано го познаваше филмот како феномен и како уметност, тоа беше таа. Ова го кажа филмскиот режисер Столе Попов на денешната комеморација во Кинотеката на Македонија, по повод смртта на Илинденка ( за пријателите Илинка) Петрушева, наш истакнат филмски критичар, публицист, истражувач на македонската кинематографија , долгогодишен раководител и советник во Кинотеката ...
Љубителите на театарската уметност во Гостивар следната недела ги очекува вистинско уживање, шест вечери драмски претстави на професионални домашни и странски театарски трупи. Во понеделник (22-ри септември) се крева завесата на Меѓународниот театарски фестивал „Отело“ со изведба на „Проколнато Засолниште“ на театарот од Приштина, Косово, во режија на Илир Бокши. Денес на прес конференција беше претставена целосната програма. „Во вторник на ...
Добитникот на годинашната „Златна мечка“ од Берлин за најдобар филм, а годинава и добитник на специјалната награда за особен придонес во филмската уметност, на 10. јубилејно издание на МФФ „Киненова“, норвешкиот писател, сценарист и режисер Даг Јохан Хагеруд, за македонските медиуми сподели искуства од работата, но и проговори за улогата на уметноста. Инаку, Даг Јохан Хагеруд во 2006 ја добива „Почесната награда“ на фестивалот „Нордиска ...
Групната изложба „Цртеж, експериментален цртеж“, со дела на 42 македонски уметници, денеска, 19 септември, во 18:30 часот, ќе биде отворена во Културно-информативниот центар во Софија. – Современиот третман на цртежот во глобални рамки доживеа длабока промена – од подготвителен дел на процес медиум во самостојна, концептуална уметничка практика. Цртежот, како базичен израз во визуелниот говор, доживува длабоко преиспитување на авторството, ...
Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ по 13. пат почнува на 21 септември во 20 часот во Даут-пашиниот амам во Скопје. Врвни автори од регионот, како српскиот писател и поет Небојша Лапчевиќ, бугарската писателка Елена Алексиева, една од најпознатите словенечки писателки за млади читатели, Јана Бауер, како и домашните претставнички – поетесата, романсиерка и преведувачка од романски и словенечки на македонски јазик, Лидија ...
Охрид, 19. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во издание на Агенцијата за иселеништво, во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид, вчера беше промовирана седмата стихозбирка на поетот Наум Трајчески „Шарени дијаманти“. Директорот на агенцијата Горан Ангелов потсети дека стихозбирката „Одминато време“, издадена во 2017 година, на Наум Трајчески му го донесе досега најголемото признание – наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга ...
По 46- ти пат „Браќа Манаки“ ќе ја отвори својата врата за светлината на камерата. Овој фестивал е повеќе од традиција, тој е жив организам, пулс на едно општество што сака да биде витално, храбро и отворено за промена, вели организаторот. -Целосно подготвени и возбудени го започнуваме 46. издание на првиот и најстар фестивал на филмска камера во светот, во полн сјај. „Браќа Манаки“ и Битола, една недела ќе бидат центарот на филмски случувања во ...
Во Мобилна монтажна галерија во Парк на Франкофонија вечер (петок, 19 септември) од 20 часот ќе биде отворена изложба на цртежи и воедно ќе има промоција на арт книга на Јелена Белиќ. Книгата е печатена во Смак Прес-Загреб (ризо печат), а корицата во сито печат во Партизанска штампа-Скопје. За изложбата пишува Горан Стојчетовиќ: „Многу ми е драго што Јелена ме покани да напишам текст за нејзината прва самостојна изложба на цртежи ‘Синило’, која ...
Друштвото на ликовни уметници на Македонија ја носи групната изложба „Цртеж, експериментален цртеж“ во Софија, каде што ќе се отвори вечерва (19 септември) во Културно-информативниот центар. „На оваа традиционална изложба ќе се претстават цртежи кои претставуваат концепт и длабока рефлексија и отстапуваат од воспоставените норми. Оваа година уметниците презентираат цртање со нетрадиционални материјали: чад, конец, метална жица, силиконски ...
Во главниот град на Полска, Варшава, беше отворена првата „Метротека“ – уникатна библиотека сместена во метро-станица. Овој иновативен проект има јасна мисија: да ја шири културата на читање и да го приближи светот на книгите до секојдневните патници. Иницијативата нуди ново искуство за оние што секојдневно патуваат со метро – додека чекаат или патуваат, тие можат да позајмат книга, да прочитаат неколку страници или да се инспирираат од ново ...
На 23.09.2025 (вторник) со почеток во 20:00 часот во Национална устанoва Центар за култура “Трајко Прокопиев” Куманово, во изложбениот салон ќе биде отворена Ретроспективна изложба на слики “55 – години ликовно творештво” на Боро Арсовски – Бабата Боро Арсовски – Бабата е роден 1952 година во с. Страцин, Република Македонија. Основно и Средно образование завршил во Куманово. Со сликарство се занимава од 1969 година како сликар наивец и воедно ...
Националната галерија на Република Северна Македонија, од 18 септември 2025 година, четврток, во 20 часот, до 9 октомври, во објектот Чифте амам ќе ја претстави авторката Љупка Делева. Препорачано По повеќедецениското живеење и творење во Венеција, македонската авторка Љупка Делева го презентира својот најнов проект „Трансформации – Flusso – Flux: 1998–2025“, кој има ретроспективен и критички карактер. Изложбата е мултимедијален архив на ...
Театарот за деца и младинци – Скопје на 22 септември 2025 година (понеделник) во 19:30 часот ќе ја изведе наградуваната куклената претстава „Роња, ќерката на ограбувачот“ во Куклениот театар во Мостар, Босна и Херцеговина, во рамките на петтиот Меѓународен фестивал на куклена уметност во Мостар (ФЛУМ 2025), што ќе се одржи од 21 до 26 септември во организација на Куклениот театар во Мостар. Претставата е работена според истоимениот роман на ...
Меѓународниот детски фолклорен фестивал „Оро без граници“ ќе се одржи денеска (19 септември) на „Школка“ во скопскиот Градски парк од 19 часот. Фестивалот како и секоја година ќе започне со македонски ора што ќе ги играат членовите на фолклорната секција на ДКЦ „Карпош“. Фестивалот се одржува по 34. пат и неговата цел е да обединува деца од разни вери и националности преку раскошни костими и традиционални ора.о „Детскиот културен центар ‘Карпош’ ...
Десет нови издумани Крлевизми од велешкиот афористичар Атанас Крлевски за читателите на Дума.мк. Овој петок негов мотив е „среќата“. -Секој е ковач на сопствената среќа, ама не во туѓа ковачница. -Мојата среќа како мојата комшивка. Не знаеш, кога ќе ти се насмее. -Среќата е во моите раце. Само треба да ми ги одврзат. -Среќата ме следи цел живот. Веројатно ѝ сум сомнителен тип. -Среќата е мисловна именка. Затоа со жена ми сум најсреќен. ...
Од денеска до 21 септември првпат во Скопје ќе се одржува регионалниот феминистички фестивал „Еден свет, една борба“. Фестивалот обединува уметници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Словенија, Албанија, Украина, Швајцарија и Иран, претворајќи го Скопје во центар на регионален културен дијалог и соработка. Организатор е Фондацијата „Фридрих Еберт“ – Канцеларија Скопје. Овој фестивал претставува уникатна платформа за ...
Синоќа, Македонскиот народен театар имаше чест да ја отвори првата фестивалска вечер на новиот европски фестивал „Acting Europe – Театар без граници“ во Ќустендил, Бугарија. Претставата „Ничија земја“ од Данис Тановиќ и во режија на Александар Морфов, беше одиграна пред преполна сала со 700 гледачи, кои ја наградија маестралната актерска игра со громогласни стоечки овации и петминутен аплауз. Универзалната тема за апсурдноста на војувањето, која ...
Пејачката и диригентка во женскиот хор „Фрида“, Сузана Турунџиева, почна професионално да се занимава со музикотерапија, метод на третман со музика во кој звуците се користат за да се постигне подобра физичка и емоционална состојба. Вели дека музиката цел живот е лек за неа, а сега почнала професионално да го изучува овој метод. Турунџиева работи со мали групи кои учат да свират на хендпен, инструмент што го купила во Турција, а свират ...
Француската аукциска куќа „Хотел Друо“ ќе ја понуди на продажба сликата „Портрет на жена со цветен шешир“ на Пабло Пикасо, посветена на неговата партнерка Дора Мар и насликана во јули 1943 година. Делото, масло на платно со димензии 80×60 см, се проценува на околу осум милиони евра, но се очекува цената да порасне на аукцијата закажана за 24 октомври. Сликата се наоѓала во сопственост на истакнат француски колекционер, дедото на сегашните ...
10 филмови кои ќе ви помогнат да се помирите со крајот на летото The Kings of Summer со кој ќе ги почувствувате последните денови од летото или, пак, The Edge of Seventeen кој ќе ве потсети на тинејџерските маки. Имаме уште некоја недела пред времето да залади и да почнеме да ги гледаме омилените есенски филмови и серии. А, ако ви е тешко да се збогувате со летото, можеби нашите предлози ќе ви помогнат да се чувствувате подобро за овој ...
НУ Кинотека на Македонија денеска од 13 часот организира комеморација во чест на Илинденка Петрушева (1944–2025) – филмски критичар, публицист, истражувач, долгогодишен раководител и советник во Кинотеката, основач и уредник на списанието „Кинопис“. Како што соопшти Кинотеката, Илинденка Петрушева е една од најзначајните личности во развојот на македонската филмска култура и историографија, а комеморацијата ќе биде можност, како што наведува, ...
Битола, 18 септември 2025 (МИА) - Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола, во рамки на јубилејот 80 години од основањето промовира Монографија 1945-2025. На промотивниот настан во Битола, директорката на библиотеката, Емилија Стефановска Давкова посочи дека Монографијата, документирано, систематски ја покажува историјата на Библиотеката, нејзините изданија, современите активности и трансформацијатата во ...
Велес, 18 септември 2025 (МИА) - Претставата „Синиот портокал“, едно од најзначајните и најизведувани дела последниве неколку години на Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ – Велес, ќе биде прикажана по 103-ти пат вечер во 20 часот на малата сцена на театарот. Во оваа изведба, улогата на Доктор Роберт, која длабоко и посветено ја носеше прерано починатиот актер Самоил Стојановски, ја презема Благојчо Стојанов,информираат од театарот „Јордан ...
Споделете со пријателите! К онгресот за Фармацевтска Автоматизација и Дигитализација (AUTOMA+) 2025 Брзото усвојување на AI алатките носи огромни трансформации и влијае во различни индустрии, а фармацевтскиот сектор не е исклучок. Некои од најголемите фармацевтски играчи, како на пример Eli Lilly и развој, со фокус на области како лабораториска автоматизација управувана со AI и медицинско известување. Во исто време, Bayer ја трансформира ...
Струга, 18 септември 2025 (МИА) - „Од ризниците на ансамблите“ е насловена годинашната Ревија на народни носии што в недела ќе се одржи во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга во организација на културно уметничкото друштво „Илинден“. На сцената, како што информира за МИА Љупчо Милошески, раководител на КУД „Илинден“, ќе продефилираат пет реномирани ансамбли од Македонија со автентични народни носии. - На сцената во Центарот за ...