Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Министерството за финансии издаде нова 15-годишна државна обврзница, која од денес (25 август 2026 година) е примена на котација на Официјалниот пазар на Македонската берза. Вредноста на емисијата изнесува 2,293 милијарди денари, односно околу 37,3 милиони евра, поделени во 229.390 обврзници со номинална вредност од 10.000 денари. Обврзницата е издадена на 20 август 2026 година, со рок на достасување до 20 август 2041 година и фиксна годишна ...
Македонскиот платежен пазар влегува во нова фаза. Наместо едно единствено решение, во земјава паралелно се развиваат две инфраструктури преку кои банките ќе можат да овозможат инстант плаќања. Едниот модел се развива од КИБС преку платформата „КИБС Инстант“ и мобилната апликација STRELA. Другиот ќе функционира преку Народната банка и регионалната платформа TIPS Clone, базирана на технологијата на европскиот систем TIPS. Двата система имаат ...
Во пресрет на новата учебна година, iute Македонија и Sport-M подготвија Back to School понуда за набавка на нова училишна и спортска опрема. Купувачите во Sport-M можат да изберат ранци, облека, патики и друга опрема, а плаќањето преку iute е овозможено на рати со 0% трошоци. Дополнително, за секое купување во вредност над 5.000 денари следува попуст од 1.000 денари. Понудата важи и за купување во продавниците и за онлајн на веб-страницата ...
Халкбанк АД Скопје го промовира HalkEZ, пакет наменет за млади корисници, кој нуди повеќе дигитални можности и банкарски услуги со намалени трошоци. Со пакетот, младите добиваат бесплатно одржување на сметка и бесплатно мобилно банкарство, како и можност за повлекување готовина без надоместок во земјата и во странство. Во рамки на HalkEZ се достапни и услугите SmartCash и Е-касичка, со кои корисниците можат полесно да управуваат со своите ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 2,62 проценти во однос на претходната одлука од 17 август. Новите цени ќе важат од полноќ, односно од 00:01 часот на 25 август. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 денари и ќе изнесува 93 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по максимална цена од 95 денари за литар. Најголемо ...
Станбеното кредитирање во Македонија продолжува со силен раст, а најновите податоци на Народната банка покажуваат дека динамиката дополнително забрзува. Заклучно со јуни 2026 година, вкупниот износ на станбени кредити одобрени на физички лица достигна 117,875 милијарди денари, што е за 16,6% повеќе во споредба со истиот месец минатата година. Во јуни 2025 година, состојбата на станбените кредити изнесувала 101,111 милијарди денари. Тоа значи ...
Стопанска банка АД – Скопје ја промовира својата премиум кредитна картичка наменета за корисници кои често патуваат, со повеќе поволности поврзани со патувањата и плаќањат Корисниците на картичката имаат бесплатен пристап до повеќе од 1.800 деловни зони на аеродроми ширум светот. Картичката овозможува и купување на до 36 рати без камата, како и вклучено патничко осигурување за секое патување. Понудата е наменета за корисници кои сакаат ...
Италијанската банка „Монте деи Паски ди Сиена“ поднесе понуди за преземање на конкурентските банки „Банко БПМ“ и „Банка Џенерали“, чија заедничка вредност се проценува на речиси 40 милијарди долари, објави „Волстрит журнал“. Понудите се целосно во акции и претставуваат ново поглавје во процесот на консолидација на италијанскиот банкарски сектор, во кој во последните години се интензивираа спојувањата и преземањата. „Монте деи Паски“, која се ...
Земјоделските производители низ Европската унија предупредуваат на нагло намалување на приносите по серијата силни топлотни бранови што ја погодија Европа ова лето. Економистите проценуваат дека загубите во земјоделството во наредните месеци би можеле да доведат и до повисоки цени на храната. Според податоците на европската климатска служба „Коперникус“, јуни и јули биле меѓу најтоплите месеци во западна Европа, а ризикот од нови топлотни ...
Биткоинот забележа еден од најсилните неделни растови во последните неколку години, искачувајќи се од околу 64.000 на 79.500 долари за само неколку дена, објави Bankar.me во својот неделен преглед на финансиските пазари. Според текстот, растот започнал во средата и бил поттикнат од бранот затворања на кратки позиции, обезбедувањето дополнителна ликвидност од американското Министерство за финансии и новата поддршка за криптоиндустријата од ...
Јужнокорејски контејнерски брод тргна кон Европа преку Арктикот, во рамки на тестирање кое треба да покаже дали оваа рута може да биде комерцијално исплатлива алтернатива на традиционалните поморски патишта. Бродот „PanStar Acro“ испловил во саботата вечерта од пристанишниот град Бусан, а се очекува околу 30 август да влезе во Северниот морски пат и околу 7 септември да минува низ арктичките води, соопшти јужнокорејското Министерство за ...
Американската Канцеларија за контрола на странски средства (OFAC) го продолжи до 19 септември рокот во кој компаниите можат да преговараат со рускиот нафтен гигант „Лукоил“ за купување на неговите меѓународни бизниси. Претходниот рок истекуваше на 22 август, но американските власти ја продолжија важноста на општата лиценца која им овозможува на заинтересираните компании да водат преговори и да склучуваат условни договори со „Лукоил“ за ...
Еврото во понеделникот зајакна во однос на американскиот долар и повторно се доближи до највисокото ниво во последните три месеци, додека инвеститорите ги очекуваат деталите за новиот пакет американски економски санкции против Иран. Европската валута порасна за 0,1 отсто, на 1,1687 долари, во однос на почетното ниво од 1,1675 долари. Во петокот еврото достигна 1,1712 долари, што беше негово највисоко ниво во последните три месеци, пред да ...
Цените на акциите на азиските берзи паднаа во понеделникот, додека инвеститорите остануваат претпазливи пред најавените нови американски санкции против Иран, објавувањето на кварталните резултати на „Нвидиа“ и состанокот на централните банкари во Џексон Хоул. Индексот MSCI, кој ги следи азиско-пацифичките акции, утрово беше во минус од 0,9 отсто. Акциите на берзите во Јапонија, Шангај, Хонгконг и Јужна Кореја паднаа меѓу 0,6 и 3,1 отсто, ...
Цената на златото забележа благо намалување во последното интрадневно тргување, откако инвеститорите реализираа дел од добивките остварени во претходниот период. Според техничката анализа, златото се обидува да ги ублажи условите на прекумерна купеност, кои се забележуваат кај индикаторите за релативна сила, каде што почнаа да се појавуваат и негативни сигнали. Ваквото краткорочно повлекување би можело да ѝ овозможи на цената повторно да ...
УНИБанка АД Скопје планира да исплати дивиденда на своите акционери од акумулираната добивка за 2025 година, во вкупен бруто-износ од 211,3 милиони денари, покажуваат предлог-одлуките за претстојното Собрание на акционери. Според предлог-одлуката, акумулираната добивка на Банката за периодот од 1 јануари до 31 декември 2025 година, во износ од 211.296.969 денари, ќе биде употребена за исплата на дивиденда. Предложената дивиденда изнесува 387 ...
Европските банки ја завршија 2025 година со историски раст на берзите, по повеќе од една деценија послаби резултати, а аналитичарите очекуваат секторот да остане во добра позиција и во 2026 година. Индексот EURO STOXX Banks до 12 декември 2025 година пораснал за 76 проценти од почетокот на годината, со што бил на пат да го забележи најдобриот годишен резултат досега. Со тоа бил надминат и растот од 74 проценти регистриран во 1997 година. ...
НЛБ Групацијата бара ИТ професионалец кој ќе се приклучи на Групациската функција Group Independent Validation Function — независна функција од втората линија на одбрана, која ја поддржува усогласеноста со Базелските принципи BCBS 239. Позицијата нуди можност за работа на ниво на Групацијата и директен увид во податочната архитектура, системите, протокот на податоци, контролите и процесите за известување во различни членки и функции на НЛБ ...
Платежната инфраструктура на Балканот влегува во една од најголемите трансформации во последните години. Ако досега дигитализацијата главно ја гледавме преку подобри мобилни апликации, електронско банкарство, картички и дигитални паричници, следниот чекор е многу подлабок бидејќи се менува начинот на кој парите се префрлаат од една банка во друга. Инстант плаќањата, кај кои парите стигнуваат на сметката на примачот во рок од неколку секунди, ...
Кредитната активност во Македонија продолжи да расте во јули 2026 година, при истовремено зголемување на депозитите на домаќинствата. Според најновите податоци на Народната банка, вкупните кредити на месечно ниво се зголемиле за 0,8%, а на годишно ниво за 13,3%. Паричната маса во јули забележала минимален месечен раст од 0,1%, додека на годишно ниво е зголемена за 8,3%. Депозитите на домаќинствата растат, корпоративните се намалуваат Вкупните ...
Претседателот на Управниот одбор и генерален директор на АЛКАЛОИД АД Скопје, Живко Мукаетов, дополнително го зголеми својот сопственички удел во компанијата со купување на 277 обични акции. Според пресметката на Банкарство, врз основа на просечната вредност на акцијата на „Алкалоид“ на Македонската берза на 20 август 2026 година, која изнесувала околу 22.834,00 денари, вредноста на трансакцијата се проценува на околу 6,33 милиони денари, ...
Нови можности за сигурно и исплатливо вложување на заштедите нуди Комерцијална банка со новите орочени денарски и девизни депозити и детско штедење „Верверичка“ на 25 и на 40 месеци. Покрај, стабилен принос, предвидливост и долгорочна финансиска сигурност, новите депозити нудат и фиксни каматни стапки. Со новите орочени депозити, клиентите можат да изберат рок кој најдобро одговара на нивните финансиски планови, а притоа да уживаат во ...
Цената на златото бележи променливо движење во последното тргување, додека инвеститорите бараат нов позитивен импулс што би можел да го поддржи продолжувањето на растечкиот тренд. Според анализата на Economies.com, краткорочниот тренд и натаму останува нагорен, а цената се движи во рамки на линија на тренд која го поддржува ваквото движење. Дополнителен позитивен сигнал е тоа што златото продолжува да се тргува над 50-периодниот ...
Цените на нафтата на меѓународните пазари продолжија да растат и надминаа 94 долари за барел, достигнувајќи го највисокото ниво во последните три недели. Растот е поттикнат од стравувањата дека застојот во преговорите за завршување на војната на Блискиот Исток може дополнително да го наруши снабдувањето од регионот на Персискиот Залив. На лондонскиот пазар барел нафта се тргуваше по 94,42 долари, што е раст од 2,80 долари во однос на ...
Хеџ-фондовите во јули забележале најлошо месечно заостанување зад индексот S&P 500 во повеќе од две децении, покажуваат податоците на Goldman Sachs, во период кога ослабе силниот берзански моментум поврзан со компаниите од областа на вештачката интелигенција. Според стратезите на Goldman Sachs, листата „Hedge Fund VIP“, која ги опфаќа најпопуларните долги позиции на хеџ-фондовите, во јули го имала најлошиот едномесечен резултат во однос ...
Инфлацијата во Јапонија забрза во јули, поттикната од повисоките цени на нафтата и другите суровини, што дополнително го зголеми притисокот врз Банката на Јапонија да ги зголеми каматните стапки веќе во септември. Таканаречената базична инфлација, од која се исклучени нестабилните цени на свежата храна и енергијата, во јули пораснала за 1,9 проценти на годишно ниво. Тоа е нејзино прво забрзување во последните девет месеци. Инфлацијата без ...
ПроКредит Банка АД Скопје ја извести Македонската берза за промени во составот на својот Надзорен одбор, откако Народната банка дала претходна согласност за именување нов член. Според известувањето, со решение на Народната банка од 24 јули 2026 година е дадена претходна согласност Кристоф Вилхелм Хајнрих Бек да биде именуван за член на Надзорниот одбор на ПроКредит Банка АД Скопје со мандат од четири години. Истовремено, од тековниот состав ...
Кога Coca Cola се ширеше низ светот во текот на минатиот век, не продаваше само пијалак. Создаваше глобален бренд кој изгледа и се препознава речиси исто без разлика дали потрошувачот е во Лондон, Лисабон, Њујорк или Токио. Денес Revolut се обидува да направи нешто слично во финансискиот свет, односно да го претвори банкарството од локална услуга во глобален потрошувачки бренд. И бројките покажуваат дека ова повеќе не е само амбициозна ...
Американскиот државен долг надмина 40 трилиони долари, покажуваат податоците на Министерството за финансии на САД, што претставува повеќе од двојно зголемување во изминатата деценија. Во 2016 година вкупниот долг изнесувал нешто помалку од 20 трилиони долари, а неговиот силен раст се поврзува со високата јавна потрошувачка за време на администрациите на Доналд Трамп и Џо Бајден, како и со зголемувањето на каматните стапки. На 18 август ...
Европскиот повоен економски модел, кој со децении се потпираше на отворена глобална трговија, евтина енергија и стабилен геополитички поредок, повеќе не функционира како порано, порача претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард. Во обраќањето пред Меѓународниот деловен совет во рамките на Светскиот економски форум во Женева, Лагард оцени дека Европа сега мора посилно да се потпре на сопствениот единствен пазар и на ...