Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Малолетник бил нападнат физички од двајца малолетници. При нападот едниот од нив снимал со мобилен телефон. Според пријавата, тие меѓусебно се знаеле. Мајката на нападнатиот го пријавила случајот вчера во 18:30 часот во СВР Скопје. Нападот според пријавата се случил околу 14:45 во Карпош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Малолетник бил нападнат физички од двајца малолетници. При нападот едниот од нив снимал со мобилен телефон. ...
Македонската кошаркарска федерација официјално ја започна продажбата на билетите за претстојниот дуел на нашата репрезентација против селекцијата на Луксембург. Натпреварот е дел од патот кон Евробаскетот 2029 година, а влезниците веќе се достапни за јавноста преку продажната мрежа на „МКТикетс“. Кошаркарската еуфорија се враќа во реновираната сала „Градски парк“. За овој натпревар се утврдени достапни цени за сите навивачи: билетот за ...
Состојбата со приватните превозници во јавниот градски превоз е стабилизирана, а сите проблеми кои беа евидентирани во изминатиот период се успешно надминати. Застојот на одредени автобуски линии беше предизвикан исклучиво од технички пречки со АВЛ опремата и ГПС валидаторите во автобусите, што оневозможи дел од возилата навремено да бидат вклучени во сообраќај. Овој дефект е целосно отстранет, со што се овозможува редовно и навремено ...
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, на денешниот состанок на Владиниот совет за економска политика, најави ново усогласување и зголемување на минималната плата. Конечната одлука за износот на покачувањето се очекува да биде донесена на владина седница кон крајот на март. Мицотакис истакна дека Грција мора да ја задржи динамиката на економски раст над европскиот просек, истовремено фокусирајќи се на рекордно намалување на невработеноста. ...
По серијата лажни дојави за поставени експлозивни направи кои два дена го парализираа образовниот процес во Тетово, локалната самоуправа воведува нови насоки за постапување. Назми Даути од Секторот за јавни дејности при Општина Тетово, на денешната прес-конференција порача дека наставата веќе нема автоматски да се прекинува за целиот ден. Крај за предвременото одење дома Главната промена во протоколот се однесува на движењето на учениците и ...
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, упати остра критика до судските власти по одлуката за одредување куќен притвор на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. Димитриевски оцени дека овој случај, каде лице по 14-месечно бегство се враќа во државата и по само еден распит заминува дома, претставува потврда за нефункционалноста на правосудниот систем. Димитриевски, кој себеси се дефинира како легалист, посочи дека е недозволиво ...
По повод четиригодишнината од почетокот на воената агресија во Украина, вечерва со почеток во 20:00 часот, 4TV.mk емитува специјално отворено студио. Низ призмата на безбедносните експерти, дипломатијата и автентичните сведоштва на луѓето кои ги почувствуваа воените ужаси, емисијата ќе направи детална ретроспектива на конфликтот кој го промени светот. Јовица Пауноски во студиото ќе дебатира со своите гости за геополитичките поместувања, ...
Владата одлучи да им излезе во пресрет на угостителите и да ја одложи примената на строгите правила за пушење на отворените тераси затворени од три страни. Ова е дел од измените на Законот за заштита од пушењето, за кои денеска информираше министерот за здравство, Азир Алиу. Целта на одложувањето е да се остави доволно време за инфраструктурно приспособување на објектите кон новите законски норми. Министерот појасни дека по широките ...
На патот Охрид – Ресен, односно кај с. Буково утрово во 6 часот е пронајден угинат балкански рис. Се работи за возрасна женка. „Надлежните служби извршија теренски увид во соработка со Македонско еколошко друштво и Државен Инспекторат за животна средина. Угинатата рисица ќе биде однесена на обдукција во Скопје на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ, Скопје“. Инаку, Балканскиот рис е строго заштитен и критично загрозен вид на ...
Министерот за здравство, Азир Алиу денеска одржа прес конференција, со цел да информира за акцијата која е во тек кај компаниите што поседуваат одобрение за одгледување канабис за медицински цели, која доби и дополнителна институционална тежина по денешната седница на Владата. – Денес упатуваме порака дека државата повеќе нема да гледа настрана таму каде што има сомнеж за злоупотреба на дозволи, пропусти во институционалниот надзор и ризик за ...
СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф.(42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство” во обид, „загрозување на сигурноста” и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста”. На 18.02.2026 во семејниот дом во Битола каде живеат неговите деца, пријавениот со остри предмети ги нападнал неговиот 21-годишен син и неговата 16-годишна ќерка. Додека, на 19.02.2026 во Полициската станица Битола, ...
Најмалку 14 лица загинаа, а 440 се раселени откако обилни дождови го погодија југоисточниот бразилски град Јуиз де Фора, соопштија од локалниот градски совет. Дождовите предизвикале поплави и активирале свлечишта, а наставата во општинските училишта е прекината, информираа локалните власти. Мобилизирани се специјализирани тимови за помош и потрага по исчезнати лица. Повикани се федерални и државни агенции да му дадат поддршка на градот во ...
Предлог-измените на Законот за минималната плата, со кои се бараше таа да изнесува 36.960 денари (600 евра) во периодот од март 2026 до март 2027 година, не добија поддршка на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. Законот беше поднесен од пратеници на СДСМ и Левица, а во расправата главно учествуваа опозициските пратеници. Од претставниците на власта на говорницата се обрати само пратеникот Миле Цеков од ...
„Со континуираниот раст на минималната плата, државата го штити и вреднува трудот на работниците. Предлог-законот за минимална плата, во износ од 36.960 денари, претставува продолжение на континуираниот раст на минималната плата, што започна системски во 2017 година и кој во изминатите години значително го подобри животниот стандард на работниците со најниски примања“, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната комисиска расправа ...
Министерството за здравство одзеде лиценци за одгледување канабис за медицински цели на шест компании, по спроведени контроли во кои биле утврдени низа неправилности. На прес-конференција во Владата, министерот за здравство Азир Алиу информираше дека одлуките се донесени врз основа на наодите од инспекциските надзори. Лиценците им се одземени на „Алфафам“, „Грин лајф“, „ЦБД медплант“, „Лајф плант“, „Атафарм“ и „Канабидоис“. Според министерот, ...
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 15 возачи, од кои 10 за возење без возачка дозвола, тројца со забрана за управување возило од Б категорија, еден под дејство на алкохол, додека еден возач управувал возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол. Двајца возачи во Скопје и по еден возач во Пробиштип, општина Старо Нагоричане, Куманово, Радовиш, Гевгелија, Гостивар, Тетово и ...
Министерството за правда ќе побара детално образложение за одлуката со која мерката притвор е заменета со куќен притвор во предмет поврзан со истрага за проневера тешка над осум милиони евра. На прес-конференција, министерот за правда Игор Филков порача дека институцијата нема да остане пасивна кога, како што рече, се отвораат сериозни дилеми што ја нарушуваат довербата на граѓаните во правниот систем. Тој нагласи дека досега се воздржувал од ...
Селанец од кичевско ќе добие 300 илјади денари надомест за претрпени физички и психички последици откако бил нападнат и гризнат од мечка, објави Слободен печат. Според информациите, настанот се случил во август 2022 година, кога мажот пеш се враќал од својата нива кон домот. Без никаква провокација бил нападнат од мечка, која го совладала и го гризнала, нанесувајќи му повреди на десната страна од челото и слепоочницата, како и нагмечувања на ...
-Зголемувањето на минималната плата на 600 евра не е никаков каприц, туку барање за социјална нормалност, а без оваа законска интервенција, оваа нормалност може да биде само политичка привилегија. Кога велиме 600 евра минимална плата, ние не велиме државата да продолжи да биде пасивен набљудувач и работите во економијата да се движат по инерција. Бараме платата да се зголеми, а Владата да си ја преземе одговорноста, рече пратеникот на СДСМ, ...
На 23.02.2026 во периодот од 14:30 до 15:30 часот во с.Јеловјане, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово извршиле увид по претходна пријава од вработен во Национален парк „Шар Планина“ дека бесправно биле исечени 20 метри кубни огревни букови дрва. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 23.02.2026 во периодот од 14:30 до 15:30 часот во с.Јеловјане, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово извршиле увид по претходна ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(20) од с.Горна Речица, Н.М.(66) од с.Мала Речица, И.И.(51) од Тетово, А.Р.(58) од Тетово, И.Р.(38) од с.Градец, гостиварско и Н.М.(23) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и против А.Б.(47) од Тетово поради постоење основи на сомнение за „помагање“ во врска со кривично дело „измама“. На 03.06.2025, прво и второпријавениот, по случена сообраќајна незгода ...
Платите на избраните и именуваните функционери ќе претрпат значително намалување од 10 до 13 илјади денари, а кај одредени позиции кратењето ќе биде уште подрастично. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска официјално поднесе пакет од шест законски измени со кои се таргетира поправична распределба на народните пари. Пратеникот Бојан Стојаноски појасни дека целта е платите на функционерите да се усогласат со реалната економска состојба во ...
Патниот правец кон Теферич е затворен за сообраќај, информираат од Општина Кисела Вода. Како што објави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, по денешниот повторен увид на терен, во кој учествувале и градоначалникот на Општина Сопиште Јане Мицевски, како и по извршените стручни анализи во координација со надлежните институции, донесена е одлука за итно затворање на овој патен правец. Од општината посочуваат дека интензивно се работи ...
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ, на денешната прес-конференција обвини дека правната држава е „целосно погребана“ по одлуката за одредување куќен притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби. Според него, станува збор за смислено сценарио и договор помеѓу актуелната власт и ДУИ. „Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено. Затоа Обвинителството и судството беа ставени под директна контрола на ...
На 23.02.2026 во 13:35 часот на улицата „Маркс Енгелс“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го приведоа С.Д.(33) од Неготино. Приведувањето е извршено врз основа на судска наредба од Основен суд Неготино за доиздржување на затворска казна во траење од четири години и шест месеци за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово во Скопје за доиздржување на казната. ...
Прогласувањето некого за најдобар или најлош актер обично е прашање на личен вкус, но една студија се обиде да понуди објективен одговор. Аналитичката куќа Stats Significant разви модел што комбинира повеќе критериуми. Беа земени предвид просечните оценки од критичарите по филм, комерцијалните неуспеси на бокс-офисот, како и бројот на освоени и номинирани награди „Златна малина“. Целта беше да се изработи што е можно пообјективна листа. ...
Го разбираме револтот на граѓаните од одлуката на правосудните органи со 2 посто доверба од граѓаните за случајот со Артан Груби. Тоа незадоволство доаѓа по 7 годишна агонија на правосудните органи кои беа под политичка тортура и притисок на криминалната банда СДС-ДУИ и серија неказнивост за политичарите кои од просечно ситуирани граѓани станаа олигарси на грбот на граѓаните. Тоа време заврши, а криминогениот и до гуша во афери Артан Груби ќе ...
На 23.02.2026 во 13:35 часот на улицата „Маркс Енгелс“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го приведоа С.Д.(33) од Неготино. Приведувањето е извршено врз основа на судска наредба од Основен суд Неготино за доиздржување на затворска казна во траење од четири години и шест месеци за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово во Скопје за доиздржување на казната. ...
Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води исклучиво од законските основи. Во однос на реакциите на јавноста во врска определената мерка за обезбедување – куќен притвор за еден од осомничените во предметот „Државна лотарија“, обвинителството нагласува дека, согласно Законот за кривична постапка, мерката куќен притвор, особено кога се реализира со ...
На 23.02.2026 во 13:51 часот во СВР Охрид е пријавено дека во помошна просторија од куќа на улица „Јане Сандански“ во Охрид бил пронајден починат И.А.(75) од Охрид. Смрт без траги на насилство, констатирал лекар од Итната медицинска помош во Охрид а увид на местото извршија полициски екипи и јавен обвинител по чија наредба, телото е предадено на обдукција. На 23.02.2026 во 13:51 часот во СВР Охрид е пријавено дека во помошна просторија од ...