Кривична пријава против поранешен директор на јавно претпријатие во Струмица, во 47 наврати ја злоупотребил службената положба и за над еден милион денари го оштетил буџетот. СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против З.Г.(57) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека во 47 наврати сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. -Пријавениот, во својство на ...

Опозициската СДСМ со српска ПР машинерија ја манипулира јавноста, Башановиќ и Заев диригираат и ги влечат конците зад сцената, обвинува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста. Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ користи надворешна ПР поддршка за креирање на соопштенија и прес-конференции со кои ја манипулира јавноста. „Зоран Башановиќ, екс советникот на Зоран Заев има клучна улога во ПР тимот на СДСМ и Филипче. Зоран Заев стои зад ангажирањето на ПР ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најостро го осуди секое незаконско и коруптивно однесување, поврзано со последниот случај со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство. Од Министерството побараа Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство целосно да го расчистат случајот и да постапат согласно законите. Тие нагласија дека злоупотребата на службената положба за личен интерес мора да ...

Илија Пенушлиски е син на Кирил Пенушлиски, истакнат македонски фолклорист роден во Солун. Тој беше сопруг на Илинка Митрева, поранешна министерка за надворешни работи на Македонија и пратеничка од редовите на СДСМ, која почина на 31 јули 2022 Неговите дела често беа инспирирани од градската динамика, архитектурата и современиот начин на живот, при што користеше богата колористика и експресивен пристап Сликарот, Илија Пенушлиски, кој остави ...

На 18.03.2026 во 18:30 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Т.М. (33) од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 30-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. На 18.03.2026 во 18:30 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Т.М. ...

Предлог-законот за заштита од пушењето е во завршна фаза и се очекува во вторник да се најде на дневен ред пред пратениците, по што ќе започне собраниската процедура за негово усвојување. Министерот за здравство Азир Алиу информираше дека законот е речиси финализиран и оти се затворени сите прашања со засегнатите страни. Според најавите, законот најпрво ќе помине владина процедура, по што ќе биде доставен до Собранието, каде ќе се разгледува ...

Верниците од муслиманска вероисповед во земјава денеска го одбележуваат Рамазан бајрам, еден од најзначајните празници во исламот, кој доаѓа по завршувањето на светиот месец Рамазан. Празникот се слави по едномесечниот пост, период во кој верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од храна и пијалак, но и се посветуваат на молитва, духовно прочистување, хуманост и солидарност. Рамазан е деветтиот месец во исламскиот календар и се ...

По повод денешната изјава на министерот за здравство Азир Алиу, за Предлог законот за заштита од пушење, Групацијата за производство на цигари и Здружението на производители на тутун при Стопанската комора на Македонија, во чиј состав членуваат Philip Morris International, Imperial Brands, British American Tobacco и Japan Tobacco International, изразуваат длабока загриженост и разочарување од дополнетиот и изменет текст на предложеното ...

Метео анализа на Славчо Попоски: Почетокот на следната седмица, односно (понеделник и вторник 23/24 март 2026) повторно во Македонија ни носи повеќе облачност и локални послаби врнежи од дожд а особено во вторник 24 март 2026 повремено ќе дува засилен ветер од северен правец. На планините пак над 1500/1600 метри надморска височина ќе има послаби врнежи од снег. Во Скопје и околината пак исто така во погоре споменатиот период повторно ќе ...

Пожарникарите-спасители од ТППЕ Струмица утрово имале сложена интервенција за извлекување на паднато женско лице во провалија под Цареви Кули, на место викано Црвен Дол. Како што се наведува во објава на Фејсбук на струмичките пожарникари, станува збор за исклучително тежок и непристапен терен, каде интервенирале шест пожарникари-спасители со две теренски противпожарни возила. „Во акцијата беше користена алпинистичка опрема и носила за ...

Очекуваниот животен век при раѓање во Европската Унија изнесува 81,5 години, додека во Македонија 76,6 години. Оваа бројка се разликува од регион до регион, па така највисок очекуван животен век има шпанскиот регион Комунидад де Мадрид, со 85,7 години, додека најмал има во Северозападен регион во Бугарија со 73,9 години. Жените на ниво на ЕУ се очекува да живеат 5,2 години подолго од мажите, додека во Македонија 4,4 години. Овој јаз ...

На помалку од еден месец од изборите кои се чекаат во цела Европа резултатот од гласањето во Унгарија на 12 април е крајно неизвесен. Познатиот унгарски новинар и главен уредник на неделникот „Маѓар наранч“, Ендре Бојтар, вели дека разликата меѓу Фидес на премиерот Виктор Орбан и Тиса на опозицискиот лидер Петер Маѓар е помала отколку онаа во анкетите. И дека реално изнесува три до четири проценти во корист на Маѓар. Во разговорот за ...

Веќе три недели цените на горивата растат поради кризата на блискиот Исток а Владата на Мицкоски не презема ништо.Спиралата на раст на цените на храната започна. По маркетите се започнати поскапувањата, маслото за јадење е над 100 денари, јајцата над 300 денари, зеленчукот и овошјето над 100 денари за килограм, основните производи стануваат луксуз, вели Симона Цветановски од СДСМ. – Се најавува и ново покачување на цените на горивата. Потоа ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека во услови на глобална неизвесност, можни се одредени корекции во буџетските прогнози, но приоритет останува одржувањето на фискалната стабилност и заштитата на животниот стандард на граѓаните. Таа посочи дека Министерството за финансии е фокусирано на одржување на буџетскиот дефицит во предвидените рамки, а средствата ќе бидат насочени кон клучните приоритети – редовната исплата ...

Млада скопјанка пријавила во полиција дека нејзиниот сопруг физички ги напаѓа нивните заеднички малолетни деца. – На 19.03.2026 во 17:30 часот во СВР Скопје, 27-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзиниот спруг Т.П. физички ги напаѓал нивните две малолетници деца, известија од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и по целосно документирање против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава. Млада скопјанка ...

Изведувачот Бехтел и Енка продолжува да работи на изградба на автопатите според утврдената динамика и сите давачки од државата во моментов се платени. Растот на цената на горивата во овој момент нема да предизвика дополнителни трошоци, истакна во гостување во емисијата “Стадион” на Канал 77, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. – Не постои поголем договор во градежништвото каде што не постои ...

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во емисијата „Стадион“ на Канал 77 говореше за посетата на Вашингтон и средбите во Светска банка и Стејт Департментот на САД. Вицепремиерот Николоски истакна дека учествувал на годишната конференција на Светската банка, каде имаше обраќање заедно со еврокомесарот за транспорт, како и на министерски состанок со претставници од најголемите држави во светот, каде во ...

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) поднесе обвинителен акт против поранешниот државен правобранител Фехми Стафа за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“, предвидено и казниво согласно Кривичниот законик. Според истражната постапка, Стафа во периодот од октомври до 13 декември 2025 година, со намера да прибави противправна имотна корист, примил вкупен износ од 50.000 евра. ...

Зголемувањето на цената на горивата за дополнителни 7 денари по литар, вторпат во рок од само една недела претставува директно продлабочување на притисокот врз животниот стандард, особено во економија во која секое поскапување на енергенсите се прелева во цените на храната, транспортот и основните услуги. Токму затоа, секој обид на Мицкоски ваквата состојба да ја прикаже како нешто минливо или незначајно е политички маневар кој има за цел да ...

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Во Скопје, претежно облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец. Следува период на променливо облачно време со умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец, освен во понеделник кога ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува ...

Земјите од Европа треба постепено да ја намалат зависноста од Кина, без целосно да ја прекинат соработката. Тоа значи да работат со повеќе партнери, да го развиваат домашното производство и да воведат јасни правила за безбедност и транспарентност. За Македонија ова е особено важно за напредок кон европскиот пат, бидејќи треба да се усогласи со европските правила како контрола на инвестиции, заштита на податоци и надзор на важни сектори, со ...

Син ја претепал мајка си во смеејниот дом на Би Пазар. Жената завршила во болница со тешки повреди. – На 20.03.2026 во 00:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.А.(23) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во смејениот дом на подрачјето Бит Пазар физички ја нападнал неговата 51-годишна мајка и ѝ нанел тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираа од МВР. ...

Утрово цела Македонија се разбуди со ниски температури, а најстудено беше на Попова Шапка каде се измерени минус седум степени. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека утрински минуси се забележани и во Берово, Крушево и Маврово. Утрински температури по градови: -7°C: Попова Шапка -3°C: Берово, Крушево -2°C: Маврови Анови 1°C: Охрид, Крива Паланка, Претор, Битола 2°C: Тетово, Прилеп, Струмица, Штип 3°C: Скопје (Зајчев Рид и ...

За година ипол имаме 24 нови дестинации од двата македонски аеродроми, а Скопскиот аеродром е со најголем процент на раст во регионот. Следува зголемување на капацитетите и модернизирање на аеродромите – истакна во гостување во емисијата “Стадион” на Канал 77, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. – До денес имаме 24 нови дестинации од двата аеродроми. Ги има од „Визер”, но ги има и други компании. ...

Нови докази за Организираната криминална група, нов корупциски скандал во земјоделието поврзан со мито на државни функционери блиски до ВМРО, велат од СДСМ. – Како што објавија медиумите Директорот на државниот инспекторат за земјоделие, Васе Анакиев, бил фатен „на дело“ при примање поткуп во износ од околу 50.000 евра. Ова само уште еден скандал во низата кој покажува дека криминалците во власта на ги крадат граѓаните, ги крадат ...

Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место -Вчера (20.03.2026) во 17:20 часот на булевар ,,Гоце Делчев” во Штип, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи со помош на специјално возило пресретнувач на Министерството за внатрешни работи измерена е брзина на движење на ...

На барање на Основното јавно обвининителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Основниот кривичен суд Скопје, Васе Анакиев, актуелниот директор на Државниот инспекторат за земјоделство, доби 30 дена притвор. Тој е осомничен дека од сопственик на фирма барал да му исплати 100 илјади евра на три рат, за да овозможи стока која била задржана на граничен премин, да влезе во земјава. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Барал 100 илјади евра за ...

Антикорупцискиот тим на СДСМ ја разоткри бизнис мрежата на Христијан Мицкоски во енергетиката – систем во кој се испреплетени политиката и бизнис интересите, велат од СДСМ. „Овој енергетски „октопод“ се протега од Душан Адамовиќ, функционер на сестринската СНС, преку офшор структури и „Rudnap Group“, до директни врски со Владата преку Божиновска. Мрежата продолжува во клучни институции: во Развојната банка, каде е поставена Ефимија ...

Во време кога пристапот до финансиска поддршка е клучен за развојот на малите бизниси, земјоделството и индивидуалните претприемачки идеи, значајна улога играат финансиските институции кои се фокусирани на поддршката на луѓето и нивните иницијативи. Една од нив е Штедилница Можности – финансиска институција која повеќе од две децении работи на македонскиот пазар, обезбедувајќи пристап до финансиски средства и поддршка за развој на мали ...

Денеска, според православниот календар (стар стил), се одбележува споменот на Светите 42 маченици од Амореја – војводи на византискиот цар Теофил, кои останале запаметени по својата непоколеблива вера. По поразот на Византија во битката со Сарацените за градот Амореја, тие биле заробени заедно со многу други христијани. Додека дел од заробените биле убиени или продадени како робови, овие војводи биле затворени и поминале седум години во тешки ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
5.66
66%
1009
weather icon

Белград

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
72%
1012
weather icon

Загреб

11ᴼ / 9ᴼ
7.72
50%
1015
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
5.66
58%
1009
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
5.97
55%
1009
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
6.69
34%
1014
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
5.14
55%
1006
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
58%
1005
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
8.75
38%
1005
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
71%
1008
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
4.63
84%
1014
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
42%
1009
Currency

61.6317

Currency

53.7916

Currency

70.9319

Currency

36.8772

Currency

38.6441

Currency

67.2372

Currency

7.78293

Currency

0.66168

Currency

0.33727

Currency

0.52497

Currency

1.20986

Currency

0.57012

Цинк

3.16

Паладиум

44152.21

Платина

61729.43

Родиум

334367.76

Иридиум

256711.96

Бакар

11.09

Калај

47.07

Кобалт

964.52

Злато

166450.52

Сребро

2840.84

Алуминиум

3.46

Рутениум

56199.51