Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Земјава се соочува со сериозен демографски пресврт кој носи долгорочни последици за економијата и општеството, покажува најновиот извештај на Државниот завод за ревизија. Анализите укажуваат на јасен тренд на стареење на населението, при што се намалува бројот на млади и работоспособни граѓани. Во периодот од 2014 до 2023 година, бројот на лица постари од 65 години се зголемил од 259.000 на 327.000, додека кај децата до 14 години е забележан ...
„Откупот на младата зелка се одвива непречено и во согласност со предвидената динамика и текот на бербата“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од струмичкиот регион. „Од почетокот на годината до вчера се откупени околу 35 милиони килограми зелка. Но ако само зборуваме за пролетната, младата зелка од оваа реколта, од крајот на месец февруари до вчерашниот ден се откупени околу 30.000 тони“, ...
Денешното рочиште за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, во кој животот го загубија 63 лица, беше обележано со потресни сведоштва на преживеаните, кои пред судот ги раскажаа драматичните моменти од кобната ноќ. Еден од сведоците, Мартин Димитров, детално ја опиша паниката што настанала меѓу присутните, како и брзината со која се ширел огнот. Тој посочи дека токму неколкуте секунди биле клучни за да успее да се извлече од објектот заедно ...
Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски го посети сточарот Никола Колев, кој крајот на јануари претрпе штета од поплавите што го зафатија неговото стопанство, беа оштетени и објектите и сточниот фонд. При денешната посета, министерот му посака на сточарот Никола со здравје да го користи новоизградениот објект, како и сточниот фонд кој го доби благодарение на солидарноста на сточарите од цела држава. ...
Во услови на зголемена нестабилност на енергетскиот пазар, компанијата ЕДС претстави нова понуда за бизнисите, која за прв пат на пазарот комбинира долгорочна ценовна стабилност со конкретна додадена вредност. Станува збор за договор за снабдување со електрична енергија на 24 месеци со гарантирана фиксна цена, што им овозможува на компаниите сигурност и подобро планирање на трошоците. Како дел од кампањата, клиентите добиваат и инвертер клима ...
Иако оваа година се направени напори за воведување на осум нови лекови и подобрување на протоколите преку конзилијарни мислења, условите на Клиниката за онкологија остануваат критични. Ана Марјановиќ за 4tv.mk открива дека клиниката не е проектирана за толкав број пациенти, што резултира со огромни гужви каде пред секоја врата чекаат по 30-тина луѓе. „Условите не се хумани ниту за пациентите, ниту за докторите и сестрите кои треба да ...
На 09.04.2026 во Скопје, на територија на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Б.(29), турски државјанин со престојувалиште во Скопје. При извршен претрес, по добиена судска наредба, во домот во кој престојувал Б.Б., пронајдени се пет саксии со канабис, марихуана, дигитална вага и два лап топ компјутери преку кои организирал он лајн игри на среќа. Известен е јавен обвинител и ...
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. T=18°C. P=980hPa. U=25%. V=2m/s. Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Утре и во ...
Солидарноста меѓу сточарите повторно излезе на површина откако дел од колегите решија да му помогнат на свој пријател и колега кој претрпел штети од поплавите во струмичкиот регион. Сточарот Александар Мачевски преку објава на социјалните мрежи информира дека заедно со други колеги се организирале за да му излезат во пресрет на Никола Колев, кој во поплавите изгубил дел од своето стадо овци. Во иницијативата се вклучил и сточарот Зоран ...
Рочиштето во Апелациониот суд во Скопје, на кое требаше да се разгледуваат жалбите во предметот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, денеска не се одржа и е презакажано за 11 мај. Од Судот информираат дека одложувањето е поради здравствени причини, односно поради тоа што обвинетиот Боре Видевски во моментот се наоѓа на болничко лекување. На седницата требаше да бидат разгледани жалбите на осудените Љупчо Палевски, Велибор Манев, ...
По историскиот прелет околу Месечината и рекордната оддалеченост од Земјата, екипажот на мисијата „Артемис II“ влегува во завршната и најризична фаза – враќање на Земјата. Четворицата астронаути на НАСА и Канадската вселенска агенција ја завршија десетдневната мисија, која веќе се смета за најоддалечениот човечки лет досега. Сега нивното внимание е насочено кон повторното влегување во атмосферата и безбедното спуштање во Пацификот. Според ...
На Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) од денеска е достапен предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување. -Од досегашната примена на законот произлезе потреба да се направат измени и дополнувања во насока на проширување на кругот на лица кои можат да бидат живи дарители на органи, олеснување и измена на административните постапки и овозможување ...
ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП групацијата, добитник е на сертификатот Great Place To Work® (март 2026 – март 2027), втора година по ред, откако минатата година ја доби за прв пат. Престижната награда се базира целосно на она што го кажуваат сегашните вработени за нивното искуство во работењето во ТАВ Македонија. Сертификацијата доаѓа по темелна евалуација на политиките на компанијата и практиките на работното ...
Собранието на Република Македонија на вчерашната седница по скратена постапка го усвои Законот за дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Со измените се овозможува лицата со возачка дозвола од Б категорија да управуваат мотоцикли со зафатнина до 125 см³, под услов да имаат најмалку 5 години возачко искуство, да се постари од 23 години и да ја поминат предвидената теоретска обука. Законот ќе стапи на сила откако ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше НАТО по средбата со генералниот секретар на алијансата, Марк Руте, наведувајќи дека НАТО „не беше тука“ кога Соединетите Американски Држави имаа потреба, во контекст на војната во Иран. „И нема да биде тука ако повторно ни биде потребно“, изјави Трамп во објава на својата платформа Truth Social. Трамп во пораката го спомена и Гренланд, автономна територија на Данска, за кој повеќепати ...
На 08.04.2026 во 16:00 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишија од слобода З.К.(64) од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Тој е затекнат во близина на местото каде што настанал пожар на планината Плачковица во близина на Радовиш, при што била зафатена шума и една викенд куќа. Поради сомнение дека го предизвикал пожарот тој е лишен од слобода и задржан во полициска ...
Александар Наунов, татко на Надица, која загина во трагедијата, денеска се обрати пред Судската медицина, по неколкуте претходни барања од Судска медицина на протестите организирани во Кочани. „Добар ден. Предходните два марша баравме од Судска медицина да дознаеме дали се направени сите токсиколошки анализи за нашите починати деца, но тоа не ни беше одговорено. Затоа денеска дојдовме, бидејќи им дадовме рок од три дена“, рече Наунов. Тој ...
Најниска температура утрово е измерена на Попова Шапка со -4 степени, каде воедно има и снежна покривка од 41 сантиметар. Со -2 степени се Берово, Лазарополе и Маврови Анови, додека -1 степен е измерен во Крива Паланка. Нула степени се регистрирани во Крушево, 1 степен во Скопје-Петровец, а 2 степени во Тетово, Виница и Претор. Во Битола, Охрид и Куманово утринската температура изнесува 3 степени, додека 4 степени се измерени во Струмица, ...
Дијабетичарите во Македонија веќе со месеци се соочуваат со хроничен недостиг на основни лекови и медицински помагала, што ги загрижува пациентите и нивните семејства. Многумина се принудени да ги купуваат со свои средства или да ги делат помеѓу себе, со што се зголемува ризикот од компликации како хипогликемија, гангрена или слепило. Според пациентите и здруженијата што ги застапуваат, недостигот опфаќа инсулински помагала, глукометри, ...
Нa 08.04.2026 околу 23:30 часот на автопатот А1, кај место викано „Клучка Смоквица“, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ – Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица и Полициска станица за граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода С.Б.(61) и Х.С.(53), двајцата од Косово. При контрола во возило „шкода рапид“ со косовски национални ознаки, кое го управувал С.Б., а сопатник бил Х.С., ...
Велики Четврток, еден од најзначајните денови во Страсната седмица, ја носи во себе силната симболика на последните настани од животот на Исус Христос, вклучително и моментот на неговото предавство од страна на Јуда Искариотски. Овој ден е тесно поврзан со Тајната вечера, кога Христос заедно со своите ученици ја востановил светата причест, оставајќи ја пораката за љубов, заедништво и саможртва како темел на христијанската вера. Преку лебот и ...
Претседателот на Асоцијацијата на дијабетичари, Димче Велев, во интервју за 4tv.mk алармираше за сериозен и континуиран недостиг на антидијабетна терапија, ленти за мерење шеќер и сензори. Според неговите информации, пациентите со Тип 1 немаат сензори повеќе од еден месец, а причината лежи во неодговорното планирање и доцнењето со тендерите од страна на Министерството за здравство. „Во изминатите 11 месеци немавме помагала, а 6,5 месеци бевме ...
Родителите на жртвите од пожарот во Кочани утрово пристигнаа пред Институтот за судска медицина, каде побараа средба со директорот. Семејствата се собраа пред институцијата со цел да добијат одговор од Институтот за судска медицина во Скопје дали биле вршени анализи за присуство на водороден цијанид и други слични токсични соединија при обдукцијата на телата. По поминати повеќе од два месеци, родителите рекоа дека не добиле одговор. ...
Британската министерка за надворешни работи Ивет Купер во четврток ќе порача дека пловидбата низ Ормускиот теснец, кој е клучен за глобалното снабдување со енергенси, мора да остане бесплатна. Со тоа Лондон се спротивставува на намерата на Иран да воведе наплата за премин низ овој витален поморски пат, преку кој се транспортира околу една петина од светската нафта и гас, пишува Ројтерс. Порака до Иран Иран претходно најави дека сака да воведе ...
Цените на нафтата пораснаа денеска, на 9 април, откако Иран ги обвини Соединетите Американски Држави дека ги прекршуваат елементите од двонеделниот договор за прекин на огнот, што предизвика загриженост дека тензиите би можеле повторно да ескалираат и да го нарушат снабдувањето со енергија. Стандардизираните финансиски договори со кои се тргува на Интерконтиненталната берза (фјучерси) за референтната нафта „Брент“ со испорака во јуни поскапеа ...
Овен (21.03 – 20.04) Денес може да почувствувате потреба да преземете иницијатива, особено во работните обврски. Внимавајте на комуникацијата со колегите и партнерите, бидејќи малите недоразбирања лесно можат да се појават. Вечерта е погодна за лични размислувања и планирање на идните цели. Бик (21.04 – 20.05) Фокусот ќе ви биде на финансиските прашања и стабилноста дома. Можно е да добиете нови информации кои ќе влијаат на вашите одлуки во ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, никогаш не го криел своето воодушевување од Ричард Никсон, и покрај аферата „Вотергејт“ и неговата оставка. Според пишувањата на Guardian, Трамп сега отиде чекор подалеку, прво заканувајќи се дека ќе го збрише Иран како цивилизација, а потоа повлекувајќи се кога Техеран се согласи, со одредена цена, повторно да го отвори економски клучниот Хормушки теснец. Што претставува „теоријата на лудакот“? Овој ...
Велики четврток се одбележува како ден посветен на вапцувањето на велигденските јајца, во рамки на Страдалната седмица, период исполнет со значајни настани поврзани со спасението на човекот. Централниот обичај на овој ден е вапцувањето на јајцата, кое се изведува со особено внимание и почитување на традицијата. Според обичаите, најпрво се вапцуваат три јајца во црвена боја, по што следуваат и останатите. Првото јајце е познато како Господово ...
Доналд Трамп ќе разговара со генералниот секретар на НАТО, Марк Рите, за едно од најкритичните прашања во поновата историја — потенцијалното повлекување на САД од Алијансата. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, изјави дека американскиот претседател својата одлука ќе ја соопшти пред новинарите веднаш по завршувањето на средбата. „Тест“ кој сојузниците не го поминаа Според изјавите на Левит, Трамп ги „тестирал“ своите сојузници барајќи ...
До крајот на деценијата, секое дете во Хрватска ќе има обезбедено место во градинка, најави хрватскиот министер за наука, образование и млади, Радован Фукс. Овој амбициозен план е дел од пошироката реформа на образовната инфраструктура, која има за цел да го подобри стандардот на најмладите и да го олесни процесот на образование. Финансирање и капацитети Хрватска планира да создаде околу 40.000 нови места во градинките во период од седум ...