Белград
8ᴼ /
6ᴼ
Сашко Мицевски е филмски и ТВ монтажер и дизајнер на звук. Од неодамна е назначен за в.д директор на Агенцијата за филм. Студирал филмска и ТВ монтажа на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а во 2015 година, како добитник на стипендија од Министерството за образование и наука, заминува на постдипломски студии на престижната National Film and Television School во Англија, каде што учи од етаблирани професионалци како Греам В. Хартстоун ...
Светот е воодушевен од спектакуларната изведба на „Bohemian Rhapsody“, која Julien Cohen, Mickey Callisto и Olly Pearson ја реализираа како флешмоб на една пешачка улица во Париз. Само за нешто повеќе од десет дена, видеата на социјалните мрежи собра 500 милиони прегледи, а многумина го нарекуваат „феномен на годината“. Уникатниот концепт, три главни артисти, десетици пратечки вокали, улична сценографија а сепак жив концерт на отворено, е ...
Откупот од „Нешнал џеографик документари филмс“ значи дека „Приказната за Силјан“ станува дел од глобалниот каталог на еден од најреномираните дистрибутери на документарни филмови во светот. Тоа му овозможува на филмот, преку каналите на „Нешнал џеографик“ и на „Дизни+“ и со силна маркетинг и фестивалска поддршка, да стигне до публиката во преку 170 земји „Фактот дека ‘Силјан’ е откупен од ’Нешнал џеографик документари филмс’ за мене е ...
Во селекцијата на кратки филмови вчера беше прикажан македонскиот филм „Нова енергија“, а денеска на прес конференција дел од тимот кој работеше на филмот проговори за предизвиците и начинот на снимање. Режисери се Сара Климоска и Радован Петровиќ и тие проговирија за предизвиците и начинот на снимање, а кинематограферка е Бојана Андриќ -Посебно задоволна сум од екипата со која работев и квалитетот на филмот се должи токму на тимот со кој ...
Инсталацијата „Релации“, се изложува за прв пат, во отворен простор и создава релација со урбаниот пејзаж на паркот. Концептот за уметничкото дело, инсталацијата, е инпириран од македонскиот јазик и неговата азбука. По 80 години од кодификацијата на македонскиот литературен јазик, знаците, односно буквите, се изложени како скулптурални форми кои егзистираат во отворен простор и формираат еден збор, љубов. Во паркот, каде се среќаваат природата и ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, актер по професија, ја доби главната награда „Да за уметност“, највисокото признание на Меѓународните медитерански театарски награди, што се доделуваат во Анталија, Турција. – Оваа награда е голема чест и силна потврда за вредноста на мојата работа и долгогодишната посветеност на развојот на театарот и културата. Таа претставува признание не само за личниот труд, туку и за заедничкиот напор на сите ...
Настанот за демо артисти се враќа како дел од „Таксират“. Фестивалското финале е на 5 декември, а повикот за учество сега е официјално отворено, информираат од фестивалот. Рокот за пријавување преку сајтот на „Таксират“ трае најдоцна до 26 октомври. „Ова е повик за сите самостојни музичари или бендови од домашната сцена, со авторска музика која сè уште не е објавена. Од пријавените ќе се селектираат финалистите што ќе настапат во живо пред ...
Инсталација и уметничка средба насловена „Страв од љубов“ ќе се одржат во вторник, во 19 часот, во Францускиот институт во Скопје, во организација на Францускиот институт. Авторка на инсталацијата е уметницата Клелија Живковиќ, а кураторка е Мелоди Робин. Настанот ќе биде проследен со разговор помеѓу уметницата, кураторката и публиката околу креативниот процес и делото. Оваа инсталација претставува можност да се запознаете со делото на ...
Кафе и филм КОТУР го најавува седмото издание на фестивалот на филм и музика Ѕирни, кое ќе се одржи од 29 септември до 6 октомври 2025 година. Публиката ќе има можност да проследи богата програма со интернационална и национална филмска селекција, 48-часовниот филмски предизвик, специјални проекции, концерти, изложби, интервјуа и музичка селекција, проследено со вкусна храна и урбана атмосфера. Оваа година, покрај кино салата на КОТУР, фестивалот ...
Во чест на еден од најважните музички автори на овие простори, неповторливиот Влада Дивљан и неговата „Невладина Организација“ го подготви големиот концерт насловен „Само една љубов имам“, кој по повод десетгодишнината од смртта на Влада, ќе се одржи во Скопје, на 17 ноември 2025 година, во Филхармонија. Владиниот бенд „Невладина Организација“ го предводат неговите долгогодишни пријатели и соработници Зденко Колар, Саша Шандоров, Борис Буњац и ...
Денес сите живееме во брз ритам – работа, обврски, патувања. Во таа динамика, не е чудо ако понекогаш заборавиме да им ставиме вода на растенијата во домот. Токму затоа постои Стиа – перничето што ја впива водата и ја испушта постепено, така што растението добива токму онолку колку што му е потребно. Нема сушење, нема прелевање, нема грижи – само свежо и живо зеленило, дури и кога вие сте далеку. За што е наменета Стиа? Како функционира? ...
Немилосрден бизнисмен и криумчар кој владееше со Чикаго со железна тупаница, Ал „Фонзо“ Капоне (Том Харди) беше најозлогласениот и најстрашниот гангстер на американската историја. На 47-годишна возраст, по одлежувањето на 10 години затвор, Ал Капоне е пуштен да живее во егзил во Флорида. Лишен од својата поранешна моќ, болен од сифилис и откако ги изгубил сите свои пријатели и сојузници, тој се сеќава на своето тешко криминално минато и на ...
Со богата и разновидна програма Национална установа Музеј „Д- р Никола Незлобински“ Струга ќе ги одбележи Европските денови на културното наследство. Денес со почеток во 14 часот ќе биде прикажана Ревија на етнолошки документарни филмови од Никола Евров- виш кустос етнолог во Спомен дом на браќа Миладиновци. Утре ќе се одржи едукативна работилница „Инсектариум“ со предавачите Данче Аџиоски, виш кустос биолог ботаничар и Сејмира Дибра Ќура, ...
Вечерва пред македонската културна јавност ќе се претстави романскиот поет Козмин Перца со поетскиот перформанс „Војна“ со почеток во 20.30 часот, во кафе-книжарницата “Буква“. На перформансот ќе му претходи кратко претставување на поетскиот опус на Перца од страна на Никола Маџиров и Владимир Мартиновски. По перформансот предвиден е и разговор со публиката кој ќе го води Роберт Алаѓозовски. Поетскиот перформанс ќе биде изведен на англиски и на ...
Филмот ја следи Маја, жена која по Втората светска војна се обидува да изгради нов живот во Америка со својот сопруг. Еден ден, таа препознава човек за кој верува дека бил дел од групата што ја силувала и мачела за време на војната. Решена да ја добие правдата што никогаш не ја добила, Маја го киднапира човекот и го држи врзан во својата визба, барајќи признание. Но како што деновите поминуваат, вистината станува сè понејасна, а нејзината ...
Учесници ќе бидат музичари од САД, Грција и од Македонија. На 25 септември во театарот ќе се одржи работилница по цијанотипија во заедничка организација со Центарот за креативни индустрии-НЕБО изведена од Јасмина Котевска и Иван Алушевски и ликовна изложба „Преиспитувања” на реномираните уметници Никола Пијанманов и Тони Попов во кураторство на Јасмина Котевска со почеток. На 26 септември на големата сцена во Театарот Ј.Х.К Џинот-Велес ќе ...
На 23 ноември, во Македонската опера и балет, скопската публика ќе има ретка можност да ја доживее една од најемотивните и највозбудливи современи драми „Детски повреди“. Делото, кое критичарите го опишуваат како црна и романтична комедија споена со мелодрама, ја открива вечната потрага по блискост и љубов меѓу две души кои, иако животот ги носи по различни патеки, никогаш целосно не се губат една од друга. Во главната улога публиката ќе ја види ...
Во Македонската филхармонија вечерва од 20 часот концерт ќе одржи гудачкиот камерен оркестар „АРКО“, под диригентската палка на Ерхан Шукри. На сцената ќе се појават три добро познати уметници – Сихана Бадивуку на виолина, Мерсиха Шукри на харфа и Жана Актурк од Турција на мандолина. Нивниот настап ветува длабока музичка емоција, техничка прецизност и сценска харизма која инспирира. Музички пејзаж со Вивалди, Хачатуриан, Хумел, Корет, Буалдие, ...
За време на 46. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола во чест на јубилејните 75 години од основањето на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ), беше врачена посебна Плакета на човекот чиј труд е тивок, а оставил длабоки траги, Мане Насков, фар мајстор. Зад сјајот на големите филмски имиња секогаш стојат луѓе кои не ја бараат светлината за себе, туку ја создаваат за другите. Фар мајсторот е чувар на ...
Националната опера и балет ќе ја отвори новата сезона 2025/2026 со едно од најмоќните и најемотивни ремек-дела во историјата на класичната музика – „Реквием“ од Волфганг Амадеус Моцарт на 3 октомври со почеток во 20.00 часот. Под диригентската палка на истакнатиот италијански диригент, Џанлука Мартиненги, македонската публика ќе има можност да присуствува на извонредна изведба на дело што ја отсликува генијалноста, длабочината и духовната сила ...
Пијано дуо „Гелебешеви“, в четврток со почеток во 20 часот ќе настапат во Камерната сала на Македонската филхармонија. На програмата се дела од Супе, Вагнер, Росини, Рахмањинов и Шостакович. Во сферата на камерното музицирање, пијано – дуото „Гелебешеви“ од почетокот на своето делување во 2001 година, се наметнува како ансамбл со исклучително високо профилиран квалитет во уметничката изведба, што гради успешна концертна кариера во С. Македонија ...
Козмин Перца пред македонската културна јавност ќе се претстави со поетскиот перформанс „Војна“ кој ќе се одржи на 24 септември (среда) во 20.30 часот, во кафе-книжарницата “Буква“. На перформансот ќе му претходи кратко претставување на поетскиот опус на Перца од страна на Никола Маџиров и Владимир Мартиновски. По перформансот предвиден е и разговор со публиката кој ќе го води Роберт Алаѓозовски. Поетскиот перформанс ќе биде изведен на англиски ...
Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб вечер (19:00) ќе биде отворена изложбата „Заоѓања“ на македонскиот современ ликовен уметник Никола Пијанманов. Изложбата на Пијанманов е културен настан кој претставува важен придонес во промоцијата на македонската современа уметност пред хрватската публика, и уште еднаш ја потврдува улогата на македонскиот КИЦ во Загреб како значајна платформа за афирмација на македонските уметници надвор ...
Добитник на наградата „Даница Ручигај“ за најдобра необјавена поетска книга е збирката Ткажалки од Александра Јуруковска. На десетгодишнината од востановувањето на наградата, ДПМ за првпат наградува необјавен поетски ракопис. Наградата се состои од плакета и од објавување на ракописот. Врачувањето на наградата „Даница Ручигај“ на овогодишната добитничка Александра Јуруковска е в среда во 12 часот во Друштвото на писателите на Македонија. На ...
Денес во 12 часот, во Музејот на РС Македонија ќе биде отворена манифестацијата Европски денови на културното наследство 2025. Темата на овогодинешото одбележување е „Архитектонско наследство: Прозорец кон минатото – врата кон иднината“. Во таа пригода ќе биде отворена изложбата „Допрете ги покуќнинските садови“ на авторот Сузана Марковска, едукатор – етнолог во музејот. Изложбата е тактилна и е посветена и наменета за слабовидни и слепи лица. ...
Тапанарот Михаил Парушев го издаде новиот албум „Атер“ со неговата група „Парусион“. Дел од гостите на албумот е и познатиот саксофонист и кларинетист Ферус Мустафов, кој почина во 2023. „Легендарниот Ферус со нас ги свиреше ‘Во наше село’, ‘Дебар добар дабар’ и ‘Лулка’. Ова е ретроспективен албум на мои, досега неиздадени композиции и драго ми е што и снимките со Ферус, како и со трубачот Александар Николовски се дел од него“, вели Парушев. ...
Покрај поздравните обраќања, од сцената беше оддадена и почит на неодамна починатиот актер Енвер Петровци. Вечерва во Центарот за култура „АСНОМ“ пред публиката ќе биде изведена претставата „Пијани“ во режија на Дејан Пројковски во која игра театарската екипа на НУЦК „Ацо Шопов“ од Штип. Третата вечер е резервирана за „Жени од војната“ претстава на режисерот Гиота Коундоураки која ја игра театарска трупа од Атина. Претставата „Марта Верина“ на ...
Во македонскиот КИЦ во Белград од денеска попладне, па до средината на октомври, ќе биде поставена изложбата „Пресек за скулптурата над“ од реномираниот македонски скулптор Славчо Спировски. Изложбата ќе ја отворат директорот на КИЦ Белград проф-др Васко Шутаров и Тони Цифровски, новинар од Македонско радио, кој ќе го поздрави настанот и прочита дел од ликовната рецензија од Маја Чанкуловска-Михајловска. „Славчо Спировски во своите досегашни ...
На 23 септември (вторник), од 18:30 часот, во Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе се одржи концертот на триото музичари – Пијано трио, составено од Татијана Петрушевска на обоа, Марјан Милошевски на фагот и Петар Макариевски на пијано. Македонските музичари во Софија ќе исполнат композиции од Г. Начевски, В. Велковска, В. Николовски, Ф. Петровски, В. Николовски – Ѓумар. ПИЈАНО ТРИО е составено од Татијана Петрушевска ...
Битола, 22 септември 2025 (МИА) - Млади студенти и филмофили од Албанија, Косово, Црна Гора и Македонија, поддржани од ментори на ИФФК „Браќа Манаки“, дебатираат и креираат филмски приказни на тема „Светлосно загадување“. Изборот на темата е направен заради зачестената појава на светлосно загадување, посебно во урбаните центри, истакна Марија Џиџева, ментор на работилницата „Светлосно загадување“. -Работилницата ја креиравме пред пет години и е ...