Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Полскиот премиер Доналд Туск упати апел до политичарите да не ја користат трагедијата за политички цели по нападот во Краков, Полска, во кој загинаа шест лица, а уште 12 се повредени. „Најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на жртвите. Им оддавам признание на храбрите полицајци кои ги ризикуваа своите животи. Искрено ги повикувам политичарите од сите страни – не си играјте со оваа трагедија. Ќе ги разјасниме сите околности на ова ...
Со голот на Мартин Одегард, во 72. минута од дуелот, тимот на Арсенал на домашен терен успеа да го совлада тимот на Хал, со минимално 1:0. Екипата на Арсенал имаше повеќе од играта на овој меч создаде шанси, но ете реализираше само една. Од друга страна пак, Фулам и Њукасл ремизираа 1:1. Брн постигна погодок за гостите во првиот дел но истиот беше поништен од страна на ВАР. Сепак, Њукасл дојде до предност со голот на Марфи во 80. минута, за ...
– Дваесет учесници и годинава се претставија на традиционалната “Валандовска ракијада” која по 26. пат се одржува на Градскиот базен во Валандово. Со домашно валандовско грозје одлежано дваесеттина дена, според постапката за варење, учесниците го почнаа процесот на создавање на познатата домашна ракија. Наградени со прво место за најдобра ракија оваа година беа Лазар Димов и Трајче Зајков, второто место го понесоа Дени Делев и Крсте ...
Најмалку пет луѓе се убиени во пукање на главниот плоштад во полскиот град Краков, а десетина се повредени, вклучувајќи полицајци. Полициската управа соопшти дека околу 15 часот маж почнал да пука кон луѓе од својот автомобил со кој влегол на плоштадот. Напаѓачот бил застрелан од полицијата и префрлен во болница. Градските власти ги повикаа жителите да ја избегнуваат областа. „Полицијата ги истражува позадината и сите околности на нападот“, ...
Министерството за здравство во рамки на Реформската агенда 2024-2027 спроведува две клучни мерки поврзани со политиката за дроги и усогласувањето со законодавството на Европската Унија, соопшти денеска министерот за здравство, Сашо Клековски во објава на Фејсбук. Тој информира дека денеска учествувал на координативниот состанок за Реформската агенда, при што биле разгледани активностите на Министерството за здравство во оваа област. ...
Фудбалскиот шампион на Македонија, Вардар славеше на гостувањето кај Силекс со 0-1 во натпревар од 13. коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Клучниот момент во натпреварот се случи во 47. минута кога Горан Закариќ го постигна погодокот кој на крајот се покажа вреден три бода. До крајот „црвено-црните“ го задржаа водството и стигнаа до големи три бода во битката за титулата во домашниот шампионат. Крадењето авторски ...
Општина Аеродром во текот на септември и октомври отстрани и дистрибуираше до депонијата „Дрисла“ 400 тони мешан отпад. Екипите на ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром секојдневно се на терен, отстранувајќи кабаст отпад, градежен шут и отпад од дивите депонии и јавните површини. На располагање на граѓаните е услугата на Јaвното претпријатие на Општина Аеродром, за подигање отпад директно од нивните домови и негов правилен и безбеден ...
Струга ТЛ – Шкендија 1:0 е исходот од големото дерби на 13.коло во ПМФЛ. Победничкиот гол беше дело на Христијан Малески во 73.минута кога прекрасно биеше со глава за голема победа. Сега Струга ТЛ е лидер со 29 бодови со +2 пред Шкендија. Голема битка многу шанси на двете страни, но сепак Малески го реши дербито за голема, голема победа на стружани кои сега имаат “седум од седум“ дома и без примен гол. Струга ТЛ – Шкендија 1:0 е исходот од ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против О.Р.(61) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. Според информациите, на 29.09.2026 во семејниот дом во кривопаланечко, пријавениот физички го нападнал неговиот 12-годишен син, нанесувајќи му повреди. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава ...
На 06.11.2026 во 20:40 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на експресен пат Прилеп – Градско, влечно возило „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од лице на возраст од 38 години од село Стојаково, општина Богданци, удрило во метална еластична ограда. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Кавадарци. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци. На 06.11.2026 во 20:40 ...
Соопштение на СДСМ: Aлта банка не е обична банка. Зад формалниот сопственик Давор Мацура – човек што до вчера држеше менувачница во Земун, стои мрежа на криминал, корупција и пари од дрога. Во Sky преписките Александар Вучиќ е препознаен како „Оскар“ – шеф на мафијата. Тие преписки, што сега се бараат да се отворат во Србија, укажуваат на врски со криминалната група на Дарко Шариќ и Вељко Беливук. Шариќ – еден од најголемите балкански нарко ...
Непријателот нема да може да го спречи Иран да произведува и модернизира оружје ниту за момент, изјави портпаролот на Исламската револуционерна гарда (IRGC), бригадниот генерал Хосеин Мохеби. Тој најави дека, доколку дојде до трет бран судир со непријателот, ќе откријат „достигнувања што ќе го изненадат светот“ – ново оружје на иранските воздухопловни сили. „Постои и оружје што ќе биде откриено и оперативно во случај на трет бран обновување ...
Во изминатото деноноќие, полициските службеници на територијата на Македонија лишиле од слобода 17 лица, а со уште едно лице бил извршен службен разговор поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“. Според информациите од МВР, десет лица управувале возила без положен возачки испит. Меѓу нив бил и 14-годишен малолетник од Виница, кој изгубил контрола над мопедот и паднал. Службен разговор бил извршен и ...
Ноќеска (07.11.2026) во 00:50 часот во струмичко село полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 38-годишен жител на тоа село. Според пријавеното тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата 33-годишна сопуга, по што и нивните малолетните деца ги истерал од куќата. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на ...
Утре, 8 ноември, православните верници го празнуваат Митровден, денот посветен на Светиот великомаченик Димитрија Солунски. Во македонската народна традиција, овој празник има посебно значење бидејќи некогаш се сметал за почеток на зимата, а според временските прилики на Митровден, луѓето се обидувале да предвидат какви ќе бидат студените месеци. Во минатото, народната година била поделена на два дела. Од Ѓурѓовден до Митровден траело ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина да постигне договор за завршување на војната со Русија. Украина мора да сака да ја заврши оваа војна – рече Трамп пред новинарите во Овалната соба. Зеленски мора да сака да ја заврши оваа војна, а доколку тоа не е случај, сè ќе заврши многу лошо – предупреди американскиот претседател. Претставникот на Трамп, Стив Виткоф, вчера престојуваше во Осло, каде разговараше со украинскиот ...
Вториот ден на 26. Скопје Филм Фестивал носи содржајна и разновидна програма што ги спојува култната филмска традиција, современите европски краткометражни филмови и големите регионални кинематографски имиња. Денот започнува во 12:00 часот во Клуб МКЦ со вториот фестивалски мастерклас со познатиот актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ, кој пред домашната публика и младите филмски професионалци ќе сподели искуства за создавањето на ...
Виктор Осимен заработи повреда на коленото на дуелот со Штутгарт во Лигата на шампионите, а деталните прегледи покажаа дека ќе мора да биде подложен на операција. Нигериецот, и покрај проблемите со коленото, го одигра целиот натпревар, но неговата состојба дополнително се влошила. Лекарските анализи откриле истегнување на лигаментите и оштетување на ткиво кое ќе мора хируршки да биде отстрането. Турскиот шампион ја потврди повредата преку ...
Република Македонија денес го празнува 23 Oктомври, Денот на македонската револуционерна борба. Празникот се празнува по повод основањето на Македонската револуционерна организација на 23 октомври 1893 година во Солун. Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Основањето на МРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење што преку Илинден 1903 и Крушевската ...
Apple претстави нови модели на MacBook Pro со OLED екрани и функционалност на екран на допир. Apple воведе нова серија на модели MacBook Pro кои ќе се продаваат паралелно со постоечката понуда. Овие нови модели вклучуваат долгоочекувани OLED екрани и, за првпат, носат поддршка за екран на допир (touchscreen) кај компјутерите Mac. Најистакнатата карактеристика е несомнено екранот, кој Apple го нарекува „PROLED XDR“. Тој ја користи истата ...
БИК Мала промена во вашата работна организација денеска може да ви заштеди време и да ви го направи секојдневниот живот попријатен. Колега може да предложи необичен пристап кој првично ќе ви изгледа непрактичен, но вреди да се размисли. Не дозволувајте барањата на другите луѓе да ве оптоваруваат со повеќе одговорности отколку што можете да се справите. Грижете се за сопствената удобност, наместо да го одложувате одморот на неодредено време. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наскоро ќе одлучи дали САД ќе продолжат со воените напади врз Иран, со цел да спречат обновување на иранската нуклеарна програма. По состанокот со советниците за национална безбедност, Трамп изјави дека Вашингтон веќе ги постигнал своите цели во Иран, но не ја исклучи можноста за нови воени операции. „Повеќе би сакал да не го уништувам остатокот од земјата, ако е можно, но можеби ќе морам. ...
Првиот настап на Мастерсот во Париз српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе го има утре (вторник) како трет последен меч на Централниот терен. Негов ривал треба да биде Валентан Вашеро, кој на турнирот доаѓа со титулата освоена во неделата на турнир во Базел. Сепак фотографиите од последниот тренинг се загрижувачки за навивачите на српскиот тенисер бидејќи се гледа дека има одредени проблеми со грбот. Од социјалните мрежи било забележливо дека ...
На 05.11.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул„Дижонска” во Скопје, Б.Л.(36) од Скопје управувајќи товарно возило „пежо” со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот Л.М.(68) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 68-годишниот пешак, констатирани во Јавна здравствена установа „Св. Наум Охридски” во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје. На 05.11.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје ...
Седумгодишно девојче од Босна и Херцеговина и 18-годишен ученик од Лион утрово загинаа во тешка автобуска несреќа што се случила во близина на францускиот град Бур-ан-Брес. Автобусот со 49 патници излетал од патот и удрил во дрвја, пренесуваат босанските медиуми. Во несреќата четворица патници се тешко повредени, од кои двајца се во животна опасност, а уште 25 се здобиле со полесни повреди. Меѓу патниците имало и 15 деца. Multiple Fatalities ...
Возачот на Дукати, Марк Маркез, триумфираше на Големата награда на Малезија, 19-та трка од сезоната на шампионатот Мото ГП, и направи голем чекор кон одбрана на титулата. Маркез со леснотија стигна до доминантна победа во Сепанг, негова седма во сезоната, три секунди пред победникот во спринтот во саботата, Педро Акоста од КТМ Рејсинг. На третото скалило на подиумот се искачи возачот на Гресини, Алекс Маркез, кој беше речиси две секунди зад ...
Мнозинството израелски пратеници го поддржаа поранешниот шеф на војската Гади Ајзенкот да добие мандат за формирање влада, додека продолжуваат консултациите со претседателот Исак Херцог. Вкупно 67 од 120-те членови на Кнесетот го поддржаа лидерот на центристичката партија Јашар да започне коалициски разговори, што ги вклучи и пратениците од проарапската Заедничка листа. Сепак, тоа не гарантира дека Ајзенкот, најголемиот ривал на премиерот ...
Голманот на Андора, Хесус Овоно, проговори јавно за прв пат по смртта на напаѓачот на Тенерифе, Хесус де Мигел. Во соопштението објавено од неговиот клуб, тој рече дека минува низ најтешките денови од својот живот и изрази сочувство до семејството на починатиот играч. Овоно го објави ова во среда преку официјалните канали на социјалните мрежи на ФК Андора. Претходно го затвори својот Инстаграм профил поради навреди и закани што ги добиваше. ...
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, денес официјално објави дека ја завршува својата репрезентативна кариера. Оваа вест доаѓа еден месец по конфликтот со тренерот Жорге Хесус, по што тој го напушти состанокот на репрезентацијата. Тој го имаше своето деби за Португалија во 2003 година, а со националниот тим го освои Европското првенство во 2016 година и Лигата на нации во 2019 и 2025 година. Во текот на изминатите ...
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации на територијата на државата, полициски службеници лишиле од слобода шест возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, тројца управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за Б.М.(34) од село Батинци, скопско, 16-годишник од село Морани, скопско, и Ф.К.(32) од село Големо Коњари, прилепско, кој ...