Белград
7ᴼ /
6ᴼ
Елена и Бојан Најдоски викендов имаа чест да бидат кумови на свадба која се одржа во луксузен ресторан во Скопје. Атрактивната водителка на емисијата „Живот со стил“ мамеше погледи во кратко, впечатливо црвено фустанче од колекцијата Magda Butrym x H&M, соработка меѓу полската дизајнерка Магда Бутрим и познатиот моден бренд H&M. Волуменозниот фустан беше украсен со препознатливи рози, моден потпис на Бутрим, кои беа распоредени низ ...
На оваа манифестација, која редовно се одржува во Дебар, како што информираше за МИА, директорот на фестивалот Илбер Нуредини, пред публиката ќе се претстават театарски куќи од Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Тирана, Прешево и Приштина. – Фестивалот ќе го отворат членовите на албанската драма при Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово, со претставата „Грабеж на диамантот” во режија на Ќазмедин Нуредини. Последната вечер пред ...
Стариот џентлмен Томислав Маниќ денес во друштво на внуците Љубица и Петар го прослави 90 роденден. Во долгата и успешна кариера отпеал над 450 песни сите снимки се дел од фонотеката на МРТВ.Томислав Маниќ вели дека сите го помнат по „Црвените рози“ …. Охрид беше и е негова опсесија. Пред две години за нашиот портал рече: -Охрид и јас , љубов на прв поглед. Првпат тука дојдов во почетокот на педесеттите од минатиот век и пеев на терасата на ...
На 15 септември 1890 година, светот ја доби Агата Кристи, жената што ја издигна криминалистичката проза до врвот на литературата. Со своите легендарни јунаци – Херкул Поаро и госпоѓица Марпл – таа создаде повеќе од 60 романи и бројни раскази кои и денес се читаат со иста возбуда. Нејзините книги се преведени на над 100 јазици и продадени во повеќе од 2 милијарди примероци, правејќи ја најчитаната авторка по Шекспир и Библијата. Но, Кристи не ...
Етно групата „Синтезис“ одржа концерт во Индија, на Културниот фестивал „Еден свет, едно семејство“, кој се одржа во Муденахали во државата Карнатака. „Вечерва патуваме во срцето на Македонија. Реномираниот бенд ‘Синтезис’ настапи со инструменти како гајда, тамбура и тапан, спојувајќи ги безвременските традиции на македонскиот фолклор со современата уметност. Нивниот настап содржеше моќни ритми и вокали кои ги славеа идентитетот, единството и ...
Како што дознава музичкиот портал Музика24, познатиот и популарен босански пејач Божо Вреќо доаѓа во Скопје со свој голем концерт на 21 ноември, кој ќе се одржи во Македонската филхармонија. И овој пат, „принцот на севдахот“ подготвува неповторливо музичко доживување за сите љубители на севдалинките. Божо Вреќо, кого престижниот „Њујорк Тајмс“ го нарече „човекот со ангелски глас“, ќе им приреди на скопјани и публиката од цела Македонија концерт ...
Бујар Муча, косопственик во Мегарон инженеринг ДОО Скопје се обрати со дообјаснување до медиумите кои го наведоа како единствен автор на проектот за реконструкција и адаптација на Универзална сала, Скопје. Тој потенцира дека проектот за реконструкција и адаптација на Универзална сала, Скопје не е само негов проект, туку е комплексен проект изработен од Мегарон Инженеринг ДОО,Скопје во кој освен него, учество имаат реномирани архитекти и ...
Фондацијата „Фридрих Еберт“ – Канцеларија Скопје најавува дека за првпат во Скопје ќе се одржи регионалниот феминистички фестивал „Еден свет, една борба“, од 19 до 21 октомври 2025 година. Овој фестивал претставува уникатна платформа за уметничко и општествено изразување, преку која регионални и европски уметници ќе говорат за најзначајните теми на нашето време, а тоа се родова еднаквост, феминизам, солидарност и социјална правда. Во текот на ...
Еден од најголемите писатели и драматурзи, Вилијам Шекспир Напишал вкупно 38 театарски претстави и 154 сонети. Иако малку се знае за неговиот живот, неговите дела како „Хамлет“, „Ромео и Јулија“ и „Кралот Лир“ имаат големо влијание врз литературата и театарот повеќе од 400 години. Неговите дела ја откриваат суштината на меѓучовечките односи. Животите на неговите ликови се оживеани од страстите и незапирливите емоции. Неговото пишување длабоко ...
Нова верзија на песната „Виолина и гитара“ од дуото Дуле и Коки ќе испее виолинистот Никола Јанков-Коки на претстојниот Макфест во Штип, што ќе се одржи на 24 и 25 октомври. Фестивалот годинава слави 40 години. Јанков ќе настапи во чест на неговиот колега и пријател Душан Љубисављевиќ, кој почина од рак на 23 септември 2013. На јубилејниот Макфест Коки ќе пее две песни, „Виолина и гитара“, со која победија на фестивалот во 1996 и потоа станаа ...
Во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје во среда (17 септември) од 21:30 часот ќе се случи „четворката“ од музичкиот импровизирачки серијал „Џез за чудаци“. Овој пат, колективот музичари што ќе засвири под сијаличките на „Буква“ ќе биде составен од Дарио Циевски и Драган Теодосев на тапани, Дориан Јовановиќ и Мартин Џорчев на бас, Нинослав Спировски и Васко Бојаџиски на саксофон, додека Филип Букршлиев ќе биде гитарист. „Музика за оние што би ...
Никола В.Ристевски (1995) поет, раскажувач и драмски писател од Битола, по професија дипломиран правник доби втора награда за новосоздаден македонски збор. Младиот битолчанец го создаде зборот .ЕКРАНКА – Screenshot (анг.) Никола В. Ристевски "Екранка" ја објаснува со следното образложение. "Брза дигитална слика од моменталниот приказ на екранот на телефонот или компјутерот." Ристевски објави дека неговиот новосоздаден македонски збор освои ...
Популарната детска серија „Хихирику“, која остави длабока трага кај повеќе генерации, останува запаметена и по актерите кои ѝ дадоа препознатливо лице и дух. Иван Карадак, заедно со поголемиот дел од актерската екипа, ја создаде магијата што и денес предизвикува носталгија. На фотографијата споделена од страна на Инстаграм страната Македонска поезија може да ги видите Иван Карадак со поголемиот дел од екипата на Хихирику: Катерина Крстева (Мара ...
Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, со своето 46-то издание ќе се одржи од 20-ти до 26-ти септември во Битола. Годинава во Програмата, е вклучен имаме избор од филмови од најрелевантните филмски фестивали, добитници на награди. На отворањето, ќе биде прикажан македонскиот филм „Мајка“ на Теона Стругар Митевска, кој претходно имаше премиера на програмата „Хоризонти“ на филмскиот фестивал во Венеција, а на затворањето ќе ...
„Трчај бе во Битола: 2025“ /Трчај бе во Битола – Abbey Road со над 1700 тркачи: ТРЧАЈ БЕ испиша нова страница во уличниот спорт и градската култура „Трчај бе во Битола: 2025“ со повеќе од 1700 учесници од 15 земји, еден музички концепт инспириран од The Beatles и улици исполнети со еуфорија, костими, музика и спортски дух – така изгледаше вчерашната трка „Трчај бе со Алпско 2025“, седмото издание на најорогиналната улична тркачка авантура според ...
Македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул на 17 септември 2025 година (среда) ќе биде домаќин на двоен културен настан, кој ќе ја обедини музиката и ликовната уметност. Програмата ќе започне во 19:00 часот со концерт на Александра Кировска (гитара) и Мила Николовска Ѓумар (сопран). Публиката ќе има можност да ужива во спојот од класични дела и современи композиции – од O. Kopenkov, M. Diego Pujol и E. Diaz, преку вечните романтични ...
Конец, платно и многу трпение ѝ се потребни на Александра Нашевска да создаде едно свое ново дело, кое жанровски не може точно да се дефинира, но дефинитивно претставува необична уметничка креација. Препорачано Претходниот пат кога разговаравме со Александра Нашевска, позната и под писателскиот псевдоним Ен Игма, во фокусот ни беа нејзините книжевни дела, романите „Вокабуларис“ и „Ходник кон амнезија“. Изложбата на неколку нејзини дела, кои ...
Скопје, 15 септември 2025 (МИА) - Во рамки на фестивалот Планет Шекспир во Верона, на сцената на театарот „Камплој“ на 13 септември, е изведена претставата „Д (како Дездемона) на Рисима Рисимкин во продукција на Скопје танцовиот театар. По втор пат дело на Рисимкин, работено врз творештвото на Шекспир, е покането на фестивалот во Верона. - Прекрасно беше чувството да настапиме пред веќе познатата публика на Верона, која несебично го прославува ...
Неодамна, по повод 120 години од погубувањето на Александар Турунџев, оперскиот пејач го промовираше видеото за песната „Цела се Битола расплака за Александар Турунџев“, а деновиве со сопругата Ана Дурловска (оперската двојка е 22 години во брак и имаат три деца, Максим и близнаците Лука и Софија), се вратија од Јапонија, каде што настапија во рамките на Експо 2025 во Осака, со камерниот оркестар „Ајга“. Додека се подготвува за улогата на Аркел ...
Тече рокот на тендерот за избор на изведувач и надзор за реконструкција на универзалната сала. Тендерот ќе трае до 26-ти септември, а од почетокот на октомври ќе започне реконструкцијата. Таа ќе се врши според проектот на архитектонското биро Мегарон инженеринг што беше прифатен и од претходната власт. Но како што кажа проектант Бујар Муча на денешниот брифинг, проектот претрпел измени во делот на сценската техника, ќе има нова акустика, ќе се ...
„Денеска пред македонската јавност го презентиравме визуелното решение за новата Универзална сала – модерен и функционален објект, што ќе го врати значењето на оваа култна локација и ќе ѝ даде нова енергија на културната сцена во Скопје. Проектот што беше преземен од Град Скопје е задржан во делот на идејното архитектонско решение. Направени се измени во делот на конструктивните елементи, по насоките дадени во испитувањата што дополнително ги ...
Според новото визуелно решение, она што е особено значајно е дека ќе се задржи постојната форма на објектот заради почитување на колективната меморија која скопјани и македонската јавност ја имаат за Универзалната сала како симбол на меѓународната солидарност за Скопје, по катастрофалниот земјотрес во 1963 година. На внатрешните ѕидови во фоајето ќе може да се прикаже и историјата на Универзалната сала, односно настаните кои се случувале и ...
Во рамки на програмата „Гевгелија – Град на културата 2025“, на 19 и 20 септември годинава ќе се одржи второто издание на „АРТ УМ“ фестивалот, кој има за цел да ја афирмира современата музичка и визуелна уметност, како и да придонесе за збогатување на културната понуда на градот и регионот. „Програмата е распоредена во два дена. На 19 септември во Домот на култура во Гевгелија ќе се реализира едукативен дел со работилници за музичка продукција и ...
Серијата, чија прва сезона ја следи возбудливата смена на медицински тим во одделот за итни случаи во болница во Питсбург, постигна огромен критички успех во САД. Серијата од 15 епизоди се занимава со различни теми, како што се правото на абортус и масовните убиства. „Пит“ ги победи другите фаворити за наградата – научно-фантастичниот трилер „Одвојување“ и „Белиот лотос“, сатира за ексцесите на екстремно богатите. Наградата за најдобра комедија ...
Со концертот насловен „Бајка“, оркестарот на Македонска филхармонија в четврток (18 септември) со почеток во 20 часот ќе гостува во Домот на културата во Гевегелија. Како солистка на овој концерт ќе настапи виолинистката Анна Кондратенко, концертмајстор во Филхармонијата. На концертот во Гевгелија, Кондратенко воедно ќе го води оркестарот во изведбата на композициите „Come in!“ („Чукни и влези“) од Владимир Мартинов и „Писма до пријателите“ од ...
„Источно-Украинскиот центар за граѓански иницијативи“, „Мировна акција“ и „KURVE Wustrow“ организираат презентација на книгата „Градот каде што започна војната“ и дискусија „Војната против Украина: Женски перспективи“, на 16 септември (вторник) 17:00 – 19:00 во КСП Центар – Јадро, Скопје Книгата „Градот каде што започна војната“ ги документира искуствата на жителите на Словјанск, град во регионот Донецк во Украина, окупиран од руските сили во ...
Зоран Кики Лесендриќ, основач и фронтмен на легендарната група „Пилоти“, повеќе од четири децении ги испишува страниците на музичката историја на Балканот. Од осумдесеттите, кога песни како „Како птица на мојот длан“ станаа симбол на една генерација, па сè до денес, Кики и понатаму неуморно создава и настапува. Неговиот богат опус опфаќа класици на југословенскиот рок, но и успешна соло-кариера со хитови како „Таа ноќ се степавме поради неа“ и ...
Во вечерта кога Скопје беше обвиткано во смрдеата од пожарот во Трубарево, во паркот зад Младински културен центар се одржа првото издание на метал фестивалот „Скопје фјури“ (Skopje Fury), во организација на „Терорвоид“. Првиот обид да се направи ваков фестивал на отворено во Скопје помина добро од техничко-музички аспект. Посетеноста беше дискутабилна, во рамките на просекот за концертите на поголеми метал бендови во Скопје, но публиката е таа ...
– Денеска пред македонската јавност го презентиравме визуелното решение за новата Универзална сала – модерен и функционален објект, што ќе го врати значењето на оваа култна локација и ќе ѝ даде нова енергија на културната сцена во Скопје. Проектот што беше преземен од Град Скопје е задржан во делот на идејното архитектонско решение. Направени се измени во делот на конструктивните елементи, по насоките дадени во испитувањата што дополнително ги ...
Во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар вчеравечер се одржа промоција на делото „Цената на љубовта“ од Данијела Дени Крстиќ. Се работи за роман во кој се испреплетуваат љубовни случувања, духовна трансформација и мудри пораки околу потрагата по среќа и исполнет живот. „Во романот се испреплетени љубовни врски, трансформација на негативни мисли и однесувања и како кога човекот ќе ги своите измени мисли животот почнува да зема еден нов замав и ...