Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Новиот државен јавен обвинител Ненад Савески денеска даде свечена изјава во Собранието, а пред медиумите рече дека неговата работа ќе биде во согласност со Уставот, законите, ратификуваните меѓународни документи и меѓународните стандарди. Савески се заблагодари за поддршката и за коректните ставови во однос на професионалните аспекти. – Тоа за мене е голема одговорност и во овој момент сакам да ги повикам сите јавни обвинители заедно со мене, ...
Неофицијално, службите за борба против организиран криминал при БЈБ уапсиле актуелен директор на државна институција, фатен при барање и примање мито од ни помалку ни повеќе 50.000 евра. Дали делувал сам или зад случајот стои поширока мрежа, ќе покаже официјалната истрага и информациите од надлежните институции. Според неофицијални информации, станува збор за директор на Државниот инспекторат за земјоделие Васе Анакиев. Оваа акција е дел ...
Завршено е вештачењето на пет тони марихуана пронајдени на имотот на членот на Српската напредна партија во Коњух кај Крушевац, Раде Спасојевиќ, и според првите информации, утврдено е дека процентот на THC во растенијата е над дозволеното ниво, што ја прави наркотична дрога според локалните закони, вели за Нова извор запознаен со овој случај. -Процентот на тетрахидроканабинол (ТХЦ) во растенијата подложени на вештачење е повеќе од 0,3 ...
Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, денеска излезе на прес-конференција за да го брани ставот на пратеничката група на најезината партија која гласаше против предлогот да се применат алектронски нараквици за семејни насилници. Оваа тема стана особено чувствителна по трагедијата во скопски Карпош и по убиството на Росица од Велес. Пешевска денеска рече дека ваквата мерка била неприменлива и даде објаснувања: „Законот што се предлага ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски преку објава на својт фејсбук профил им го честита големиот празник Рамазан Бајрам на сите верници од исламска вероисповед. „Во овие свети денови, кога се заокружува месецот на пост, трпение и духовна посветеност, да се потсетиме на вистинските вредности што нè обединуваат како луѓе, почитта, солидарноста, хуманоста и грижата за другиот. Овој празник нè учи дека силата на едно општество се мери ...
Град Скопје отвори нов шелтер-центар наменет за заштита и поддршка на жртви на семејно насилство, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Со потпишување договор, стан во сопственост на Градот е отстапен на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство „Глас против насилство“, со што се обезбедува сигурен простор за згрижување и помош. Новиот центар ќе нуди заштита, советување и поддршка, со цел жртвите да добијат ...
Широко е позната корупцијата во јавното здравство, особено во повисоките нивоа кај специјалистите или раководителите на институциите кои решаваат кој и како ќе биде примен во болница, кога ќе биде опериран, грижата за него додека е во болницата... Општо е познато, исто така, дека и тешко болните или скоро оперираните се задржуваат во болица само неколку дена доколку немаат “врска“ да обезбедат болниот да биде под здравствена контрола на ...
Четири мотори во Прилеп изгореа во четвртокот вечерта на паркинг пред магацин на правно лице на улицата „Стеван Апостолоски“, откако околу 21 часот избувнал пожар што зафатил фирмен имот и предизвикал материјална штета. Според официјалните информации, во инцидентот нема повредени, а случајот веднаш бил пријавен во Полициската станица во Прилеп. Според МВР, пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, по што ...
Финска повторно е најсреќна земја во светот, покажува најновиот извештај за среќа, кој истовремено предупредува на пад на благосостојбата кај младите поради прекумерна употреба на социјалните мрежи. Извештајот, изработен од „University of Oxford Wellbeing Research Centre“ во соработка со Галуп и ОН, се базира на анкети со околу 100.000 луѓе во 140 земји. Според резултатите, задоволството од животот кај младите под 25 години значително ...
Собраниската комисија за социјална политика, демографија и млади го испрати предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување на понатамошна постапка во Собранието. Амандманите, по скратена постапка, предлагаат зголемување на сите пензии за 1.000 денари од 1 март годинава. Пратеничката Ангелинка Петкова од ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека ова е четврта измена на законот, а пензионерите добиле вкупно ...
Македонија напредувала во намалувањето на смртноста кај новороденчињата и децата до петгодишна возраст во текот на изминатата деценија, што ја позиционира меѓу најдобрите во светот во остварувањето на Целта за одржлив развој. Денеска, Светската здравствена организација (СЗО), Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) го поздравија напредокот на земјата и посочија дека промената доаѓа во ...
Полициски службеници го лишија од слобода директорот на Државниот инспекторат за земјоделство В.А. (41) од Кочани, кој се сомничи дека примил поткуп од 50.000 евра како прва рата од вкупно побарани 100.000 евра, соопшти Министерството за внатрешни работи. Против него е поднесена кривична пријава до ОЈО за ГОКК за кривичното дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик. Според информациите од МВР, осомничениот, во својство на ...
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата заедно со членовите на Комисија за селекција денеска спроведе јавни интервјуа со пријавените кандидати за член на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК). Требаше да се престават пет кандидати, но една од нив, Марија Китанов Катралова, не присуствуваше и согласно правилникот, нејзината кандидатура беше отфрлена. Најмногу внимание привлекоа „донаторите“ на ВМРО-ДПМНЕ , ...
Министерството за одбрана работи на решение со кое би им се помогнало на војниците кои по навршување на 45 години треба да ја напуштат службата, најави министерот за одбрана Владо Мисајловски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21. Како што вели, иницирана е постапка со која се разгледуваат можностите дел од овие војници да продолжат да работат, наместо веднаш да ја напуштат Армијата. „Инициравме постапка како да им помогнеме на сите војници што ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција директно го праша премиерот Мицкоски кој ќе ја сноси одговорноста ако земјата остане надвор од Европската Унија. Филипче нагласи дека граѓаните јасно ја изразуваат својата европска определба, додека владата со своите политики го попречува процесот на европска интеграција. „Граѓаните јасно наведуваат во сите анкети на јавното мислење, над 70% сакаат да станеме земја-членка на ...
Денеска во судницата во затворот Идризово треба да продолжи судењето за трагедијата во Кочани, каде во пожар во т.н. дискотека „Пулс“ загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Судењето треба да продолжи со сослушување на нови сведоци на Основното јавно обвинителство. За трагедијата се обвинети сопственикот на т.н. дискотека, управителите, членовите на обезбедувањето, поранешни градоначалници на Општина Кочани, градежни и пазарни инспектори, ...
Крај на неказнивоста, законот важи за сите, а институциите постапуваат – за разлика од времето на СДСM и ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со неселективна борба против криминалот и корупцијата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „ВМРО-ДПМНЕ доследно се залага за владеење на правото и целосна борба против криминалот и корупцијата, без разлика на политичката припадност. СДСМ не може да сфати кога МВР ќе уапси актуелен директор, затоа што на бандата на Заев и ...
Тешки навреди со најпримитивни изразаи за македонската претседателка Гордана Силјановска упати Спас Ташев од Институтот за истражување на популацијата и човештвото при Бугарската академија на науките (БАН) во неговиот последен напад врз Македонија. Како што пренесе Експрес, користејќи недолични изрази од типот „бугаромразачка“, „баба Горда/на“ и „комунистичка пачавра“ , Ташев се осврнува на годишнината од депортацијата на македонските Евреи ...
„Детето мое имаше коскен тумор. Одам во нервохирургија, докторот ми вели дека снимката не била добра, да го снимам во Скопје и го прашав докторот ако треба да се плати, кажи ми. Потоа појдов кај друг доктор, и тој истото ми го рече и се вратив кај првиот доктор. Мажот ми појде во еден кафич и му ги даде парите на докторот. Откако му ги дадовме парите, веднаш се најде термин за операција, а претходно ми велеа дека нема термин, нема ...
Зголемувањето на цената на горивата за дополнителни 7 денари по литар, вторпат во рок од само една недела претставува директно продлабочување на притисокот врз животниот стандард, особено во економија во која секое поскапување на енергенсите се прелева во цените на храната, транспортот и основните услуги, порачуваат од Левица. Токму затоа, стои во партиското соопштение, секој обид на премиерот Христијан Мицкоски ваквата состојба да ја прикаже ...
Во одговор на прашање за синоќешното апсење на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев, кој е надлежен на таа функција во јуни 2024, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека тоа е определба на Владата за борба против криминалот и корупцијата на дело. „Секој кој се огрешил пред законот, без разлика дали од СДС од ВМРО-ДПМНЕ, или било која друга политичка партија, треба да одговара. Сите мора да бидат ...
Нова корупциска афера ја потресе јавноста, откако полицијата го лиши од слобода директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, кој е осомничен дека примил поткуп во износ од 50.000 евра, како дел од вкупно побарани 100.000 евра. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, станува збор за лице со иницијали В.А. (41) од Кочани, против кое е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на ...
Уапсен скопјанец по напад врз сопствената мајка се случил во Скопје, каде што, според информациите од Министерството за внатрешни работи, маж физички ја нападнал својата мајка во семејниот дом, по што случајот бил пријавен во полиција и веднаш била извршена интервенција. Настанот се случил на 20 март 2026 година, кога полициски службеници излегле на терен, го привеле осомничениот и го задржале во полициска станица. Според првичните ...
Според извештај на „Фридом хаус“, „Слободата во светот“, за минатата година, Македонија и понатаму е “делумно слободна“ земја. Како и лани земјата од највисоката можна вредност – 100, има индекс на слобода 67. Политичките права се оценети со индекс 28 од можен 40, а граѓанските слободи со 39 од можни 60 поени. Во извештајот за Македонија меѓу друго се посочува дека новинари и активисти се уште се соочуваат со притисоци и заплашување. Од ...
Власта прави еден страшен дефокус од проблемите кои им се случуваат и на граѓаните и на државата во овие тешки моменти на повторна економска криза и нови ценовни шокови по војната на Блискиот Исток, нагласи заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, во вечерашната емисија „Само интервју“ на телевизија Канал 5, стои во партиското соопштение, што МИА го пренесува интегрално. Каранфилова Пановска посочи дека ВМРО-ДПМНЕ свесно се ...
Од идеја до реализација – аналитичарите со поделени ставови колку македонскиот „ДОС“ има реална шанса да стане сериозна опција која ќе ја обедини критичката и опозициска јавност контра Христијан Мицкоски. Според дел од нив платфрмата е осудена на неуспех поради различната политичка клима во земјава со Владата на ВМРО-ДПМНЕ, во споредба со состојбата во Србија со Милошевиќ, но и поради раскараната опозиција и внатре во СДСМ, но и надвор од ...
Наша цел е да ги задржиме странските инвестиции на сегашното ниво и да го отвориме патот на истражувачки центри кои ќе отвараат високоплатени работни места, истакна во гостувањето во емисијата “Стадион” на Канал 77, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. “Мислам дека ние ќе ги стабилизираме странските инвестиции на ова ниво, од неколку причини. Првата причина е, за да било кој инвеститор инвестира ...
Новоименуваниот државен јавен обвинител, Ненад Савески денеска, веднаш по свечената заклетва во Собранието, ја презеде функцијата, информираа од Основното јавно обвинителство. „Тој одржа работна средба за примопредавање на функцијата со досегашната вршителка на должноста, јавната обвинителка Анита Тополова Исајловска. Исто така, на првиот работен ден на функцијата, јавниот обвинител Савески се сретна со јавните обвинители и со ...
Македонскиот медиумски пазар се соочува со сериозни структурни ограничувања – тој е мал, презаситен со субјекти и изложен на силна конкуренција од соседството, но и покрај тоа успева да оствари позитивни финансиски резултати. Ова го покажува најновата „Анализа на медиумскиот пазар во Македонија“ изработена од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ). Податоците за 2024 година откриваат дека вкупните приходи во ...
Вевчани, познато по својата богата духовна и уметничка традиција, деновиве се најде во центарот на вниманието во Њујорк. Со свечено отворање започна изложбата „Traveling in Colour: The Balkan Spirit in New York“, која претставува избор на дела од Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“. Изложбата се одржува во Gallery MC, каде пред бројна публика беа претставени дела инспирирани од православната иконографија и балканското ...