Белград
10ᴼ /
10ᴼ
Семејството на убиениот 48-годишен Алеш Шутар од Ново Место одлучи да ги донира неговите органи, јавуваат словенечките медиуми. Семејството нагласи дека тоа би била негова желба. Шутар почина кон средината на октомври откако беше удрен во главата пред ноќниот клуб „ЛокалПатриот“. Инцидентот се случил додека Шутар се обидувал да го заштити својот син, кој претходно бил цел на напад од група млади мажи. Напаѓачот го удрил во главата, а лекарите не ...
Работите на втората фаза од патниот правец Елбасан – граничниот премин Ќафасан, на албанско–македонската граница кај Струга, се завршени со околу 80 отсто, соопшти албанската вицепремиерка и министерка за инфраструктура и енергетика Белинда Балуку. Делницата, долга околу 50 километри, е составен дел од Коридорот VIII и треба директно да го поврзе пристаништето Драч со Ќафасан, за понатаму кон Северна Македонија и Бугарија – клучен правец за ...
Албанскиот премиер Еди Рама верува дека го нашол решението за реформите што Тирана треба да ги испорача на патот кон ЕУ: вештачка интелигенција. Владата ја промовира Диела – АИ генериран аватар, претставен како „виртуелен министер“ – чија задача е да ги „исчисти“ јавните набавки и да ја зголеми отчетноста, со надеж дека усогласувањето со европското право ќе оди побрзо и потранспарентно. Идејата веќе привлече меѓународно внимание, но и отворила ...
Хрватскиот државјанин кој беше киднапиран во Мали е ослободен и вратен дома, потврди министерот за надворешни и европски работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман. Како што изјави, тој пристигнал во Сараево. „Ова е добра вест за неговото семејство, кое го помина најтешкото, но и за сите нас во Хрватска и Босна и Херцеговина“, објави Грлиќ Радман на социјалната мрежа X. Министерот им се заблагодари на сите институции на Република Хрватска и ...
Во недела сакале да соопштат дека е бремена, во петок двајцата загинаа под натстрешницата во Нови Сад „Милош и Анѓела. Требало да се најдат на Железничката станица во Нови Сад. Беа во среќна врска и чекаа дете. Во недела планираа тоа да им го соопштат на нивните родители, а во петок загинаа“ - гласи дел од кратката емотивна приказна која вирално се шири на социјалните мрежи, една година по несреќата. На 1 ноември 2025 се наврши една година ...
Ако има некој што е постојано нападнат на ужасен начин во сопствената земја, тоа сум јас. Секој ден ме прикажуваат како некаков Хитлер, вели српскиот претседател, Александар Вучиќ, во интервју за германскиот „Cicero“. На прашањето: „Фридом Хаус повеќе не ја смета Србија за слободна демократија, туку за хибриден режим. Ве обвинуваат дека ја укинувате поделбата на власта поради вашето прекумерно влијание врз партијата, парламентот и медиумите. ...
Владимир Штимац приведен во центарот на Белград Во центарот на Белград синоќа беше приведен поранешниот српски кошаркар и граѓански активист Владимир Штимац, јавија српските медиуми. Видеа објавени на социјалните мрежи покажуваат дека тој бил приведен пред зградата на државната телевизија РТС. Тој се соочува со обвиненија за поттикнување насилство пред парламентот и повици за насилна промена на уставниот поредок, како и за поттикнување на ...
Веќе беа раните часови меѓу недела и понеделник кога Министерството за внатрешни работи објави дека 37 лица се приведени заради немири пред српскиот парламент. Меѓу нив, според наводите во медиумите, е и кошаркарот Владимир Штимац. Хаотичните сцени започнаа кога Дијана Хрка, мајката на момче кое загина под настрешницата, сакаше да го почне најавениот штрајк со глад пред Парламентот на Србија, огорчена што сè уште не е разјаснето кој е одговорен ...
Во оваа специјална емисија, „Чујте Срби, чувајте се себе“, се фокусираме на темата за Видовдан – денот што низ вековите станал столб на српската историја и духовност. Зборуваме за битката на Косово, за заветот на кнез Лазар, за симболиката на жртвата и верноста кон идеалите, но и за тоа како денес се разбира Видовдан меѓу младите и во современото општество. Водителката Вања Стојковиќ ве води низ настаните што беа актуелни за одбележување на ...
Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас денеска ќе престојува во посета Босна и Херцеговина. Посетата доаѓа откако Советот за безбедност на ОН во петокот го продолжи мандатот на Мисијата на ЕУ во БиХ – ЕУФОР Алтеа. Според најавите, Калас по пристигнувањето во Сараево ќе го посети седиштето на ЕУФОР Алтеа во касарната „Бутмир“, каде ќе биде пречекана од командантот на Мисијата, генерал-мајорот ...
Припадници на Министерството за внатрешни работи идентификуваа и приведоа 37 лица кои учествувале во „нарушување на јавниот ред и мир и предизвикување инциденти за време на нерегистриран јавен собир“ во неделата вечерта пред Народното собрание на Србија, соопшти Министерството за внатрешни работи. „Полицијата интензивно работи на идентификување и пронаоѓање на други учесници чии постапки ја загрозиле безбедноста на граѓаните и јавниот имот“, се ...
Поранешниот српски кошаркар и активист Владимир Штимац беше уапсен синоќа во Белград, објавува N1 Srbija. Како што може да се види на снимките објавени на социјалните мрежи, Штимац е уапсен од полицијата пред зградата на РТС. Српското Министерство за внатрешни работи кратко по 2 часот наутро објави дека привело 37 лица кои, како што велат, учествувале во нарушување на јавниот ред и мир и предизвикување инциденти пред зградата на Парламентот во ...
Во текот на ноќта, поранешниот српски кошаркар Владимир Штимац бил уапсен пред зградата на Радио-телевизија Србија (РТС), под обвинение за нарушување на јавниот ред и мир, потврди Министерството за внатрешни работи на Србија. На снимките кои кружат на социјалните мрежи, се гледа како повеќе полициски службеници го опкружуваат и приведуваат Штимац, иако тој, според очевидци, не пружал никаков отпор. Во еден момент се слуша како присутните граѓани ...
Мирно и без инциденти беше во текот на ноќта и утрово во центарот на Белград пред српскиот Парламент каде што од синоќа реагираа стотици полицајци во опрема за разбивање демонстрации со обиди да спречат директно конфронтирање на голем број противници и поддржувачи на властите. Во Белград, стотици луѓе се собраа синоќа пред Собранието за да ја поддржат Дијана Хрка, која штрајкува со глад од вчера во 11:52 часот барајќи одговорност за смртта на ...
Белград, 2 ноември 2025 (МИА) - Илјадници граѓани на Нови Сад вечерва се упатија кон просториите на владејачката Српска напредна странка, кон главната полициска станица и блокираа делови од центарот на град во протестен марш и во поддршка на штрајкот со глад на мајката на момчето кое лани загина во падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад. Тие прават голема бучава со автомобилски сирени, вувузели, свирчиња и извикуваат ...
Белград, 2 ноември 2025 (МИА) - „Со оглед на бројот на полицајци на улиците и атмосферата во Пионирскиот парк во Белград , ги молиме сите присутни да не наседнуваат на провокации, да се грижат едни за други и да се движат во групи додека сите безбедно не се вратат во своите домови, се наведува во соопштението кое вечерва го упатија српските студенти во блокада, откако пред српскиот Парламент дојде до инцидент во кој учествуваа насобрани граѓани ...
Пред Собранието на Србија во Белград вечерва владее напната атмосфера. Дијана Хрка, мајката на Стеван Хрка – едно од 16-те лица загинати при падот на бетонската настрешница на Железничката станица во Нови Сад, штрајкува со глад од утрово, барајќи од претседателот на Србија да исполни три конкретни барања. Голем број граѓани се собраа пред парламентот за да ѝ дадат поддршка, но присутни се и бројни полициски сили, вклучувајќи специјална бригада ...
Поранешниот кошаркарски репрезентативец и активист Владимир Штимац беше уапсен синоќа во Белград. Како што може да се види на снимките објавени на социјалните мрежи, Штимац е уапсен пред зградата на РТС. View this post on Instagram A post shared by Nadja Gavrilovic (@nadja.gavrilovic) Инаку, српското Министерство за внатрешни работи кратко по 2 часот наутро објави дека привело 37 лица кои, како што велат, учествувале во нарушување на јавниот ...
Илјадници граѓани вечерва излегоа на улиците во Нови Сад, а дел од протестите се проширија и во Белград, Кула, Сремска Митровица, Врбас и Суботица, во поддршка на Дијана Хрка, мајката на 26-годишниот Стефан Хрка, кој загина во падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад пред една година. Демонстрантите во Нови Сад се упатија кон просториите на владејачката Српска напредна странка (СНС) и кон полициската станица, ...
Поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ, на платформата X објави повик до граѓаните да излезат на улица. „Под овие околности, тактички е важно сите оние кои не можат да дојдат во Белград да организираат протести во своите градови низ цела Србија!“, напиша Тадиќ, велејќи дека е време за заеднички граѓански отпор низ целата земја. U ovim okolnostima taktički je važno da svi koji ne mogu da dođu u Beograd organizuju proteste u svojim ...
Големи тензии се забележани вечерва пред Народното собрание во Белград, каде што голем број граѓани се собраа во поддршка на Дијана Хрка, мајката на трагично загинатиот Стефан Хрка, која утрово започна штрајк со глад. View this post on Instagram A post shared by Nova.rs portal (@nova.rs_portal) Во исто време, во непосредна близина, во шаторска населба со прекар „Чациленд“, се собраа и поддржувачи на владата, а меѓу двете групи беше поставен ...
По извинувањето до демонстрантите, српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека ќе се распишат предвремени избори, истакнувајќи дека сака да ја смири политичката клима и да покаже подготвеност за дијалог. За вчерашното одбележување на трагедијата во Нови Сад, кога пред една година по падот на надстрешница на железничката станица загинаа 16 луѓе, Вучиќ рече дека на комеморацијата присуствувале околу 40.000 граѓани, дека сè поминало „мирно и ...
Таа од утрово штрајкува со глад, барајќи од властите правда и одговорност за трагедијата што го потресе целиот регион. На местото има и големо полициско присуство, вклучувајќи бригада за разбивање демонстрации, распоредена долж оградата околу плоштадот пред Парламентот. Според информациите на српските медиуми, полицијата попладнево дозволила групи граѓани да влезат во шаторското насeле познато како „Ќациленд“, каде што се собираат поддржувачите ...
Црногорски службеници од Регионалниот безбедносен центар „Север“, во соработка со Основното државно обвинителство во Плав, ја лишиле од слобода државјанката на Република Македонија, Е.И., поради сомнение за измама против физичко лице од Плав. Според полицијата, Е.И. од ноември 2023 година лажно ги прикажувала фактите за да стекне противправна имотна корист и го довела оштетениот во заблуда, убедувајќи го да ѝ предаде пари во износ од 10.000 ...
Со јавни и државнички почести денеска му беше оддадена последна почит на поранешниот албански премиер и историски лидер на Социјалистичката партија, Фатос Нано, кој ќе почива на гробиштата Шара, во Тирана. Глем број граѓани, албанскиот државен врв, претставници на политичкиот живот, поглаварите на верските заедници, делегации од соседните земји, меѓу кои и на ДУИ, предводена од лидерот Али Ахмети, од Косово, предводена од Албин Курти, почит му ...
Припадници на полицијата за немири во полна опрема интервенираа денес на улицата „Кнез Милош“ во Белград, на местото каде што Дијана Хрка го започна штрајкот со глад. Полицијата ги потисна собраните граѓани кои дојдоа да им дадат поддршка, го уапси возачот на камион Миломир Јаќимовиќ и го заплени автобусот што превезуваше студенти од Ниш од комеморативниот собир во Нови Сад, пишува Н1 . Студентите кои пристигнале во Белград раскажале како ...
Сè уште не опоравен од трагедијата која пред една година неповратно го измени, Нови Сад вчера беше преплавен со солзи, тага и тишина. Црвени срциња со имињата на загинатите, бело цвеќе и пламен од свеќи го покрија платото кај Железничката станица. Под силното доцнооктомвриско сонце, десетици илјади луѓе, речиси во шепот, цел ден им оддаваа почит на жртвите од трагедијата, која предизвика бран незадоволство и резултираше со стотици протести низ ...
Синоќа околу 23:15 часот во сараевската општина Нови Град се случи експлозија на плоштадот ЗАВНОБИХ, која го вознемири населението во близината на Алипашино Поље, јавува Ослободување. Според информациите од Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон, станува збор за непозната експлозивна направа. Дежурниот обвинител го класифицирал инцидентот како кривично дело предизвикување општа опасност и оштетување туѓ имот. Полициските екипи ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска најави дека парламентарните избори ќе се одржат пред редовниот рок, без да прецизира датум. Изјавата уследи по неговото јавно извинување до демонстрантите и беше дадена при обиколка на градилиштето на Националниот стадион во рамки на EXPO-проектот. „Ќе излезам во пресрет на блокадерите, изборите ќе бидат пред рокот — за датумот ќе одлучат надлежните институции“, рече Вучиќ. Пораката доаѓа по една ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека блокадите реагирале негативно на неговото извинување за острите зборови што ги изговорил за нив, бидејќи „таквата младина, во револуционерен ентузијазам, брза пред да размисли“. „Моето извинување беше искрено, не за да му ласкам на некого, не затоа што, како што мислат некои луѓе, се плашев, туку во желбата да ја променам атмосферата во општеството“, рече Вучиќ за време на обиколката на ...