Министерот за здравство, Азир Алиу денеска најави дека се очекува Законот од заштита за пушење ќе се најде пред Владата на 24 март и очекува тој да биде целосно усвоен во рок од еден до еден и пол месец. Иако првично беше најавено дека примената ќе започне од 1 март, рокот беше пролонгиран за да се усогласат барањата на угостителите и на тутунската индустрија. Алиу вели дека имале неколку состаноци со сите заинтересирани страни и оти сите ...

Му ветил увоз на роба која не ги исполнува законските услови и побарал мито од 100.000 евра во три рати – уапсен директорот на Инспекторатот за земјоделие, Васе Анакиев, потврди МВР. Според информациите од Министерството, Анакиев од сопственик на правен субјект кој се занимава со увоз, индиректно преку лице – шпедитер, му ја побарал сумата од 100.000 евра во три рати: 50.000 евра, кои според информациите на МВР ги добил од оштетеното лице, и ...

Случувањата деновиве во СДСМ, единствената партија во која се вградувам, како и ФБ меморијата ме вратија години наназад, во далечната 2013 година. (На сѐ уште најдобарата конвенција на СДСМ). Тогаш, по 24 декември, време кога немаше многу луѓе околу СДСМ, кога опозицијата беше под постојан притисок, неопределените загрижено гледаа од дома, време кога ВМРО ДПМНЕ и ДУИ беа на врвот на својата моќ. Дали тоа ме поколеба во изборниот процес ? ...

Светскиот ден на шумите, Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, ја информира јавноста дека во текот на наредниот месец започнува јавната расправа за новиот Закон за заштита на природата. Со оваа законска регулатива суштински се унапредува заштитата на природните екосистеми, со посебен акцент на зачувување на шумските предели. Шумите претставуваат еден од најзначајните столбови на нашето природно богатство, кои ...

Делегација на Уставниот суд претставувана од претседателот Дарко Костадиновски и судиката Ана Павловска-Данева, остварија работна средба со претседателот на Уставниот суд на Србија, Владан Петров и судијките Добросав Миловановиќ и Наташа Плавшиќ. Како што се наведува во соопштението од Уставниот суд, претседателите на двата суда изразија заемно задоволство од средбата и се согласија да работат на унапредување на соработката, особено земајќи ...

Безбедносната состојба во државата е стабилна, но институциите внимателно ги следат глобалните случувања и нивното можно влијание врз економијата, изјави министерот за одбрана Владо Мисајловски. Во гостување во емисијата „Click Plus“ на ТВ21, Мисајловски посочи дека надлежните служби постојано ја анализираат состојбата и подготвуваат извештаи за безбедносните ризици. – Честопати изнесувам само некласифицирани информации. Безбедносната ...

Наместо на наплатувачот, провизијата за плаќање со банкарска картичка паѓа на купувачот – неколкуте вакви случаи ги загрижија економистите кои предупредуваат дека се стимулира сивата економија. Народна банка децидна – граѓанинот не треба да сноси дополнителен трошок. Банките уверуваат дека ги почитуваат сите законски регулативи. За услуга од 240 денари платена со банкарска картичка, провизија од 5 денари, која паѓа на товар на купувачот, а ...

И оваа рана пролет чад и смрдеа ги гуши жителите во околните села близу депонијата Буково. Ситуацијата е се‘ поалармантна,а ако истата не се затрупува постојано со земја, летово загадувањето ќе биде се‘ поголемо и поопасно алармираат екологистите.Голема загриженост, но и обвинувања за инертност на локалните власти испорачуваат и советниците на опозицијата. Од локалната самоуправа пак велат дека забрзани се процесите за изградба на ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умрен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...

Минстерството за внатершни работи информираше дека санкционирана е скопјанка која со „ауди“ се движела по пешачката патека во паркот „Жена- Борец“ во Скопје. -На 19.03.2026 во полициска станица, полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје извршија службен разговор со Л.Т. од Скопје, која на 16.03.2026 во 14.39 часот со патничко возило „ауди“ со скопски регистарски таблички се движела по пешачка патека ...

Во недела на 22 март во периодот во 7:30 до 11:30 часот ќе се одржи атлетска улична трка со стартно-целна позиција на бул.„Јане Сандански“ при што натпреварувачите ќе се движат на дел од бул.„Јане Сандански“ на потегот од крстосница со бул.„Србија“ и бул.„Видео Смилевски Бато“ до крстосница со ул.„Владимир Комаров“, на дел од ул.„Васко Карангелевски“ на потегот од крстосница со бул.„Јане Сандански“ до крстосница со бул.„АСНОМ“ и на дел од ...

Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре вторник 17-ти март, но и четврток 19-ти март – „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата и објектите на следните улици и места од град Кичево: Планиран прекин КИЧЕВО Дел од ул. „бул. ОСЛОБОДУВАЊЕ“, ул. „11-ти Септември“ И ул. „4-ти Јули“ 17.03.2026 09:00 17.03.2026 15:00 Планиран прекин АГИНО ...

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска објави дека трошоците за живот значително пораснале во првите три месеци од 2026 година, додека најавеното усогласување на минималната плата, според нив, не го следи тој раст. Според податоците на Сојуз на синдикати на Македонија, вредноста на синдикалната минимална кошница за периодот јануари–март 2026 година се зголемила за 2.326 денари. Само во март, минималната кошница достигнала 67.818 ...

Сообраќаен хаос, километарски гужви, небезбедни раскрсници, закочени инфраструктурни проекти. Ова е секојдневието со кое се соочуваат поголемиот дел на Скопјани. Но, во скопската населба Гази Баба на булеварот Киро Глигоров, ситуацијата уште поалармантна. Подолг период потегот пред и по мостот Близнак на реката Вардар е вистински хорот за сообраќај во поголемиот дел од денот. Тоа е всушност и единствен коловоз во овој дел на градот кој ги ...

Рак на дебелото црево или колоректален карцином (КРК) сè повеќе ги погодува помладите лица, а сега стана водечка причина за смрт од рак кај помладата популација во светот, вели Институтот за јавно здравје во извештај за одбележувањето на март, месец на колоректален карцином. „Лекарите велат дека нешто фундаментално различно се случува со колоректалниот карцином кај помладите лица. Додека вкупниот број на смртни случаи од канцер се намалува, ...

Метео анализа на Славчо Попоски: За време на продолжениот празничен викенд територијата на Македонија останува под влијание на релативно ладна но сува воздушна маса која се спушта од север и истата ќе услови да имаме променливо облачно време со сончеви периоди а ќе дува и умерен повремено засилен ветер од северен правец. Во Скопје и околината исто така за време на продолжениот празничен викенд времето ќе биде променливо облачно со сончеви ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски заедно со својот тим ја продолжи теренската кампања „Гласот што го слушаме – македонско најдобро”, во општина Росоман, меѓу земјоделците. Министерот ги посети населените места Трстеник и Росоман, каде директно разговараше со граѓаните за нивните предизвици, потреби и предлози. „Целта на овие активности е преку комуникација да се слушнат размислувањата, идеите и ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција по спроведена сеопфатна истражна постапка до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, предвидено и казниво согласно Кривичниот законик. Како што информираат од ОЈО, според обвинителниот акт, обвинетиот во периодот од октомври до 13 декември 2025 година, со ...

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во петок, 20 март 2026 година, во 10:05 часот, во Грција. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал 11 километри североисточно од Парамита, односно 157 километри југозападно од Лариса. Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 5 километри под површината на земјата. ...

Сведокот Живко Ставревски, помошник-генерален инспектор во Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани изјави дека до 2020 година не биле предвидувани редовни инспекциски надзори во општини во кои нема инспектори, а Кочани немало покриеност со инспектор за проверки и превенција. Ставревски појасни дека инспекциски надзори се вршат за проверка на усогласеност на правните лица со ...

Државниот архив е столб на македонското битие, предизвик е да го зачуваме и заштитиме целото архивско наследство. Еден од најстарите документи, односно најстариот документ којшто го поседува Државниот архив е Евангелието на Лука кое потекнува од 12-от век, а најден е во фондот на охридското семејство Робеви. Ова во интервју за МИА го вели директорот на Државниот архив, Димитар Богески. Архивот на 1 април идниот месец одбележува 75 години од ...

Во земјава има околу 40.000 лица на инсулинска терапија и антидијабетна терапија. Лицата со дијабетес во изминатите две недели се соочуваат со недостаток на ленти и глукомери. Не знаеме зошто тендерот се уште не е операционализиран изјави денеска претседателот на Здружението на дијабетичари на Македонија Љупчо Велев пред почетокот конференција „Современиот човек и дијабетесот – контрола, квалитет и достоинство“, во организација на Сојузот на ...

Почна откупот на македонското јагне, за кое за Велигденските празници веќе има интерес има за пазарите во Италија и Албанија, каде се извезени и првите количини на јагнешко. Потпретседателот на Асоцијацијацита на земјоделците, Гоце Сарафимов вели дека и понатаму откупната цена не е задоволителна за сточарите. -Цената се уште е ниска 260-280 денари макисмум се движи, а овчарите сакат да не биде испод пет евра, испод 300 денари. Затоа што и ...

Министерот за одбрана на Северна Македонија, Владо Мисајловски, изјави дека испораката на првите два повеќенаменски воени хеликоптери „Агуста“ од Италија се очекува до крајот на оваа година. „Најважно за мене е хеликоптерите да пристигнат. Она што сега го имам како најава е дека нема да има доцнење. Два треба да пристигнат до крајот на оваа година, се надевам дека ќе пристигнат во втората половина. „Леонардо“ е една од најголемите компании во ...

„Мојот став е јасен и непроменет, секој што постапува спротивно на законите и ги злоупотребува институциите за лични интереси мора да одговара. Владата има неселективен пристап”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од Росоман. Министерот посочи дека како владина гарнитура, остануваат цврсто посветени на политиката на нула толеранција за корупција, особено во делот на управување со ...

Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија на денешната седница го избра епископот велички г. Никола за митрополит австралиско-новозеландски. Новоизбраниот митрополит Никола е роден 1974 година во Скопје. Дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Остварува двогодишен студиски престој на ...

Пречистителна станица за отпадни води на Скопје се гради, а завршени се една четвртина од предвидените градежни работи. Еден од најважните инфраструктурни објекти за главниот град, кој треба да обезбеди пречистување на отпадните води, кои завршуваат во реката Вардар, започна да се гради пред точно една година. Планиран рок за завршување на изградбата е ноември 2027 година, по што е следуваат две години на пробна работа и обука на операторите, ...

Двајца директори, две институции под ист министерски кров, ист криминален образец. Што е Агенцијата за финансиска поддршка и зошто е мета на корупција? Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој е институција која располага со милиони евра субвенции наменети за земјоделците во Македонија. Токму поради тоа, оваа агенција одамна е препознаена како “ризична точка” за корупција, бидејќи директорот одлучува кој ќе добие ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило. Од нив шест управувале возило без возачка дозвола, двајца управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана и еден управувал возило под дејство на алкохол. По две лица во Тетово и Скопје возеле без возачка дозвола и по еден во Гевгелија и Прилеп. Едно од лицата во Скопје кое ...

Почетокот на следната седмица насекаде низ Македонија ќе имаме зголемена облачност и локални послаби врнежи од дожд а во вторник повремено ќе дува засилен ветер од северен правец. На планините и повисоките места не е исклучено и појава на слаб снег. Во Скопје и околината ќе има повеќе облаци со услови за слаб локален дожд и повремен засилен ветер од северен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени а преку ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
5.66
66%
1009
weather icon

Белград

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
72%
1012
weather icon

Загреб

11ᴼ / 9ᴼ
7.72
50%
1015
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
5.66
58%
1009
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
5.97
55%
1009
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
6.69
34%
1014
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
5.14
55%
1006
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
58%
1005
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
8.75
38%
1005
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
71%
1008
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
4.63
84%
1014
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
42%
1009
Currency

61.6317

Currency

53.7916

Currency

70.9319

Currency

36.8772

Currency

38.6441

Currency

67.2372

Currency

7.78293

Currency

0.66168

Currency

0.33727

Currency

0.52497

Currency

1.20986

Currency

0.57012

Родиум

334367.76

Злато

166450.52

Иридиум

256711.96

Сребро

2840.84

Кобалт

964.52

Рутениум

56199.51

Цинк

3.16

Алуминиум

3.46

Платина

61729.43

Паладиум

44152.21

Бакар

11.09

Калај

47.07